Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Citroen C-Crosser - урбан теренец
 
Spodeli
31 октомври 2009, 16:23


Citroen C-Crosser - урбан теренец Citroën C-Crosser Citroen C-Crosser - урбан теренец
Малку упатените ќе кажат дека C-Crosser е прв “теренец” на Citroen. Потсетуваме, иако не бевме ниту родени кога се тој родил, легендарниот Спачек бил теренец за своето време – подигнат од земја и со еластична шасија, поминувал преку места на кои другите автомобили можеле само да позавидат, но со по...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

C-Crosser секако не е реинкарнација на Спачекот, но е модерен SUV, кој повеќе сака да се движи по асфалт и кој е наменет за оние кои сакаат повеќе простор. Напредниот 4х4 погон во комбинација со HDI моторите дава вистинска добитна комбинација за уживање во возењето.

Каков е од надвор    

Бидејќи е направен на основа на Outlаnder, C-Crosser во задниот дел потсетува токму на тој модел. Сепак, предната маска е карактеристична за Citroen - со новите бумеранг светла и двоен Шеврон кој се протега до самите фарови, по цела должина на предната маска.



Резултатот е одличен. Се чини Јапонците го нацртале задниот дел токму како за еден Citroen. Острите линии на предницата, одлично се вклопуваат со другиот дел од автомобилот, кој исто така го карактеризираат многу агли. Субјективно, наша оценка би била дека изгледа најубаво од тројката Outlander, 4007, C-Crosser, и секако од најголемиот дел урбани теренци моментно.

Каков е внатре    

Многу простор и првокласна ергономија се зборовите кои најдобро ќе ја опишат внатрешноста на C-Crosser. Забележливи се квалитетни материјали и добра завршна обработка.



Простор

Иако има и трет ред на седишта, тој повеќе е наменет за мали деца. Во првиот и вториот ред има натпросечно простор во сите правци. Тука ниту најпребирливите кога е просторот во прашање нема да се пожалат дека е тесно, или пак неудобно во ергономските седишта. Голем е и багажникот, кој со соборена трета клупа брои 510 литри, а со соборена втора клупа 1.686 литри, како во комби.

Удобност


Со преселувањето на производството од Јапонија во Холандија, се направија и некои подобрувања кај тројката Outlander, 4007, C-Crosser. Тоа можеме и да го потврдиме, бидејќи 4007-ката која претходно ја имавме на тест беше модел пред измените кои се направени.
Секако, ова не е забележливо на прв поглед. C-Crosser е малку поудобен, подобрена е звучната изолација, па и така удобноста е подигната на уште повисоко ниво. Како и кај секој SUV, неизбежен е звукот на ветерот при поголеми брзини (поради очекуваното послаба аеродинамика кај возило со вакви димензии), но се друго е за одличен пет – и покрај големите тркала од 18 инчи, C-Crosser покажа одлична удобност за нашите лоши патишта. Единствено можат да вознемират подлабоките дупки, но тоа е случај со речси сите нови автомобили, каде возните својства, сигурноста и безбедноста се приоритет, за разлика од порано кога удобноста на патниците беше на прво место.

Ергономија


Тука би го дале истиот коментар како за 4007 – поради јапонската филозофија на дизајнирање со едноставни и чисти линии, се е прегледно, сите копчиња во средната конзола се логично распоредени, ги нема многу на број, па за ергономијата може да се даде само највисока оцена.

Она што особено не импресионира е просторот за ситници (има вкупно 20 места кои имаат таква намена - фиоки кај инструмент таблата, во вратите, во централниот потпирач за лакти и во кровот итн), што е важно за SUV возилата, кај кои се бара голема функционалност од ваков тип.

Материјали/Завршна изработка

Материјалите се речиси исти како кај “браќата”. Целосно гледано C-Crosser завршува со оценка “одличен” за завршната обработка.

На пат    

Напредниот 4х4 погон развиен од повеќекратниот шампион на Dakar, Mitsubishi, овозможува одлични возни својства на асфалт, но и на секоја лизгава подлога (одличен е на снег, го пробавме тоа со 4007). Моќниот HDI мотор само го надополнува уживањето во возењето.

Мотор/Перформанси/Менувач

Моќниот 2,2 литарски турбо дизел на PSA има 160 КС и 380 Nm. Овие бројки и тоа како се чувствуваат во пракса – забрзувањата, посебно во втора и трета брзина се како во некој спортски автомобил.

Моторот повлекува од ниски вртежи, што е посебно важно урбан теренец. Максималниот вртежен момент е достапен од ниски вртежи и C-Crosser има одличен одзив на гас, веднаш. Забрзувањето до 100 km/h трае 9,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 200 km/h, што е повеќе од доволно за ваков автомобил.

Добра оценка ќе дадеме и на менувачот. Овде менувањето на брзините е попрецизно и менувачот полесно и помеко лизга низ степените.



Возни својства


Со едноставна команда од кабината, возачот има избор на три опции  – погон само на предната оска, погон на сите четири тркала (самиот ја распределува силата напред назад зависно од подлогата) и со распределба 50-50 на предните и задните тркала.

Кога се користат само предните тркала за погон, единствена добивка е намалената потрошувачка, но возните својства и управливоста се значително намалени, бидејќи кога ќе се притисне посилно на педалата за гас на излез од кривина, предните тркала пролизгуваат и автомобилот станува крајно неуправлив, поминувајќи од подрачје на преуправливост, до подрачје на подуправливост.

Затоа, за поенергично возење препорака е вториот мод, кога компјутерот одлучува колку сила ќе предаде напред и назад. Ваков “мод” на возење управувањето и стабилноста се на многу повисоко ниво. C-Crosser едноставно лепи за подлогата. Третиот “мод” на работа е наменет за калливи терени и за снег.

Управување

Управувачот е доволно прецизен на повисоки брзини и лесен при паркирање. Секако дека не пренесува доволно информации од патот како кај некои компакти, но е задоволителен и за поенергично возење и за мирно возење по автопат при поголеми брзини.

Трошоци    

Модерниот дизел мотор се покажа како исклучително штедлив, а ниту цената на C-Crosser не е многу висока со оглед на задоволството што го нуди – многу простор, автомобил за различни услови, силен и економичен мотор и секако многу опрема. Веројатно тука е границата на потребите на едно семејство, за секој ден, но и за секое годишно време.

Цена/Опрема

Цената на тестираниот модел со дизел моторот од 160 КС и опрема Pack плус 18 инчни тркала и паркинг сензори изнесува 31.490 евра (само со опрема Pack 29.990 евра). Со оглед на тоа дека се работи за понов модел на пазарот и дека 2,2 литарскиот мотор спаѓа во категоријата за која се плаќа повисока акциза, цената не е воопшто висока, особено ако се види што овој модел има да понуди од опрема: 6 воздушни перничиња, ABS+ESP+ASC, двозонски автоматски клима уред, делумно кожни седишта, целосна електрика (стакла, ретровизори, централно заклучување), радио со CD+MP3, 17 инчни алуминиумски тркала, борд компјутер итн.

Со посилното ниво на опрема, Exclusive, C-Crosser чини 33.990 евра, а од опрема плус има кожен ентериер, ксенонски фарови, паркинг сензори итн.

Потрошувачка

Фабриката вели дека троши 7,3 литри на 100 km. Освен за јапонските производители, кога е ветувањето за потрошувачката во прашање, на фабриките вообичаено не им веруваме. Бидејќи почесто возевме со погон на сите тркала, кој ја крева потрошувачката за околу 10%, просекот од 8 литри е прифатлив, со оглед на големината на ова возило. Во град, со погон само на предните тркала (тука погон на 4 не е потребен), потрошувачката може да се држи некаде помеѓу 9 и 9,5 литри.



Безбедност    

C-Crosser се уште не е тестиран од реномираниот EuroNCAP, но од безбедносната опрема има што да понуди. Во серија доаѓаат 6 воздушни перничиња, напредните ABS и АSC (активна контрола на стабилност), како и активни потпирачи за глава на сите седишта. Дополнителен плус за активната безбедност е и погонот на сите четири тркала, кој го ограничува пролизгањето на возилото, придонесувајќи при тоа за повисока безбедност.

За кого не е овој автомобил    

Повторуваме, ова не е вистински теренец. Тоа треба да го имаат на ум сите кои сакаат да ги испитуваат крајните можности на своето возило кога е во прашање возењето надвор од патот.

За кого е овој автомобил    

Сите фамилии, кои сакаат да патуваат и кои секогаш носат многу товар со себе, можат да се ослонат на пространата и функционална кабина и погонот на сите четири тркала, кој ќе се снајде со снег во зима и со песок во лето. Моќниот мотор одговара и за влечење голема приколка, а одличните возни својства овозможуваат уживање при возењето.

Модерниот дизел мотор се покажа како исклучително штедлив, а ниту цената на C-Crosser не е висока. Веројатно тука е границата на потребите на едно семејство, за секој ден, но и за секое годишно време.
 


Citroën C-Crosser
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Go imam Outlanderot 2010 (redizajniraniot so jet fighter maskata) so 2.0 tdi motor. Voziloto e super za gradska voznja, a i se snaogja vo teski uslovi, na sneg... Motorot iako ima mnogu negativni komentari seuste se koristi o audi i vw sto znaci deka e top. Zadovoluvaat i performansite i maksimalnata brzina od poveke od 200. Provereno
Напишан од Tony  пред  околу 78 месеци
OVA NE E ZATEREN SAMOZA NIZ GRAD
Напишан од ATAHACOB  пред  околу 86 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил