Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Citroen C4 1.6 - Погали ме нежно
 
Spodeli
13 јуни 2011, 22:10


Тест – Citroen C4 1.6 - Погали ме нежно Citroën C4 - нова гама Тест – Citroen C4 1.6 - Погали ме нежно
Само седни, релаксирај се и уживај... Ова е појдовна точка на инженерите на Citroen уште од почетоците - од првите конструирани автомобили со двоен Chevron на маската...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако, последните неколку години видовме многу предизвикувачки и спортски дизајни од Citroen, нешто што донекаде важи и за новата генерација на С4, повторно, крајната граница и цел е високата удобност, нешто што ниту еден конструктор не смее ни да помисли да го помине

Дизајн



Во поглед на надворешниот дизајн, новиот C4 не сака да биде екстравагантен како својот претходник, едноставно, сега формата максимално е посветена на фукцијата. Делува робусно, со забележително моќна и лута предна маска, но и со многу логично изведени страничен и заден дел – се во функција на поголема понуда на простор, прегледност и влез на светлина во кабината. Како кај Golf, на пример.

Многу значајно, C4 никако не потсетува на друг автомобил. Нема евтини дизајнерски трикови, па веројатно затоа има загарантирана безвременска убавина – автомобилот е убав како целина, тоа е она што е најбитно. Едноставно, се издвојува од толпата.

Вистинската иновација во поглед на дизајнот се забележува кога се анализира ентериерот, каде веднаш се забележува дека е напуштен принципот на централно поставена контролна конзола, па главните инструменти со поставени веднаш пред возачот, во една спортско - елегантна изведба, со изглед кој асоцира дека се работи за автомобил од повисока класа.

Она што новиот Citroen C4 со сигурност ќе му го донесе на секој свој сопственик е висок имиџ. Самиот ентериер кажува дека возачот сака да ги следи светските трендови и да биде во чекор со модата, нешто што го овозможуваат само премиум автомобилите... На новиот С4, веројатно повеќе би му одговарала и DS ознака, што не би можело да се каже за многу автомобили од неговата класа.

На пат

Перформанси
Бензинецот кој го имавме на тест, е позајмен од претходната генерација на С4. Има 120 КС и 160 Nm, извлечени од 1,6 литри зафатнина, благодарение на варијабилното отворање на вентилите. Како за атмосферски бензинец, го карактеризира задоволителна еластичност уште од пониските вртежи, иако за силни забрзувања бара да биде завртен малку повисоко, до црвенотo поле.

Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 10,8 секунди, додека максималната брзина изнесува 193 km/h. Ова се перформанси кои не се на нивото на турбо бензинците со слична сила, но сосема задоволителни дури и за излети на автопат. На светската промоција на новиот C4 минатата година, имавме можност да ги возиме и HDI и eHDI моторите – тука приказната е сосема поинаква.  Тие се вистинскиот избор на мотори за овој автомобил.



Управливост/Удобност
Веќе најавивме, во поглед на удобноста, ова е класичен Citroen, дури и повеќе од тоа. И, не само што е удобен – овој модел поставува нови стандарди во класата, засрамувајќи дури и некои поголеми модели од повисоките класи. Суспензијата едноставно ги пегла дупките на патот, правејќи лажна претстава дека нашите улици се идеално рамни.

Удобноста е особено висока на автопат, каде патниците добиваат чувство дека пловат по патот – не се присутни ниту ситните вибрации, ниту големите осцилации на каросеријата. Возењето со новиот C4 претставува едно смирено и релаксирано искуство. Гарантираме дека голем дел од автомобилите од повисоката класа, особено оние што имаат поспортски апетити не нудат вакво ниво на удобност како C4. Автомобилот е како измислен за нашите улици.

За поздравување е дека овој Citroen не одзема данок кај возните својства. Се држи мошне солидно и безбедно на патот, иако малку повеќе се навалува во кривините. Можеби на динамичните возачи нема да им се допадне недиректното управување, но тоа е направено со цел за порелаксирано возење...

Едноставно, возачот на C4 повеќе е капетан на брод, а не F1 тркач.

Рафинираност
Во прилог на високата удобност, оди и извонредно високото ниво на рафинираност. Моторот е одлично придушен.  Кога работи во место речиси и да не се слуша во внатрешноста, а особено импресионира недостатокот на звуци од надворешноста – едноставно, кога ќе се затвори вратата, се влегува во светот на тишината. На отворен пат звук од ветерот и од гумите се слуша само минимално, што секако го олеснува разговарањето во автомобилот.

Кај тест моделот, единствена забелешка е недостатокот на 6-ти степен на пренос, кој дополнително би придонел за уште потивко возење при повисоките брзини.

Високата рафинираност, карактеристична пред се за премиум автомобилите, ја надополнува и недостатокот на вибрации од моторот и подвозјето, што остава впечаток на цврсто и солидно изработен автомобил – голем напредок во однос на претходната генерација.

Во кабината

Простор/Практичност
Простор не недостасуваше ни во претходната генерација, но кај овој модел, особено на задната клупа, пространоста е речиси како во средната класа. Багажникот, со 408 литри е меѓу рекордерите во класата и има правилен, правоаголен облик, што го олеснува распоредувањето на товарот. Висока оценка за понудениот простор во внатрешноста особено доаѓа до израз ако во обзир се земат помалите надворешни димензии на С4 во однос на повеќето модели во класата.

Сепак, и покрај големата функционалност, заклучок е дека нема премногу места за одлагање ситници во внатрешноста (има само два држачи за пијалаци), а и оние што ги има се со помали димензии, што доведува до заклучок дека практичноста не е како кај најдобрите во класата. Задните седишта, иако се склопуваат, не прават рамен под, а забелешка е и дека кај тестираниот модел, (иако солидно опремен), недостасува потпирач за раце на задната клупа, нешто што дополнително би ја зголемило удобноста.



Ергономија
Како никогаш досега во Citroen, зад управувачот на С4 чувството е како во некој кокпит. Средната конзола е благо свртена кон возачот, што го олеснува работењето со командите, кои се многу интуитивно изведени, со големи и читливи копчиња.

Интересно,  инженерите во Citroen се одлучиле голем дел од командите да ги вградат и на самиот управувач – толку копчиња на управувачот се чини имаат само уште F1 болидите. Ова бара подолго време за навикнување, но штом се научат командите, рацете речиси и да не се тргаат од управувачот.

Високата ергономија ја надополнува и лесното наоѓање на идеалната позиција – управувачот и седиштето се подесуваат во сите правци. И прегледноста е одлична, иако, карактеристично за класата, задното стакло е многу мало и не овозможува добар видик назад.

Опрема
Од двозонска автоматска клима, преку целосно опремен аудио систем (USB+AUX) и целосна електрика, до сензори за дожд – тестираниот модел беше опремен како премиум модел. И основниот модел не треба да се срами – нуди мануелна клима, електрика на предни стакла, централно со далечинско, 8 воздушни перничиња, радио со CD+MP3 и 6 звучници...

Моделот кој го имавме на тест, со 1,6 литарски бензинец со 120 КС и Seduction ниво на опременост вклучува: ABS + REF + AFU, предни воздушни перничиња за возач и совозач напред, странични воздушни перничиња, воздушни перничиња во вид на завеси напред и назад, светла за магла напред со странично осветлување, регулатор / ограничувач на брзина со меморирање, ESP, централно заклучување со далечинско управување, варијабилен серво управувач со висинско и длабинско посдесување, автоматско придружно осветлување - follow me home, електрика на предни стакла со секвенцијално подигнување и заштита од штипнување, електрика на задни стакла со секвенцијално подигнување и заштита од штипнување, повеќефункционален борд компјутер, надворешни ретровизори со електрично подесување, возачко седиште со висинско подесување, совозачко седиште со висинско подесување, кожен волан, аудио систем CD RDS MP3 6 Hp со команди на волан и приклучок на централна конзола, рачки на вратите во боја на каросерија, ПAKET "Автоматска клима" - автоматски клима уред, сензор за дожд и светло, регулатор / ограничувач на брзина со меморирање, внатрешен полихрон...

Во највисокото ниво на опрема, C4 нуди и 220V приклучок, што за сите tech-зависници е како измислено – за крај на грижите за полна батерија на мобилен, лаптоп или фотоапарат. 

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Моделот кој го имавме на тест, со 1,6 литарски бензинец со 120 КС и Seduction ниво на опременост, чини 16.990 евра. Со оглед на извонредно високото ниво на опрема, цената и не е толку висока, иако постарите модели на пазарот, благодарение на попустите, веќе се поевтини од новиот С4. Но, Французинот е нов модел на пазарот,  кој припаѓа високо на врвот на класата, па за очекување е да има и малку повисока цена.

Потрошувачката на тестираниот мотор, според фабричките податоци, изнесува 6,2 литри во просек, односно 8,8 во град и 4,7 на отворено. Реалните бројки не се многу далеку од фабричките, па потрошувачката во град изнесува околу 9,5 литри, а на отворено околу 5,7 литри во просек. На тестот, во просек потрошивме 7 литри гориво на 100 km. Мерено по брзини, при константно возење со 70 km/h, потрошувачката изнесува 4,6 литри, односно 5,5 литри при 90 km/h, 6,8литри при 120 km/h и 7,8 литри при 140 km/h. Се забележува дека потрошувачката е нешто повисока при повисоките брзини, што веројатно се должи на недостатокот на шести степен на пренос.

Квалитет, доверливост и повратна вредност
Од каде и да се погледне, новиот С4 зрачи со квалитет и оддава чувство на премиум автомобил. Внатрешноста е облечена во најквалитетните материјали, а обработката и вниманието на деталите се извонредни. Однатре, тешко е да се каже дека се работи за автомобил од компактната класа.

А, и според последните истражувања, Citroen има доста добри резултати во однос на доверливоста и задоволството на купувачите. Најавите од компанијата се дека доверливоста ќе биде уште понагласена кај новата С4-ка, особено заради целосно високиот квалитет на изработка.

Во поглед на загуба на вредност, во Македонија С4 не доживува голем пад на цените како на странските пазари, но факт е дека се уште не држи цена како јапонските конкуренти или VW на пример.

Безбедност
Чисти пет ѕвездички и високи резултати во скоро секој поединечен дел на тестирањето на EuroNCAP, јасно укажуваат дека Citroen е и натаму еден од лидерите кога е во прашање безбедноста.



Заклучок

Со фантастично високото ниво на удобност и рафинираност, и секако извонредна кабина и веќе докажани HDI Мотори, Citroen C4 ќе ги задоволи сите љубители на смиреното и штедливо возење.

Навистина, С4 нема да го дигне адреналинот како подинамичните конкуренти (Mazda 3 на пример), но како чист крстосувач, му нема рамен во класата! Тренд е сите автомобили во класата да бидат поудобни од своите претходници, факт кој го докажуваат голем дел од главните играчи во класата (и Focus, и Golf VI и Astra). Високата удобност, без сомнение, најсилно е изразена кај новата C4-ка.

Ако размислуваме за кого најмногу одговара еден ваков удобен и смирувачки автомобил, првата помисла би била постарите возачи и секако семејствата, но... Без разлика на возраста, секој би посакал едно нежно галење и милување, нели? И, секако чувство дека секој ден има парламентарни избори, па дупки на патиштата има се помалку.

Предности:
•    Извонредно високо ниво на удобност
•    Премиум рафинираност
•    Пространа внатрешност и напред и назад
•    Супер квалитетна внатрешност
•    Високо ниво на ергономија
•    Робусен, динамичен дизајн
•    Голем, употреблив багажник (со оглед на класата)
•    Богати нивоа на опременост

Недостатоци:
•    Недоволно директно и прецизно управување
•    Функционалноста не е на нивото на најдобрите во класата
•    Кај 120 КС бенсискиот мотор недостасува шеста брзина – дополнително ќе ја намали бучавата и потрошувачката на повисоки брзини
•    Барем засега (јуни 2011), цената е меѓу највисоките во класата


Citroën C4 - нова гама
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
И двата бензинци НЕ се позајмени од стариот модел туку се СКРОЗ нови VTi развиени со БМВ. 1.6 е со поголем ’од од стариот (оти го има и во турбо) а 1.4 е со пократок ’од од стариот (чист атмосверец, полесно да врти). HDi се страрите но целосно реконстуирани, помала компресија, бризгалки со поголем притисок, подобри турба (кај 112) и такананатака... што резултира со подобар график на Nm и помала потрошувачка
Напишан од Мали Џокица  пред  околу 76 месеци
Jas go imam stariot C4 i nemam nikakvi, ama bas nikakvi problemi, se si funkcionira kako so treba, taka da, prezadovolen sum, a noviot C4 go vidov sega, na plostad Bitola go pretstavuvaja, i e nesto nevideno, fenomenalno. Jas bi mu go preporacal, koj ima pari slobodno da si go kupi.
Напишан од Dejan  пред  околу 77 месеци
ili e samo smenet dozajnot. Eden moj sovet nemojte da kupuvate vakva kola, bidejki vi kazuvam od moe licno iskustvo jas sum premnogu razocaran i plus ovaa kola ne drzi cena jas ja kupiv 13000 evra, a sega na pazar se po 5500 vo sporedba so leon focus astra corola itn itn.
Напишан од Nikola  пред  околу 78 месеци
Ova e isto gomno kako staroto nema sto da sporeduvate so VW, jas kupiv nov C4 vo 2007 - KATASTROFAAAA , za 1 godina pocna da krcka cela kola tropa na dupki se slusa vo kabinata , se ostetia prednite diskovi na 15000 km(smesno za nova kola) i mnogu drugi nedostatoci (kaj 1.4 so 90ks potrosuvacka 11 litri gradska sto e mnogu), izrabotena e so mnogu nekvalitetni materijali, a imam i golf 4 so 220.000 km od 98 i mozam da kazam deka golfot e podobar vo sekoj pogled. Za novava c4 neznam mozebi e podob
Напишан од Nikola  пред  околу 78 месеци
BRAVO SEKOJA CEST POLEKA NO SIGURNO E DIREKTEN KONKURENT NA GERMASKIVE VOZILA NA AUDI BMW MERCEDES EPTEM SE PRIBLIZA A MISLAM DEKA I CITROEN POSLEDNIVE 3 4 GODINI IMA POGOLEMA PRODAZBA OD SITE GERMANSKI KOLI KOLI BEZ GLESKA SEKOJA CEST BRAVO
Напишан од T  пред  околу 78 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 9
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил