Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Peugeot 4007 2,2 HDI
 
Spodeli
30 октомври 2009, 20:56


Тест - Peugeot 4007 2,2 HDI Peugeot 4007 Тест - Peugeot 4007 2,2 HDI
Многу автомобилски компании, трагајќи по нови купувачи, се одлучија за влез во нова класа на возила и направија модели кои не беа достојни за името на компанијата. Многу добар пример за тоа е првата Mercedes A Class, која на најобичниот тест наречен “еленски скок”, се преврти, нешто кое му се нема...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Французите не сакаа да ја направата истата грешка и сами да влезат во борба со 4х4 конкурентите, па склучија партнерски договор со една од најпризнатите компании кога се во прашање SUV возилата - Mitsubishi. PSA денес може да се пофали дека поседува возило во соработка со компанијата која е пет пати шампион во Dakar релито, што претставува ултимативен тест за теренците. Знаењето пренесено од тоа рели, можевме да го искусиме со моделот Peugeot 4007, кој го краси препознатлив дизајн, висока функционалност и напреден 4х4 погон, сето тоа комбинирано со удобност на автомобил од високата средна класа,

Дизајн

Ако некоја компанија во последните 15-ина години може да се пофали со дизајнот, тоа секако е Peugeot. Лавчето на предната маска сигурно е едно од најпрепознатливие симболи во авто-индустријата.

Предниот дел на автомобилот со широко отворената хромирана решетка за воздух ја изразува спортската природа на 4007 – издолжените светла како “мачкини очи”, големото лого на компанијата и големите отвори го прават предниот дел препознатлив како Peugeot, но и одважен и робусен токму како што се бара од едно SUV. Странично и од позади, чистите линии не се толку разиграни како предниот дел, но се во функција на поголема стаклена површина и поголема функционалност. Хромираните прагови и лајсни на стаклата, како и широките фелни се надополнување на спортскиот дух што овој автомобил го носи во себе.

Страничниот и задниот дел многу повеќе одговараат на маската на Mitsubishi Outlander, па дури и на третиот близнак, Citroen C-Crosser. Мора да се истакне визуелната целина што ја има 4007. Со едноставни линии, тој е голем, а истовремено компактен, симпатичен и доволно оригинален.

Ентериер    

Ентериерот на 4007 го красат едноставност, чисти линии и внимателно поставени команди. Се во стилот на јапонскиот минималистички дизајн, што посебно ни се допадна и дојде како освежување после многуте нови автомобили со многу копчиња, наредени како во вселенски брод.



Одлично распоредени команди, квалитетна изработка
Сите копчиња во средната конзола се логично распоредени, ги нема многу на број, па за ергономијата може да се даде само највисока оцена. Посебно ни се допадна и навигацијата со екран на допир, која е лесна за разбирање и ракување, и ги содржи сите поважни информации за возилото, радиото итн. Дизајнот на мерните инструменти и хармонијата што владее помеѓу црната боја и челикот го истакнуваат спортскиот карактер изразен од надвор.

Простор за ситници има многу (вкупно 20 - фиоки кај инструмент таблата, во вратите, во централниот потширач за лактови и во кровот итн), што е важно за SUV возилата, од кои се бара голема функционалност. Пластиката е тврда на допир, но се е добро склопено, па и за завршната обработка може да се даде висока оцена. Ентериерот на моделот што го имавме на тест го красат одличните седишта со супер квалитетна кожа.

Удобност / Комфор    

Во кабината на 4007 без проблем можат да се сместат пет, па дури и шест возрасни патници. Просторот е на високо ниво, како за колената, така и за главата и за рамената. Седиштата се одлични и добро го потпираат телото.

Просторот и функционалноста се на највисоко ниво во класата

Секој купувач на SUV со оваа големина логично е да очекува простор во внатрешноста, но 4007 изненадува и во поглед на практичноста и просторот во багажникот. Секој патник има доволно простор и убаво е сместен во големите кожни седишта. Организацијата на возачкиот простор предизвикува чувство на просторност, а надополна на тоа се и големите стаклени површини кои создаваат панорамски поглед за сите патници.

Удобноста е зголемена и со одличната звучна изолација. Моторот е тивок и единствено се слуша кога ќе постигне високи вртежи, што реално многу ретко има потреба од тоа, па звук од кабината речиси и да не се слуша. Дури на брзини над 130 км/h почнува да се слуша звук од ветерот, стандарден за оваа класа на возила.

Големината на багажникот е 510 литри, бројка која не кажува колку е добро осмислен. Дополнителен плус е лесното спуштање на седиштата, при што се постигнува простор достоен за едно товарно возило (1686 литри). Под задната врата, со вертикално отварање, дел од вратата може да поднесе тежина од 200кг, а благодарение на товарниот праг од само 60 cm го прави багажникот многу пристапен.



Во однос на пренесувањето на вибрациите од надвор - потпирањето не е многу тврдо, но веројатно поради ниско профилните гуми и тркала од 18 инчи, вибрациите од поголемите дупки понекогаш непријатно се пренесуваат во внатрешноста.

Клучни за удобноста секако се седиштата. Прилагодливи по висина, длабочина, но и под агол, нудат високо ниво на ергономија, а задните пак нудат разни комбинации на пуштање (2/3, 1/3), а можат и да се поместат по должина од 80cm. Седиштата од вториот ред се спуштаат рачно или автоматски, со прекинувач кој се наоѓа во багажникот, а овозможуваат и фиксирање на 2 Isofix детски седишта.

За истакнување е камерата која се наоѓа во задниот дел од автомобилот и која се активира кога менувачот е во позиција - "рикверц", поради што паркирањето наназад е и тоа како олеснето, што го прави 4007 вистинско уживање. На камерата се гледа задниот дел од автомобилот и секако правецот на возилото. 4007 располага и со звучна помош за паркирање наназад, со помош на 4-те сензори вградени во задниот браник, кои почнуваат да алармираат почнувајќи од далечина од 1 метар пречка зад возилото

Возни Својства / Перформанси    

Тука 4007 собира најмногу поени – напредниот 4х4 погон и добро осмислената конструкција на шасијата, придонесуваат за одлични возни својства. Електронскиот 4x4 менувач овозможува меко и рафинирано менување на брзините

На средната конзола во внатрешноста на 4007 има прекинувач, со кој возачот може да одбере дали сака погон на предната оска (2WD), на двете оски со електронска контрола (4WD – до 55% на задната оска), или пак опцијата Lock, која испорачува по 50% сила на двете оски. Секоја опција има своја намена – првата, со погон на предните две тркала е наменета исклучиво за мирно возење, без апетити за силно влегување во свиоците. Во овој мод, 4007 троши и најмалку гориво, па за секојдневното возење низ град, тој е и препорачлив.

Ако се избере 4WD модот на работа, 4007 може да се вози и спортски!


Вториот мод, со помош на електронската распределба на силата помеѓу предните и задните тркала гарантира оптимална подвижност и држење на патот, е наменет за возење по асфалт. Кога ќе се избере овој погон, 4007, и покрај масата од цели 1.747 kg, суверено поминува низ свиоците, без пролизгувањето на тркалата карактеристично за возилата со погон на една оска. Секако, за одличните возни својства не е заслужен само погонот – подвозјето е со McPherson напред и двоструки рамена назад и кров направен од алуминиум, па тежиштето е спуштено подолу и навалувањето, во однос на конкурентите е многу помало. Одлично е и управувањето, кое е доволно прецизно и дава доволно повратни информации од патот. Сепак, менувачот не е направен за пребрзо менување, но затоа е лесен и задоволувачки прецизен. Се на се, со 4007 може да се вози и спортски, со напомена дека единствено ограничување ќе биде кочењето, кое, поради големата маса на возилото, секако не може да биде на ниво на возилата од компактната или средната класа.

Возењето по терен и калливи терени не му е најсилна страна

Третиот мод на работа на погонот, со распределба на силата 1,5 пати повеќе на задните во однос на предните тркала е наменет за теренски услови - снег, кал, песок.... Сепак, факт е дека Peugeot 4007, како и останатите модерни SUV конкуренти не е вистински теренец, што го покажа и на полесните тестови кои му ги зададовме на падините на Кожуф. Модерните “џипови” не се направени за да влезете во каллив терен полн со вода, или да се искачите на некој екстремно недостапен терен, туку да ви бидат комотни за целата ски-опрема и без проблем да се искачат до скијачките центри или сместувачките капацитети. Тука е суштината на речиси сите возила од оваа класа.



Одлично избалансиран мотор - спој на перформанси и добра потрошувачка

Peugeot направи одличен избор во избирањето на мотор за 4007. 2,2 литарскиот HDi дизел со 160 КС и 380 Nm вртежен момент е права мера за тешката каросерија. Има брз одговор на педалата за гас, се врти и до повисоки вртежи, а и не удира многу по џебот. До 100 km/h на овој голем SUV му требаат само 9,9 секунди, додека максималната брзина изнесува и повеќе од доволни 200 km/h. Потрошувачката, според фабричкиот податок изнесува 7,3 литри во просек (9,6 во град, 6 на отворено), но, реално, таа изнесува околу 1 литар повеќе, што и понатаму е одличен резултат.

Сигурност и Безбедност   
   

Peugeot 4007 се уште не е тестиран од реномираниот EuroNCAP, но од безбедносната опрема има што да понуди. Во серија доаѓаат 6 воздушни перничиња, напредните ABS и АSC (активна контрола на стабилност), како и активни потпирачи за глава на сите седишта. Дополнителен плус за активната безбедност е и погонот на сите четири тркала, кој го ограничува пролизгањето на возилото, придонесувајќи при тоа за повисока безбедност.

Кога е во прашање пасивната безбедност, Peugeot не случајно е на врвот. Автоматското вклучување на фаровите во зависност од надворешното осветлување, но и Xenon светлата споени со прскалки и електричен коректор со цел да не се заслепуваат возилата кои доаѓаат отспротива се само дел од низата безбедносни мерки кои ги поседува ова возило

Опрема/Цена    

Peugeot 4007 не напаѓа во ниската класа – со богатата сериска опрема, овој SUV цели на оние со подлабок џеб, кои не жалат ниту пари за бројните доплати и персонализации. 4007, на нашиот пазар се нуди само во дизел варијанта со 2,2 литарскиот HDi мотор со 160 КС, агрегат кој скоро со сигурност можеме да потврдиме, ги задоволува апетитите на сите љубители на SUV возилата, па зголемувањето на гамата на мотори се чини излишно.


Основниот модел чини 29.990, додека најдобро опремениот 35.310 евра!
Основниот модел со опрема Comfort, има цена од 29.990 евра е полн со опрема – двозонска автоматска клима, ABS, 6 воздушни перничиња, електрични стакла, ABS+ESP, електрика на фарови, магленки, сензор за дожд, кодиран клуч, централна брава, серво управувач и темпомат. И покрај тоа што се работи за солидно опремен модел, нашиот избор би паднал на Premium моделот, кој чини 30.980 евра, а дополнително е опремен и со алуминиумски тркала и радио со CD+MP3, кое недостасува во основниот.

Тестираниот модел, Premium Pack, чини 35.310 евра, но покрај споменатата опрема, нуди и навигација со екран на допир, камера за возење назад, која се покажа како исклучително корисна за ова големо возило, 18 инчни специјални тркала со гуми 255/55, кожни седишта и ксенон фарови.

Заклучок    

Влезот на Peugeot во SUV класата се чини и повеќе од успешен – извонредните возни својства, потпомогнати од напредниот 4х4 погон и пространата и функционална внатрешност, придвижувани од брилијантниот 2.2 Common Rail дизел мотор, го ставаат во преден план за сите фамилијарни авантуристи.

4007 има и некои слаби страни – потврдо возење, тврдата пластика во внатрешноста и менувач кој не овозможува максимално брзо менување во друг степен на пренос. Но во споредба дури и со етаблираните конкуренти од класата, 4007 има предност во позначајните категории, кои најмногу се гледаат при купување на ваков автомобил.

Ако се дискутира цената од 29.990 евра за основниот модел, најмногу треба да се обрне внимание на употребената технологија во овој SUV, која навистина е на високо ниво, пред се алудирајќи на напредниот погон и брилијантниот дизел мотор со Common Rail впрскување од најновата генерација, на активната и пасивна безбедност, но и на понудената опрема.

Да сумираме, Peugeot 4007 е исклучително простран SUV, со простор за целата фамилија и многу багаж, кој не го крати задоволството при возењето, на асфалт, но и на терен, каде може да се однесува и како вистински спортист. Доколку некој купувач ги бара токму овие особини од некое возило, 4007 е вистинскиот избор.


Peugeot 4007
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
odi be. pouboo zemi si outlander 2010 sto e super kola i go kazuam ova zs go imam mitsuto doma. dobar izgled ama outlanderot izgleda mnogu posportski so get figter evo maskata. odstrana i otpozadi se skoro identicni. vnatre isti. so da recam kopija. outlanderot so osnovna oprema e 24980evra vo sporedba so skoro identicniot francuzin poskap zza 5000 evra vo istoto nivo na oprema. ne da ne e dobar ama skap e.
Напишан од Tony  пред  околу 88 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил