Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Совети за безбедност > Колку ми е стар автомобилот?
 
Spodeli
04 јули 2011, 14:31


Колку ми е стар автомобилот?  Колку ми е стар автомобилот?
Водич како да ја одредите староста на вашиот автомобил...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Прашањето кога точно е произведено некое возило може да се постави од различни причини, на пример ако се сомневате дека сте купиле автомобил што одлежал на ливада. Како се одредува староста?



Број на шасија


Првата одредница ја дава бројот на шасија. Тој е запишан во документите на возилото и во многу возила може да се прочита низ ветробранското стакло. Покрај тоа, најчесто е втисната во ламарината во просторот за мотор (на пример на челниот ѕид пред кабината или на едно од лежиштата на амортизерот).

Не постои унифициран систем, но повеќето големи производители се придржуваат до следната шема. Тие со букви или бројки на десетото место од бројот на шасијата ја наведуваат моделската година. Таа не е иста со календарската година, туку кај некој производител почнува ушпте во мај претходната година, а кај друг дури во август.

Алфабетен систем (1980 до 2000)

Се стартуваше со буквата А во 1980 година. Од броењето се исклучени буквите I, O, Q, U и Z. Тоа ги дава следните комбинации:

 G = 1986 K = 1989 N = 1992 S = 1995 W = 1998
 H = 1987 L = 1990 P = 1993 T = 1996 X = 1999
 J = 1988 M = 1991 R = 1994 V = 1997 Y = 2000

Пример: WV WZZZ1HZXW08186: Тука се работи за VW Golf од моделската година 1999, кој е произведен во периодот меѓу јули 1998 и јули 1999 (=моделска година 1999).

Нумерички систем (од 2000)

 Откако се исцрпија можностите со алфабетата, производителите се договорија да користат бројки. Почнувајќи од моделската година 2001 на десетото место на бројот на шасија се наоѓа бројка што ја покажува моделската година. „1” е за моделската година 2001 итн.

Пример: WOLOAHL4855079040: Opel Astra, моделска година 2005

Знаци за производство на деловите на возилото



Многу делови од возилото, во помалку или повеќе кодирана форма го носат датумот на производство. По правило тоа е само неколку денови или месеци пред датумот на производство на целиот автомобил. Вреди да се погледне во просторот за мотор или во багажникот (под подната облога) за да се најдат таквите знаци.

 Некои се составени од стрелка во круг од броеви на месеците, а често пати дополнително се наведени и последните две бројки од годината.

 Пример: Октомври 2005



 На контролната белешка има јасно испечатен датум на производство.
Пример: 2006-05-18 за 18 мај 2006



 И во внатрешноста може да се најдат показатели на датумот на производство. Често пати се чита на зашивањето на безбедносните ремени

Пример: 45/01 значи 45 недела од 2001 година



Посебно кај пластичните делови на повеќе места се наоѓаат белези од калапот за леење, што со испакнати точки го покажуваат датумот на производство на пример во табела (со колони за месеви и години). Овие информации често се читаат само при светење отстрана со џебна светилка.

Пример: во хоризонталните колони се месеците, а во вертикалните годините; обележано е септември 2004

Гуми и тркала



На каскадите на автомобилските гуми по правило се наоѓаат буквите DOT (Department of Transport) и четирицифрена посебно означена комбинација од бројки (погледнете ја сликата). Двете последни места од неа се за годината на производство, двете први места се за производствената недела.Се препорачува во проверката да се погледне и резервното тркало: Неговата ознака DOT би требало да потекнува од приближно ист период како останатите тркала.

Пример: „0806” стои за гума што е произведена во осмата недела (знчи крај на февруари) во 2006 година

Совет

Ако повеќе делови укажуваат на блиски податоци за производство, периодот на монтажа на возилото може да се ограничи доста тесно Ако датумот на производство на комбинираните инструменти/брзиномерот е многу понов од другите составни делови на возилото, тоа може да е знак дека е извршена манипулација со брзиномерот. Во тој случај треба да се провери вистинитоста на километражите во сервисната книшка.

 Значајни разлики меѓу датумот на произвопдсдтво може да е знак за претрпен судир и за поправката се користни понови резервни делови. Тоа е важно при купување користено возило, ако продавачот тврди дека тоа нема претрпено судир.





Стари коментари
haha.... gluposti... imam kola od 2008 a na 10to mesto e 0, + ona za gumite go znaev, + oznacuvanjeto kako "2006-05-18" sekoj coek so zavrseno 4to bi trebalo logicki da go sfati. Mnogu napisano.... nisto ne kazano...
Напишан од Alex  пред  околу 77 месеци
za primer: ne e tocno .........
Напишан од Zmija  пред  околу 77 месеци
Мислам дека најпрегледен и наједноставен би бил примерот со бројките на ветробранското и сете останати прозори на автомобилот
Напишан од пример  пред  околу 77 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Совети за безбедност



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил