Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Fiat Qubo 1,3 Multijet - едноставно корисен
 
Spodeli
31 октомври 2009, 16:39


Fiat Qubo 1,3 Multijet - едноставно корисен Fiat Qubo Fiat Qubo 1,3 Multijet - едноставно корисен
Мултифункционалните возила на Италијанците им се во крвта, посебно кога се работи за оние кои доаѓаат во мало пакување. Новото Qubo е патнична верзија на Fiorino, автомобили за кој неодамна пишувавме. За разлика од скапите мали моноволумени, Qubo е наменет за оние кои сакаат многу простор и функци...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е однадвор    

Qubo има висока и многу коцкаста каросерија. Се работи за ‘ВАН’ со прозори, врати и седишта и во задниот дел. Тој е исклучително убав автомобил, поубав дури и од некои патнички конкуренти.

Посебно е интересна предната агресивна маска, која изгледа како кај некој SUV модел, а Qubo не е помалку импресивен ниту отстрана, каде најинтересен детаљ е задниот прозор кој постепено се издигнува нагоре. Во задниот дел карактеристични се вертикално поставени светла, впрочем како и кај секој висок автомобил.

Неверојатно е како Италијанците успеале од автомобил со ваква конструкција и димензии да направат толку симпатичен модел...

Каков е внатре    

Простор, простор, простор... Тоа е главната карактеристика на овој автомобил. Во должина од само 3,96 cm, има импресивно многу простор за пет патници и нивниот багаж. Посебно импресионира просторот за главата, како да се наоѓате во автобус.



Простор

Високата кабина е заслужна патниците да не се чувствуваат клаустрофобично, како на предната, така и на задната клупа. Назад единствено може да му биде тесно на патникот во средина, но тоа е болка која ја имаат речиси сите автомобили.

Успешната приказна за просторноста ја продолжува и багажникот, чиј волумен изнесува 330 литри до полицата, односно 650 литри ако се мери до покривот. Доколку се извади вториот ред на седишта, пак, во Qubo можат да се сместат 2,5 m3 товар.

Удобност

Бидејќи веќе ја возевме товарната верзија (Fiorino), само ќе повториме дека овој автомобил е извонредно удобен, што уште повеќе е изразено токму кај оваа верзија, секако заради фактот што ова е патнички верзија. Поминува суверено преку поголемите дупки, а на пат крстосува без големи вибрации во внатрешноста.

Кога е звукот во прашање, се забележува дека одлично е придушен малиот дизел – се слуша само при високи вртежи, кои реално и не се потребни, па заклучок е дека Qubo е извноредно тивок автомобил.

Единствено може да засмета звукот од ветерот, но “едноставно нели” има физички закони кои не можат да се победат – Fiorino е висок преку 1,7 метри.

Ергономија

За разлика од товарната верзија, во Qubo има многу повеќе опрема и електроника, распределени така да овозможуваат високо ниво на ергономија. Сите команди се на дофат на раката, а седиштето и управувачот можат да се наместат во сите насоки.

За пофалба е и високата поставеност на менувачот – со оглед на тоа што ова возило најчесто ќе вози во градските гужви, ваквото решение е многу логично и оправдано..

Материјали/Завршна изработка

Квалитетот на кабината одговара на класата во која се наоѓа Qubo. Материјалите се со средно ниво на квалитет, но затоа завршната обработка е одлична и сите склопови се изведени скоро совршено.

На пат    

Qubo не е наменет за брзање. Негова цел е сигурно и удобно да ги пренесе патниците со саканата дестинација, на што одлично одговараат 1,3 Multijet моторот со 75 КС и удобно подесената суспензија.

Мотор/Перформанси/Менувач

Модерниот 1,3 Multijet мотор овозможува забрзување до 100 km/h за 15,4 секунди и максимална брзина од 157 km/h. Бројките верно ги претставуваат перформансите на ова возило – не е брзо, но затоа има добар вртежен момент - од 190 Nm, кој се развива при 1.750 врт/мин, што овозможува добро повлекување и покрај турбо дупката која е забележителна при пониски вртежи, што, впрочем е и болка на сите помали дизели.

Менувачот со пет степени одлично ја врши својата работа – доволно е прецизен и меко лизга низ степените, како кај некој патнички автомобил.



Возни својства

При брзини до кај 70-80 km/h Qubo се однесува исклучително безбедно и предвидливо, но при брзини над 100 km/h високата каросерија веќе почнува да ги покажува своите слабости.

Навалувањето во кривини е големо, а причина за дестабилизација може да биде и посилен страничен ветер.

Но, Qubo најголемото време ќе го поминува во градски услови, каде реално се вози со пониска просечна брзина, а каде поради малиот круг на свртување и малите димензии, Qubo лесно ќе може да се протне во секогаш полните паркинзи, за што помагаат и големите странични ретровизори.

Управување

Лесниот серво управувач само ја надополнува приказната за возењето низ град. Забелешка дека не се укрутува доволно при поголеми брзини, ниту пак е доволно прецизен – едноставно, тој е направен за да ги олесни честите завртувања во место и при помали брзини на движење.

Трошоци    

Малиот и напреден турбо дизел кој моментно е еден од најеконмичните и релативно ниската цена, го прават Qubo особено поволен автомобил и секако вреден за вложените средства во него.

Цена/Опрема

Моделот кој го имавме на тест, со 1,3 дизел мотор Elegant со дополнително ниво на опрема, чини 15.190 евра.

Опремата е богата и вклучува серво управувач, follow me home систем, подесување на управувачот и возачкото седиште во сите правци, патен компјутер, ABS+EBD, клима уред, електрика на предни стакла и ретровизори, делива задна клупа, 4 воздушни перничиња, лева лизгачка врата итн. Тестираниот модел беше опремен и со многу дополнителна опрема: Алуминиумски фелни (400 евра), Металик боја (280 евра), Команди на волан (+564 или 717) (450 евра), Управувач и рачка на менувач во кожа (150 Евра), Лонгитудинално кровни носачи (150 Евра), Греење на возачко седиште (120 Евра), Blue & Me (250 Евра), Радио CD со mp3 (340 Евра) и Мрежа во багажен простор (30 Евра).

Кога ќе се сумира, ниту еден друг дизел автомобил не нуди толку простор и толку богата опрема за овие пари.

Интересно е што Fiat во Qubo нуди високо ниво на персонализација за оваа класа на автомобили, па дури може да се изберат и бои за тапацирот на внатрешноста!

Потрошувачка


Тука не не изненадија бројките – на тестот, потрошивме околу 5,5 литри дизел гориво. Возевме повеќе во град (6,5 литри) а помалку на отворено (4,5 литри). За ваков тип на возило, тоа е одличен резултат и покрај тоа што фабриката ветува и до еден литар помалку, односно 4,5 литри во просек.



Безбедност    

Qubo се уште не е тестиран од реномираниот EuroNCAP. Од безбедносна опрема нуди 4 воздушни перничиња, појаси со автоматско затегнување, предупредувачки звук за неврзан појас и ABS+EBD. Опремата не е најбогата, но задоволува за оваа класа на возила.

За кого не е овој автомобил


Qubo секако не е наменет за возачки расположените купувачи. Има просечни возни својства и мотори чија првенствена намена е високото ниво на економичност. Не е наменет ниту за валкање во кал – ова го споменуваме бидејќи некој може да го стави во класата на мали SUV автомобили.

За кого е овој автомобил

Пред се за сите љубители на патувањата, но и за оние кои сакаат комфор во мало пакување, поволно за низ град. Ултра пространата и практична каросерија, заедно со високото ниво на удобност овозможуваат неповторливи патувања. Дополнителен плус се и малите димензии, поради кои паркирањето во урбаните средини е брзо и лесно.




Fiat Qubo
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил