Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Honda Jazz 1,4 - мал моноволумец
 
Spodeli
31 октомври 2009, 05:06


Honda Jazz 1,4 - мал моноволумец Honda Jazz Honda Jazz 1,4 - мал моноволумец
Големиот простор и добрата изработка се главни вредности за купувачите на семеен автомобил. Иако до појавувањето на првата генерација на Jazz, Honda немаше имиџ на семеен автомобил, недвосмислен е фактот дека најмногу внимание при конструирањето на новиот Jazz е посветено на внатрешноста на автомоб...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Уште од самото појавување на првата генерација на Jazz, тој е во врвот на сите листи за испитување на квалитетот и задоволството на сопствениците, па стана еден од омилените автомобили на семејствата.

Каков е од надвор    

Иако идејата на дизајнерите од Honda била новиот Jazz да изгледа посвежо и помодерно, сепак впечаток е дека промените во однос на претходникот не се револуционерни.

И најмалите познавачи на автомобилите ќе препознаат дека се работи за Jazz, но и ќе се сложат со фактот дека моментно и во двете класи на автомобили каде што може да се позиционира малиот голем џезер, има автомобили кои истовремено се и поубави, но и дизајнерски поспортски ориентирани, нешто што во последно време се бара од речиси секој автомобил, независно од неговата големина.



Генерално, новиот Jazz го красат почисти линии, зашилен преден дел, нови задни стоп светла и пошироки крила. Како целина изгледа солидно, од каде и да се погледне. Нема ниту еден непромислен потег, се е на своето место. Стандардно, но ништо спектакуларно. Вистинското од Jazz доаѓа во следните редови...

Каков е внатре

Иако според надворешните димензии Jazz припаѓа на ниската средна класа, просторот кој се нуди во внатрешноста апсолутно конкурира на моделите од компакт класата. Затоа, логично е тука може да се бара оправдание за цената, која е на нивото токму на моделите од компакт класата. Некако, ако треба да го сместиме во некоја класа, најмногу би му одговарал епитетот мал моноволумен.



Простор

Тука Jazz поентира најмногу. Во должина од само 3,90 метри, комфорно можат да се сместат пет патници и нивниот багаж. Ниту еден друг автомобил од ниската класа, па ниту од компактната не нуди толку простор, ниту пак толкав багажник. Оценка плус за внатрешноста е и задната клупа која може да се лизга напред-назад, овозможувајќи му на корисникот поголем избор во организирањето на внатрешноста. Ваква функционалност ретко кој друг автомобил од ниската класа може да понуди.

Багажникот, повторно е еден од најдобро организираните и најголемите во класата – кога задната клупа е турната назад, има 337 литри багажен простор, кој може да се зголеми на 390 кога седиштата ќе се турнат напред. Доколку се спушти пак задната клупа, просторот изнесува 883 литри, бројка кои конкурира дури и на товарно возило. За пофалба е и висината на товарниот раб од само 60 cm, која го олеснува товарањето.

Удобност

Jazz не е ниту најмек ниту најтврд во класата. Инженерите од Honda се потрудиле од Jazz да направат удобен автомобил. Забележливо е подобрувањето во однос на претходната генерација, но факт е дека се уште потскокнува на големите скопски нерамнини.

Затоа пак цврстата шасија не пренесува вибрации на телата на патниците, укажувајќи на солидноста на конструкцијата. Солидното чувство е надополнето и со тивкиот бензинец, кој не произведува многу вибрации и многу меко ги развива вртежите, што придонесува за зголемено чувство на задоволство при возењето. За пофалба се и седиштата, кои одлично го опфаќаат телото и не заморуваат на подолги патувања, што е освежување за оваа класа на возила. Единствена замерка во однос на удобноста може да се даде на звукот од ветерот при повисоки брзини, но мора да си има на ум фактот дека сепак се работи за мал моноволумен.

Ергономија


Чудните и разиграни внатрешни конзоли на Honda почнавме полека и да ги навикнуваме, па во Jazz и немавме некој поголем проблем со поставеноста на командите. Се чини дека се е на своето место – командите за климата се блиску до управувачот, а на радиото нема премногу копчиња кои би го збуниле возачот. Простор за оставање ситници има повеќе од доволно, а за истакнување е позицијата за чаша лево од управувачот, во иста висина  со него. Единствена забелешка ќе упатиме на командите на управувачот кои, бидејќи се во поголем број, бараат подолго време за навикнување.

Што се однесува до наоѓањето на перфектната положба зад управувачот, седиштата на Jazz можат да се наместат во секоја насока, исто како и управувачот, па и покрај тоа што седењето е повисоко, ретко кој ќе се пожали дека не може удобно да се смести во возачкото седиште. Забелешка може да се даде на прегледноста, напред заради ветробранското стакло кое завршува во недоглед, а назад поради малото задно стакло. Затоа, потребна е малку поголема претпазливост при паркирање.

Завршна обработка

Како и за секој Јапонец, и за Jazz важи дека е добро изведен и склопен автомобил, иако забележливо е дека во внатрешноста насекаде има тврда пластика, но се е толку добро склопено, што простор за забелешки нема.

На пат    

И покрај тоа што високите перформанси и забавата во возењето се во самата ДНК на Honda, Jazz нема да ги задоволи возачите кои бараат таков тип на возило. Се работи за стабилен и безбеден автомобил, но далеку од интересен и забавен за возење.

Мотор/Перформанси

Варијабилното отворање на вентилите е рецепт на Honda кој успешно работи подолго време. Таков е и случајот со 1,4 литарскиот бензинец со 100 КС, кој без напор го движи возилото, при тоа не удирајќи по џебот, и тоа, интересно, без оглед на тоа со каков стил се вози.

Секако, карактеристика на сите мотори од овој производител е да бараат високи вртежи – максималната сила пристигнува на 6.000 врт/мин, додека максималниот момент од 127 Nm при 4.800 врт/мин, што во превод значи дека за да може да се одржи брзо темпо, неминовно е цедењето до црвеното поле, кога се качува потрошувачката. Моторот повлекува и од пониските вртежи , добро е избалансиран - силата е добро прераспределана,. Бројките кажуваат дека до 100 km/h Jazz стигнува за 11,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 182 km/h.



Возни својства

Факт е дека Jazz е стабилен и безбеден автомобил. Сепак, забавата во возењето е ограничена, па факт е дека апсолутно не може да конкурира на автомобилите кои овозможуваат повеќе забава при возењето. Кога и да се претера, тој има изразита подуправливост (бегање кон надворешниот дел од кривината) и бара одземање на педалата за гас и дополнително завртување на управувачот. Во пракса тоа не е воопшто страшно, но високата каросерија има свои ограничувања кои треба да се почитуваат. Динамично возење не е овозможено и поради релативно високата тежина за ваков автомобил од 1.150 kg, како и тенките пневматици 175/65R15.

Управување/Менувач

Пет-степениот менувач е стандардно добар. Како и во секоја Honda, вистинско уживање е да се користи, нема сомнение. Кочниците се секогаш на нивото на задачата, а управувањето при градски услови на возење е доволно прецизно и јасно, но кога ќе се излезе на автопат при брзини над 110 или 120 km/h се забележува мала непрецизност и потреба од повремена корекција на правецот. Впечаток е дека возењето во Jazz е пред се лесно, поради одлично координираните ножни команди и лесниот менувач.

Трошоци   

Високата цена, макар колку и да е опремен Jazz, реално ограничува, но познатиот квалитет на Honda и ниската потрошувачка на гориво го поправаат впечатокот.

Цена/Опрема

Цената на основниот модел на Jazz со 1,4 бензински мотор со 100 КС изнесува 14.990 евра. Опремата секако е богата, но за тие пари може да се купи добро опремен модел и од компактната класа, или пак дизел со висока опрема од ниската средна класа. На тест го имавме токму основниот модел, кој има автоматски клима уред, радио со CD+MP3, 6 воздушни перничиња, VSA+TRC системи за стабилност, ABS+EBD, целосна електроника, серво управувач, имобилајзер, подесување на управувачот по должина и висина, греени ретровизори итн.

На овој пакет на опрема, со доплата може да се добијат и спортски пакет со алуминиумски тркала (500 евра), како и поексклузивните Elegance (500 евра) и Exclusive пакет (1.000 евра). Сепак, наша препорака би бил основниот модел, на кој од опрема, освен алуминиумски тркала, апсолутно ништо не му недостасува.

Потрошувачка


Honda за овој модел ветува потрошувачка од 5,4 литри во просек, што реално е тешко достижно. На тестот, ние трошевме околу 6,5 литри во просек, што е одличен резултат. При нормални услови на возење може да се помине и со 6 литри во просек, односно со околу 7 до 7,5 литри во град или 5 литри на отворено, но само доколку не се вози преку 120 km/h, бројки кои се апсолутно подносливи за семеен моноволумен од ниската класа, и тоа бензинец со 100 КС.

Безбедност   
 

Honda Jazz се уште не е тестирана од EuroNCAP, но уште во основната опрема се испорачува со целосна опрема за активна безбедност (ABS+EBD и VSA контрола на стабилноста со TRC контрола на пролизгување на предните тркала и аларм за ставање на ременот), како и пасивна (6 воздушни перничиња, ремени со автоматско затегнување и активни наслони за глава на предните седишта). Според ова, на новите и построги тестирања на EuroNCAP, би можеле да очекуваме 4 или дури и 5 ѕвездички за малиот Jazz.



За кого не е овој автомобил

И покрај тоа што го носи логото со големото H во предниот и задниот дел, Jazz не е спортски автомобил, па кој и да мисли дека ќе може да се трка или забавува со него, ќе згреши. За таа намена, препорака е забавната и лесна Mazda 2, новата Ibiza, па дури и спортскиот Suzuki Swift. Сите овие ќе остават многу поголема насмевка на лицата на љубителите на возењето. Новиот Jazz не е ниту за оние кои очекуваат од својот автомобил моден додаток, сепак тој е класичен и стандарден.

За кого е овој автомобил    

Топла препорака за Jazz би им дале на сите фамилии кои бараат многу простор во мало пакување, а при тоа не сакаат да имаат многу трошоци за гориво и за одржување. Функционалноста и интелигентно смислената внатрешност ќе им се допаднат и на припадничките на понежниот пол, посебно заради понудената розова боја на каросеријата, која се чини ја нема во ниту еден друг автомобил. Во Jazz можат да се пронајдат и авантуристите, кои често патуваат и носат многу ситници и голем багаж.


Honda Jazz
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
LIMOT SE VITKA SAMO NA KOREJSKA KOLA A NE NA JAPONSKA
Напишан од ATAHACOB  пред  околу 85 месеци
TOJ STO POTCENUVA JAPONSKO NEMA PRAVO DA VOZI JAPONSKO
Напишан од ATAHACOB  пред  околу 85 месеци
PRESTANETE DA POCENUVATE JAPONSKO VOZILO
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 88 месеци
HONDA NE GJUBRE.GUBRE SE DACIA I TAVRIA I YUGO
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 88 месеци
PRESTANETE DA GI POTCENUVATE JAPONSKITE VOZILA
Напишан од ATANASOV  пред  околу 89 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил
 
 
Moже да ве интересира и...
 
Ford B-MAX Се гаси Ford B-Max
Инфо
Се гаси Ford B-Max
Fiat 500L Рестилизиран FIAT 500L
Новитет
Рестилизиран FIAT 500L
Opel Meriva Се очекува наследник на Opel Meriva
Новитет
Се очекува наследник на Opel Meriva
Fiat 500L  Fiat 500L, веќе од 10.990 евра
Маркет / Бизнис
Fiat 500L, веќе од 10.990 евра