Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Golf 1,4 TSI - Golf 5 и пол
 
Spodeli
31 октомври 2009, 16:14


Golf 1,4 TSI - Golf 5 и пол Volkswagen Golf VI Golf 1,4 TSI - Golf 5 и пол
Живата легенда, неговото височество Golf, ја доживеа и својата шеста генерација. Сепак, за разлика од порано, VW се одлучи да лансира нов модел, кој всушност се базира на стариот. Секако дека измени, но прашање е дали е ова Golf VI или само усовршена 5-ка?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е од надвор    

За изгледот на Golf отсекогаш се расправало и ќе се расправа. Факт е дека новата генерација изгледа помодерно од претходникот, но факт е и дека освен предниот дел нема некои особени дизајнерски детали на кои некој би се воодушевил.



Убавината на автомобилот се состои во неговата композиција - се уште е убав е како целина. Главните измени во однос на 5-ката се однесуваат главно на предниот дел, кој ја добива агресивната маска на Scirocco, а која изгледа и најубаво од целиот автомобил, но и во задниот дел, каде се вградени стоп светла со поедноставна геометрија кои повеќе навлегуваат во страничниот дел на автомобилот.

Од страна, шестката е скоро иста со нејзиниот претходник, па затоа некој би помислил дека се работи само за фејслифтинг. Не би можеле да кажеме дека новиот Golf не ги следи трендовите – изгледа модерно, дури и по малку спортски.

Каков е внатре

Голем напредок во однос на претходната генерација е постигнат во квалитетот на материјалите и изработката. Просторноста е во просекот на класата, исто како и багажникот. Како и секогаш, дизајнот на предната конзола е германски ладен, едноставен и многу сличен на тој од претходната генерација.

Простор

Исто како и во претходната генерација – и напред и назад комфорно можат да се сместат повозрасни патници, додека багажникот собира просечни 350 литри. Не е постигнат напредок, но е во просекот на класата и доволно за секое семејство.

Посебно импресивен е просторот на предните седишта, каде се седи комфорно во сите правци, има простор и за рамената и за главата, како за возачот, така и за совозачот. Назад комфорно ќе се сместат два возрасни патници, со солиден простор за главата и нозете, но ако се смести и трет патник, допирањето со рамената е неминовно.



Удобност

Германските возила се бучни. Веќе не. Новиот Golf не е удобен како француската или јапонската конкуренција, но затоа е меѓу најтивките во класата.

Најголемиот проблем на претходната генерација, бучавата во кабината, е целосно решен во овој модел. Моторот скоро и да не се слуша, звукот од гумите е добро пригушен, а единствено може да засмета звукот од ветерот при повисоки брзини, но сепак се работи за автомобил од компакт, а не од средната класа.

Секако дека на патниците во Golf нема да им биде непријатно при поминување преку нерамнините, но за оние кои бараат удобност, има други модели на пазарот. Истото се однесува и на седиштата – тие се потврди и со поголема странична поддршка од истите на конкурентите.

Ергономија


Чистиот ладен дизајн на предната конзола овозможува високо ниво на ергономија. Сите копчиња се на вистинското место, лесна е навигацијата со сите команди, а управувачот и менувачот се секогаш на дофат на раката. Прегледноста е одлична напред, иако малото задно стакло смета при возење назад, но некои од останатите автомобили во класата имаат уште помала прегледност.

За споменување е и повисоката поставеност на командите за електрика на прозорот, кои сега се закосени, слично како кај повеќето нови автомобили.

Особено ви ги истакнале одличните команди – и педалите, и воланот, и менувачот – се е некако префинето и пријатно за користење. Слично како во Mazda, Honda, Toyota…како да се доближуваме до совршеност.

Материјали/Завршна изработка

Употребените материјали во внатрешноста се на повисоко ниво од претходноо. Изработката е првокласна, како во ентериерот, така и надвор – сите споеви се склопени одлично и асоцираат на многу квалитетен производ. Бојата на пластиката во кабината е црно, црна е и централната конзола, каде сега повеќе се истакнувааат хромираните делови.

На пат    

Одличниот турбо мотор со 122 КС и платформата од претходната генерација на Golf овозможуваат многу забава во возењето, слично како кај претходната генерација.

Мотор/Перформанси/Менувач

Малиот, 1,4 литарски турбо мотор со 122 КС е еден од најмодерните мотори денес. Има директно впрскување на горивото и турбо полнач и нуди најдобри перформанси во класата – забрувањето со 100 km/h за 9,5 секунди, и максималната брзина од 200 km/h.

Субјективниот впечаток е уште подобар – високиот вртежен момент од 200 Nm кој е достапен во широкиот дијапазон од 1.500 до 4.000 вртежи во минута, овозможува инстантни забрзувања, веднаш откако возачот ќе ја притисне педалата за гас. Максималната сила се развива на ниски 5.000 врт/мин, па не би згрешиле ако овој мотор го споредиме со дизел според тоа како ја развива силата и како забрзува – брз е, но не толку силен како јапонските мотори на високи вртежи, кои вртат и до 8.000 врт/мин.

Одличниот мануелен менувач со шест степени е прецизен и има добро пресметани степени на пренос – првите три брзини се пократки за добри забрзувања, додека останатите три се подолги заради намалување на потрошувачката, но и на бучавата на отворен пат.

Возни својства

Истата платформа од петтата генерација на Golf гарантира одлични возни својства. Како што и очекувавме, напредок скоро и да нема, бидејќи изменет е само ESP системот, но и покрај тоа Golf и натаму би го сместиле во врвот на класата во оваа категорија.

Можеби, во споредба со постарата генерација малку е и намалена забавата во возењето заради зголемување на удобноста, како и на безбедноста (ESP се вклучува порано), но тие разлики се минимални, некој дури и нема да ги забележи. Подобрени се и кочниците, иако и претходникот нудеше одлични кочници.

Управување


Одличните возни својства ги надополнува и прецизното управување и прецизниот менувач. Управувачот, покрај тоа што е доволно смирен на отворен пат, прецизен е и во кривините, каде секогаш му дава на возачот до знаење каде се тркалата и овозможува доволно повратни информации. Менувачот е германски крут, но е исклучително краток прецизен – претставува вистинско уживање да се користи.

Трошоци    

Напредниот турбо мотор е навистина економичен, но цената е екстремно висока, а турбо моторите на VW и не се покажуваат добро на испитувањата за расипливост и квалитет на возилата.

Цена/Опрема

Високата цена на тестираниот модел од околу 20.856 евра со 1,4 литарскиот мотор (да потсетиме спаѓа во поевтината категорија за акциза под 1.500 cm3), пет врати и со Highline ниво на опрема веќе е за споредување со автомобили со сличен мотор и опрема, но од повисока класа.

Опремата вклучува скоро се, но се доплаќа за ESP, а радиото со CD има само четири звучници. Доплатите се скапи (автоматскиот менувач чини 2.300 евра), па цената може да се дигне и за некоја илјадарка погоре. Опремата Highline вклучува: 16 инчни алуминиумски тркала, наслони за рака напред и назад, кожен волан и менувач, спортски седишта преслечени во алкантра, управувач подесив по височина и длабочина, возачко седиште подесиво по височина, осветлување во кривини со халогенските светла, ABS, 7 воздушни перничиња, патен компјутер, полуавтоматски клима уред, електрика на предни стакла и ретровизори, централна со далечинско и радио со CD+MP3 со четири звучници. Конкурентите за оваа цена нудат двозонска автоматска клима, електрика на сите стакла, ESP, ксенон светла...

Или, цената веќе навлегува во класа погоре...

Основниот модел, кој има челични 15 инчни тркала, ABS, 7 воздушни перничиња, полуавтоматски клима уред, тонирани стакла, електрични стакла напред и електрични загревани ретровизори, со 1,4 бензинец со 80 КС чини 15.290 евра за моделот со три врати.

Golf, во која и верзија да се порача, секогаш е поскап од кој и да било од конкурентите. Високата цена може да ја оправда само името кое го носи, но дискутабилно е дали германецот е подобар од конкурентите онолку колку што кажува цената, особено ако се има на ум фактот дека претходната генерација не помина многу добро на испитувањата за расипливост и квалитет на возилата и беше далеку зад јапонската конкуренција. Гаранцијата е само на период од 2 години.

Потрошувачка

Малиот мотор и покрај големата сила која ја развива, троши извонредно малку гориво. Фабричката потрошувачка од 6,2 литри на 100 km, со многу дефанзивно возење, реално и може да се достигне. Германците ветуваат потрошувачка во град од 8,2 литри, а на отворено 5,1. На тестот, возилото трошеше малку над фабричките податоци, односно во просек околу 7 литри, што е феноменален резултат за бензинец со 122 КС. Потрошувачката може многу да порасне ако моторот редовно се врти во повисок режим на вртежи, но кај овој мотор тоа и не е потребно.



Безбедност    

Golf освои пет ѕвездички по стариот начин на тестирање на EuroNCAP, но скоро тој беше тестиран по новиот начин, на кој исто така освои високи 5 ѕвездички, докажувајќи се како еден од најбезбедните во класата. Тој во сите категории освои одлични проценти за безбедноста. Сепак, напомена дека во делот за активна безбедност, неговата висока оценка е заради стандардниот ESP, кој не се испорачува како таков на нашиот пазар!

За кого не е овој автомобил    

Во Европа отсекогаш постоеле два типа на луѓе – оние кои сакаат германски и оние кои сакаат француски автомобили. Golf не е наменет за тие кои сакаат целосна удобност и уживање при долгите патувања, ниту за оние кои сакаат да купат добар автомобил за малку пари.

За кого е овој автомобил    

Golf VI е универзален автомобил - одличен речиси на сите полиња. Сепак, тој е најдобар кога се во прашање перформансите и возните својства. Забавен е за возење, агилен, а згора на тоа и економичен. Има и пространа внатрешност, тивка кабина, не е ниту премногу тврд или неудобен. Затоа, оние кои имаат доволно широко грло да ја проголтаат високата цена, не би требало многу да размислуваат ако бараат автомобил кој содржи многу од карактеристиките што еден автомобил го носат директно на врвот од класата.


Volkswagen Golf VI
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
во град 6,4 на отворено 4,0 комбинирано 4,9 AKO SE ZAFRKNE FAROT IMA 4 NAVRTKI I FAROT IZLEGUVA A KAJ HONDA MORA DA SE VADI CELA MASKA A KAJ VOLKSWAGEN GOLF TIE GLUPOSTI GI NEMA
Напишан од POTROSUVACKA  пред  околу 76 месеци
во град 6,4 на отворено 4,0 комбинирано 4,9 AKO SE ZAFRKNE FAROT IMA 4 NAVRTKI I FAROT IZLEGUVA A KAJ HONDA MORA DA SE VADI CELA MASKA A KAJ VOLKSWAGEN GOLF TIE GLUPOSTI GI NEMA
Напишан од POTROSUVACKA  пред  околу 76 месеци
во град 6,4 на отворено 4,0 комбинирано 4,9 AKO SE ZAFRKNE FAROT IMA 4 NAVRTKI I FAROT IZLEGUVA A KAJ HONDA MORA DA SE VADI CELA MASKA A KAJ VOLKSWAGEN GOLF TIE GLUPOSTI GI NEMA
Напишан од POTROSUVACKA  пред  околу 76 месеци
во град 6,4 на отворено 4,0 комбинирано 4,9 AKO SE ZAFRKNE FAROT IMA 4 NAVRTKI I FAROT IZLEGUVA A KAJ HONDA MORA DA SE VADI CELA MASKA A KAJ VOLKSWAGEN GOLF TIE GLUPOSTI GI NEMA
Напишан од POTROSUVACKA  пред  околу 76 месеци
во град 6,4 на отворено 4,0 комбинирано 4,9
Напишан од POTROSUVACKA  пред  околу 76 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 107
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил