Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Renault Megane 1,5 dCi 105 - за вистинско опуштање...
 
Spodeli
31 октомври 2009, 06:16


Renault Megane 1,5 dCi 105 - за вистинско опуштање... Renault Megane - old Renault Megane 1,5 dCi 105 - за вистинско опуштање...
Францускиот компакт веќе една деценија успешно ја води битката со германските и јапонските конкуренти, но има лоша репутација за квалитет – се наоѓа на самото дно за задоволство на купувачите....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Третата генерација на Megane во голема мера е базирана на старата заради намалување на трошоците (слично како и новиот Golf), ги има истите, но малку подобрени мотори, но донесува многу повеќе квалитен ентериер и повисоко ниво на безбедност. Треба ли да очекуваме нешто револуционерно?

Каков е однадвор  
  

Старата генерација на Megane беше најконтроверзниот компакт кога во прашање беше дизајнот, најмногу заради задниот дел - или им се допаѓаше на луѓето или не. Во Renault се свесни дека контроверзниот, на моменти и радикален дизајн во компактната класа и не е најпосакуван, па очигледно е дека за новата генерација французите се одлучиле за игра на посигурна карта. Изведбата со пет врати е прилично поконзервативна, без некои револуционерни потези, но со изразита мускулеста силуета.



Гледан од напред, Megane отсекогаш бил маркантен. Новостите во обликот на помодерните светла, подинамичните браници со интегрирани магленки се само гаранција за безгрижен влез во борба со ривалите. Предниот дел потсетува на поголемата Laguna, од страна нема некои експерименти, се е чисто и логично, додека во задниот дел доминираат големите светла.

Кога целосно ќе се погледне, Megane  е повеќе динамичен отколку елеганен. Во секој случај, изведбата со три врати е светлосни години поубава и подинамична од класичната.

Каков е внатре

Најголем напредок кај новиот Megane е постигнат во однос на дизајнот и квалитетот на ентериерот – материјалите и ергономијата се прва класа.

Простор

Во однос на понудениот простор, Megane не може да добие висока оценка. Недостатокот на простор позади не го сретнавме во другите конкуренти од класата. На предните седишта се седи комфорно, со простор во сите правци, но на задната клупа нема доволно простор за колената, посебно ако седи некој повисок патник на некое од предните две седишта. Во споредба со конкурентите, Megane е на дното на листата во оваа категорија.



Затоа пак багажникот собира рекордни 405 литри, резултат со кој французинот е на врвот во класата. Megane навистина може да собере многу товар, дури и за подолги патувања, а просторот е добро организиран (двоен, со полица во подот која може да се отстрани) и обложен со квалитетни материјали. Сепак, доколку би бирале меѓу простор за патниците и простор во багажникот, секако би го избрале првото.

Удобност

Сигурно и удобно. Сите велат дека секој почеток е тежок, па оние што размислуваат да го купат овој автомобил, треба да се ослободат од сите предрасуди, да ја отворат вратата и да седнат зад воланот. Сигурно нема да имаат на што да се пожалат, бидејќи на ентериерот и удобноста која се нуди, апсолутно не може да им се најде маана.

Кога е во прашање удобноста, Megane се однесува како автомобил од повисока класа. Поминува удобно преку сите нерамнини, без потреси и вибрации во внатрешноста, а доволно е тивок и при повисоки брзини – звуците од моторот и од ветерот се добро пригушени. Седиштата се пред се комфорни, а имаат и добра странична поддршка, па добро го држат телото во свиоците.

Сепак, голема замерка оди на инструмент таблата, која е едноставна и изгледа убаво, но има еден мал недостаток. Покажувачот на брзината на движење постојано свети како една голема кугла и малку заморува на подолги патувања. Да, светлината може да се намали, но при подолго возење создава слепа точка (кога ќе трепнете, кругот останува врежан во очите) што е минус за удобноста и секако популарната безбедност на Renault.

Ергономија

Уште на прв поглед се забележува чистината и прегледноста на командите. Сите копчиња се на свое место, лесни се за користење и не треба многу време за навикнување на многубројните команди. Аудио системот и клима уредот се логично поставени и секогаш се на дофат на раката, а копчињата на управувачот дополнително придонесуваат за добрата ергономија.

Модерно осмислената арматура ги прати основните стандарди на ергономијата, а удобните седишта јасно даваат до знаење кој стил на возење го бара секој француски автомобил. Забелешка би имале на малите стаклени површини, кои се во функција на истакнување на споменатата динамика кога е во прашање надворешниот изглед, но ја намалуваат прегледноста.

Материјали/Завршна обработка

За употребата на материјали во внатрешноста и за завршната обработка во Megane нема замерки – пластиката е мека на допир, целосната изработка е на високо ниво, едноставно се добива впечаток дека се наоѓате во автомобил од повисока класа.

На пат    

Французинот, слично какои неговиот претходник се однесува стабилно и делува мошне безбедно на пат, но во однос на Golf и Focus, на пример, се навалува повеќе и нема толку резерви нив. Забележлива е и малата турбо дупка на дизел моторот со 105 КС, некаде до околу 1.800 врт/мин, кога целата сила почнува да доаѓа до израз.

Мотор/Перформанси/Менувач


Малиот дизел мотор со зафатнина од 1,5 литри е пренесен претходната генерација на Megane. Доаѓа во повеќе изведби на силата и се чини е најдобриот избор за Французинот. Верзијата со 105 КС при 4.000 врт/мин и 240 Nm при 2.000 врт/мин која ја имавме на тест, има забележителна турбо дупка, но после тоа е одличен и повлекува без престан до 4.000 врт/мин. Загубата на сила посебно е забележлива во пониските степени на пренос, кога по мала пауза, моторот нагло повлекува, како да се вклучил ракетен погон.

Максималната брзина која ја постигнува Megane со овој мотор изнесува 190 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h трае 10,9 секунди, што е одличен резултат, со оглед на тоа што се работи за малолитражен дизел мотор кој не бара многу гориво за истите перформанси.

Пофалби за мануелниот менувач со шест степени, кој нема многу долги односите како некои други “штедливци” во класата. Иако подобрен од претходно, се чини се уште не е нивото на менувачите во Honda, Mazda, Toyota, па и VW, во автомобилите од истата класа, ако се анализира неговата брзина и прецизност.

Возни својства

За разлика од поголемиот дел од конкурентите, заради намалувањето на трошоците, Megane има полукрута оска назад наместо Multilink, што на хартија, но и во пракса, не дозволува толку играње како со Golf, Focus, Mazda 3 или Auris. Навистина, Французинот тешко се изместува од рамнотежа, но навалувањето е забележително, а задниот дел малку губи од идеалниот правец при нерамен асфалт. Megane е подложен на подуправливост кога ќе се претера (бегање на предниот дел на автомобилот кон надворешниот дел од кривината). За пофалба е тоа што ESP уредот не се вклучува прерано, туку токму кога треба за да го врати автомобилот на саканата патека.



Едноставно, Megane се однесува како поголем и потежок автомобил. Тоа сигурно ќе им се допадне на оние кои сакаат удобно и мирно возење, но не и на вљубениците на малку подинамичното возење. Факт е дека моментно на пазарот има подобри автомобили кога е во прашање забавата при возењето.

Управување

Претходната генерација на Megane имаше прилично непрецизен управувач во класата, и сигурно најосетлив. За среќа на многуте вљубеници во Renault, работите во оваа генерација се поправени, но не до толкава мера за да се даде највисока оценка. Очигледно, целта на инженерите била да направат автомобил кој е лесен за возење, со лесен менувач и управувач, а не автомобил со спортско и хируршки прецизно управување, како што е случај со германските и јапонските конкуренти.

Трошоци    

Дизелските мотори на Megane се и тоа како економични. Првичната цена на автомобилот на македонскиот пазар е некаде на средината, во однос на ценовната понуда на конкуренцијата со дизел мотори. Renault вети и повеќе квалитет во новите генерации на возила, па времето ќе покаже дали е тоа така. Но, колку и да е поквалитетен од претходно, вистинско изненадување би било доколку со Megane одите поретко на сервис, пред се во однос на јапонските конкуренти.

Цена/Опрема

Основниот Megane, со бензински мотор 1,6 со 100 КС или со дизел 1,5 со 85 КС чини 15.590 евра со Authentique ниво на опрема, кое вклучува: клима уред, ABS+BAS+EBV, 6 воздушни перничиња, електрични стакла напред, патен компјутер, централна брава, серво управувач подесив по височина и длабочина, радио со CD+MP3 со 4х15 W и команди на управувач, електрични ретровизори, возачко седиште со местење по височина, деллива задна клупа и затемнети задни стакла.

Тест возилото, со мотор 1,5 dCi со 105 КС и опрема Dynamique чини 17.790 евра, а од опрема има плус: двозонски автоматски клима уред, целосна електрика, совозачко седиште подесиво по висина, магленки, ESP+ASR, сензори за дожд, наслон за раце напред, Bluetooth, кожен управувач и менувач, темпомат со регулатор на брзина и алуминиумски тркала од 16 цола. Според опремата која се вградува во овој модел, токму тој би бил нашиот избор, поради солидната опрема и моторот кој одговара на овој автомобил.

Потрошувачка

За да се постигнат амбициозните фабрички 4,5 литри на 100 km во просек, брзините треба да се менуваат многу рано во областа на турбо дупката, односно да се вози со 90 km/h на автопат. Реално, со нормално возење, во град Megane ќе потроши околу 6,5 до 7 литри, додека на отворено 4,5 до 5 литри, што значи просек од 5,5 што и понатаму е одличен резултат за автомобил со 105 КС.

Безбедност    

Ако се мери само безбедноста на возрасните патници, Megane е најдобриот автомобил во класата со 37 бодови, спред постарите тестирања на EuroNCAP. Сепак, за безбедност на деца Megane има 39, а за пешаци само 11 бодови, резултати кои се послаби од просекот во класата. Во стандардната опрема има 6 воздушни перничиња, појаси со автоматско затегнување, активни наслони за глава и ABS+BAS+EBV.



За кого не е овој автомобил

Megane не е за оние кои сакаат да бидат фенси, ниту пак за оние кои сакаат спортско возење. За помладите, односно оние кои бараат повеќе забава во возењето, би го препорачале Golf, или пак верзијата со три врати на Megane, која и покрај тоа што не сме ја возеле, ветува подобри возни својства поради пониското потпирање, а изгледа и многу посвежо и помодерно.

За кого е овој автомобил    

Megane во возење се однесува како поголем автомобил,. Затоа, би го препорачале на оние кои сакаат смирено возење во квалитетно изведена кабина, со лесно управување и доволно полетен мотор кој добро ќе послужи и за подолги патувања или за искачување нагорнини...

Фамилијарната настроеност на овој автомобил е нешто што треба да го има во предвид секој иден купец. Тоа не значи дека Megane треба да се вози пензионерски , туку дека токму со агресивното возење на површина ќе излезат некои механички недоречености.

За оние кои сакаат пријатно да се чуствуваат кога ќе погледнат во бројките за портошувачката, Megane е измислен. И за во град, и за отворено.
 


Renault Megane - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA E KOPIJA NA NOVATA MAZDA 3
Напишан од OVA E KOPIJA NA NOVATA MAZDA 3  пред  околу 71 месеци
Ljubco ti se znaes za koli a? samo da se kakalo ne mi se veruva...ti sto kola imas da te prasam???
Напишан од :)  пред  околу 81 месеци
PREUBAVA E I OD SEKOGASH SUM POSAKUVAL RENO VOZILO A KOMENTAROT DEKA E PRESKAPA NE VERUVAM SAMO STO NIE NEMAME TOLKU NO DALI IMA NEKOI USLOVI NA KREDITIRANJE ?? NO DA SE POVOLNI POZZ
Напишан од Mladen  пред  околу 81 месеци
SUPER SAMO E PRESKAPA ZA ORZUVANJE.NEDAJ BOZE DA TI SE ZAFRKNE NEKOJ DEL TESKO KE GO OPRAVIS.PRESKAPA. E
Напишан од ATANASOV  пред  околу 85 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил