Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Suzuki SX4 4x4 - Екстремно способен
 
Spodeli
15 јуни 2011, 21:37


Тест – Suzuki SX4 4x4 - Екстремно способен Suzuki SX4 Тест – Suzuki SX4 4x4 - Екстремно способен
Во период кога авто-индустријата (како никогаш досега) е преплавена со модели, веројатно и вредностите се изместија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со цел за повисоки продажни резултати, многу “квази – модели” се дизајнирани да изгледаат баш онака какви што не се, а со тоа и да даваат лажна претстава за своите можности. Трендовски е да се има “џип” и да се вози од малку повисоко од другите во сообраќајот, но иронијата е во тоа што многу модели со SUV изглед апсолутно не заслужуваат да го носат тоа име.

А, има и такви кои се сосема спротивни. Ако се размисли подлабоко, ќе се види дека има еден Јапонец кој нуди и целосно „џип“ доживување – има 4x4 погон и овозможува извонредни возни својства и на асфалт и на терен, и што е најважно, има поволна цена, малку троши и целосно е многу исплатлив автомобил.

Слично како и самите Јапонци – скромни, вредни и способни, и SX4 ги носи тие епитети.  На изглед не толку атрактивен, тој во својата душа е вистинско животно. Во него се вградени вистинските вредности што се бараат од еден автомобил, посебно во класата на мали SUV модели.

Дизајн



Можеби со изглед кој не е толку атрактивен, овој Јапонец изгледа робусно и има доволно „оф-роуд“  елементи за да го оправда своето име. Тешките терени му прилегаат убаво и му даваат нова димензија.

Ентериерот, од друга страна, веројатно стандардно јапонски, е поминималистички дизајниран, со класично дизајнирана арматура, што секако е ценет пристап. Помодерна димензија дава се чини мултимедијалниот систем со екран на допир, иако се чини дека и во внатрешноста дизајнот заостанува во однос на конкурентите и генерално, потребно е освежување.

На пат

Перформанси
Стандардниот бензинец кој се вградува во SX4, со 120 КС и 156 Nm, извлечени од 1,6 литарска зафатнина, задоволува во речиси сите услови во кои ќе се вози малиот теренец. Изненадувачки е еластичен и повлекува од ниските вртежи, иако за убаво да загризе бара да биде завртен до црвеното поле.

Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 11,5 секунди (10,7 за моделот со погон на предни тркала), додека максималната брзина изнесува 175 km/h (185km/h). Бројки кои изгледаат добро на хартија, но не ја доловуваат целосно приказната – SX4 добро потегнува во сите пет степени на пренос, а возачот нема да има проблеми ниту со престигнувањето по нагорнини.

Управливост/Удобност
Моделот со погон на сите четири тркала, кој го имавме на тест, многу позитивно изненади со возните својства. Со вклучен погон на сите тркала (Auto, сам ја распределува силата напред назад), во кривини речиси и да не се јавува подуправливост, па автомобилот вози таму каде што возачот ќе посака, без било какво пролизгување и покрај недостатокот на контрола на стабилноста на тестираниот модел (повисокото ниво на опрема има и ESP). Едноставно, SX4 вози како по шини! Апсолутно не се чувствува дека станува збор за повисок автомобил. На ова се надоврзува и изненадувачки прецизното и директно управување и прецизниот менувач – возењето на асфалт со овој мал SUV е вистинска забава!

Што е уште позначајно, забавата не престанува ниту кога ќе се излезе надвор од асфалтот – SX4 е веројатно најдобар меѓу конкурентите кога е во прашање возењето на терен! Со вклучувањето на 4x4 Lock модот (50:50 напред назад), малиот Јапонец се претвора во вистински теренец, способен за помине и преку потешки терени!



На крај, она што најмногу изненадува е удобноста која ја нуди SX4. Секако, не е за очекување да ги испегла сите нерамнини на патот (го вознемируваат поголемите дупки), но се снаоѓа многу добро со нашите патишта и нуди прилично удобно возење и на отворен пат при подолги патувања.

Едноставно, SX4 одушевува таму каде што е најзначајно. Возните својства и перфомансите се и повеќе од задоволителни. Подолу во тестот ќе прочитате, изненадувачки, одличните перформанси се комбинирани со ниска потрошувачка.

Рафинираност
Карактеристично за еден јапонски бензинец, и овој мотор работи речиси без вибрации - во место воопшто не се слуша. Малку е погласен при нагли забрзувања, но се смирува на повисоките брзини. Кабината е добро изолирана и од звук од ветерот и од гумите, соодветно на класата во која се наоѓа SX4. Висока оцена и во однос на префинетоста.

Во кабината



Простор/Практичност
И покрај малите надворешни димензии, SX4 е доволно простран за четири возрасни патници, нудејќи простор во сите правци, и за главата и за нозете и за рамената. Низ кабината има и доволно отвори за ситници, а со спуштањето на задните седишта се добива рамен под, што го олеснува товарањето на поголеми предмети. Сепак, со 270 литри, багажникот е меѓу најмалите во класата, што е минус во однос на пространоста и функционалноста.

Ергономија
Минималистичкиот пристап во дизајнирањето, овозможува извонредно висока ергономија. Сите команди се лесно читливи, на дофат на рацете и лесни за користење, а положбата зад управувачот, благодарение на високото седење, е речиси идеална. Токму високото седење овозможува и одлична прегледност околу автомобилот, за што помагаат и големите ретровизори кои го олеснуваат паркирањето. Единствено, малку пречат предните А носачи, кои го блокираат погледот на страна малку повеќе од вообичаеното.

Опрема
Ова ни е познато веќе подолго време – Suzuki не штеди на опрема. Дури и најевтините модели се богато опремени, со клима, електрика, радио со CD… Моделот кој го имавме на тест беше опремен и со Kenwood аудио систем со навигација со USB, 16 инчни алуминиумски тркала, целосна електрика, hands free клуч за отклучување со клучот во џеб, автоматска клима... Со оглед на класата и цените, изненадувачки високо ниво на опрема.

Финансии



Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена од 13.990 евра за моделот со погон на сите четири тркала и опрема која вклучува клима, целосна електрика, 2 воздушни перничиња, ABS+EBD и радио со CD+MP3, SX4 се наметнува како најисплатливиот мал SUV на пазарот! За оваа цена, со истата опрема и погон на сите четири тркала, може да се земе само уште Dacia Duster! А меѓу нив, јасно е каде ќе падне изборот, нели?

Тестираниот модел беше дополнително опремен со уште 4 воздушни перничиња, имаше целосна навигација, DVD плеер, USB приклучок, Bluetooth, hands-free клуч и чини 15.500 евра, што не е многу во однос на тоа каква опрема се добива.

Ниската стартна цена е надополнета и со ниските трошоци за одржување и квалитетниот сервис, а секако и со ниската потрошувачка. Според фабричките податоци, просечната потрошувачка изнесува 6,5 литри. Реално, може да се помине со 7 литри во просек (со вклучен погон на предни тркала), што е извонреден резултат. И во град реалниот резултат не бега многу од оној што го предлага Suzuki – 8,2 наспрема 7,9 литри со нормално возење, а истото важи и за отворен пат, каде потрошувачката е 6 литри на 100 km (5,5 литри фабрички). Ако возите со погон на сите тркала, очекувајте половина литар повеќе потрошувачка. Ако погледнеме наназад, ова се едни од најблиските резултати во однос на фабричките. Затоа и големото задоволство на купувачите на Suzuki – автомобилот го прави она што го ветува производителот!

Квалитет, доверливост и повратна вредност
Самиот начин на кој работи моторот (како да преде во место), укажува на високата механичка рафинираност и прецизност, и е показател за целосно добрата изработка. Ова се забележува и во кабината, каде се е грижливо склопено, па и покрај тврдата пластика, апсолутно не се добива чувство на евтино изработен автомобил.

Со оглед на тоа од која земја доаѓа, нема сомневање дека Suzuki е доверлив автомобил  - факт кој директно го покажуваат и најновите тестови за доверливост, каде Suzuki  е високо на врвот, паралелно со Honda и Mazda, а далеку пред германските и француските модели.

Бидејќи има ниска стартна цена и ужива голема доверба кај купувачита, SX4 не би имал голем пад на цената на половните пазари и би ја задржал повисока од Dacia Duster на пример.

Безбедност
Со четири ѕвездички освоени по старите тестирања на EuroNCAP, SX4 се покажува како прилично безбеден автомобил, иако заостанува зад некои од поновите конкуренти. Забелешка е и недостатокот на ESP, иако веќе нагласивме, речиси и да не е потребен.

Заклучок



Дека поевтиното не мора да биде и помалку квалитетно и полошо, најдобро покажува Suzuki SX4. Навидум шминкерскиот теренец од Јапонија, овозможува неверојатно висока забава во возењето, било на асфалт или надвор од него, сигурно како ниту еден друг автомобил од неговата класа! Згора на тоа, има пространа и практична кабина, а е и доволно удобен за подолги патувања.

Според тоа, би го препорачале пред се на помладите, но и на сите авантуристи кои сакаат достапен SUV со вистински теренски можности. Во кратки зборови, ако сакате вистинско 4X4 доживување по достапна цена, ова е моментално најдобриот избор во класата!

Сигурно не е случајно тоа што Polo SUV ќе биде поставен на платформа на SX4, или пак фактот што големиот VW купи 20% од акциите на Suzuki. Купувањето на толку голем дел од акциите секако е со цел да се користи напредна јапонска технологија, благодарение на која поголемиот брат Grand Vitara  од последните 4 години освои AutoBild награда за најдобар теренец во својата класа.

Веројатно забележавте, koli.com.mk е импресиониран од најдобрите јапонски марки, речиси во сите класи. По силните и позитивни импресии што ги имавме за Alto и Swift, овој тест на SX4 докажа дека Suzuki оправдано е во високото друштво на најдобри Јапонци. Додека некои марки прават конфекции од модели, грижејќи се само за високи продажни резултати, не водејќи доволно сметка за квалитетот, кај Suzuki приказната е сосема спротивна – има помала гама на модели, но затоа секој модел е на самиот врв во својата класа и ги носи вистинските вредности.

Конкретно, SX4 со 4x4 располага со одлични возни својства и на асфалт и на терен, има ниска потрошувачка, солидна понуда на простор, ниски сервисни трошоци и високо ниво на доверливост, сето тоа убаво, фино и префинето изработено.     

Да нема никаков сомнеж. Секое евро вложено во Suzuki вреди. Особено што и сервисните трошоци се убедливо најниски.

Побарајте тест возење. Ќе се уверите.


Предности:
•    Извонредни возни својства на асфалт
•    Одличен на терен
•    Прецизно управување, прецизен менувач
•    Солидна удобност
•    Еластичен бензинец
•    Пространа кабина
•    Квалитет во изработката
•    Богата опрема
•    Ниска цена

Недостатоци:
•    Мал багажник (270 литри)
•    Тврда пластика во внатрешноста
•    Предниот А столб ја ограничува видливоста


Suzuki SX4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
panda e super, ako te sobere vnatre. a dali si slusnal za Jimny?
Напишан од saso  пред  околу 78 месеци
bonbon, prasaj gi fraerite so dizel masini, kolku e evtino odrzuvanjeto??! 150-200evra servisce, ama nema veze evtino vozat. filterce za nafta 50-60evra, a mene cel servis za 4000den.
Напишан од kole  пред  околу 78 месеци
Најисплатлив 4x4 е Fiat Panda. Проверете пред објавување статии!
Напишан од Ivica  пред  околу 79 месеци
Vo vrska so prasanjeto vo prethodnata stranica imam renault modus so 135 000 km, 5 godisna. Inaku kakva i da e 5 god garancira sigorno vo nea vleguvaat senzor za obrtomer, senzor za freon, bombina, elektika na prozorci i slicni raboti ili ova e potrosen materijal?
Напишан од Nekoj  пред  околу 79 месеци
kolata vredi sekoj cent daen za neam
Напишан од tocka  пред  околу 79 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил