Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Audi A6
 
Spodeli
15 јули 2011, 10:15


Тест – Audi A6 Audi A6 Тест – Audi A6
Во средно – високата класа, се чини најлесно е да се избере автомобил. Или е тоа Mercedes, или BMW или Audi...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поточно, оние што сакаат нешто поспортско, се одлучуваат за BMW, оние кои сакаат поудобно, се одлучуваат за Mercedes, а оние, пак, кои го сакаат најдоброто од двата света, се одлучуваат за Audi, нешто што најдобро го доловува токму новата А6-ка.

Дизајн

И покрај веќе стандардната предна маска со LED дневни светла, која придонесува за налутениот поглед на новата А6, целосно, изгледот е пред се смирен и елегантен. Полетните линии отстрана и динамичниот заден дел, прават една идеално дизајнирана целина, без непотребни линии и детали кои стрчат наоколу. Всушност, најдобрите дизајнери велат дека најубавите автомобили се нацртани со три линии. Ако погледнете подобро, Audi A6 е токму таков.



Секако, многумина ќе забележат на преголемата смиреност во дизајнот и ќе речат дека двата исконски противници се позабележителни на патот, но тоа е и идејата со А6. Додека Mercedes и BMW ќе купуваат луѓе кои ќе сакаат да покажат колку имаат, ова Audi ќе го купуваат професори, доктори, забари...

На пат

Перформанси
На тест го имавме 2.0 TDI моторот со 177 КС при релативно високи 4.200 врт/мин и 380 Nm достапни од 1.750-2.500 врт/мин. Овој агрегат е најслаб во понудата, но тоа не значи дека моторот е недоволен за овој автомобил. Напротив, со забрзување до 100 km/h за 8,7 секунди и максимална брзина од 228 km/h, малиот дизел е перфектен сопатник и за подолги патувања, особено благодарение на високиот вртежен момент, кој дозволува престигнување на отворен пат и со 6-ти степен на пренос. Сепак, за оние кои сакаат новото Audi вистински да ги залепи за седиштето, препорака е врвниот дизел 3.0 V6 TDI со 204, односно 245 КС, или пеколниот турбо бензинец 3.0 TFSI со 300 КС, кој стигнува до стотка за 5,5 секунди.



Управливост/Удобност
Добрите познавачи ќе кажат дека предниот погон и големата каросерија не се сложуваат баш најдобро кога е во прашање управливоста. Добрата вест е што кај Audi A6, тоа воопшто и не се чувствува, пред се благодарение на пониската маса во однос на конкурентите. Не дека треба да се очекува динамика на нивото на BMW, но новата А6-ка се однесува перфектно компетентно на патот, особено при повисоки брзини. За љубителите на кривулестите патишта, секако тука се Quattro моделите, кои овозможуваат многу поголема забава во возењето и секако подобрена тракција.

Удобноста пак е на највисоко ниво. Суспензијата едноставно ги голта поголемите нерамнини на патот, воопшто не потресувајќи ја внатрешноста. Особено е удобно возењето на отворен пат и при повисоки брзини, кога се отсутни речиси сите вибрации од ситните нерамнини на патот – чувството е како да возите на писта.

Кога е во прашање постигнувањето компромис меѓу возните својства и удобноста, возачот може да избере меѓу пет модови на работа на моторот, управувањето и системите за стабилност, зависно од тоа дали сака спортски одговор на педалата за гас, или пак полежерно забрзување, односно помала потрошувачка. Изборот е тука, оддалечен само со едно копче.

Рафинираност
Иако се препознава по звукот како дизел мотор, агрегатот е одлично придушен, како да се јавува од неколку километри далечина. За поздрав е и одличната механичка рафинираност, односно отсуството на вибрации во целиот распон на работа на моторот. За оние кои сакаат најтивка и најмазна работа на агрегатот, тука се и карактеристично рафинираните шест цилиндраши на Audi.

Покрај одличната рафинираност и добро изолираниот мотор, за поздрав е и целосно добрата звучна изолација – со шепотење може да се разговара и при брзини од околу 180 km/h, нема звук ни од гумите ни од ветерот...

Во кабината

Простор/Практичност
Кога е во прашање просторот во внатрешноста, А6 е шампион во класата. Простор на претек има и на предните и на задните седишта, особено за четири патници, кои ќе седат во претседателски комфор и не ќе мора да се плашат дека ќе им се изгужва оделото. И багажникот е со извонредна големина од 530 литри, што е рамо до рамо со оној на Mercedes E Class и поголем од оној на BMW 5.

За пофалба е и достапноста на места за одлагање ситници во внатрешноста, како ретко кај кој модел од оваа класа, иако целосната функционалност е ограничена од самата седан форма на каросеријата – отворот во багажникот е многу мал.



Ергономија
Возачот лесно ќе ја најде идеалната возачка позиција, а и самото седење е лежерно, со испружени нозе и волан поставен поблиску до рацете. Средниот потпирач за рака напред дополнително придонесува за лесното управување, а и менувачот и командите на средната конзола се секогаш на дофат на десната рака.

Сепак, иако командите на средната конзола се лесно читливи и со големи копчиња, истото не важи и за оние кои се поставени зад менувачот, односно околу џојстикот за MMI системот. Нивната поставеност е крајно неприродна и бара целосно тргање на погледот од патот, што може да претставува голем проблем додека возачот не ги навикне целосно.

Затоа пак висока оценка заслужува прегледноста, и напред и назад, благодарение на правилната форма на каросеријата. За оние несигурните или пак во најтесните паркинзи, тука е и специјалниот систем со паркинг сензори, кој графички прикажува колку се оддалечени препреките преку колор мониторот во внатрешноста, што секако е одлична идеја, правејќи ја непотребна доплатата за камера во задниот дел, која ја нудат конкурентите.

Опрема
Јасно е, во оваа класа купувачот е веќе разгален со богатата опрема. Моделот кој го имавме на тест беше опремен со сите луксузни потребштини, вклучувајќи и автоматско отворање и затворање на багажникот, амбиентални светла низ кабината, светла кои се палат кога ќе пријдете на возилото, седишта во комбинација на кожа и алкантара, делови од дрво во внатрешноста... Разгалено или не, но се во Audi A6 е на копче и е направено со цел највисок луксуз и уживање.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 42.853 евра за моделот со 2.0 дизел моторот, Audi A6 е најисплатлив меѓу триото германски конкуренти со иста опрема и мотор. Разликите се зголемуваат и кога ќе се порача дополнителна опрема, која кај Audi е нешто поевтина од таа на конкурентите, иако е повисока од онаа на моделите на не-премиум класата, или пак на јапонскиот Lexus на пример.

Тестираниот модел чини 55.358 евра и вклучува: 8 воздушни перничиња, автоматски клима уред, целосна електрика, целосна активна опрема за безбедност и стабилност, 17 инчни алуминиумски тркала, целосно опремен аудио систем со активни звучници и Bluetooth, автоматски светла, сензори за дожд, пневматици и светлина, специјални сензори за паркирање со графички приказ, автоматско отворање и затворање на багажникот, целосно интегриран MMI систем, темпомат, седишта во комбинација од кожа/алкантара, специјални предни спортски седишта, ксенон светла, делови од дрво во внатрешноста...

И кога е во прашање потрошувачката, А6 е повторно на врвот од класата. Фабричките податоци велат дека просечната потрошувачка изнесува 4,9 литри, односно 6 во град и 4,4 на отворено. Секако, реално, бројките и не се баш така сјајни, па во град потрошувачката изнесува околу 8 литри (може да се симне до 7 со дефанзивно возење, но и да се качи над 9 со поагресивно) благодарение на Stop&Start системот, додека на отворено околу 5,7 литри, колку што изнесува потрошувачката ако се вози со брзина од 100-120 km/h. При брзина од 140 km/h пак, потрошувачката расте на 6,5 литри, односно и на 10,5 литри при брзина од 180 km/h.

Иако не многу блиски до фабричките вредности (навикнавме премиум производителите малку да претеруваат со бројките за потрошувачка), со оглед на класата во која се наоѓа, масата на возилото и понудените перформанси, потрошувачката е навистина извонредно ниска, поставувајќи нови репери во класата.

Квалитет и доверливост
Повисокиот квалитет на А6 во однос на двата германски конкуренти на хартија го докажуваат испитувањата за доверливост, но ова е вистински воочливо кога ќе се влезе во внатрешноста. Ентериерот е толку квалитетен и добро изработен, што веројатно инженерите од Штутгарт и Минхен веќе го имаат земено како репер за идните генерации на Е класата и на Серијата 5. Навистина, насекаде се вградени материјали од исклучително висок квалитет, а обработката е совршена, без ниту една грешка... Како да се наоѓате во кабина на многу поскап автомобил од високата класа (А8). Токму ова е и делот каде Audi е видливо пред конкурентите во класата.

Безбедност
Новиот А6 се уште не е тестиран од EuroNCAP, но знаејќи ги резултатите на претходните модели, не смее да се очекува помалку од пет ѕвездички. Инаку, дури и основниот модел нуди целосна опрема за безбедноста, која вклучува 8 воздушни перничиња и цел сет контроли на стабилноста.  



Заклучок

Како што рековме и во најавата, А6 е најдоброто од двата света во средно – високата класа. Одличниот компромис меѓу возните својства и удобноста, го прави најдобар избор за бизнисмените, кои често одат на долги патувања. Во него можеби нема да се пронајдат помладите, бидејќи и покрај подобрувањата кај возната динамика, А6 не е направен за збеснување по патиштата, туку ова е еден смирен, удобен и стабилен крстосувач.

Секако, тука нема да го прогласиме А6 како најдобар во класата, но ќе кажеме дека седанот од Инголштад е најуниверзалниот автомобил од германското трио, нудејќи најдобар спој на главните карактеристики, односно перформанси/потрошувачка и удобност/возни својства.

Предности:
-    Високо ниво на удобност и рафинираност
-    Исклучително квалитетна внатрешност и завршна обработка
-    Тивка кабина дури и при повисоки брзини
-    Пространа внатрешност
-    Солидни возни својства
-    Задоволителни перформанси од 2.0 дизелот
-    Ниска потрошувачка
-    Многу опрема
-    Пониска цена во однос на конкурентите

Недостатоци:

-    Динамиката во возење се уште не е како кај конкурентите со заден погон
-    Поставеност на некои команди зад менувачот

 


Audi A6
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Sekoja nova kola e ubava i kola sto kosta 50000 evra ne moze da e losa.Se zavisi od toa kakva kola sakate da kubite.Jas licno sum fan na mercedes i najmnogu sakam mercedes i vozam mercedes no nikogas nema da kazam deka audi i bmw se losi koli.
Напишан од mercedes  пред  околу 71 месеци
Поздрав до А6,Да ми дувнеш у ауспух еднаш?Може?Лингур непрокопсан.Не е темата овде =трактори=туку Ауди.Нешто што ти не го разбираш.Сите ќе го почитуваат твојот збор кога ќе стане збор за земјоделски машини.Сега гитла од овде.
Напишан од Guigaro  пред  околу 71 месеци
Golfov ili passatot si laska so cena na mercedes. dzabe se obiduvaat plagijati na bmw.
Напишан од GOLF  пред  околу 72 месеци
AUDI e izmislen za Mercedes i BMW
Напишан од Elizabeta  пред  околу 72 месеци
Ako gledame taka zemi ti bmw M5 ili mercedes e65 amg pa da go vidam dali moze audi rs6 so niv
Напишан од Do darko  пред  околу 72 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 12
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил