Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Citroen Berlingo 1,6 HDI - и патнички и товарен... Се во едно
 
Spodeli
30 октомври 2009, 21:22


Citroen Berlingo 1,6 HDI - и патнички и товарен... Се во едно Citroën Berlingo Multispace Citroen Berlingo 1,6 HDI - и патнички и товарен... Се во едно
Berlingo го почна својот живот како алтернатива на поскапите моноволумени. Се нудеше во товарна и патничка верзија, од модел без опрема до модел со многу опрема и што е најважно, никогаш не изгледаше како класичен товарен автомобил. Преку различните изведби покрај функционалноста која е загарантира...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Добриот и модерен дизајн на првата генерација привлече широк круг на купувачи – го купуваа мали и средни претпријатија, но и фамилии кои не сакаа да одделат голем дел од својот буџет, а сепак сакаа да возат просторен и практичен автомобил. Успехот продолжи и со моделот од 2003 година, но и сега, со новиот модел.

Новото Berlingo направи квантен скок во една повисока класа. Модерниот дизајн, бескрајниот простор во внатрешноста и супериорната практичност, го исфрлаат Berlingo во преден план, пред се за фамилијарните луѓе. На тест ја имавме токму патничката верзија со дизел мотор 1,6 HDI со 75 КС.

Како најава, во однос на конкуренцијата (Renault Kangoo, Fiat Doblo, VW Caddy), Berlingo-то има и најголем волумен (3,7 литри) и најголема дозволена тежина за товарење (850 kg).

Дизајн

Кај ваквиот тип на возила, дизајнот никогаш и не играл некоја поголема улога. Сепак, Французите, не сакајќи да остават ништо на случајот, му дадоа на новото Berlingo супер модерен изглед, со кој апсолутно може да се конкурира на најубавите мултифункционални возила во моментот.



Споредбено со претходната класа, Berlingo сега изгледа повеќе како патнички отколку како товарен автомобил. Тоа беше и намерата на производителот. За тоа, секако е заслужна предната маска со големите фарови, која потсетува на најновите модели на компанијата, но и страничниот дел, каде со компонирани повеќе линии, во една прекрасна целина некарактеристична за ваков автомобил. Во задниот дел нема некои големи експерименти, пред се поради тоа што тука се бара низок товарен раб за полесно внесување на потешките предмети, но мора да се напомене дека дизајнот и во овој дел од автомобилот ги надминува границите на тоа што може да се извлече од автомобили со овие димензии и пропорции.

Со оглед на тоа за каков тип на возило се работи, за дизајнот слободно ќе дадеме највисока оценка, која уште повеќе добива на тежина, кога ќе се погледнат другите конкуренти од класата, исклучувајќи гo нормално клонот на Berlingo, Peugeot Partner. Одлично завршена работа!

Ентериер    

Внатрешноста на Berlingo, пред се е организирана да биде функционална. За тоа најдобро зборува и нашето прво влегување во автомобилот, кога документите, за кои вообичаено тешко наоѓаме место во друг автомобил, ги ставивме во отворената преграда пред совозачот, наменета токму за листови хартија. Со оглед на тоа дека Berlingo (товарната верзија) често ќе го користат работници, кои носат многу документи во раката, ова е брилијантен потег од кориснички аспект.

И не е само тој отвор – бројот на фиоките и места за оставање на ситници е бесконечен. Назад, меѓу предните и задните седишта, дури и во подот има прегради прекриени со патосниците! Нема да продолжиме да ги набројуваме сите отвори, ги има премногу. Квалитетот на пластиката и материјалите употребени во Berlingo е стандарден за вакво мултифункционално возило. Јасно е дека таа е направена да трае, знаејќи како најчесто ќе се користи Berlingo.



На ергономијата нема забелешки – се е на дофат на раката, менувачот, како и вообичаено кај поновите автомобили е поставен повисоко, положбата зад воланот е токму како во патнички автомобил, а седиштата се удобни и не заморуваат дури ни по многу долги патувања итн.

Тука не можеме а да не ги споменеме и страничните лизгачки врати, кои се одлично решение за тесните паркинзи и го олеснуваат влегувањето на задната клупа, но и товарањето, во случај кога се работи за патничка верзија.

Во патничката верзија се нуди и стаклен кров, кој ќе биде поделен на пет дела, а е наречен Modutop. Затоа, патничката верзија на новото Berlingo ќе биде одлична алтернатива на поскапите моноволумени, посебно за посиромашните пазари како што е нашиот.

Товарната верзија пак, донесува до 3,7 кубни метри простор за товарање, што е импресивен резултат, исто како и носивоста од 850 kg. Должината на товарниот простор изнесува до 3 метри (во Extenso модуларна кабина), што е доволно за две евро палети и тоа поставени во широчина.

Удобност / Комфор    

Големиот простор во внатрешноста и изненадувачки мекото возење, го носат Berlingo во врвот од неговата класа, надминувајќи дури и некои моноволумени!

Зголемените димензии и простор насекаде го доближија Berlingo многу до удобноста и уживањето кое го има C4 Picasso, благодарение на што новото Berlingо се очекува да биде исклучително успешен семеен автомобил, иако неговата првична намена е функционалноста и големиот товарен простор.

Со еден збор, Berlingo е комфорен и удобен автомобил. Без многу потреси во внатрешноста поминува преку поголеми нерамнини. Задната оска е за нијанса потврда, тоа веднаш се забележува, но тоа е зоради поголемата издржливост и носивост. Ова секако нема да го расипе уживањето на тие на задната клупа. Сепак, за разлика од автомобилите наменети исклучиво за патници или моноволумените од компактната класа, Berlingo има малку погласно подвозје.

Уживањето во патувањата го надополнува големиот простор – на предните седишта, на задните седишта, за колена, за глава, за рамена – како и да се погледне, Berlingo нуди многу простор, комотен е дури и за пет возрасни патници во него. Посебно импресионира просторот за главата.За ова секако се заслужни прилично зголемените димензии во однос на претходниот модел. Новото Berlingo е 24 cm подолго, 8 cm пошироко и со 3,5 cm подолго меѓуоскино растојание во однос на претходникот.

Во однос на удобноста, Berlingo се чини е подобар кога ќе излезе на автопат – ги пегла сите нерамнини и возењето е исклучително пријатно и тивко, впрочем. Моторот знае да биде гласен при високи вртежи, но ако не се претерува, тој дури и нема да се слуша. Единствен минус е свирењето на воздухот, кое, за волја на вистината, е присутно кај сите автомобили со послаба аеродинамика (моноволумени, SUV, мултифункционални, товарни итн.)

Зголемен е и багажниот простор - мерено до полицата во горниот дел, изнесува неверојатни 675 литри, односно 1.350 литри доколку се наполни до врвот. Со спуштени задни седишта, волуменот се зголемува на џиновски 3.000 литри – како напомена тука, еден просечен фрижидер во домаќинствата брои околу 300 литри! Назад, поради нискиот раб на товарање, без проблем ќе влезат тешки и големи предмети.

Возни Својства / Перформанси    

Веројатно никој нема да избере Berlingo заради неговите возни својства, ниту заради брзината. Едноставно, овој автомобил не е направен за брзо и енергично возење.

Дизел моторот кој го имавме на тест, со зафатнината од 1,6 литри е извонредно избалансиран. Со помош на Common Rail впрскувањето и турбо полначот, извлечени се 75 КС и солиден вртежен момент од 215 Nm. Субјективниот впечаток е одличен – поради кратките први три брзини, патниците добиваат чувство на силно забрзување, но тоа трае многу кратко и е доволно само за во град, Штом се излезе на автопат, почнува да недостасува сила од моторот. Максималната брзина изнесува 160 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h, солидни 14,3 секунди. Бројките јасно кажуваат дека Berlingo не е тркач, туку рафиниран и удобен крстосувач.

Како релативно голем автомобил, од Berlingo не треба да се очекува дека тој ќе биде брз, но има исклучиво добро избалансирани и прилагодени HDI мотори. Границите, во споредба со автомобилите од компактната класа се поставени многу ниско, па и поради неговите димензии, автомобилот лесно се занесува. Во повисоките нивоа на опрема може да се порача систем за стабилност, но останува заклучокот дека Berlingo не е автомобил за спортско возење или одмерување на семафор.

Друг проблем при поенергичното возење е малку непрецизното управување, чија првична намена е олеснување при паркирањето, но и менувачот, кој не прифаќа брзо менување на брзините. Ова беше и единствен дел каде Berlingo не може да се мери со оригинален патнички автомобил – менувачот прилично одговара на некое комбе.

Сигурност и Безбедност    

Новото Berlingo помина доста успешно на Euro NCAP краш тестот со освоени четири **** ѕвездички за заштита на возрасни, односно 27 бода, мошне високи 39 бода и четири **** ѕвездички за заштита на деца и ниски 10 бодови за заштита на пешаци, односно само две ** ѕвездички. Што се однесува до активната безбедност, во поскапите верзии може да се добие систем на стабилноста ESP, а ABS системот против блокирање е стандарден.

Опрема/Цена

Коректната цена и богатата опременост, го прават Berlingo “best buy” за поголемите фамилии.

Моделот кој го имавме на тест имаше се што би ви затребало: ABS, 2 воздушни перничиња, мануелна клима, серво управувач, електрични прозори напред, електрични ретровизори, централна брава, две странични лизгачки врати, радио со CD итн.

Кога ги гледаме перформансите, мора да погледнеме и на потрошувачката. Просекот од фабричките 5,6 литри, за вака голем автомобил, е навистина импресивен. На тестот ние потрошивме околу 6,5 литри, но ќе признаеме и дека не го возевме најштедливо, па оценката за економијата и исплатливоста со секој поминат километар ќе биде и повеќе од солидна, без оглед дали некој ќе го купи како товарен или патнички Berlingo.



Заклучок    

Berlingo пријатно изненади уште на прв поглед. Изгледот на возилото воопшто не кажува дека се работи за робусно мултифункционално возило. Напротив, дури и добрите познавачи, патничката верзија би ја помешале со некој поскап моноволумен.

Рафинираноста и разиграноста во дизајнот се чувствува насекаде – во внатрешноста, која е исклучително функционална и просторна, кај материјалите, кои се многу поквалитетни во однос на стариот модел, (кои сепак не се на рамниште на поскапите моноволумени), но и кај моторот, кој е рафиниран, тивок и економичен итн.

Негативните страни можат да се набројат на прсти – послабите возни својства и малку тромиот мотор при високи вртежи, звукот од ветерот при повисоки брзини, менувач со долги одови, помалку прецизносто управување. Добрата вест е што купувач на Berlingo нема ни да ги забележи овие недостатоци, кои се нужно зло кај ваквите автомобили.

Во однос на патничкиот Berlingo, слободно можеме да го препорачаме на сите оние кои сакаат да патуваат удобно, при тоа носејќи ја целата фамилија, неколку куфери, чамец итн. И, да не го заборавиме малиот, но голем потег од Citroen. Во просторот помеѓу предните 2 седишта сместен е пластичен дел, прилично гфолем, кој без никаков проблем може комплетно да се извади, да се однесе дома, да се наполни и да се врати на своето место во автомобилот. Сепак, зборуваме за функционалност. На сите ни е потребна.

Како конечен заклучок, Berlingo ги поседува сите квалитети, кои треба да ги има ваков автомобил, дури и повеќе од тоа, па затоа, не би згрешиле ако кажеме дека тој во моментов а најдобар автомобил во својата класа, нормално, заедно со близнакот Peugeot Partner. И досега, тоа беше најпродавано возило од таков тип во Европа, со вкупно продадени 1,8 милиони примероци досега. Ништо не е случајно.




Citroën Berlingo Multispace
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил