Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Fiat Doblo - Простор, простор, простор...
 
Spodeli
12 мај 2011, 13:08


Тест – Fiat Doblo - Простор, простор, простор... Fiat Nuovo Doblo Тест – Fiat Doblo - Простор, простор, простор...
Често си го поставуваме прашањето: Разум или срце? Кои се вистинските вредности?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Успех во кариерата, скап автомобил, стан, куќа?... И покрај тоа што овие општествено возвишени работи скокоткаат, вистинската вредност секако се најблиските околу нас. Семејството, пријателите... На крајот на краиштата, нив ги имаме во срцето!

Како се вклопува Doblo во оваа приказна? Првата мисла вели дека овој автомобил се купува со разум, а не со срце. Или можеби не е така?

Нели е одлука на срцето да посакате автомобил кој ќе го сака целото семејство? Во кој секому ќе биде комотно? Автомобил во кој децата ќе можат да ги понесат сите играчки, во кој ќе можат да седат или танцуваат во багажникот и да играат друштвени игри на долгите патувања... Нешто како нивен посебен простор - храм, кој ќе им остане во сеќавањата... Ако подобро се размисли, ваквите автомобили навистина се купуваат со срце.

Doblo не е брз, ниту забавен за возење, но и тоа како може да овозможи весели моменти... За целото семејство! Барем кога разговараме за патничката верзија, каква што koli.com.mk имаше на тест.


Дизајн



Верен на своите корени, но со многу помодерен и сега веќе заводлив изглед, Doblo ја освежува досадната класа на Multispace фамилијарните автомобили, базирани на товарните варијанти. Робусниот изглед, а пред се предната маска со големите бадемасти светла и големиот отвор за воздух, може да ги збуни недоволно добрите познавачи кои би помислиле дека се работи за некој SUV. Формата на товарен пикап е одлично замаскирана и со динамично повлечената линија отстрана и модерно изведениот заден дел со голем црн дел кој визуелно ја зголемува стаклената површина...

Се на се, уште еднаш одлично завршена работа во Fiat – Doblo воопшто не потсетува на товарен автомобил и изгледа доволно добро.

На пат

Перформанси
Можеби на купувачот на Doblo брзината или динамиката на движење и нема да му биде толку битна, но сепак 1,3 литарскиот дизел со 90 КС кој го имавме на тест, се чини доволно силен само во одредени услови. Во градски услови, малата зафатнина воопшто не претставува проблем, бидејќи со помош на турбо полначот, релативно високиот вртежен момент од 200 Nm е достапен од ниски 1.500 врт/мин, што овозможува добро потегнување во пониските степени. Сепак, Doblo почнува да губи здив при брзини над 80 km/h, кога слабиот мотор почнува да се мачи со тешката каросерија и отпорите од ветерот. Фабричките податоци велат дека забрзувањето до стотка изнесува 14,9 секунди, додека максималната брзина е 156 km/h.

Управливост/Удобност
Секако, не може да се очекува дека Doblo ќе биде стабилен и динамичен како стандардните автомобили, но од сите модели во својата класа, веројатно е најблиску до тоа. Да, се навалува во свиоците и порано пролизгува со предниот дел, но тоа е нешто кое секој возач би го очекувал и би го имал во предвид, знаејќи дека вози толку висок автомобил. Управувањето и менувачот исто така не се особено прецизни, но и тука не треба да се бара повеќе. Едноставно, физиката е тука, се уште.

Од друга страна, удобноста е изненадувачки добра, и на предната и на задната клупа, што е значителен напредок во однос на автомобилите од оваа класа од пред неколку генерации, чиј заден дел знаеше често да потскокнува. Новото Doblo вози многу смирено и ретко ги пренесува потресите од патот во внатрешноста, што и не е случајност, бидејќи дели само 3% од деловите со претходникот!

Рафинираност
Иако и тој се слуша, звукот и вибрациите од моторот нема да претставуваат проблем во кабината. Единствено би пречел звукот од ветерот при повисоки брзини, што впрочем е проблем на сите вакви возила. Doblo е комфорно до некаде 110 km/h. Над тоа веќе прозведува бука која не е толку пријатна. 

Во кабината



Простор/Практичност
Во Doblo не влегувате, во Doblo излегувате во него. Простор има на претек, и таму каде не очекувате. Дури и пепелникот е мултифункционален. Документи може да се оставаат и на кровот. Покривот е поставен многу високо, каросеријата е правоаголна, па затоа кабината е исклучително пространа. Пространо е и напред и позади, иако назад можеби би посакале малку повеќе простор за колената. Багажникот брои извонредни 790 литри (до полицата), бројка која никогаш нема да ја сретнеме кај стандардните автомобили. Со спуштени седишта, пак, товарната зафатнина изнесува до 3.200 литри, што е секако бројка за почит.

Но, убавината кај Doblo не е само во просторот, туку и начинот како е организиран - практичноста и тоа како доаѓа до израз. Тука првенствено се мисли на страничните лизгачки врати, кои даваат лесен пристап до кабината и се отвораат дури и во најтесните паркинзи, но и на безобразно многуте места за одлагање ситници во внатрешноста, потоа лесното склопување на седиштата, нискиот товарен раб и големиот отвор во багажникот... Се е направено за да ви го направи животот поедноставен.

Ергономија
Тука нема изненадувања – сите команди се на дофат на раката, поставеноста зад воланот е исклучително добра како за вакво возило, а возачот секогаш ќе може да ја најде вистинската позиција. Прегледноста, благодарение на формата на каросеријата, високото седење и големите стаклени површини, исто така е одлична и напред и назад, па паркирањето и не претставува некој поголем проблем.

Опрема
Основниот модел има две воздушни перничиња, ABS+EBD, клима, електрика и Start&Stop систем, што е се чини доволно за секој купувач на овој автомобил. Поскапите модели се опремени и со радио со CD+MP3 како и целосна електрика, што е коректно во однос на класата.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со цена која почнува од 13.690 евра за основниот модел со 1,4 бензинец со 95 КС, тешко е Doblo да не се стави како еден од најисплатливите семејни автомобили. На тест го имавме малку поскапиот 1,3 дизел со 90 КС и Dynamic ниво на опрема, кој чини 15.890 евра и има солидна опрема, која вклучува кровни носачи, целосна електрика, клима, Start&Stop, ABS+EBD, 2 воздушни перничиња, радио со CD+MP3… Тестираниот модел беше опремен и со металик боја (+300 евра) и алуминиумски тркала (+400 евра).

Doblo не е евтин само при купувањето, особено во дизелската варијанта. Малиот дизел мотор е познат како екстремно штедлив, што кај Doblo е потпомогнато со Start&Stop системот, но и најдобрата аеродинамика во класата од 0,31 Cd, некарактеристична за ваков тип на автомобил. Резултатите се изненадувачки – според фабричките податоци, Doblo во град ќе се задоволи со 6 литри, односно 4,3 литри на отворено, што би рекло 4,9 литри во просек, резултат кој е секако вреден за почит.

Интересно, на тестот забележавме дека потрошувачката не се разликува многу во градски услови и на отворен пат, веројатно поради послабата аеродинамика во однос на стандардните автомобили. На пример, во град може да се помине со 6,5 литри, додека на отворено со 5,5, со нормално возење. Претпазливите и дефанзивно ориентираните возачи сепак, потрошувачката на отворено лесно можат да ја спуштат на и 4,7 литри, односно до 6 литри во град. Доказ дека потрошувачката расте при поголемите брзини е бројката од 9 литри при 120 km/h, односно 10 литри при 130 km/h, нешто што треба да се има на ум со Doblo. Во просек, на тестот потрошивме околу 6 литри гориво, што е одличен резултат.


Квалитет, доверливост и повратна вредност
Со оглед на тоа дека ги дели повеќето од деловите со товарната верзија, Doblo треба полесно да ги издржи дупките на нашите патишта и воопшто, целосната експлоатација. Сепак, тоа значи и дека пластиката во внатрешноста не е особено добра за гледање и допирање, делувајќи ладно и спартански.

Од друга страна, Fiat полека, но постојано оди напред на листите за квалитет и задоволство на купувачите, што јасно укажува на посветеноста за автомобили кои помалку ќе се расипуваат и нема да му создаваат главоболки на сопственикот во однос на одржувањето. Исто така, Fiat има одлична сервисна мрежа и квалитетен сервис во нашата земја, што треба да обезбеди „мирна глава“, без оглед дали Doblo се купува во за семејна употреба, или како алатка за превоз, за приватниот бизнис

Безбедност
Новото Doblo се уште не е тестирано од EuroNCAP.

Заклучок



Навистина, Doblo не е забавен ниту брз автомобил, но вредностите кои ги носи со себе остануваат со генерации. Овој добро стилизиран квази моноволумен (оригинално товарен автомобил со патничка верзија) е едно од најпрактичните и најфункционалните возила кои ги имаме пробано, што во големо ја олеснува работата при подолгите, но и пократките патувања. Едноставно, никогаш нема да треба многу да планирате што ќе понесете со себе - едноставно, со Doblo ќе можете да земете се!

Споредено со конкурентите од класата, не е случајно што товарната верзија ја доби наградата за ВАН на годината. Doblo ги поместува границите кај овие возила кога се во прашање возните својства, удобноста и рафинираноста, што го прави многу подобар превозник на патници од порано. Вистински крстосувач за целото семејство!

Предности

-    Исклучително пространа кабина
-    Одлична практичност и функционалност
-    Огромен багажник
-    Голем број на прегради во внатрешноста
-    Одлична ергономија и прегледност
-    Ниска потрошувачка
-    Цена и опрема
-    Добар, модерен изглед, не го нарушува имиџот
-    Солидна удобност
-    Управливост и возни својства меѓу најдобрите во класата (иако далеку од стандардните патнички автомобили)

Недостатоци
-    Слаби перформанси од дизелот
-    Недоволно прецизен менувач
-    Звук од ветерот при повисоки брзини
-    Неугледна пластика во внатрешноста


Fiat Nuovo Doblo
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Ratkapna, ti be bratce pojma nemas so zboras, cela avtomobilska industrija im zaviduva za ovaj motor, ti se fati bas za nego :))). Ne mi e jasno sto ti baras ovde, odi komentiraj na nekoj forum za lubenici, koja kolku uzdreala i tn.
Напишан од Riki  пред  околу 71 месеци
fiat doblo is the best, go imam edna serija postaro od ova i e najdobro,nosi tovar vozi , za na vikend setnja , abe multifunkcionalno vozilo podobro od ova nema, ne kako berlingo partner, novite ko cigli se na dizajn
Напишан од vac12s  пред  околу 72 месеци
fiat doblo is the best, go imam edna serija postaro od ova i e najdobro,nosi tovar vozi , za na vikend setnja , abe multifunkcionalno vozilo podobro od ova nema, ne kako berlingo partner, novite ko cigli se na dizajn
Напишан од vac12s  пред  околу 72 месеци
i sto ako e do 7 000 vrtezi mozebi ovaa trtoreska od 1,3 kubika dizel ke napravi tolku a? smesno, mozebi ke gi napravi ama koga ke gi napravi ke bide siot zariban i so iskrsena glava klipovi itn itn i golfot mi e 240 grafiran pa odi 180 i do 8 000 vrtezi pa vrti do 6
Напишан од ratkapna  пред  околу 72 месеци
za rpm. e pa batce, 7.000 ovrtai, nema labavo, fiat osvi nagrada za motor na godinata
Напишан од aco  пред  околу 73 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил