Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - VW Amarok
 
Spodeli
20 јуни 2011, 03:28


Тест - VW Amarok Volkswagen Amarok Тест - VW Amarok
Понудата на пикапи на европскиот пазар досега беше прилично ограничена... Се знае, за оние што сакаа солиден 4х4 пик-ап, изборот требаше да падне на некој јапонски модел...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Но, согласност стратегијата за станување најголем производител на автомобили во светот до 2016 година, во класата на робусни товарни возила, влезе и Volkswagen. Моделот Amarok, нивниот прв влез во класата, не само што е успешен, но поставува и некои нови критериуми, како ултра ниската потрошувачка од 7,5 литри во просек или најголемиот товарен простор за пик-ап со дупла кабина од 2,52 метри квадратни и носивост од 1 тон!

Дизајн

Препознатлив Volkswagen, со агресивна предна маска и класичен пик-ап дизајн отстрана и позади, Amarok оддава чувство на робусност, кое досега не сме го виделе кај „народниот“ бренд. Не дека му недостасува елеганција, но германскиот товарен теренец сака да презентира мускули и сила... И внатрешноста е поспартанска од она на кое сме навикнале од Volkswagen, но немојте да помислите дека не е квалитетна... Едноставно, се е направено како би можело да издржи долга и немилосрдна експлоатација.

На пат

Перформанси
Во понудата на Amarok влегува 2.0 TDI моторот, во две изведби на сила, од 121 и 161 КС. Јасно е, посилниот мотор ќе заврши подобра работа на отворен пат и при престигнување, но ни послабиот мотор не разочарува. И двата потегнуваат силно уште од ниски вртежи и се особено прилагодени за возење по терен.



Управливост/Удобност
Од еден гломазен пик-ап и не смее да се очекува агилност и динамичност на асфалт. Сепак, во споредба со конкурентите, се чини дека Amarok е меѓу најдобрите во класата, рамо до рамо со Toyota Hilux и Nissan Navara. Ова е импресивно, бидејќи Германецот е изненадувачки тивок и удобен (интересно, поудобен е со товар во задниот дел, бидејќи помалку потскокнува), доближувајќи се до патничките автомобили! А, движењето низ град може малку да ве испоти, имајќи в предвид дека Amarok има не баш мал круг на свртување. 

Сепак, Amarok најдобро се покажува токму каде што треба, на терен. Благодарение на својот 4MOTION погон, ABS и електронската програма за  стабилизирање, многу лесно поминуваше по сите терени што му ги зададовме, често оставајќи не со подзинати усти. Едноставно, за Amarok нема пречки! 

Рафинираност
Повторно, тука не смее да се очекуваат нивоа на рафинираност како кај поскапите теренци на пример, но Amarok е во самиот врв на класата кога е во прашање бучавата од моторот. Удари и вибрации малку повеќе се пренесуваат во ентериерот, а и при повисоки брзини има бучава од ветерот и гумите, но тоа е и за очекување со оглед на класата.

Во кабината

Простор/Практичност
Внатрешноста лесно ќе собере четири возрасни патници, со доволно простор во сите правци. Практичноста е на исклучително високо ниво, благодарение на најголемиот товарен простор во класата, со 2,52 m2 товарен простор и носивост од 1 тон. Згора на тоа, Amarok може да влече приколка до 2,8 тони! Некој спомна шлепер?



Ергономија
Иста приказна како и во секој Volkswagen – сите копчиња се интелигентно распоредени и се лесни за навигација, а возачот лесно ја наоѓа вистинската позиција.  Вистинско изненадување е височината на седењето, како во двоспратен автобус! Ова значително ја подобрува видливоста, што е и морално, бидејќи Amarok има 5,25 метри долг метал за гледање, односно повеќе од било кој друг автомобил со W на маската досега.

Опрема
Согласно со спартанско дизајнираната внатрешност, Amarok не е многу дарежлив со опремата. Во основниот модел нема ни клима, ни радио, ни борд компјутер, а и прозорите се отвораат рачно. Секако, поскапите модели ги имаат сите овие додатоци, но барем радио би требало да има како стандард.

Финансии


Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Ценовно, Amarok е конкурентен со најдобрите јапонски модели, нудејќи одличен однос на вложено - добиено. Загарантирани се и ниските трошоци за одржување – за квалитетот на VW не треба да се трошат многу зборови, а исто така ниту за сервисната мрежа и достапноста на делови кај нас.

Ниските експлоатациони трошоци ги гарантира и супериорно ниската потрошувачка. Со просек од 7,5 литри, односно 9,4 во град и 6,7 на отворено (фабрички, за послабиот мотор), Amarok поставува нови стандарди во класата. Реално, со нормално возење, најголемиот VW стигнува и до 10,5 литри во град, односно и до 7,5 на отворено, што би рекло просек од околу 8,5 литри. Со оглед на димензиите и масата, извонреден резултат!



Квалитет, доверливост и повратна вредност
Иако никогаш пред Јапонците на испитувањата за квалитет и доверливост, Volkswagen доволно се има докажано низ годините како производител на квалитетни и издржливи автомобили. Згора на тоа, Amarok е очигледно направен да трпи тешка експлоатација, па би требало и лесно да се снаоѓа со лошата патна инфраструктура кај нас.

Внатрешноста, иако не како кај Passat или Golf на пример, е облечена во квалитетни материјали, а завршната обработка е на највисоко ниво. Дефинитивно патниците нема да мислат дека се возат во некое работно возило.

Безбедност
Со четири ѕвездички на тестирањата на EuroNCAP, и тоа по новите, построги тестови, Amarok излегува пред конкурентите кога е во прашање безбедноста. Стандардно, достапни се ABS и ESP системите.



Заклучок

Со добра стартна цена, квалитетна механика, висока функционалност и одлични возни својства, Amarok се наметнува како топ избор во класата на пик-ап автомобили. Во него би се пронашле сите оние кои имаат потреба од автомобил со поголема носивост, но и сите љубители на оф-роуд возењето. Толку добар теренец чини илјадници евра повеќе!

Предности:
-    Голем товарен простор
-    Висока носивост
-    Одлични оф-роуд карактеристики
-    Ниска потрошувачка
-    Коректна стартна цена
-    Солидни перформанси
-    Пространа кабина
-    Ергономија

Недостатоци:

-    Сиромашна основна опрема
-    Голем круг на свртување (тежок за паркирање)
-    Бучава при повисоки брзини


Volkswagen Amarok
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Ovde moze malku da poceka vw,ne ni moze da se sporedi so konkurencijata,nikogas nema da e podobar od toyotata,nisanot,mazdata a za ford da ne pravam muabet voopsto,ovie od vw mislat deka se sto ke proizvedat e najdobro epa vo sekoj slucaj jako se zaebale
Напишан од Vw be  пред  околу 74 месеци
Добро Зоран, ќе го аскнам, насочиме само, баш да видам што измислиле
Напишан од Мали Џокица  пред  околу 74 месеци
@malidjokica. Ako ne ti e jasno ask google. mnogu nesta ke ti se pojasnat.
Напишан од Zoran  пред  околу 74 месеци
Копија на Ј возило, јапонците ако не крадат технологија незнам кој. Незнам што имат измислено, и со тоа што највеќе се фалеа варијабилни вентили и тоа не е нивно, па и сега хибридите, скоро да се и е украдено и после го развиваат само.
Напишан од Мали Џокица  пред  околу 74 месеци
Samo TOYOTA e zakon za vakvi vozila.
Напишан од Zoki  пред  околу 74 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 10
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил