Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Toyota RAV 4 2.2 D4-D - Пионерот не се симнува од врвот
 
Spodeli
03 август 2011, 13:35


Тест – Toyota RAV 4 2.2 D4-D - Пионерот не се симнува од врвот Toyota RAV 4 - Hybrid Тест – Toyota RAV 4 2.2 D4-D - Пионерот не се симнува од врвот
Уште со самото лансирање во 1994, токму RAV4 беше оној кој го почна лудилото за шминкерските теренци...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тогаш во две верзии, со три и пет врати, RAV4 стана икона кај сите квази љубители на оф-роуд возилата, кои навистина сакаа само имиџ на авантуристи. Денес, третата генерација од моделот, претставена 2005-та година, веќе ја нема како тровратен модел, туку таа сега настапува посериозно, целејќи кон малку постарата публика. Но, дали RAV4 ги задржа особините на своите претходници и како се носи со неколку години поновата конкуренција? Прочитајте подолу...

Дизајн

Надворешниот изглед, уште од лансирањето на оваа генерација на RAV4, веќе претрпе неколку ситни измени. Сепак, последниот редизајн, донесе нова предна маска, која следејќи ги трендовите, има поналутен поглед и поаглести линии. Целосно, RAV4 верно го пренесува имиџот на оф-роуд авантуристички автомобил, не криејќи дека е малку повисоко поставен од земјата. Иако е веќе најстар модел од сите денешни компактни SUV-a, се уште не покажува знаци на замор, напротив, делувајќи динамично, а со карактеристичното резервно тркало на задната врата, дури и спортски. Секако, некои од поновите конкуренти полесно ќе ви го тргнат погледот на страна, но RAV4 и натаму е допадлив SUV.



На пат

Перформанси
Добро познатиот 2.2 литарски дизел на Toyota, кој испорачува солидни 150 КС при 3.600 врт/мин и 340 Nm достапни од 2.000 до 2.800 врт/мин, лесно го движи 1,6 тони тешкиот RAV4, иако не е експлозивен како некои други дизели со слична сила. Го карактеризира линеарно ослободување на силата, без карактеристичното силно залепување за седиштето, што е секако добра работа – удобноста е на повисоко ниво. Фабричките податоци велат дека забрзувањето до стотка трае 10,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 190 km/h, што е сосема доволно за еден компактен SUV модел.

Управливост/Удобност
На мало изненадување, бидејќи се работи за Toyota, возењето во RAV4 и не е најудобно. Да не бидеме разбрани погрешно, не е неудобно, но очекувавме малку помеко да бидат впиени поголемите дупки, кои знаеме колку се чести на нашите патишта. Ова особено се чувствува на задната клупа.

Затоа пак, динамичките возни својства, се и натаму добри како порано, сместувајќи го RAV4 на самиот врв од класата. Погонот на сите четири тркала, приготвен директно од Toyota, е еден од најдобрите во бизнисот, правејќи го RAV4 како да вози на по шини – нема ниту преуправливост ниту подуправливост. Истиот е потполно автоматски – се вклучува незабележително само кога има потреба.

За разлика од помладите конкуренти, RAV4 не се срами ни да се извалка во кал. И покрај тоа што на возачот му е достапно да избере само заклучен погон со распределба од 50:50, благодарение на блокадата на централниот диференцијал, стариот добар RAV4 ќе стигне многу подалеку на терен од цела плејада компактни теренци, кои не треба ни да пробуваат да го прават тоа. Секако, не очекувајте дека теренската преодност е како кај Land Cruiser, но RAV4 е веројатно најдобриот избор во класата за возење надвор од патот.

Рафинираност
За дизел моторот, не треба да повторуваме дека е еден од најрафинираните и најтивки агрегати. Добрата звучна изолација, дополнително помага кабината да остане тивка и при забрзувањата, а нешто на кое и не сме навикнале кај SUV-ата, добро е изолиран и звукот од ветерот и гумите, дури и при повисоки брзини – со шепотење може да се разговара и при 150 km/h. Добрата рафинираност ја надополнува и целосно цврстата каросерија и не многу гласното подвозје.

Во кабината

Простор/Практичност
RAV4 е очекувано простран и напред и назад, дури и за 5 возрасни патници (рамен под позади), но тоа и не е главната приказна, туку јапонскиот SUV брилира кога е во прашање практичноста. Задната клупа се лизга напред – назад, се навалуваат и наслоните на задните седишта (вака долгите патувања се уживање), со спуштањето на седиштата се добива рамен под, багажникот има низок раб на товарање и двојно дно (410 литри), низ кабината има многу отвори за ситници (пред совозачот има две фиоки, едната ладена)...

Дефинитивно, RAV4 е еден од најпрактичните SUV автомобили од класата кои сме ги возеле – патниците секогаш имаат избор, зависно од тоа дали сакаат повеќе простор во кабината или во багажникот, секогаш ќе имаат каде да ги остават ситните предмети, товарањето е многу лесно... Единствена забелешка би можела да се упати на задната врата, која не се отвора нагоре, туку настрана, што ја отежнува достапноста на багажникот во тесни паркинзи. Сепак и овој концепт има предност, бидејќи тешката врата никогаш нема да треба да се дигнува нагоре (добро за понежниот пол), а и со малку отворена врата ќе можат да се земат или стават многу предмети, за разлика од стандардното решение.



Ергономија
Возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, а сите команди се на вистинското место. Особено воодушевува централната конзола, која е јасно поделена на два дела и има гигантски копчиња за денешни стандарди, кои се лесни и интуитивни за навигирање. Едноставно, во RAV4 возењето е вистинска песна – менувачот е секогаш на дофат на раката, потпрена на средниот потпирач, а командите се само неколку сантиметри подалеку... Стандардна приказна за Toyota во секој случај.

Опрема
Уште основниот модел е опремен со клима, целосна електрика, аудио уред со менувач за 5 CD+MP3 и 9 воздушни перничиња, додека тестираниот е опремен со двозонска автоматска клима, цел сет контроли на стабилноста, темпомат, 17 инчни алуминиумски тркала, сензор за дожд, паркинг сензори итн. Со оглед на класата, стандардно богата опрема.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 33.990 евра, тестираниот модел е еден од најскапите модели во класата, дури и ако во равенката се стави гаранцијата од 5 години или 160.000 km. Опремата е богата, но конкуренцијата веќе нуди неколку илјади евра поевтини дизел SUV со слична опрема.

Секако, добриот сервис и не многу скапото одржување, заедно со гаранцијата, ќе му обезбедат мирна глава на сопственикот за време на експлоатацијата, а со оглед на тоа што се работи за Toyota, автомобилот треба да помине главно без дефекти.

Потрошувачката е силна страна на RAV4. Дизел моторот, и покрај големата сила, знае да биде и штедлив, и покрај тоа што движи тешко SUV возило со погон на сите тркала. Според фабричките податоци, потрошувачката изнесува 5,8 литри во просек, односно 7,2 во град и 5 на отворено. Според нашите мерења, потрошувачката во град изнесува 8,3 литри, на отворено 5,6 (нешто преку 6 на автопат), односно околу 7 литри во просек. Мерено по брзини, при 90 km/h потрошувачката изнесува 5,1 литар, при 120, 5,8 литри, односно 7,2 литри при 140 km/h.

Квалитет и доверливост
Toyota се уште е на врвот кога се во прашање испитувањата за задоволство на купувачите, квалитет и доверливост, па не се сомневаме дека RAV4 е квалитетен автомобил. На ова укажува и завршната обработка во внатрешноста – се е квалитетно склопено, без големи зјаеви. Високиот квалитет го надополнува и вниманието на деталите, па Јапонците дури ги тапацирале и фиоките во внатрешноста, како предметите внатре не би тропале, нешто што ретко се среќава кај автомобилите од класата.

Безбедност
Четири ѕвездички по старите тестирања на EuroNCAP (1 поен до 5 ѕвездички) се солиден резултат, но далеку од резултатите на конкурентите денес. Стандардната безбедносна опрема вклучува 9 воздушни перничиња и ABS+EBD+BA, додека поскапите модели (како тестираниот), добиваат и контрола на стабилноста и пролизгувањето.



Заклучок

RAV4 ги постави правилата во класата кои се обидуваат да ги копираат скоро сите конкуренти, па логично е, и покрај веќе 6 години на пазарот, се уште да се наоѓа меѓу најдобрите во класата. Високата функционалност, одличните возни својства било на асфалт или надвор од него и високиот квалитет, го ставаат при самиот врв меѓу компактните SUV-a. Затоа, би го препорачале на сите кои сакаат вистински авантуристички компактен теренец, кој задоволува во скоро сите аспекти важни за вакво возило. Впрочем, кога главен недостаток е само цената, јасно е дека се работи за возило од шлагерот на класата.

Предности:
-    Исклучително функционална, практична и пространа внатрешност
-    Одлична ергономија
-    Одлични возни својства на асфалт и на терен
-    Високо ниво на рафинираност, тивка кабина дури и при високи брзини
-    Солидни перформанси од 2.2 дизелот
-    Ниска потрошувачка
-    Квалитетна кабина, одлична завршна обработка
-    Богата опрема

Недостатоци:
-    Малку послаба удобност (од она што сме навикнале кај Toyota)
-    Задната врата се отвора настрана, лошо за тесни паркинзи
-    Висока цена


Toyota RAV 4 - Hybrid
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Odlicen e. The best
Напишан од Pepe  пред  околу 72 месеци
ovie japonskive dizajni na koli mi odat po zivci
Напишан од inziner  пред  околу 72 месеци
Toyota od stalno sum ja obozaval, a RAV4 mi e favorit. Ubavo izgleda i vredi za parite. A onie koi gi nemaat neka ne pisuvaat gluposti
Напишан од pepe  пред  околу 72 месеци
Recisi site imaat LSD a blokadata na centralniot dif. e elektronska (ne e mehanicka) sto znaci stom prolizgaat rkalata na sneg, led, kal a toa se slucuva cesto i nadmine 35kmh (sto e lesno) elektronskata blokada za razlika od onaa vistinskata (mehanicka) se isklucuva vednas u prevod SHIJE MI GA DJURO evtino resenie i dobar marketing nisto drugo. Za tie pari druze se kupuvaat mnogu po ozbilni terenci ili mnogu pokvalitetno izraboteni i ponakiteni NEterenci kako sto e ovoj.
Напишан од za Gjore  пред  околу 72 месеци
4x4 so limited slip diferencijal i blokada na centralen ne e zastaren tuku TOP ! Plastikata moze da se smeni so koza, a taa sto e e podobra od konkurentite. Cenata e visoka i mora da pochnuva so 2ka, pa makar i 29000. Jas sepak bi ja pocekal cetvrtata generacija koja idi dogodina.
Напишан од Gjore  пред  околу 72 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил