Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Mitsubishi Lancer 1,5 - сепак семеен автомобил
 
Spodeli
31 октомври 2009, 05:21


Mitsubishi Lancer 1,5 - сепак семеен автомобил Mitsubishi Lancer Mitsubishi Lancer 1,5 - сепак семеен автомобил
Ако ги тргнеме на страна EVO моделите, Lancer никогаш не бил импресивен фамилијарен автомобил. Конкурентите секогаш беа пред него во сите аспекти важни за таа класа на автомобили. Затоа, задачата на новиот Lancer е да ги привлече оние кои до сега купуваа Corolla или Civic Sedan, односно семејствата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е однадвор    

Прво што паѓа во очи кога ќе се погледне Lancer е агресивната предна маска, која никого не остава рамнодушен, посебно не посилниот пол. Малите и широки налутени фарови и големите отвори за воздух се вистински празник за очите. Линиите извлечени од предниот дел продолжуваат и странично, во класична седан семејна лимузина и завршуваат во помалку инвентивен заден дел.



На ваков агресивен дизајн штета е и да не се стават поголеми тркала – со основниот модел доаѓаат 16 инчни, но и тоа како би легнале 18-ки. За да дополнително нагласување на агресивноста, од Mitsubishi нудат безброј додатоци и спојлери за целата каросерија, со кои Lancer дури потсетува и на спортската EVO верзија. Ретко кој произведувач може да се пофали со тоа. Сет од спојлери, во вредност од околу 2.000 Евра имаше токму моделот кој го имавме на тест.

Каков е внатре

Ентериерот на Lancer е изведен во познатиот јапонски минималистички стил, со малку копчиња и чисти линии - едноставно и убаво. Простор има на претек и напред и назад, но јасно е дека малку е заштедено на материјалите од кои е изработен ентериерот – главно пластиката е помалку квалитетна и тврда на допир.

Простор

Lancer нуди простор на ниво на автомобилите од средната класа – класичната лимузинска каросерија придонесува за одличен комфор и на предните и на задните седишта. Напред, дури и повисоките патници ќе можат комфорно да се сместат, бидејќи простор има и во ширина и во должина. На задната клупа, просторот е лимузински и единствено може да има проблеми со просторот за нозете ако се смести некој многу висок патник во на предното седиште.

Големината на багажникот изнесува 400 литри, што е под просекот во класата. На сметка на повисоката задница за убав изглед одстрана оди високиот раб на товарање, а забележлив е и малиот отвор за багажникот. Факт е дека Lancer може да голтне доста багаж, но во класата постојат многу подобро организирани и пофункционални багажници.



Удобност

Kaj Lancer постигнато е високо ниво на компромис помеѓу удобност и возни својства. Релативно е удобен, но не како кај најдобрите од класата. Поминува суверено преку поголемите дупки или нерамнини, но малку е несигурен кај помалите. Нерамнините се чувствуваат и слушаат, но ударите не се пренесуваат на телата на патниците, автомобилот е цврст и компактен.

На автопат, Lancer се однесува како поголем автомобил. Но, бучавата која ја произведува моторот при брзини над 110 km/h во најмала рака е неподнослива, па некогаш може и да засмета при зборувањето на телефон - нешто што сигурно нема да им се допадне на оние кои бараат семеен автомобил. Ова се чини делумно е и до менувачот со 5 степени – со шести степен буката и тоа како би се намалила!

Во градски услови  и при ниски вртежи моторот е тивок, а при кратките посилни притискања, спортскиот звук само ќе ги погали сетилата за слух, доаѓа како порачан за оние кои сакаат поспортски звук од моторот.

Ергономија

Дизајнерите на ентериерот на Lancer завршиле одлична работа – секоја команда и инструмент паѓаат природно во рака. Управувачот ги има вистинските димензии, а дебелата рачка на менувачот е поставена поблиску до воланот.

Командите се логично распоредени и нема многу копчиња кои ќе го оттргнат возачот од патот. Аудио системот е мошне лесен и едноставен за користење, па дури и командите на управувачот стануваат излишни. Кружните прекинувачи за климата, бидејќи се користат помалку, логично се поставени подолу, па за нив дури и не треба време за навикнување. Истото важи и за командите на управувачот – секое копче е на дофат на палците и е јасно обележано со сликичка!

За истакнување е и Bluetooth системот кој доаѓа со нивото на опрема Invite – по подесувањето е лесен за користење и овозможува разговори преку звучниците на автомобилот... и, што е најдобро, легален е за разговор додека се вози.

Материјали/Завршна обработка

Во Lancer е забележчиво дека е посветено големо внимание на деталите, но малите зјаеви помеѓу одлично склопените делови лесно ќе излажат неистренирано око – пластиката сепак е тврда и покалку квалитетна од некои конкуренти, посебно од јапонските. Но, тоа и не треба да ја намали перцепцијата на квалитетен производ, каков и што е Lancer.

На пат    

Lancer е стабилен автомобил и сосема солидно се држи на пат. Но, факт е дека Golf, Focus, Civic, Mazda 3, па и Auris имаат подобри возни својства и се позабавни за возење.



Мотор/Перформанси

Основниот мотор со зафатнина од 1,5 литри како да е измислен за нашиот пазар, каде за мотор со зафатнина над таа на Lancer се плаќа поголема акциза. Развива 109 КС при 6.000 врт/мин и 143 Nm при 4.000 врт/мин.

Како и секој јапонски мотор, и моторот на Lancer за да ја извлече декларираната сила мора да постигне високи вртежи. Во услови на градско секојдневно возење има сила и при пониските вртежи, за што најмногу е заслужна MIVEC технологијата на варијабилно подесување на отвореноста на вентилите. Но, при посилно притискање на педалата за гас, Lancer не се буни да се заврти до црвеното поле, кога моторот произведува одличен звук, но кога и нагло расте потрошувачката.

До 100 km/h, Lancer стигнува за 11,6 секунди, што не е лош резултат за основен модел и е подобар од 1,4 литарските бензинци на конкурентите во класата. Максималната брзина пак изнесува 191 km/h, што е одличен резултат за ваков мотор и дури е и во рангот на 1,6 литарските бензинци во класата.

Возни својства

Стабилноста со која Lancer ги поминува свиоците е на солидно ниво, но и покрај мултилинк оската назад, возните својства не се на ниво на најдобрите компакти.  При побрзи влегувања во кривина, носот на Lancer знае да пролизга кон надворешноста од свиокот, и се добива чувство дека возите автомобил со голема маса. Слично е и кога се во прашање кочниците. Иако педалата се дозира лесно и не бара голем притисок за автомобилот нагло да забави, сепак кога кочењето е во прашање и тука Lancer e зад најдобрите во класата. Иако надворешниот изглед кажува нешто друго, сепак, во однос на возните својства, во класата има позабавни и поизбалансирани автомобили.

Сепак, за спортски расположените возачи, Mitsubishi ги нуди EVO моделите, кои имаат темелно преработена шасија и се во врвот кога се во прашање возните својства. Но се е работа на компромис, нели?

Управување/Менувач

Управувањето во Lancer, повторно, не е на ниво на името кое го носи. За низ град, односно за секојдневно возење управувачот е лесен и прецизен, но тоа чувство се намалува кога ќе се стигне до кривулести патишта. Ако се претера, управувањето станува непрецизно, посебно ако се поминуваат повеќе кривини одеднаш. Од друга страна, менувачот е одличен за користење – брзините се менуваат лесно и течно, тој одлично лежи во рака и е задоволство да се користи, но и тука ќе напоменеме дека е во рамките на просекот – останатите јапонски и германски конкуренти моменто нудат подобри менувачи, француските се стандардно просечни. Сепак, ако го споредиме со менувачот на Kia cee’d на пример, Lancer сепак има одличен менувач.

Трошоци    

На нашиот пазар Lancer има навистина ниска цена и одлична опрема. Основниот модел чини 13.980 евра и нуди несебично богата опрема. За пофалба е и добрата потрошувачка на основниот мотор, но само при претпазливо и смирено возење.

Цена/Опрема

Моделот кој го имавме на тест беше опремен со нивото Invite и чини 15.480 евра. Нуди се што некој би посакал од опрема – ABS + EBD, ASC+TCS системи за стабилност и против пролизгување, 7 воздушни перничиња, автоматски клима уред со ладилник во фиоката, серво управувач, целосна електроника, радио со CD+MP3 со 6 звучници, 16 инчни алуминиумски тркала, патен компјутер, кодиран клуч, Bluetooth конекција за мобилен телефон со говорни команди, управувач и менувач во кожа, рачки и ретровизори во боја на каросерија, пониклувани делови од внатрешноста и пониклувани лајсни на вратите. Овој модел, би бил и препорака од гамата на Lancer, бидејќи за не многу висока цена, нуди опрема која не се сретнува ниту во моделите од средната класа.

Сепак, ако не барате многу, основниот модел, за цена од 13.980 евра, нуди ABS+EBD, 7 воздушни перничичња, мануелен клима уред, серво управувач подесив по висина, целосна електроника, радио со CD+MP3 со 4 звучници, патен компјутер и кодиран клуч. Интересно, некарактеристично за фамилијарен автомобил, Lancer нуди високо ниво на персонализација. Тестираниот примерок беше опремен со цел сет спојлери, сензори за паркирање, заштитници за сонце на задните стакла, светла за магла, сет за детско седиште и аларм, со што цената се качува за околу  2.000 евра. Вредно е да се спомне дека има преку 40 различни спојлери за декорирање на надворешноста, како и голем избор на алуминиумски тркала, нешто што не ниту еден друг модел од класата моментно не може да понуди.



Потрошувачка

Фабричките податоци кажуваат дела Lancer троши 6,4 литри во просек, односно 5,4 на отворено и 8,2 литри во град. Реално, моторот троши околу 1 литар повеќе. што и понатаму е добар резултат за мотор со 109 КС во семејна лимузина. Со малку поагресивно возење лесно може да потрошите и преку 10 литри во град.

Безбедност    

Новиот Lancer во хечбек изведба доби одлични 5 ѕвездички на новите построги тестови на EuroNCAP, но во моментов не можеме да потврдиме дека истиот резултат важи и за седан верзијата и покрај тоа што EuroNCAP вели дека рејтингот важи за сите хечбек возила продавани по 18 Февруари. Сепак, нема причина да се сомневаме во безбедноста на Lancer, бидејќи тој уште во основното ниво на опрема има 7 воздушни перничиња, активни потпирачи за глава, појаси со автоматско затегнување во случај на судир и ABS+EBD.

За кого не е овој автомобил    

Во Lancer нема да се пронајдат оние кои бараат спортски автомобил и покрај таквиот изглед на автомобилот. Основниот мотор не нуди некои спортски перформанси, а ниту подвозјето е така подесено за да овозможи максимална забава во возењето. Секако, во понуда е и бензинецот 1,8 со 143 КС, но за правите фанови на спортското возење, на пазарот има други модели.

За кого е овој автомобил

Ниската цена, добрата опрема, економичниот мотор и пространата внатрешност, најмногу ќе им се допаднат на љубителите на класичните троволуменски лимузини. Значи сите кои сакаат на изглед спортски, но сепак посмирен седан автомобил, со меко и удобно возење и ниски трошоци, нека не мислат многу. Само пуштете го радиото погласно кога ќе тргнете на пат - моторот навистина е бучен!


Mitsubishi Lancer
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
germanskite koli kako AUDI / MERCEDES I BMW SE BILE SEKOGAS PO DOBRI OD JAPONSKITE POVEKE SE LUKSUZNI KVALITETNI MNOGU PODOBRI VO DIZAJN A MITSIBUSHI LANCER IST IMAM CRN I ZIP MITSIBUSHI SEPAK NA VAKVI KOLI NE I DOLIKUVA DA IMAAT 3 VRTKI ZA KLIMA I RADIO SEPAK GERMANCI SE PODOBRI TOA GO POKAZAA NA NAJ TESKOTO RELI NA SVETOT DAKAR
Напишан од ivan dimitrov  пред  околу 78 месеци
Vo Diznilend ako ti odgovara hahah ccc
Напишан од P.  пред  околу 82 месеци
zemi si germanska kola i vidi go zivotot so nea i znaes deka ke vozis kola a g.PETAR kade moze da odi japonija so germanija vo koli
Напишан од darko  пред  околу 84 месеци
japoncite ke gi zgazat germancite za 1-2 godini
Напишан од e da be  пред  околу 84 месеци
e nie sme vo makedonija i meseci ke cekame za delovi... aj odi vo druga drzava da vidis maksimum gi imas delovite za 3-4 dena
Напишан од Dani  пред  околу 84 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил