Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Како да ја подобрите економичноста за 20%?
 
Spodeli
02 ноември 2010, 20:32


Како да ја подобрите економичноста за 20%?  Како да ја подобрите економичноста за 20%?
Помеѓу деветте совети за поекономично возење го сретнавте оној секогаш стандардниот – да возите побавно. Во овој текст пошироко ќе го елаборираме него за да ви одговориме на прашањето колку е тој реален, односно дали навистина води до значителна заштеда?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Теоријата на движењето вели дека со зголемување на брзината се зголемуваат и отпорите, па потребно е повеќе енергија да се совладаат истите и автоматски – повеќе гориво. Важи и спротивното – со помала брзина, потребна е помала енергија, а со тоа и помалку потрошено гориво. 

 
Ние ќе Ви препорачаме да возите побавно на начин што ќе ја ограничите Вашата брзина на 100км/ч кога на пример возите на автопат, иако ограничувањето на нашите автопати изнесува 120 км/ч. Сепак, 100км/ч е своевиден минимум за на автопат.
 
Но, како да ја ограничите брзината? Сигурно веќе Ви е познато дека најновите генерации автомобили како потсистем во својата електронска контролна единица имаат електронски граничник на брзината (cruise control). Бидејќи дури и “полжавите“ од возачи некогаш ги надминуваат ограничувањата, електронското лимитирање на брзината сигурно ќе има ефект. 
 
Значи, откако ќе го “курдисате“ граничникот на брзината на 100км/ч, електрониката нема да Ви дозволи да го надминете тоа. Штом ќе ја достигнете таа брзина, после се возите како во уличката на боксот во Формула 1 – можете и понатаму да ја стискате гаста, но ќе нема никаков ефект. 
 
Секако ова може во определени ситуации да биде опасно, меѓутоа истите можете да ги избегнете единствено со нагло притискање гас до даска. Имено, системот содржи сензор кој ја препознава итната ситуација со Вашето нагло притискање и веднаш преку вентил ви го враќа максималното забрзување и моќност.
 
На почетокот, вакво крстосување со 100 км/ч може да ви се чини многу бавно и здодевно, бидејќи сигурно ви создава чувство на блага инфериорност додека другите “шибаат“ покрај Вас, а вие се држите речиси постојано десно во бавната лента. Меѓутоа, по извесно време ова рамномерно возење станува отпуштено, без стрес и веруваме дека како такво се повеќе ќе почне да Ви се допаѓа. Истовремено, таквото возење носи мир, кој ќе ве направи најпретпазливиот возач на патот. Значи ќе можете навреме да антиципирате се што се случува пред и зад Вас, а престигнувањата на возилата побавни од Вас (камионите или автобусите) ќе Ви бидат перфектно пресметани и изведени. Од друга страна, сите оние што ги гледате како се тркаат вообичаено само ќе застанат пред мене во редот за патарина. Друго тешко дека нешто ќе успеат, бидејќи факт е – автопатите најчесто се преоптоварени за било какви егзибиции или брзински тестови. Така што, “тицајте“ колку сакате, многу нема да ќарите. 
 
Всушност, само повеќе го трошите моторот, пневматиците, сопирачките...и горивото. А со возењето со константни 100км/ч 
се остварува резултат од неверојатни 3,8л/100км со возило како Peugeot 307 1,6 HDi! Значи, со ограничување на брзината на само 15-20км/ч побавно од вашата вообичаена брзина, ја подобрувате потрошувачката за 20%. 
 
Не е лошо, ниту тешко - потребно е само малку да го отпуштите педалот за гас. Нема да ве чини многу време и ќе значи дека на бензинска ќе плаќате речиси само две третини од она што вообичаено го плаќате за гориво за ваков автомобил. 
 
Пробајте.
 




Стари коментари
До Горан Вози во пета 100ка ќе видиш дека ќе ти троши помалку одколку 6та 120 со истите обртаи...
Напишан од trajce  пред  околу 80 месеци
zivi gluposti. ja imam audi a6 i u 6 ta brzina da ubacam treba da vozam nad 120 km na cas inaku obrtometarot paga ispod 1700 vrtezi i nemam snaga. taka da tekstov nema vrska
Напишан од goran  пред  околу 83 месеци
Најдобар совет што сум го прочитал во врска со економична вожња е држење на автомобилот во вртежен опсег од 1500 до 2100 вртежи. 50 км/ч можат да се возат и на 2000 и на 3000 вртежи. На 2000 е поекономично. Јас со промена на стилот на возење успеав да намалам околу 1,5 л на 100 км. На месечно ниво тоа е околу 800 денари.
Напишан од Петар  пред  околу 85 месеци
prvo ,za gore navedenite idioti koj najverojatno nikogas ne sednale zad volan,nemaat pravo da davaat vulgarni komentari, vtoro ,koga malce ke sozreat so mozokot i porasnat ovoj tekst nema da im bide smesen (zboram od licno iskustvo)
Напишан од stole  пред  околу 85 месеци
Пежо 307 со 1,6 ХДИ 3,8Л? Пежо ви плкаќа за тоа? Тоа е технички невозможно да се постигне со мотор со внатрешно согорување. Вие сте само глупави идиоти гладни по пари од реклами.
Напишан од сократ  пред  околу 86 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 8
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил