Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Mitsubishi Colt 1,3 - трипл Дабл
 
Spodeli
31 октомври 2009, 16:33


Mitsubishi Colt 1,3 - трипл Дабл Mitsubishi Colt Mitsubishi Colt 1,3 - трипл Дабл
Да почнеме со еден факт – Токио е најгусто населениот град во светот. Граѓаните на овој град најубаво знаат што значи метеж во сообраќајот. Затоа, и најчесто се возат во мали возила, но не сакаат компромиси – сакаат нивниот автомобил да биде доволно комфорен за пет патници. На тест имавме токму еде...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е од надвор    

Освежениот Colt најмногу промени доби токму во надворешниот дел. Спојот на агресивната маска со конвенционалниот страничен и заден дел, е она што го карактеризира надворешниот изглед на најмалиот член на семејството Mitsubishi.



Сега, и тој како и поголемите браќа изгледа поспортски, најмногу заради предната маска која речиси е идентична со онаа на Lancer, додека задниот дел веќе ги нема стоп светлата кои се протегаа од долниот до горниот крај.

Каков е внатре

Моноволуменската конструкција придонесува за исклучително многу простор за патниците. Завршната обработка е на високо ниво, само малку разочарува тврдата пластика во внатешоста.



Простор

И напред и назад, во Colt се седи комфорно. Простор има на претек и за колената, рамената и главата. Воопшто, кабината е голема и отсуствува чувството на клаустрофобичност, карактеристично за моделите од оваа класа.

Мала забелешка може да се даде на големината на багажникот – со само 214 литри, Colt е на дното од класата (просек е 280 литри). Сепак, багажникот e добро организиран и има двојно дно кое ја зголемува функционалноста.

Удобност

Искрено се изненадивме од мекото поминување преку бројните нерамнини на нашите патишта. Colt вози суверено и без многу вибрации во внатрешноста, а единствено од посакуваниот правец можат да го извадат поголемите дупки, што рака на срце е случај и со речиси сите автомобили од класата.

Малиот бензинец го карактеризира тивка работа на моторот, без вибрации, нешто на кое веќе навикнавме кај јапонските автомобили. При поголеми брзини, забележителен е звук од ветерот, но тоа се должи најмногу на високата каросерија. Ако сумираме, во однос на удобноста, и тука Colt добива висока оцена.

Ергономија

Освежениот модел доби и нова инструмент табла, со појасни и поинтуитивни команди. Сите копчиња се на дофат на раката...и управувањето со климата и радиото не одзема многу внимание од патот.... Единствено потребно време за привикнување на положбата на менувачот, кој е сместен многу ниско и е далеку од воланот. При оценка за ергономијата, уште една забелешка би дале на фактот дека нема можност воланот да се подесува по длабочина.

Што се однесува до прегледноста, проблем единствено прават предните столбови, кои малку го намалуваат аголот на видливост во кривина, што некогаш може да се покаже како многу непријатно. Од друга страна, возењето во рикверц е многу лесно и едноставно, за што заслуга имаат и големите ретровизори.

Материјали/Завршна изработка


Забележлива е тврда пластика во внатрешноста, но завршната обработка е на високо ниво – се е добро склопено и без зјаеви.

На пат

Крутата каросерија и енергичниот бензинец која сака високи вртежи, овозможуваат одлична забава во возењето.

Мотор/Перформанси/Менувач

Јапонците се вистински мајстори за малите бензинци. Овој во Colt има зафатнина од 1,3 литри и 95 КС. Спарен со петстепен мануелен менувач, овозможува одлични перформанси – до стотка се стигнува за 11 секунди, додека максималната брзина е 180 km/h. Со оглед на намената и класата на возилото, тоа е и повеќе од доволно.

Во возење, малиот бензинец реагира уште од ниски вртежи и го краси одлична еластичност – со него може да се вози и при мали брзини во повисоки степени на пренос, кога и потрошувачката е на најниско ниво. Ако се побара од него, моторот силно повлекува при и повисоките вртежи, кога го краси и вистински спортски звук.

Пет-степениот менувач има добро одмерени степени, а се чини недостасува шеста брзина при возење на отворен пат. Инаку, менувачот има прецизен од, па затоа менувањето на степените на пренос е вистински лесно и причинува задоволство.

Возни својства


Празен Colt ставен на вага би покажал само 950 килограми. Тука лежи и тајната за добрите возни својства и ниската потрошувачка. Малиот Јапонец супериорно се однесува во малите остри кривини низ градските подрачја, а поради ниската маса одлично кочи. При поголеми брзини во свиоците, знае да покаже мала подуправливост, но затоа е лесен за контролирање и пред се забавен.

Од друга страна пак, при поголеми брзини, Colt знае да се навали при подолгите кривини, но тоа е поради високата каросерија (која да не заборавиме донесува многу простор во внатрешноста). И покрај навалувањето, тој останува неутрален и добро ја држи линијата на движење, повторно само со мала подуправливост.

Управување

Воланот е лесен за вртење при паркирање, но се чини недостасува повеќе прецизност при повисоките брзини, кога не дава доволно повратни информации од подлогата.

Трошоци    

Ниската цена, богатата опрема, познатата јапонска издржливост и штедливиот мотор, се атрибути на еден автомобил, како измислени за нашиот пазар.

Цена/Опрема

Моделот кој го имавме на тест беше со Invite ниво на опрема, највисокото во гамата. Цената на овој модел изнесува 12.290 евра, што со оглед на тоа колку е богата опремата, е извонредно малку! Во овој Colt има дури и темпомат и алуминиумски тркала, нешто кое се доплаќа дури и во моделите од средната класа!

Покрај претходно споменатото, Colt Invite e опремен и со: ABS+EBD, BAS, четири воздушни перничиња, полуавтоматски клима уред, предни електрични стакла, греени електрични ретровизори, централна брава со далечинско, радио со CD+MP3 со 6 звучници, патен компјутер, кодиран клуч, аудио контроли на воланот, но и волан и менувач обложени со кожа.



Потрошувачка

Производителот вели дека Colt троши 5,8 литри во просек, односно 7,4 во град и 4,8 на отворено. На тестот, нашите мерења покажаа дека при 90 km/h, Colt троши 4,4 литри, додека при 120 km/h 6,4 литри. Со вклучена клима потрошувачката пораснува за околу половина литар. На крајот од тестот, во просек потрошивме малку над 7 литри, што е одличен резултат за бензинец со 95 КС.

Безбедност    

На тестовите на EuroNCAP, Colt покажа солидни резултати, со освоени 25 поени за заштита на возрасни патници. Бидејќи тестот се однесува на моделот пред редизајнот, не би можеле целосно да коментираме во оваа категорија, посебно за заштитата за пешаци, поради тоа што предниот дел е целосно изменет.

За кого не е овој автомобил


Colt е добар во сите категории, па навистина и тешко е да не се препорача на некои купувачи. Можеби љубителите на кратките излети во природа или подолги патувања нема да можат да се потпрат на малиот багажник за носење на сите тие масички, столчиња, скари... или пак поголеми куфери...Но,

За кого е овој автомобил    

Големиот простор во внатрешноста, удобното возење и релативно добрата забава зад управувачот, го прават Colt одличен “ол-раунд” автомобил, наменет за широк дијапазон на купувачи, од тинејџери до средовечни луѓе. Агресивниот преден дел остава дополнителен впечаток, посебно кај помладата публика.

Со ова остварување, Mitsubishi направи вистински трипл дабл – Colt е истовремено простран, удобен и забавен.
 


Mitsubishi Colt
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA ISTO KAKO I NEGOVIOT POSTAR BRAT MITSUBISHI LANCER-OT I OVA DOAGA OD HOLANDIJA SAMO E SO JAPONSKI DELOVO MU JA PRAKA VO DELOVI
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 88 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил