Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Совети за безбедност > Како да ги избегнете најчестите видови сообраќајни несреќи
 
Spodeli
02 ноември 2010, 21:09


Како да ги избегнете најчестите видови сообраќајни несреќи  Како да ги избегнете најчестите видови сообраќајни несреќи
Специфичниот звук при судар на сите им е познат, иако тој е последниот кој сакаме да го чуеме. Сепак, со само неколку превентивни мерки можете значително да ги намалите шансите да го слушнете тој звук. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Има две едноставни нешта што еден возач може да ги направи за да ги намали шансите за било каква незгода: да гледа најдалеку што може и да држи “разлика“ од околу три секунди во однос на возилото пред него, без разлика на брзината на движење. Гледајќи напред, поверојатно е дека навреме ќе ги забележите ситуациите кои се потенцијално опасни – некој предмет на патот, претрчување на пешак или животно, застој на патот или некој што дава сигнал дека сврти. Со концентрација и гледање далеку напред, имате доволно време да маневрирате соодветно. Слично, ако држите растојание од околу три секунди меѓу вас и возилото пред вас исто така ви дава доволно време за реакција. 
 
Што да направите доколку морате нагло да свртите
Наглото свртување за да избегнете животно, друго возило или друг предмет (на пр. избуткан контејнер на Партизанска спроти Поштата во Карпош 2) кој ненадејно ви се испречил може да резултира со судир со друго возило или во превртување на возилото. Повторно, најсигурната превентивна мерка е да гледате напред најдалеку што можете, значи фокусирани и свесни за можната опасноста. Ако наглото маневрирање е неизбежно, прво свртете го воланот, па потоа стиснете на сопирачките за да намалите можноста од превртување. 
 
Што да направите доколку ви се дупне гума среде возење
Експлозијата на пневматикот може да биде застрашувачко искуство и ненадејната загуба на притисок во гумите во превод значи автомобил што тешко се контролира. Но, ако се обидете брзо да застанете ќе ви биде уште потешко да го исконтролирате возилото. Решението е постепено да отпуштате гас и да држите правец најмногу што можете. Кога веќе возилото доволно ќе забави, тогаш повлечете се од патот и застанете безбедно.
 
Што да направите доколку излетате од патот 
Ако од икс – причини излетате и преку тротоарот отидете во кал или снег, вашата природна реакција е да го свртите воланот во обид да се вратите на асфалтот. Меѓутоа, така ризикувате превртување. Затоа, ви го препорачуваме истото решение како и при експлозија на пневматикот. 
 
Што да направите доколку ја загубите контролата на лизгав пат
Кога патиштата се лизгави, лесно е вашето возило од мала загуба на балансот комплетно да изгуби контрола. Ако вашето возило почне да пролизгува, најбрзиот начин да се вратите назад во праволиниско движење е да го завртите воланот во насоката на пролизгувањето. 
 
Колку и овие мали – големи совети да се корисни, сепак, ништо не вредат ако не биде концентрирани на вашето возење. Само така можете комплетно да ги одбегнете потенцијалните опасности. Истражувањата покажуваат дека сообраќајките најчесто се случуваат од невнимание предизвикано од прегласна музика, пушење цигара додека возите, телефонирање и зборување па дури и со “hands-free “.
 
Затоа, нека ништо не го одвлекува вашето внимание додека возите. Придобивките од оваа дисциплинираност се непроценливо вредни. Колку еден живот!
 

 





Стари коментари
Кој го пишувал ова нека се натрти и да си го баци газот од помеѓу нозете. Абе смотани ако не ги дообјаснувате работите немојте ни да ги пишувате. Само делумно се точни а во принцип неточни.
Напишан од Сократ  пред  околу 78 месеци
za vozenje nema maz i zgersi mu nesto na volanot ko ke te bapni zeleziste
Напишан од Viktor  пред  околу 78 месеци
dobro e da se znae ako nekoi se pravat pametni sepak podobro e da se procita nesakajki moze ke zapamti nesto :)))
Напишан од ma4or4e BMW  пред  околу 78 месеци
a nekoj za da stane dobar vozac mu se potrebni vakvi soveti, dosta se pravete pametni
Напишан од mile  пред  околу 78 месеци
Не се глупости. Ова се само совети, кои дај боже да не ви притребаат. Ај за нагло маневрирање во ред, до негде поминува тоа со рефлексите, ама ако ви пукне пневматик, овој совет секако дека би бил корисен. И уште многу многу други кои не се наведени... Корисно, како и да е.
Напишан од Mr.Doni  пред  околу 78 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Совети за безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил