Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Suzuki Swift - И повеќе од добар...
 
Spodeli
12 април 2011, 17:15


Тест – Suzuki Swift - И повеќе од добар... Suzuki Swift Тест – Suzuki Swift - И повеќе од добар...
Најважниот модел во гамата на Suzuki доби нова реинкарнација, која на прв поглед и не изгледа така...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Препознатливиот изглед не смееше да се загуби, па, иако е многу сличен со претходникот, новиот Swift е комплетно нов модел. И покрај тоа што главните недостатоци му беа мал багажник и малку простор во внатрешноста, Swift во минатото секогаш успеваше главно благодарение на економичната моторизација, одличните возни својства и воопшто, целосна агилност на моделот.

Дизајн



Новиот, пофлуиден и помек дизајн, придонесе Swift да изгледа помодерно и посвежо, и во секој случај многу симпатично. Внатрешноста не е нешто специјално разиграна (како што сега е тренд во пониските класи), па благодарение на минималистичкиот дизајн изгледа многу складно и логично, како во некој VW. Иако дизајниран сосема умерено, целосно гледано, Swift е и повеќе од успешен од дизајнерска гледна точка. Вистинската убавина често доаѓа од самата форма, а не од некои дизајнерски елементи кои траат кратко. Новиот Swift има убавина која ќе трае, сигурно.

На пат

Перформанси
Единствениот бензинец кој се нуди со Swift има зафатнина од 1,2 литри и 94 КС, што на хартија изгледа и повеќе од доволно за градски услови. Но, заради постигнување на ниска потрошувачка, како и повеќето јапонски бензинци и новиот Swift е тром на ниски вртежи. Затоа, ако се притисне над 4.000 врт/мин, почнува да гризе и силно да потегне напред. Ова можеби е и забавно, но ја покачува потрошувачката. Фабричките податоци велат дека забрзувањето до стотка трае 12,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 165 km/h. Заклучок од ваквата прераспределба на сила е дека новиот Swift може да биде онаков како што во моментот вам ви одговара - да се вози многу економично, кога ќе биде и малку поспор, но и да се вози и многу динамично, кога и ќе удри малку повеќе по џебот. Имате избор, во секој случај.

Управливост/Удобност
Претходниот модел важеше за еден од најуправливите автомобили во својата класа, нешто што го наследува и новиот модел. Прифаќа брзи промени на правецот, има прецизно управување и агилно и динамично се однесува на кривулести патишта, па, во однос на забавата што ја нуди, дефинитивно, новиот Swift е еден од најдобрите автомобили во својата класа.

Но, за разлика од претходникот, новиот Swift сега е и многу поудобен - можеби не како кај најудобните во класата, но возењето сега е многу попријатно и ударите од големите дупки се чувствуваат многу помалку. Дефинитивно е постигнат одличен компромис меѓу возните својства и удобноста.

Рафинираност
Она што импресионира е механичката рафинираност на моторот – во целиот распон на вртежи работи речиси перфектно  и без никакви вибрации. Единствено при високи вртежи, звукот од моторот продира во кабината, доловувјќи пријатно спортско чувство.


Во кабината



Простор/Практичност
Повисокиот покрив и поголемото меѓуоскино растојание овозможуваат многу повеќе простор за патниците и напред и назад, па во новиот Swift без проблем ќе се сместат и четири возрасни патници. Сепак, разочарува багажникот, кој има скромни 211 литри – конкурентите нудат и до 80-90 литри повеќе. Исто така, задниот праг е поставен многу високо, па за внес на багажот ќе треба да се подигне многу повисоко.

Ергономија
Уште при првото седнување, возачот ќе се чувствува фамилијарно со внатрешноста на Swift. Идеалната позиција зад управувачот се наоѓа многу лесно, седиштата се извонредни, а сите контроли се интуитивно изведени и на дофат на раката. Едноставниот и логичен дизајн на ентериерот дозволува копчињата на средната конзола да се доволно големи и читливи, за разлика од некои конкуренти. Прегледноста, благодарение на класичната форма на каросеријата, исто така е силна страна на Swift, па заклучок е дека во однос на ергономијата, новиот Swift е идеален автомобил, секако во рамките на својата класа.

Опрема
Како и претходникот, така и овој Swift доаѓа со богата стандардна опрема, а и поопремените модели не се многу поскапи. Основниот модел доаѓа со целосна електрика, клима уред, радио со CD+MP3 и извонредно богата опрема за безбедност – 7 воздушни перничиња, ABS и контрола на стабилноста, ESP. Безбедносна опрема, која конкурентите не ја нудат ни во најскапите модели.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Со актуелната цена од 9.990 Евра, новиот Swift иако е помеѓу најдобрите модели во класата, може да се натпреварува со конкурентите во поглед на достапноста и минималните цени. Со оглед на опремата која доаѓа уште со основната верзија, цената е апсолутно прифатлива. Достапен е сега и со дизел мотор, како и со LED светла.

Swift ветува и ниски трошоци за одржување, особено што оваа јапонска марка во минатото докажа дека нуди доверливи автомобили кои ретко бараат поправки, а во прилог на доверливоста оди и гаранцијата од 3 години или 100.000 km.

Она што изненадува позитивно, е ниската потрошувачка на бензинецот, речиси како кај дизел моторите. Со Stop&Start системот (доплата од 300 евра), Swift може да се задоволи со 6,5 литри во град (5,8 фабрички), што е во најмала рака импресивен резултат. На отворено, реалната потрошувачка изнесува нешто под 5 литри на 100 km (4,4 фабрички), што во просек изнесува одлични 5,5 литри (4,9 фабрички). Со оглед на ваквите бројки за потрошувачката, недостатокот на дизел во моменталната понуда на Swift речиси и да не се чувствува.

Квалитет, доверливост и повратна вредност

Сите автомобили што доаѓаат од земјата на изгрејсонцето важат за доверливи и малку расипливи. Затоа, Swift има многу задоволни корисници ширум светот. Истото делумно се однесува и на квалитетот, особено во поглед на изработката, која е исклучително прецизна. Единствено, за впечатокот за квалитет да биде целосно позитивен, малку пречи тврдата пластика во внатрешноста.

Повратната вредност на Swift веројатно нема да биде добра како кај „домашните“ конкуренти, на пример Yaris, но подобра од таа на многу европски и особено корејски конкуренти. На половните пазари, веројатно ќе „запали“ богатата опрема, која сигурно ќе допринесе за добивање на повисока цена.

Безбедност



Чисти пет ѕвездички за Swift на тестирањата на Euro NCAP и особено импресивен резултат за заштита на возрасните патници од високи 94%. Дополнителен плус за безбедноста најавува и исклучително богатата безбедносна опрема од 7 воздушни перничиња и стандардните ABS и ESP.

Заклучок



На страна помалиот багажник и малите недостатоци како тврдата пластика во внатрешноста и малку погласниот мотор, Swift е одличен избор за сите помлади купувачи. Вози забавно, има место за цело друштво, троши многу малку и изгледа доволно добро за паркирање некаде на Ленинова. А, максимално е квалитетно изработен и доверлив, што гарантира заштеда на домашниот буџет. 

Ако добро се размисли, волку многу позитивни карактеристики нудат само неколку конкуренти. Во поглед на чистата забава во возењето, има малку модели кои можат да му конкурираат на Swift, а оние кои ја нудат, се немилосрдни во поглед на удобноста. Овој пат, Suzuki дефинитивно нуди одличен компромис меѓу уживањето на возачот и уживањето на патниците.

Дефинитивно, автомобил за кој вреди да се размисли. Swift потсетува на некој мирен, тивок, вреден и многу паметен јапонец. Можеби не е толку експониран помеѓу јавноста заради помирниот маркетиншки настап на компанијата (особено на нашиот пазар), но за овој Swift, ве уверуваме, вреди секое платено евро, без оглед што навидум е со малку повисока цена од конкурентите. Има причина зошто е тоа така. 

Предности:

    - Одличен компромис меѓу удобноста и управливоста
    - Супер економичен мотор 
    - Многу простор во внатрешноста
    - Богата опрема во сите изведби
    - Коректна цена
    - Исклучително агилен и динамичен
    - Високо ниво на ергономија и прегледност
    - Модерен, свеж дизајн 
    - Високо ниво на безбедност
    - Модерен, свеж дизајн

Недостатоци:

    - Послаба звучна изолација, бука во кабината
    - Моторот бара високи вртежи за добри перформанси
    - Многу мал багажник со висок раб на товарање
    - Тврда пластика во внатрешноста
    - Само еден мотор во понудата


Suzuki Swift
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
swiftov e ludnica, jas go zemav so 3 vrati GLX i nema da veruvate deka mi trosi samo 6,0 lit. u grad.
Напишан од bobi  пред  околу 76 месеци
ZAKON E JAPONECOT NEMA STO
Напишан од ZAKON E JAPONECOT NEMA STO  пред  околу 76 месеци
svivtov e stvarno ludilo :)
Напишан од Alex  пред  околу 76 месеци
Sviftov navistina ste go testirale i od tekstot se gleda deka ste oduseveni, so pravo !
Напишан од Mac  пред  околу 76 месеци
Suzuki se zverovi imam drugr imaat sluzben suzuki swift od starite tret im po red gi premotuvaat po 300 000 a do tolku ni remont ni nisto.Japanec si e japanec.
Напишан од Koki  пред  околу 76 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил