Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Fiat Fiorino 1,3 Multijet - за многу товар во мало пакување
 
Spodeli
31 октомври 2009, 16:18


Fiat Fiorino 1,3 Multijet - за многу товар во мало пакување Fiat Fiorino Fiat Fiorino 1,3 Multijet - за многу товар во мало пакување
На нашиот пазар важи правилото повеќе за помалку. Таков е и малиот Fiorino на Fiat. Нуди рекорден товарен простор од 2,5 m3 за минимална цена од 11.450 евра. За да е уште потешко да му се одолее, малиот фургон изгледа сосема солидно....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е од надвор    

Италијанците, дури и во возилата кај кои не се бара тоа, не можат да не остават свој дизајнерски печат. Малиот Fiorino, дури и во товарната варијанта е симпатичен, изгледа модерно, па дури делува и како некој робусен автомобил.

Кога ќе се погледне во ретровизор, маската на новото Fiorino  делува агресивно, како некој вистински теренец. Ваквиот дизајнерски правец е надополнет и со широките странични крила, додека задниот дел одлично ја завршува целината. Од каде и да се погледне, овој малечок фургон изгледа модерно! Ако размислиме, дури и некои патнички автомобили не се толку добри манекени како него. Одлично завршена работа за Fiat!

Каков е внатре    

Патничка кабина со многу прегради и голем товарен простор. Да, сето тоа го поседуваат и други фургони, но Fiorino е долг само 3,84 метри! Тоа е помалку и од едно Fiat Grande Punto – за 20 сантиметри!

Простор

Во кабината се комфорно сместуваат двајца патници, впрочем како и во секој автомобил од овој тип. Но, тука секој од нив може да понесе со себе над еден кубен метар товар, што е рекорд за автомобил со толку мали димензии.

Ако импресионира просторот од 2,5 m3 во задниот дел, уште повеќе импресионираат двете задни врати кои се отвораат широко под агол од 180 степени, или пак страничната лизгачка врати која може да се добие со доплата од 250 евра. Во товарниот простор дури има и алки за прицврстување на товарот!
Приказната за одличната функционалност ја надополнува и нискиот товарен раб од само 53 сантиметри, на што секој работник ќе биде благодарен.

Удобност

Италијанците најубаво знаат што се нерамни улици – се уште ги има и кај нив, посебно во градските подрачја, за каде впрочем е наменет. Затоа, тој е изненадувачки удобен дури и на многу лоши патишта.

Кога е звукот во прашање, одлично е придушен малиот дизел – се слуша само при високи вртежи, кои реално и не се потребни. Единствено може да засмета звукот од ветерот, но “едноставно нели” има физички закони кои не можат да се победат – Fiorino е висок преку 1,7 метри, па ниту овој податок не може да го земеме како замерка.

Ергономија


Во Fiorino ќе се снајде секој. Дури и оние кои не ја следат технологијата, бидејќи таква е и кабината на овој малечок. Нема многу опрема а се што е потребно е на дофат на раката. За пофалба е и високата поставеност на менувачот – со оглед на тоа што ова возило најчесто ќе вози во градските гужви, ваквото решение е добредојдено. Единствен минус би ставиле на ножните команди – предната конзола има длабоки долни прегради кои малку допираат на колената на возачот, што секако може да биде непријатно.

Материјали/Завршна изработка

Тука не се бара луксуз – пластиката е тврда на допир, а седиштата се облечени во ткаенина која пред се треба да трае подолго од таа кај патничките возила. Сепак пофалба за завршната обработка, која е на солидно ниво за автомобил со толку ниска цена.

На пат

Малиот турбо дизелаш со Common Rail технологија и 75 КС не е направен за да се одмерува на семафори, но добро прилега на ова возило и има доволно голем вртежен момент за да повлече и потежок товар..

Мотор/Перформанси/Менувач


Модерниот 1,3 Multijet мотор овозможува забрзување до 100 km/h за 15,4 секунди и максимална брзина од 157 km/h. Бројките одлично ги претставуваат перформансите на ова возило – не е брзо, но има добар вртежен момент - 190 Nm, кој се развива на 1.750 врт/мин и кој овозможува добро повлекување и покрај турбо дупката која е забележителна при пониски вртежи, што впрочем е и болка на сите помали дизели.

Менувачот со пет степени одлично ја врши својата работа – доволно е прецизен и меко лизга низ степените, како кај некој патнички автомобил.



Возни својства


Fiorino не е направен за оние со спортски апетити. Секако, тој се однесува безбедно и превидливо, но при брзини над 100 km/h високата каросерија почнува да ги покажува своите слабости. Навалувањето во кривини е големо, а причина за дестабилизација може да биде и посилен страничен ветер.  Одличната вест тука е што во најголемиот дел од користењето на овој автомобил, тој се вози низ град, со брзини од околу 60-70 km/h, па затоа акцентот за удобно возење е поставен тука.

Fiorino најдобро се снаоѓа во град, поради малиот круг на свртување и малите димензии. Лесно се паркира и во секогаш полните паркинзи, за што помагаат и големите странични ретровизори.

Управување

Лесниот серво управувач само ја надополнува приказната за возењето низ град. Не се укрутува доволно при поголеми брзини, ниту пак е доволно прецизен – едноставно, тој е направен за да ги олесни честите завртувања во место и при мали брзини.

Трошоци

Малиот турбо дизелаш во сите возила во кои е вграден добива пофалби за економичноста. Собрано со ниската цена, ова е еден од најевтините автомобили за поседување во земјава!

Цена/Опрема

Fiorino на нашиот пазар се нуди со едно ниво на опрема, кое вклучува ABS, патен компјутер и 1 воздушно перниче. Вака опремен со одличниот дизел мотор, малечкиот ван чини 11.450 евра. Доплатите пред се сочинуваат опрема за зголемување на функционалноста, како што се странични лизгачки врати (по 250 евра една), пакет за лоши патишта кој чини 220 евра и би го препорачале за нашиот пазар и застаклена задна врата која треба да ја подобри видливоста. Секако може да се доплати и за клима, а денес новите аудио системи со CD+MP3 чинат околу 50- тина евра, што значи дека ако се наполни, Fiorino ќе чини малку над 12.000 евра. Згора на тоа, бидејќи се работи за товарно возило, важи законот за поврат на ДДВ, со што цената би се спуштила под 10.000 евра! Ова, ако се спореди со малку поголемите возила со истата намена, кои за дизел мотор достигниваат цени и до 16-17.000 Евра, е сосема економичн а варијанта.



Потрошувачка

Тука нема многу приказни – на тестот, потрошивме околу 5,5 литри дизел гориво. Возевме повеќе во град (6,5 литри) а помалку на отворено (4,5 литри). За ваков тип на возило, тоа е одличен резултат и покрај тоа што фабриката ветува и до еден литар помалку, односно 4,5 литри во просек. Ваквите возила секако ги користат фирми, каде потрошувачката е директно поврзана со намалувањето на трошоците за да се заврши одредена работа. Помалку гориво од ова само во некои други, подобри времиња. Сега, тука е минимумот.

Безбедност    

Fiorino се уште не е тестиран од реномираниот EuroNCAP. Од безбедносна опрема тој нуди 1 воздушно перниче и ABS, што е резултат на ниската цена и секако не е за пофалба. Уште едно воздушно перниче за совозачот многу би ја подобрило оценката!

За кого не е овој автомобил    

Секако, товарната верзија е наменета само за фирмите, но има и патничка верзија на истиот автомобил, наречена Fiorino Qubo, која е одличен фамилијарен автомобил со многу простор. Напомена за фирмите - за поголеми достави на подалечни дестинации, има поголеми товарни автомобили.

За кого е овој автомобил    

Сите мали и средни претпријатија, кои бараат автомобил кој треба да однесе среден товар (до 2,5 m3) за низ град или, но и на малку подолги растојанија, не треба да бараат понатаму. Fiorino е доволно простран, лесно се паркира, малку троши и што е најважно, тој е евтин и лесен за одржување (нема многу електроника која некогаш може да бара сервис). Да не заборавиме, чини само 11.450 евра!




Fiat Fiorino
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил