Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Peugeot 308 RC - брз и удобен лав, со 175 КС
 
Spodeli
30 октомври 2009, 18:36


Peugeot 308 RC - брз и удобен лав, со 175 КС Peugeot 308 RC Peugeot 308 RC - брз и удобен лав, со 175 КС
Peugeot има голема историја кога се во прашање “жешките” компакти – 205 GTi и 306 GTi-6 се уште важат за икони кај спортските автомобили. Со вградувањето во 308 на еден од најсовремените турбо мотори денес, направен во соработка меѓу BMW и PSA, Peugeot најавува враќање на големата сцена во овој сег...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Моторот со зафатнина од 1,6 литри извлекува175 КС, па заедно со новиот мануелен менувач со шест степени ќе треба да овозможи ултимативно спортско доживување.

Бидејќи веќе тестиравме “цивилна” верзија на 308-ката, во овој тест најмногу внимание ќе обрнеме на возните својства – останува позитивниот впечаток за големата и комфорна внатрешност, големиот багажник, безбедноста и квалитетот. Единствено по што би требал да се разликува овој модел од стандардниот е секако возбудата.

Колку успеа да не возбуди овој модел, прочитајте во ексклузивното тест возење на Peugeot 308 RC THP, иако веќе пренесовме дел од импресиите за овој автомобил. Веројатно се сеќавате, уште во мај минатата година ви ги пренесовме нашите први впечатоци од 308 RC, со кој се запознавме на неговата светска премиера, на Сардинија, во Италија.

Дизајн

Се чини дека со спуштањето на автомобилот за 10 mm и ставањето на поголеми тркала, 308 доби сосема нов изглед. Прекрасните бандажи од 18 инчи одлично се вклопуваат во широките крила, а спуштеното подвозје дава пониска и подинамична силуета, па агресивниот дизајн на обичната 308-ка во оваа изведба конечно доаѓа до израз, посебно ако се гледа силно закосениот преден дел, со нос како од F1.



Дополнителен позитивен впечаток оставаше црвената линија по целата должина на автомобилот и страничната ознака RC со налутениот лав спремен за борба. На овој начин, 308 RC изгледа како некој рели автомобил, забрзувајќи го срцето на корисникот уште пред тој да влезе во него.
Затоа, оценката за дизајнот на оваа верзија ќе биде повисока отколку кај основниот модел.

Со овој модел се потврдува нашата теза од претходно, дека на 308 многу подобро му стојат поголеми тркала со вградени широки пневматици со понизок профил. Тоа секако, важи за речиси секој автомобил, но тука е особено изразено.

Ентериер

Внатрешноста на тестираниот модел, покрај големиот простор кој го нуди и основниот модел, беше опремена со многу детали кои го зголемуваа чувството на луксуз.

Ако кај претходниот модел не ни се допадна дупката во средната конзола, тука беше сосема обратно – кај овој модел тој простор е исполнет со шаржер за шест CD-a, а за уживањето да биде поголемо, вградена беше и навигација која покрај тоа што го покажуваше патот, беше празник за очите навечер. Кожните седишта со поголема странична потпора, одлично го држат телото во свиоците, а квалитетната кожа ги милува патниците и покрај спортската намена на ова возило.



Кај RC моделпт дополнително е вграден и панорамски сончев покрив, кој во средината е поделен со црвената линија која поминува по целата должина на автомобилот. Тоа малку ја намалува стаклената површина, но така потсетува на некој спортски Targa автомобил, што особени ни се допаѓа.

Имајќи го предвид фактот што располага со многу опрема, за моделот со дизел мотор од 110 КС, кој претходно го имавме на тест, кажавме дека има одлична завршна изработка. За спортскиот, со 175 КС едноставно можеме да кажеме дека потсетува на возило од една класа погоре.

Удобност / Комфор

За разлика од другите GT автомобили на пазарот, 308 RC не е наменет исклучиво за спартанско спортско возење. Кај него и удобноста и комфорот се на изненадувачки високо ниво.

И покрај спуштањето на целиот автомобил за 10 mm, 308 не изгуби сериозно од удобноста карактеристична за француските модели. Да, се чувствува малку погрубото поминување врз нерамнините, но забелешката што ја имавме кај обичниот модел, дека кога поминува преку ситни нерамнини пренесува незгодни вибрации, кај овој модел исчезнува. Тој многу посуверено ги впива нерамнините и покажува голема цврстина, слично како кај германските конкуренти.
Комфорот, секако, повторно е една од најголемите предности на овој автомобил – и на предната и на задната клупа има простор за сите четири возрасни патници да уживаат во брзото возење, а багажникот е на највисоко ниво во класата – брои неверојатни 430 литри.

Возни Својства / Перформанси

Peugeot направи одличен избор во подесувањето на суспензијата на 308. Кај послабите модели таа е подесена за удобност, а кај RC е направена за да овозможи поголеми брзини во свиоците и поголема стабилност, секако. За моторот пак, најдобро кажуваат освоените награди – две години по ред е мотор на годината во светот во неговата класа.

За да се пренесе целата турбо сила на моторот на површината, суспензијата претрпе неколку измени. Амортизерите и пружините се 35% поцврсти, вградени се стабилизатори напред и назад, а целото подвозје е спуштено за 10 mm. Со сите овие преправки, 308 RC станува сериозен конкурент на најуправливите во класата. Сега, 308 многу попрецизно и со многу помало навалување поминува низ свиоците, а возачот прима многу повеќе повратни информации од патот. Возењето кај овој модел е вистинско уживање, за што уште повеќе придонесува добрата поставеност зад управувачот и перфектниот мануелен менувач со шест степени кој е направен во соработка со BMW.



Французите побараа помош од Баварците кога е во прашање и моторот – 1,6 литарскиот турбо бензинец е дефинитивно најизбалансираниот бензински турбо мотор. Забрзувањата се течни и уште од 2.000 врт/мин го лепат телото за седиштето, а за разлика од другите турбо мотори, овој не застанува се до црвеното поле на 6.500 врт/мин. Максималниот вртежен момент од 240 Nm достапен од дизелски 1.600 врт/мин, што значи дека без проблем може да се одржуваат ниски брзински просеци и во повисоки степени на пренос, со што се намалува потрошувачката, а кога треба достапен е и overboost модот кој при посилно притискање на педалата за гас, испорачува 260 Nm на предните тркала. Затоа, нема воопшто застој во забрзувањата, а престигнувањата дури и на поголемите нагорнини се екстремно лесни, па возачот добива чувство на моќ зад управувачот.

Сепак, бројките кажуваат дека 308 RC не е најбрз во класата, а не ни може да биде, бидејќи со 175 КС заостанува зад конкурентите (VW Golf GTI – 200 КС, Ford Focus ST – 225 КС, Honda Civic Type R – 201 КС итн.). Забрзувањето до 100 km/h трае 8,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 225 km/h. Тоа е и до секунда и пол, послабо од конкуренцијата, но главната намена на 308 RC не е тој само да биде спартански спортски автомобил. Неговата намена е да овозможи спортски перформанси, но и високо ниво на удност, нешто кое не можат да го понудат исклучиво спортски настроените конкуренти.

И најдоброто доаѓа за крај – 308 RC, според фабричките податоци, троши само 7,6 литри на 100 km! Секако, доколку се цеди до крај, моторот бара и повеќе од 10 литри, но фабричката вредност доколку се вози претпазливо и навистина може да се постигне! Штедењето со спортски автомобил до сега беше незамисливо, затоа, едно големо браво за инженерите на PSA и BMW – моторот е едноставно брилијантен!

Опрема/Цена    

Тестираниот модел беше најлуксузно опремен со сите додатоци за безбедноста и луксузот. Опремата која ја поседува ова возило е карактеристична само за моделите од средно високата и високата класа!

Пакетот Feline содржи целосна електроника, целосен систем за активна безбедност, 7 воздушни перничиња, радио со CD+MP3 и менувач за шест дискови со осум звучници, двозонска автоматска клима, 17 инчни специјални бандажи и уште многу други дрангулии, а цената на овој модел изнесува 25.010 евра. Интересно, од прилика толку чинат и конкурентите од GT класата со посилни мотори, но и со многу посиромашна опрема.

Тестираниот модел пак дополнително беше опремен со: аларм (390 евра), AFIL систем за предупредување за поминување преку лента кога не е пуштен трепкачот (710 евра), 18 инчни бандажи (230 евра), Vision Pack со една средишна црвена лента и странични лепенки со ознаката RC (580 евра), паркинг сензори напред и назад (330 евра), кожа (1.340 евра) и навигација (2.410 евра). Со сите овие додатоци, цената на автомобилот се качува на магични 31.000 евра, пари со кои може да се купи и добро опремен SUV од средната класа. Навистина, во вака опремен 308, чувството на луксуз и скапоценост е големо, но факт е дека 31.000 евра е премногу за компакт автомобил, макар бил опремен и со драгоцени камења.



Заклучок    

Peugeot 308 RC е перфектен автомобил за оние кои сакаат спортски перформанси и повремено покачување на адреналинот во крвта, а не сакаат да го расипат комфорот и удобноста на другите патници.

Жешкото лавче не е ниту најбрзо, ниту најевтино во класата, но е сигурно најдобриот универзалец помеѓу споменатите конкуренти. Поседува некоја посебна магија и привлекува и од надвор, а особено кога ќе седнете зад управувачот. Моторот е дефинитивно најдобар во класата, брз е и знае да штеди кога треба, а внатрешноста е место каде секој патник ќе се чувствува комфорно и отмено.

Сепак, не е лесно да се оправда високата цена од 25.010 евра за пакетот со опрема Feline, а уште помалку на тестираниот модел кој чини 31.000 евра. Одличната механика и високото ниво на опрема, во голем дел ја оправдуваат цената на автомобилот. За споредба, за тие пари може да се купи добро опремен модел од средната класа и тоа од куќата на Peugeot (407).
Но, нели велат, не било се во големината, нели?




Peugeot 308 RC
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил