Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Голем, лут и смирен
 
Spodeli
31 октомври 2009, 04:56


Голем, лут и смирен Honda Accord Голем, лут и смирен
Секогаш најфутуристичкиот и најспортскиот од Јапонските конкуренти, Honda Accord, ја доживеа новата генерација. Со хармонични линии, повторно со агресивен спортски дизајн, но и со доза и на елеганција и скапоценост, Accord цели на помалку спортски настроените бизнисмени или татковци, кои не сакаат ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е однадвор    

Honda никогаш не играла на сигурна карта кога е во прашање дизајнот. Тоа е случај и со новиот Accord, кој има остри и агресивни линии, кои даваат доза на футуризам, не сепак неизбежен е впечатокот дека како никогаш досега јапонците сакаат да го сочуваат визуелниот идентитет од претходникот.

Во очи веднаш паѓа предната маска. Малите светла и големите отвори за воздух, најавуваат некоја ѕверка под хаубата. Агресивниот дизајн продолжува и странично и позади – широките и длабоко извлечени крила добро би му послужиле и на еден теренец, а малите стоп светла во задниот дел изгледаат доволно одважно и луто за надополнување на целината.



Сепак, изгледот на Accord најмногу доаѓа до израз кога тој се движи, слично како и кај останатите модели од класата. Широката и ниска каросерија изгледа многу динамично. Гледан во ретровизор, влева страв во коски, како без извинување да вели да се тргнете од лентата. Единствен негативен впечаток на тест моделот кој го имавме на располагање беа малите тркала од 16 инчи. Се чини, оваа каросерија со екстремно големите крила е направена за минимум 18 или 19 инчни тркала. Но, како и се друго, се е работа на компромис. 16-инчните тркала и тоа како го надополнуваат чувството на мека амортизација и удобност што новиот Accord го нуди.

Каков е внатре

Внатрешноста ја краси моментно најфутуристичката предна конзола на автомобилите од класата, но и добрата ергономија и големиот простор.



Простор

Историјата кажува дека лимузините од средната класа кои не нудат доволно простор во внатрешноста, слабо поминуваат кај купувачите. Затоа, Honda,тука игра на сигурно, нуди високо ниво на комфор како на предната, така и на задната клупа.

Просторно, Accord најмногу импресионира со ширината. Простор за рамената има на претек, патниците на предните седишта се прилично одвоени и се наоѓаат подалеку од вратите, што е плус и за безбедноста. За пофалба е и големиот простор за главата и нозете, и напред и позади.
Багажникот има солидни 467 литри, но воопшто не импресионира со функционалноста. Тука Accord е најслаб.

Подот е нерамен, има неправилни линии, отворот е мал, а ни материјалот од кој е изработен не е на највисокото ниво. Конкуренцијата нуди многу подобро организирани багажници со рамен под, дополнителни полици итн. Не импресионира ниту функционалноста на Accord – во внатрешноста нема поголеми отвори, а со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под.

Удобност

И покрај тоа што е пред се позната по спортските автомобили, со Accord, Honda покажува дека знае да направи удобен автомобил, посебно на подолги патувања.

Комфорно подесената амортизација и тивкиот мотор, придонесуваат за одлично чувство, било по каков терен да се вози. Меките амортизери одлично ги впиваат нерамнините на нашите патишта, а добрата звучна изолација доаѓа до израз при поголеми брзини, кога Accord едноставно лизга низ воздухот. Дополнителен позитивен впечаток оставаат седиштата – широки, со одлично одредена тврдост и добра странична поддршка.

Ергономија

При првото седнување зад управувачот на Honda Accord, футуристичкиот дизајн може да даде погрешна претстава за ергономијата, но лесно е да се навикне централната конзола која има логичен распоред на командите, со една мала забелешка...

Сите команди се јасни и достапни, копчињата се доволно големи, но збунува големиот кружен потенциометар, кој служи за менување на радио-станиците. Вообичаено, би требало да служи за менување на јачината на звукот, команда што многу почесто се користи.

Управувачот може да се подесува по длабочина и височина, исто како и седиштата, па лесно е да се најде идеалната позиција зад управувачот, а за пофалба е и менувачот, кој е мал и одлично легнува во рака. Мала забелешка може да се даде на прегледноста – поради малите стаклени површини треба особена претпазливост при паркирањето, па затоа паркинг сензорите стануваат нужна опција.


Завршна обработка

И покрај тоа што пластиката е тврда и груба на допир (дел од конкурентите нудат помека пластика, која изгледа поскапо), се е добро склопено, впрочем како и кај секое јапонско возило. Зјаеви меѓу деловите скоро и да нема, а посветено е внимание и на деталите, како на копчињата или добро вклопените фиоки за ситници.

На пат    

Напредното подвозје, со двојни попречни водилки напред и мултилинк назад, овозможува одлична стабилност и добро држење на патот, но впечаток е дека со бензинецот со 156 КС треба малку повеќе да се работи за да се извлече максимумот.

Мотор/Перформанси

Моторот со познатата i-VTEC технологија за варијабилно подесување на вентилите, е прав бисер на технологијата. Од 2,0 литри зафатнина, нуди 156 КС при 6.300 врт/мин и 192 Nm при високи 4.100 врт/мин.

Во реалноста, со моторот треба повеќе да се работи за да се извлече максимумот. Тој ги сака повисоките вртежи, односно над 4.000, кога го развива максималниот вртежен момент. Ова е нешто на кое се навикнати возачите на Honda, кои од секогаш се фалеле дека имаат два мотори во едно – едниот, штедлив за до 4.000 врт/мин и другиот спортски за над 4.000 врт/мин.

Но, вртењето до повисоки вртежи не смета, бидејќи тогаш моторот произведува спортски резок звук, а за пофалба е и рафинираноста во целото работно подрачје – вибрации од моторот нема ни на празен од, ниту на високите вртежи, сила има во секој момент. Бројките велат дека до 100 km/h Accord стигнува за 9,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 215 km/h, што е во просекот на класата и е доволно за поенергично возење и побрзи излети на автопат. Забелешка единствено можеме да дадеме на степените во менувачот, кои се долги и малку ги расипуваат перформансите, веројатно со цел да се постигне пониска потрошувачка.

 



Возни својства

И покрај тоа што целта на инженерите била Accord да го направат удобен автомобил, тој нема да ги разочара ниту поенергичните возачи.

Дури и кога ќе се претера, автомобилот овозможува големи резерви и секогаш ја одржува саканата линија. За ова најзаслужен е одличниот баланс, кој им пружа шанса дури и на понеискусните возачи добро да се покажат на кривулестите патишта. Но, и покрај добриот баланс, впечаток е дека Accord не може да ги постигне истите брзини во свиоците, како на пример лесната Mazda 6. Тежината од 1.414 kg, го зема данокот за динамичното возење, посебно кај спорите свиоци, па може да се констатира дека Mazda-та е позабавна за возење од Accord-от.

Управување/Менувач

Добриот впечаток за динамиката на возењето го надополнуваат прецизното управување и одличниот менувач, што е карактеристика за секој јапонски автомобил. Accord е исклучително лесен автомобил за возење, со мека педала за ослободување на спојката и добро одмерена педала за кочницата на која човек брзо се навикнува. За менувачот нема зборови, кратот, јасен, потребен му само мало насочување и сам влегува во посакуваниот степен на пренос.

Трошоци    

Ниската цена и потрошувачка, добрата гаранција и познатиот квалитет на Honda, магнетно привлекуваат кон адутот на Honda во средната класа.

Цена/Опрема

Honda Accord е помеѓу најевтините модели моментно од средната класа кај нас. Има некои поевтини корејски автомобили, но за 22.490 евра, колку што чини тестираниот модел со опрема Elegance, никој друг не нуди толку опрема со 2.0 мотор со преки 150 КС.

Во основниот пакет има доволно опрема дури и за најпребирливите – двозонска автоматска клима, 6 воздушни перничиња, радио со CD+MP3, команди на волан, темпомат, патен компјутер, кожни волан и менувач, алуминиумски тркала од 16 инчи. Со оваа опрема и 156 КС под хаубата, Accord е еден од најдобрите автомобили кога е во прашање односот вложено/добиено.

За оние кои сакаат повеќе опрема, тука е и пакетот Executive, кој чини 24.490 евра, а има плус ксенон светла, паркинг сензори, сончев покрив и премиум озвучување. Највисокиот пакет на опрема, кој чини високи 26.990 евра, вклучува и кожни седишта со грејачи и електрично поместување и навигација.

Покрај моторот со 156 КС, Accord може да се добие и со 2,4 литарскиот со 201 КС кој чини 27.990 евра во основниот пакет на опрема.

Потрошувачка

Технологијата на варијабилно отворање на вентилите овозможува ниска потрошувачка, доколку не се бара многу од моторот. Тогаш, реално, може да се постигне фабричкиот податок од 7,2 литри на 100 km. Сепак, со поенергично возење, потрошувачката знае да скокне и над 10 литри. На тестот, ние потрошивме комбинирано околу 9 литри, што е одличен резултат за модел од средната класат со 2.0 бензинец.

Безбедност        
 
Honda Accord постигна одлични резултати на испитувањата на EuroNCAP. Пет ѕвездички за возрасни, четири за деца и три за пешаци е резултат со кој тој се сместува во врвот на класата. Во основната опрема тој доаѓа со 6 воздушни перничиња, појаси со автоматски затегнувачи и активни потпирачи за глава, додека од активната безбедност, во опремата спаѓаат ABS и ESP.



За кого е овој автомобил

Honda Accord е пред се наменета за помладите фамилијарни луѓе, кои не сакаат веднаш да се префрлат на исклучиво конзервативно настроените конкуренти. Јапонецот нуди и спортски перформанси, но под агресивниот дизајн се крие пред се смирен и култивиран автомобил, со пространа и удобна внатрешност. На ова се надополнува и одличната цена и опрема, како и моторот кој знае да штеди кога не се претерува со стискањето на педалата за гас. Единствено нешто што може да одврати е лошиот багажник и нефункционалната внатрешност.

За кого не е овој автомобил

Accord не би го препорачале на помладата генерација. И покрај силниот мотор и одличното подвозје, забавата во возењето е ограничена. Препорака за помладите е конкурентот Mazda 6, кој е гарантирано е позабавен за возење во градски услови. Сепак, Accord цели на оние со малку посмирен дух, но и за оние кои поголем дел од километрите ги поминуваат на автопат.


Honda Accord
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA DOAGA OD JAPONIJA
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 89 месеци
ZAKON E
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 91 месеци
Go delam istoto mislenje za bandazite 18"-ki minimum i ima da bide pesma Honda e vrvot.
Напишан од Nikola  пред  околу 92 месеци
Нешто страшно, немам зборови. Чиста 10-ка.
Напишан од Боби  пред  околу 92 месеци
JA SAKAM KOLAVAAA EB**E e I NOVIOT I POSTARIOT MODEL NEMA STO :D
Напишан од Ljupco  пред  околу 95 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил