Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Alfa Mi.To 1,4 T-Jet - адреналин за влез во премиум сегментот
 
Spodeli
30 октомври 2009, 20:42


Alfa Mi.To 1,4 T-Jet - адреналин за влез во премиум сегментот Alfa Romeo Mi.To Alfa Mi.To 1,4 T-Jet - адреналин за влез во премиум сегментот
Суперавтомобилот 8C Competizione, уште кога се појави на првите фотографии, предизвика невидена еуфорија кај вистинските љубители на автомобилите. Прекрасниот ретро – модерен дизајн, високите странични крила и предната маска со фарови во облик на бадеми, никого не оставија рамнодушен. Иако секој са...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Така беше се до појавувањето на Alfa Mi.To, тровратниот убавец кој изгледа како хечбек изведба на 8C Competizione. Дизајнерски, освен по концепцијата, скоро и да не се разликуваат, па многумина кои го сонуваа 8С, со сигурност ќе им се исполни сонот со Mi.To, кој е многукратно поевтин од својот суперспортски брат, го има во големи количини, а како што покажа и тест возењето, ги задоволува апетитите и на прекалените спортски возачи.

Дизајн    

Alfa Mi.To е дизајниран во Милано во дизајнерскиот центар на Alfa, а произведен е во Торино, затоа е и неговото име. На тој начин, Mi.To е оригинален италијански производ со дизајн карактеристичен само за автомобилите развиени во „Големата чизма“.



Уште во предната маска, автомобилот недвосмислено потсетува на 8С, впечаток кој продолжува и во страничниот и во задниот дел. Бадемастите светла напред, високите бокови од страна, широките крила и кружните задни стоп светла се карактеристични за спортски автомобил, но Alfa отиде и подалеку. Носот во предната маска е зашилен како кај F1 болидите, детал кој ја дава потребната лутина и го прави Mi.To единствен и оригинален.

Дополнителна забелешка, која фрла уште повеќе светло на изгледот е вртењето на случајните минувачи по улиците. Сите беа заинтересирани за овој прекрасен автомобил – едноставно, неговата убавина освојува на прв поглед.

Ентериер

И внатрешноста е дизајнирана за да освои – доминираат кружните форми. Предната табла изгледа доста разиграно, впрочем, како што му одговара на еден тренди и модерен автомобил.

Нешто што веднашсе забележува внатре во автомобилот е нивото на завршната обработка – досега не сме имале искуство со толку добро изработена Alfa. Сите споеви се изработени совршено и тука нема простор за никаква забелешка. Единствено, можеби некому би пречела пластиката во долниот дел од кокпитот, која е позајмена од Grande Punto. Од друга страна, пластиката во горниот дел е мека на допир и потсетува на карбон – фибер, што особено ни се допадна.

Ергономијата е на високо ниво – управувачот е исправен и добро лежи во раце, менувачот е поставен  повисоко и е поблиску на дофат на раката, а седиштата се добро профилирани и прилично тврди, па не заморуваат ниту на подолги патувања. Средната конзола, сепак е набиена со многу копчиња, па треба малку подолго време за нивно навикнување, а командите за клима уредот се поставени малку пониско од вообичаено, па при управувањето со нив погледот малку се тргнува од патот.

Инструмент таблата, како кај секој „возачки“ автомобил ги вклучува сите поважни работи но, нормално, доминираат покажувачите на брзината и бројот на вртежите на моторот, што јасно покажува за каков автомобил се работи. Стрелките во инструментит, кога се во почетната состојба се поставени вертикално, како кај спортските автомобили од раните години на минатиот век, што буди некоја носталгија кај возачот на овој тренди и модерен автомобил. Ноќе, истите се осветлени со светло сина боја, која одлично се сложува со црвената боја на другите инструменти, за разлика од некои конкуренти, каде кокпитот навечер изгледа како новогодишна елка.



На крај, мора да заклучиме дека во внатрешноста на Mi.To, патниците нема да се чувствуваат како во обичен градски автомобил – дизајнот, материјалите и посветеноста на деталите, ја ставаат најмалата Alfa во премиум сегментот, па сосема логично е и чувството на престиж кога ќе се влезе во неа.

Удобност / Комфор    

Во Alfa се свесни, дека најголемиот дел од купувачите на Mi.To, ќе бидат оние кои веќе поседуваат поголем премиум автомобил. Затоа, многу е вложено во рафинираноста и удобноста, која е на мошне високо ниво, и покрај намената на Mi.To првенствено како спортски автомобил,.

Нивото на рафинираност е како во моделите од повисоките класи

Агрегатот е одлично изолиран и при пониските вртежи се слуша само длабок баритонски звук, додека при повисоките вртежи се јавува повисок звук, карактеристичен за спортските автомобили. Преку Mi.To, Alfa докажува дека еден автомобил не мора да биде многу гласен за да биде спортски – звукот од моторот е пригушен, но бојата која ја произведува е како од спортски автомобил. Истото ниво на рафинираност важи и за подвозјето, кое е прилично тврдо, но поради високата крутост на каросеријата, воопшто не ги пренесува вибрациите во внатрешноста. Секако, оние кои сакаат лежерно и меко возење нема да бидат најзадоволни, но Mi.To има првокласни возни својства, дури и подобри од некои потврди автомобили.

Mi.To, според димензиите 4,06х1,72х1,44 (ДхШхВ), спаѓа во В сегментот на градски автомобили, но тоа не е случај со просторот во внатрешноста. За споредба, патниците во Punto ќе се радуваат на многу повеќе простор, посебно на задната клупа. Во Mi.To е далеку од тесно, но многу поевтините конкуренти нудат повеќе простор и практичност – кај најмалата Alfa нема многу простор за оставање ситници, а големината на багажникот изнесува скромни 270 литри, кои главно се организирани во длабочина, па товарањето на подолги предмети е потешко изводливо. Дури и задните седишта, кога ќе се спуштат, не прават идеално рамен простор, макар и да се отстранат потпирачите за глава. Но, прашуваме: Кој купува Alfa за товарање?

Возни Својства / Перформанси

Alfa има богата историја на спортски автомобили, па Mi.To конечно ја враќа таа историја во сегашноста. Лесен, брз и управлив, исто како популарниот Alfasud од пред повеќе од 30 години. Токму тоа се бара од едно Cuore Sportivo.

Формула за забава: 155 КС за 1145 kg

Можеби некому возењето нема да му биде толку спектакуларно како што очекува од 1,4Turbo мотор со 155 КС сместен во автомобил тежок 1145 kg...но тоа е само до моментот на притискање на прекинувачот во централната конзола, со кој се менува од Normal во Dynamic мод на работа. Главно, промените се однесуваат на  педалите за гас, кочницата и завртувањето на управувачот (во Dynamic станнува покрут).

Обичниот мод на работа, Normal е извонредно рафиниран и не тргнува брутално како истиот мотор во Bravo на пример, што е карактеристика плус за удобноста во патувањето, овозможувајќи и моменти на порелаксирано возење, секако по избор на возачот.



Ѕверот се буди со вклучување на Dynamic модот

Но, кога прекинувачот ќе се префрли во Dynamic модот, се буди ѕверот под хаубата на Mi.To. Одговорот на педалата за гас е многу побрз, кочниците реагираат инстантно а управувачот станува попрецизен и овозможува подобро поврзување со патот и предните тркала. Во овој мод на работа, тргнувањето е брутално и на патниците им се чини како да се исфрлени од катапулт. Бруталните забрзувања ги придружува и прекрасниот звук на моторот, кој е вистински празник за сетилото за слух кога стрелката ќе помине над 4.000 врт/мин. Вака, до 100 km/h на Mi.To му требаат само 8 секунди, додека на автопат нема да застане се до бројката од 215 km/h. Бројките јасно кажуваат дека Mi.To, во верзијата со турбо бензинецот, не е обичен градски автомобил и е наменет за уживателите во адреналин.

Но, секое уживање има и своја цена – Mi.To и покрај фабричкиот податок кој вели дека троши 6,5 литри на 100 km во просек, на нашиот тест не можеше да се задоволи со потрошувачка под 10 литри, што во секој случај е реално плаќање на задоволство вредно 155 коњи.

Цврсто и добро избалансирано подвозје

Добар мотор, од друга страна, треба да го поддржи и добро управување и добро избалансирано и цврсто подвозје. Платформата на Mi.To е позајмена од Punto, но е целосно преработена од Cuore Sportivo, што се докажува преку извонредните возни својства. Бидејќи се работи за лесен автомобил, на Mi.To најмногу му одговараат кратките свиоци кои се поминуваат со пониски брзини – тука може да се вози како со картинг, со контролирано пролизгување на задниот дел. До подуправливост (бегање кон надворешноста од кривината), може да дојде само кога ќе се претера, но границите на Mi.To се навистина големи.

Аеродинамика прилагодена и за големи брзини
На поголеми брзини, на автопат, малечката Alfa повторно е во свој елемент – и покрај помалата маса, се однесува неутрално и до брзини од 200 km/h, за што секако најзаслужна е добро пресметаната аеродинамика. Тука во елемент е и одличното кочење, со добро одмерен ABS кој не се вклучува при најмалото притискање на педалата, дозволувајќи подобро дозирање на кочењето, по желбите на возачот.

Одлични возни својства

За одличните возни својства, најзаслужна е суспензијата на Mi.To – тука спиралните пружини се сместени во амортизерот, со што е подобрена е контролата, а навалувањето во кривините е многу помало отколку кај автомобилите со обична суспензија.

Прецизно управување

Следниот важен дел кој треба да го поседува секој спортски автомобил е управувањето – Alfa и тука е одлична. Многу скоро ќе имаме можност да го споредиме со Mini, кој моментно претставува репер за управливост во својата класа.  Управувањето е прецизно и пренесува доволно информации од подлогата, па возачот скоро секогаш знае каде се наоѓаат предните тркала. Единствено, проблем може да настане кога треба да се влезе во повеќе кривини едно по друго, бидејќи при враќањето на тркалата во нултата положба, на моменти управувачот знае да стане лесен и непрецизен, збунувајќи го возачот. Менувачот, пак, ги менува брзините без грешки – прецизен е и лесен, па стартовите на семафор со брзо менување од 1-2-3 се вистинско задоволство.

Се на се, јасно е во кој дел стручњаците на Alfa работеле најмногу – Mi.To е автомобил кој недвосмислено овозможува невидено возачко уживање и е одличен излез од секојдневието преполно со работни обврски.

Сигурност и Безбедност    

На тестот на EuroNCAP, Mi.To, за безбедноста на возрасните патници, помина како еден од најбезбедните модели досега. 5***** ѕвездички и 36 бодови е резултат достоен за почит. Сепак, резултатот за безбедност на деца од 29 бодови и само 3*** ѕвездички, според денешните стандарди можел да биде подобар, додека за пешаци е во просекот – 2** со високи 18 бодови.

Од безбедносната опрема, кај Mi.To стандардни се ABS+EBD+BAS системите и 7 воздушни перничиња, додека поскапите модели доаѓаат и со VDC + Hill Holder + Q2 контрола на пролизгувањето. Според ова, може да се каже дека Mi.To е безбеден во серија, за разлика од некои други автомобили, каде безбедноста се доплаќа.



Опрема/Цена    

Mi.To е автомобил кој припаѓа на премиум сегментот, па и очекувано е да има висока цена. Основниот модел со 1,4 литарски бензински мотор со 78 КС и Progression ниво на опрема, чини 15.990 евра, додека примерокот кој го имавме на тест чинеше 22.730 евра!

Опремата на основниот модел вклучува: ABS+EBD+BAS, 7 воздушни перничиња, клима уред, електрични предни ретровизори, подготовка за радио со звучници и антена, DNA селектор, грејачи на ретровизори и сиви рамки на задните стоп светла.

Тестниот модел, со 1,4 литарски турбо мотор со дупло повеќе сила од основниот, 155 КС, пак во основната верзија чини 17.700 евра, што не е голема разлика во однос на послабиот модел, а разликата во перформансите е голема. Тестираниот модел беше со ниво на опрема Distinctive, кое вклучува ABS+EBD+BAS, 7 воздушни перничиња, автоматски двозонски клима уред, електрични прозори, 16 инчни алуминиумски бандажи, управувач и менувач пресвлечени во кожа, задни светла со хром рамки, хромирана издувна цевка итн. Вака опремен, Mi.To чини 18.800 евра. Моделот кој го имавме на тест имаше плус: прскалки и бришачи на предни светла (140 евра), делива задна клупа (190), металик боја (450), ксенонски фарови (750), патосници (70), алуминиумски педали (100), blue&me (400), обоени клешти за кочници (190), трет потпирач за глава назад (50), спортски пакет (750), радио со CD и MP3 (590) и управувач со команди за радио (250). Со овие доплати, цената се дигнува на 22.730 евра.

За споредба, за истите пари за кои може да се купи Mi.To, може да се купи и спортски мал автомобил од рангот на Opel Corsa OPC (192 КС), Renault Clio RS (197 КС), Seat Ibiza Cupra (180 КС) итн. и тоа со подобра опрема! Сепак, Mi.To e премиум автомобил, кој со себе носи многу имиџ и стил.



Заклучок    

Alfa Mi.To е вистинско освежување во гамата на италијанскиот производител. Неодоливиот дизајн карактеристичен само за Alfa, полетниот турбо мотор, одлично избалансираното подвозје и големата забава во возењето, ја прават најмалата Alfa едно од најпосакуваните возила на пазарот.

Сепак, секое задоволство има и своја цена – основниот модел со моторот со 78 КС чини 15.990 евра. Со посилниот мотор, Mi.To чини 17.700 евра, но вистинските љубители секако дека ќе доплатат за повеќе опрема, првично за радио со CD.

Со оглед на тоа, Mi.To не е автомобил наменет за широките народни маси, од едноставна причина што него му е предодредено да стане класика, а за да биде така, тој не смее да се продаде во премногу примероци. Овој убавец ќе го купуваат вистинските познавачи на автомобилите, оние кои уживаат во возењето и кои знаат што значат 155 КС под хаубата на една Alfa – неограничена забава, многу адреналин, долгогодишно пријателство, а можеби и љубов.


Alfa Romeo Mi.To
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA AKO TI SE ZAFRKNE COMPUTEROT VNATRE ISPOD 1OOO EVRA POPRAVKA NEMA DA TE FATI,
Напишан од ALFA ROMEO MITO PRESKAPA ZA ODRZUVANJE  пред  околу 78 месеци
ova e super samo e presolena za odrzuvanje
Напишан од ATAHACOB ЉУПЧО  пред  околу 81 месеци
site plukaat po golf a i jas oti e 15 000 so 80 konja ami ova za ova uste poveke treba da platis dzabe uba nadvor vnatre starite alfi se poubavi koga bi biral poveke ds3 bi zemal
Напишан од ratkapna  пред  околу 83 месеци
site plukaat po golf a i jas oti e 15 000 so 80 konja ami ova za ova uste poveke treba da platis dzabe uba nadvor vnatre starite alfi se poubavi koga bi biral poveke ds3 bi zemal
Напишан од ratkapna  пред  околу 83 месеци
Во глобала тестовите ви се тапа.Ако стварно ги тестирате дајте податоци за забрзување,меѓузабрзување,кочење(ладни-топли),реална потрошувачка во град и отворено,како се однесува на угорнини,на автопат.Вие само ни давате каталошки вредности помешани со ваше лично мислење,дали вам ви се допаѓа или не.Вие треба да ни презентирате бројки и факти за пореално да добиеме слика за возилата.
Напишан од Giugaro  пред  околу 83 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 5
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил