Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Mercedes C220 CDI
 
Spodeli
24 јуни 2011, 09:18


Тест – Mercedes C220 CDI Mercedes-Benz C-Class - old Тест – Mercedes C220 CDI
Baby Mercedes. Така милуваат да ја нарекуваат С класата уште од почетоците на своето постоење, од средината на 80-тите години ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сепак, А и B класата се многу повеќе Baby - потполнуваат пониски класи и ценовно и по димензии. C класата е Macho Mercedes. Со агресивниот настап, облечен во AMG пакет, овој Mercedes направен со намера да овозможи вистинско возачко доживување е се, само не Mercedes од порано. 

Сега, и култната BMW Серија 3 треба да се загрижи од атлетските способности на C класата. Заедно со Audi A4, веројатно ова е вистинската класа на автомобил - истовремено убав, просторен, спортски, динамичен, удобен, штедлив, корисен...

Уште повеќе што, новото бебе помеѓу големите модели од Штутгарт ги краде погледите и од Е класата! Носи повисок имиџ, а е поевтин автомобил.
 

Дизајн

“Тргнете ми се од патот” – така  вели новата маска на Mercedes. Дизајнерите со "фејслифтингот" интервенирале токму таму каде што требаше. И претходно беше убав, но разубавувањето е во вистинска смисла на збoрот. Заедно со поагресивните браници и AMG шминката, моделот на тест нуди вистински спортска елеганција. Детал повеќе е панорамскиот покрив кој дава контраст на белата боја.

Она што koli.com.mk најмногу го почитува во однос на дизајнот е фактот дека автомобилот е убав на свој начин. Одушевува и дизајнот на ентериерот - комбинацијата од хромирани елементи и кожа, во изведба на линии со карактеристичен идентитет создаваат слика која ја нема кај ниту еден друг автомобил (освен секако кај E-Class). Можеби во однос на Audi A4 не, но сигурно e дека во однос на BMW Серија 3 стајлингот е на повисоко ниво. Престојот во кабината на C-Class создава вистинско премиум чувство.


На пат

Перформанси
Посилниот дизел мотор во понудата на четири цилиндарски дизели, со 170 КС и 400 Nm достапни при 1.400 врт/мин, се покажува како вистински звер. Во првите три степени на пренос, задните тркала буквално оставаат траги на асфалтот, а на отворен пат, престигнувањa во секој интервал вртежи претставува "мачкина кашлица". Ова секако се должи на исклучително високиот момент од 400 Nm, достапен веднаш по празниот од. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 8,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 232 km/h, податоци кои лесно можат да засрамат и некој спортски автомобил.

 

Управливост/Удобност
Уште со лансирањето на моделот, Mercedes најави напад на динамиката на BMW 3. Кај новиот, освежен модел, ова е уште поизразено. Управувањето е хируршки прецизно и директно, а автомобилот секогаш оди таму каде што ќе посака возачот. Динамиката и агилноста се на највисоко ниво – новата С класа е остра како жилет, сечејќи ги свиоците со исклучителна прецизност. Кај тестниот модел, ова беше уште повеќе изразено благодарение на спортското AMG подвозје. Секако, BMW 3 останува недопрен како највозачки модел во класата, но овој Mercedes се доближи пеколно близу. Единствена забелешка, која малку го расипува возачкото доживување е менувачот, кој е недоволно прецизен, крут и со долги одови.

Силата на моторот во комбинација со задниот погон и исклучен ESP ве става во еден друг свет. Ако сакате, буквално во секоја кривина може да си игратe со вашиот Mercedes на новото време. Токму овој модел вистински ја илустрира намерата на производителот да се биде забавен за возење и спортски - дијагонално спротивно од имиџот што Mercedes го има, а тоа секако е ултимативно пловење по патот. Она што не остави малку збунети е удобноста, претпоставуваме поради спортско подесеното подвозје. Во град, поголемите дупки и попречни нерамнини, C Class веќе не ги поминува меко како што сме навикнале кај Mercedes… Никако не е неудобен, но ударите се чувствуваат повеќе отколку што би посакале.

Сепак, на отворен пат и при повисоки брзини, кабината е перфектно заштитена од ситните нерамнини, тотално спротивно на возењето при пониски брзини, што е и очекувано. Во Европа и во САД, возилата од оваа класа поголем дел од времето поминуваат на автопат, при повисоки брзини, а токму оваа класа и овој модел конкретно се главните играчи во борбата за купувачи на значајните пазари. 

Рафинираност
Едно големо изненадување, уште при првото палење на моторот. Кога работи во место, од хаубата одѕвонува звук карактеристичен за дизел моторите од пред 10-тина години, со придушен татнеж. Уште повеќе, вибрациите од моторот се чувствуваат во кабината, а особено на рачката од менувачот. Досадниот дизел звук при мали вртежи е присутен и при забрзувањата во првите три степени на пренос, правејќи го и малку заморно возењето низ градски услови. Нештата во голема мера се менуваат при повисоки вртежи и при повисоки брзини - некаде над 2.500 вртежи и веќе приказната е сосема поинаква - се буди зверот во моторот - гласен, спортски и неверојатно моќен звук.

При повисоки брзини на сила стапува извонредната звучна изолација, но останува впечатокот дека моторот заостанува кога е во прашање рафинираноста дури и ако го споредиме со модели од не-премиум сегментот. Згора на тоа и менувањето на степените не е толку глатко – на овој мотор многу подобро би му одговарал автоматскиот менувач со седум степени.


Во кабината

Простор/Практичност
Кабината на С-Class удобно ќе смести четири возрасни патници. На предните седишта е особено пространо, додека на задните единствено проблем би имал третиот патник поради големиот тунел за трансмисијата во средината, што е недостаток споредено со моделите со преден погон од средната класа. Инженерите се потрудиле и во поглед на практичноста, распоредувајќи неколку места за одлагање на ситници во внатрешноста, иако Mercedes и тука заостанува во однос на не-премиум моделите. Багажникот брои 475 литри и е одлично распореден, но отворот е мал и не дозволува внесување на поголеми предмети.



Ергономија
Она што одушевува е возачката позиција, која е блиску до идеалната. Ако сака, возачот, може да биде полулегнат бидејќи самата поставеност зад управувачот е онаа најпосакуваната – педалите се подалеку, а управувачот поблиску. Седиштата имаат значителна странична потпора, што дополнително потсетува дека овој Mercedes треба да се вози подинамично. А, кога еднаш ќе ви падне раката на перфектно моделираниот управувач, ќе посакате да го земете со себе и кога одите пешки. 

Јасен дизајн на централната конзола, со читливи и добро распоредени копчиња. Управувањето на аудио системот е со вртлив џојстик, во ставен десно, пред рачката за менувачот. Тука Mercedes го има употребено најдобро од двата светови. Единствена замерка за поставеноста на ракетата за активирање на трепкачите – поставена е подолу од вообичаеното и неретко бара целосно тргање на дланката за давање на најчестата команда при возењето.

Опрема
Моделот кој го имавме на тест, имаше дополнителна опрема која би зафатила уште неколку страни од овој текст, па затоа ќе обрнеме внимание на главните работи, како двозонската клима, целосната електрика (дури и за подесување на седиштата), спортските седишта, панорамскиот покрив кој може да се отвори во предниот дел, како и извонредниот аудио систем со 5 инчен колор монитор во средината. Секако, тука се и сите козметички додатоци, како алуминиум на арматурата и кожа на менувачот и воланот, како и специјални спојлери и тркала од AMG надворешно. Списоците за додатна опрема се огромни, иако доплатите не се нималку евтини.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со стартна цена од 37.100 евра за дизелот со 170 КС, моделот од средната класа на Mercedes се чини конкурентен и со моделите од не-премиум сегментот. Сепак, ако се почне да се додава од листата на дополнителна опрема, цената може значително да порасне. Добар пример за тоа е Avantgarde моделот кој го имавме на тест, кој опремен со AMG козметика и спортско подвозје, панорамско стакло и интелигентен систем за осветлување со Bi-Xenon, чини цели 49.990 евра, цена која добро навлегува во повисоката класа.

Трошоците за одржување секако нема да се ниски како кај поевтините модели од средната класа, но Mercedes се покажува многу добро на последните истражувања за квалитет и задоволство на купувачите, што влева сигурност дека производителот од Штутгарт ја враќа старата слава. Згора на тоа, сервисот во нашата земја е познат по својата стручноста и добрата услуга.

Во однос на потрошувачката, реално, просекот на тестот изнесуваше нешто под 7 литри. Во град, со поагресивно возење потрошувачката е некаде околу 8 литри, а со попретпазливо - 7,1 литар на 100 Km. На отворено, без брзање, може да се помине со потрошувачка од нешто ситно над 5 литри. Умерената и задоволителна потрошувачка е некаде до 145 km/h (околу 6 литри) , а над тоа веќе може да сметате и на потрошувачка од околу 8,5 - 9 литри. Бројки секако достојни за почит, но и далечни од она што го ветува Mercedes, што најмногу интригира, барем кога ќе се прочитаат декларираните и ветените бројки за просечната потрошувачка од 4,4 литри на 100 km (5,6 град, 3,7 отворено)!

Германците веројатно сакаат да го нагласат премиум имиџот дури и кога е потрошувачката во прашање, но преку физичките закони не може да се оди. Не може Mercedes со 170 КС да троши помалку од компактен модел со дизел мотор со 90 КС или пак како некој мал градски автомобил што е речиси еден тон полесен! Како што го има BlueEfficiency логото, тука се и 170-те коњи организирани на начин да извадат максимална сила од себе. Никако не успеавме да дознаеме како тест возачите на Mercedes го постигнале овој резултат. Пробавме со возење од 70-80 km/h на отворен пат, но и тогаш потрошувачката не паѓаше под 5 литри, а притоа и целосно се урива намената на овој автомобил. 

Како и да е, добрата работа кај C класата е што може да го заспиете зверот кој го разбудивте претходно, и вистински да возите штедливо. Изборот е ваш. 

Квалитет и доверливост
Mercedes полека го враќа квалитетот на нивото на кое сме навикнале, а најдобар доказ за тоа е токму новата C Class. Внатрешноста е обложена во многу квалитетни материјали, а завршната обработка е на високо ниво, рамо до рамо со главните конкуренти. Сопственикот не треба д го загрижува ниту доверливоста, бидејќи, како што рековме, Mercedes оди само нагоре на тестирањата за квалитет.

Безбедност
Чисти пет ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP се најмалку што може да се очекува за еден модел на Mercedes. Безбедносната опрема е богата и вклучува 9 воздушни перничиња и сет контроли на стабилноста.



Заклучок

Фејслифтингот на C Class, не значеше само козметички промени - променети се многу ситни работи кои го прават автомобилот селоцно подобар. Освежениот модел е уште подобар за возење и има уште поквалитетна внатрешност, повторно истакнувајќи се во средната премиум класа. Особен е нагласен спортскиот и агресивен дизајн, нешто што секако недостасува кај BMW 3 на пример. Всушност, единствените замерки за C-Class се однесуваат на возењето низ град – поминувањето преку поголемите нерамнини и дупки не е најудобно, а моторот работи немирно во место и при силни забрзувања.

Затоа, на отворен пат, Mercedes C Class е вистински Mercedes со BMW манири. Перфектно е динамичен и стабилен, пристојно удобен и доволно тивок за да се разговара со шепотење и при брзини над 150 km/h. Едноставно, како и секогаш, долгите патувања со овој Mercedes се вистинско уживање, па следствено на тоа, би го препорачале на оние кои времето зад воланот го поминуваат на автопат. За низ град, дури и Mercedes има други решенија!


Предности:

-   Извонредни возни својства
-   Прецизно и директно управување
-   Одлични перформанси
-   Удобност при повисоки брзини
-   Забележителен дизајн
-   Ниска потрошувачка
-   Пространа внатрешност, добар багажник
-   Квалитетна внатрешност
-   Идеално седење
-   Богата опрема (кај тестираниот модел)


Недостатоци:

-   Нерафиниран дизел мотор
-   Недоволно прецизен и крут менувач
-   Поголемите дупки и нерамнини се чувствуваат во внатрешноста
-   Лоша поставеност на ракетата за трепкачите


Mercedes-Benz C-Class - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
....На самиот автомобил си е напишано 125 години иновации, тоа доволно кажува каков автомобил возите ! А за квалитетот, татко ми возеше Mercedes 123-ka, јас возам сега Е-класа, коментарите дека не се квалитетни или дека има подобро на пазарот за парите не постои, бидејќи што и да купите друго нема да биде Mercedes. Секогаш ќе ги возам со задоволство !!!
Напишан од Игор  пред  околу 69 месеци
porano obozavav mercedes, sega nejkam ga gi vidam. Samo S klasa ama za toa treba mnogu pari
Напишан од Pepe  пред  околу 69 месеци
Mercedes ima seriozen problem so kvalitetot. Segasnive vozila voopsto ne go uzivaat imidjot na mercedes od pred 13 godini. Sega na pazar ima mnogu seriozna konkurencija a za 50.000 Eur mnogu podobri vozila moze da se nabavat
Напишан од Zoki  пред  околу 70 месеци
c KLASATA E SOVRSENSTVO KAKO I SEKOJ MERCEDES.VOZAM MERCEDES U SEKOGAS KE VOZAM MERCEDES
Напишан од MARTIN  пред  околу 70 месеци
gi citam nekoi kom. i se smeam ce kupam ova ona voa noa so i da kupite ni edna ne moze da se sporede so mercedes pa zavrsila erata ne mercedes erata na meckata nikogas ne zavrila i nema ni da zavrse ostanuva vecna
Напишан од mali  пред  околу 71 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 8
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил