Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Кабрио Тест – Fiat 500 C 1.4 Sport
 
Spodeli
15 септември 2011, 12:56


Кабрио Тест – Fiat 500 C 1.4 Sport Fiat 500C Кабрио Тест – Fiat 500 C 1.4 Sport
До неодаамна изборот на градски автомобил вклучуваше секакви математики и размислувања, мерење колкав простор имаат или кој троши 1 децилитар гориво помалку ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со лансирањето на 500-ката, Fiat не научи да размислуваме поинаку, односно, да не размислуваме воопшто – да го слушаме срцето! А со најновата кабрио изведба на најшармантниот автомобил, срцето е освоено уште на прв поглед, додека првите километри зад воланот само ги засилуваат чувствата...
 
Дизајн 
 
Препознатливоста и самата ретро шармантност што ја носи овој автомобил, го прават единствен на пазарот. Со спуштениот платнен покрив, Fiat 500 изгледа уште позаводнички, нешто со кое не можат да се пофалат ниту некои егзотични автомобили. Точно е дека заоблените форми и кружните светла ќе добијат коментари од типот „колку е цакано, слатко“, но кабрио изведбата на 500, се наметнува и како перфектен автомобил за мачо типовите, кои со раскопчана кошула ќе крадат погледи од девојките во бикини легнати на плажите...
 
 
Навистина, неверојатно е колку овој мал автомобил врти погледи на улиците – машки, женски, млади и стари, сите се вртат да го видат фичото и да видат чија коса се вее преку отворениот покрив. Едноставно, овој автомобил нема на кој не му се допаѓа!
 
На пат
 
Перформанси
Бензинецот кој го имавме на тест, 1.4 литарскиот со 100 КС, го возевме претходно и во стандардната изведба на 500. Овој пат, спарен со мануелен менувач со 6 брзини, истиот овозможува подобри перформанси, но само ако се држи над 4.000 врт/мин. При пониски вртежи, изненадувачки е тром и возачот воопшто нема чувство дека вози мотор со 100 КС во толку мал автомобил. Сепак, оние желните за брзина, гарантирано ќе имаат забава, висок адреналин и вистински високо-октански тонови, ако го вртат моторот до црвеното поле. Тогаш, овој жолт убавец, ја покажува својата силна страна и овозможува единствено спортско уживање со отворен покрив. 
 
Фабричките податоци, велат дека забрзувањето до стотка трае 10,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 182 km/h. Се чини, повеќе и од доволно за брзинско сушење на косата.
 
 
Управливост/Удобност
Забавен за возење. Ова често го споменуваме кај сите автомобили, но тука, поимот добива едно поинакво значење. Извонредно избалансираното подвозје дозволува дури и помалку искусните да си играат со малиов убавец во кривините, што во комбинација со отворениот покрив носи нови димензии на забава и уживање во возењето. При возење во најсилен ритам, срцето дополнително го забрзуваат прецизното управување и брзиот менувач со кратки одови, како и одличниот звук на високи вртежи на стариот добар атмосферски бензинец.
 
И што е најинтересно, забавата не е расипана со неудобно возење. Секако, не очекувајте дека 500 С ќе плови по патиштата, но иако потскокнува (како и сите мали автомобили), доволно е удобен и не заморува нити кога подолго сте во него.
 
Рафинираност
Можеби е интересен и забавен да се слуша на некои моменти, но звукот од моторот е константно присутен во кабината, што заморува на подолг пат. Сепак, целосна пофалба за механичката рафинираност и на моторот и на суспензијата – вибрациите и потресите во кабината се минимални.
 
Многу важно за еден кабриолет, звукот од ветерот е одлично изолиран и разговорите во кабината може лесно да течат ако покривот е отворен до крај, но не и ако е делумно отворен (две позиции), што е и логично, бидејќи така се расипува аеродинамиката на возилото. Со затворен покрив, изненадувачки за платно, звукот е одлично придушен, се чини исто како кај стандардната 500-ка.
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Со оглед на надворешните димензии и првичните импресии за просторот, 500 С нуди доволно простор за четири возрасни патници и на предните и на задните седишта. Со затворен покрив, назад, единствено малку повисоките ќе имаат проблем со простор за главата, но не е ниту малку поразлично кај конкурентите, а истиот проблем е дури и поизразен кај СС моделите од компактната класа (Focus, Megane, 308…)
 
 
Во поглед на практичноста, од кабината е извадено максимум во поглед на местата за одлагање ситници. Пофалба заслужува и багажникот (солидни 182 литри), кој не ја менува големината зависно од тоа дали е дигнат или спуштен покривот, но не и неговата врата, која е малечка и не дозволува внесување на поголеми предмети, а и не може да се отвори доколку покривот е целосно спуштен (треба да се почека 5-6 секунди за малку да се дигне истиот и вратата да може да се отвори).
 
Ергономија
И покрај тоа што главната одлика на ентериерот е малку „наџиџаниот“ ретро дизајн, ни малку не е нарушена ергономијата. Напротив. Високо поставениот менувач секогаш природно паѓа на раката, а и поставеноста зад воланот е скоро идеална. На допир на раката секогаш се и командите со големи и читливи копчиња.  Единствена забелешка би имале на инструмент таблата, која делува интересно (бројачот на вртежи е во мерачот на брзина), но не е читлива како кај класичните инструменти.
 
Поголем проблем со кабрио моделот на Fiat 500 е прегледноста со спуштен покрив. Имено, кога покривот ќе се спушти до крај, се спушта и задното стакло, па возачот не може да види ама баш ништо во задниот дел, што го отежнува паркирањето во рикверц, а не дозволува ниту  поглед позади преку внатершниот ретровизор. Можеби минлива пречка за да се ужива во ветерот во косите, но сепак препорачуваме поголема претпазливост кога се вози со спуштен покрив (или вредна доплата од 240 евра за паркинг сензори). На крајот на краиштата, кој би сакал да направи макар и најмала гребнатинка на ваква автомобилска класика?
 
Опрема
Целосно опремен за целосно уживање, малиот кабрио може да ве лади и со покрив на главата, а и ќе дозволи да си поиграте со командите за електричните прозори и ретровизори, како и целосно електричниот покрив. Се подразбира, тука се и дизајнерските алуминиумски тркала и секако квалитетниот аудио систем, кој е доволно силен за да го слушнат и љубопитните минувачи. Тестираниот модел беше опремен и со систем на стабилноста VSC, како и 7 воздушни перничиња.
 
 
Квалитет и доверливост
Употребата на квалитетни и внимателно избрани материјали, одличната завршна обработка и исклучително високото внимание посветено на деталите, кажуваат дека Fiat многу напреднал кога е во прашање квалитетот. Згора на тоа, поновите резултати на испитувањата за доверливост покажуваат раст, особено кај моделот 500. 
 
Пофалба кај нас заслужува и сервисот на Fiat, а класичната конструкција на моторот, гарантира и долговечност и евтино одржување.
 
Безбедност
Кабрио моделот на Fiat 500 се уште не е тестиран од EuroNCAP, но ако се суди според резултатите на хечбекот, тој има чисти 5 ѕвездички на тестирањата. Ова се должи на долгата листа на безбедносна опрема (ABS+EBD+VSC и 7 воздушни перничиња), како и на цврстата структура на каросеријата. Дополнителен плус кај 500 С е тоа што не е вистински кабрио, па страничните кровни носачи се уште се присутни и подобро штитат од евентуално превртување.
 
Заклучок
 
На кратко – сите оние кои бараат уживање во возењето со спуштен покрив, нека не бараат понатаму. Ова е најдобриот кабрио за тие пари, а и ќе се осудиме да кажеме, еден од најдобро скроените отворени автомобили на пазарот. Нема да наведуваме причини зошто е тоа така, впрочем, возењето со 500 С и не може да се опише со зборови...
 
Предности:
Фантастичен урбан-ретро дизајн
Исклучително забавен за возење
Избалансирано подвозје, дозволува многу брзо возење во кривините
Директно управување, прецизен менувач
Пространа кабина
Одлична ергономија
Квалитетни материјали, задоволителна завршна обработка
Малку звук од ветерот дури и со спуштен покрив
Багажникот ја задржува големината независно од конфигурацијата
Безбедност во однос на другите кабриа (кровни носачи)
Високо ниво на опрема
Коректна цена
 
Недостатоци:
Моторот бара високи вртежи за убаво да повлече
Константно присутен звук од моторот
Прегледност во задниот дел со спуштен покрив (ништо не се гледа!)
Недоволно читлива инструмент табла
Вратата од багажникот е мала (и се чека да се отвори ако покривот е спуштен)

Fiat 500C
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил