Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Dacia Duster - Далеку од конкурентите, но далеку и од SUV за потсмев
 
Spodeli
07 април 2011, 02:47


Тест – Dacia Duster - Далеку од конкурентите, но далеку и од SUV за потсмев Dacia Duster Тест – Dacia Duster - Далеку од конкурентите, но далеку и од SUV за потсмев
Dacia Duster е SUV наменет за источно-европскиот пазар - голем автомобил, со SUV амбиции, и со безобразно ниска цена....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Duster е уште еден од автомобилите за кои е тешко да се пишува. Да размислувате да купите Duster e како да треба да одлучите дали да купите телевизор Quart (голем, со многу инчи), или некој Samsung со LED технологија (нека биде и помал, со помалку инчи), на кој може да гледате во многу поквалитетна слика. И на двата телевизора ќе го изгледате фудбал и ќе го испиете пивото, само што тоа ќе го направите со различно чувство на задоволство. Тешката работата за нас од Koli.com.mk е во тоа што на оној кому фудбалот на Quart му изгледа исто добро како и на било кој телевизор, многу потешко може да му доловите каде е разликата.

На пат



Перформанси
Уште на хартија се гледа дека е скратено и на основните работи. Основниот бензиски мотор понуден со Duster нема да понуди ниту задоволителни перформанси, иако дизелите солидно повлекуваат од пониските вртежи. Споредено со модерните SUV-a на другите марки, кои доаѓаат со мотори со сила од околу 150 КС, и во посилните изведби, Duster би бил полжав. Ако веќе се бараат подобри перформанси, изборот треба да падне на посилниот дизел.

Удобност/Управливост
Од Duster никој нема да бара добри возни својства на асфалт, но дури и најсмирените возачи ќе најдат забелешки на непрецизното управување и слабото држење на патот. Да го задржите на вистинската линија е вистинска борба, и уметност сама по себе. Удобноста сепак не му е лоша страна, иако вибрациите од поголемите дупки директно се пренесуваат во внатрешноста. Duster пак изненадува со солидните возни својства на терен. Секако дека нема да ја наследи легендарната Lada Niva, но е доволно добар за обичниот оф-роуд возач, Препорака, ако веќе се купува автомобил со SUV каросерија, желбите за за оф-роуд полесно би се оствариле со моделот со погон на сите четири тркала.

Рафинираност
Вибрациите од моторот и од подвозјето секако дека упатуваат на ниската цена на овој автомобил, иако, моторите не се толку гласни како кај претхдните Dacia модели. Секако, кутиестата каросерија носи многу звук од ветерот при повисоки брзини.

Во кабината



Простор/Практичност
Duster ја поседува најпространата кабина од автомобилите со иста цена. Простор за возрасни има и напред и назад, багажникот има доволна капацитет за секаква употреба, а и низ кабината има доволно места за одлагање ситници.

Зад управувачот
Високото седење овозможува добра видливост кон надвор, но возачот ќе најде забелешки на фактот дека не е можно подесување на управувачот по длабочина. Ергономијата е солидна, освен командите за клима-уредот кои се сместени подолу отколку што би требало. Но, тоа не би им пречело на повеќето купувачи на Duster, бидејќи и така, основниот и најпродаван модел на Duster нема клима уред.

Опрема
Основниот модел доаѓа со.. односно се извинуваме, доаѓа без опрема. Да, нема ни клима уред, ни радио, ни електрика... Има само ABS и 2 воздушни перничиња. Секако дека поскапите модели доаѓаат со сите основни „потребштини“, но не очекувајте да видите Duster со навигација на допир или некој напреден аудио уред... Renault луксузот го сервира само во своите модели, не и во евтината Dacia.

Финансии



Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Јасно е, за парите со кои може да се купи Duster, не може да се купи ниту еден друг SUV автомобил, освен веројатно од новиот кинески бренд Cherry. Dacia Duster вози со проверена механика од Renault, за очекување е дека во овој дел не би требало да има проблеми, но истото не значи и за електрониката, која е слаба страна и кај Renault.

Просечната потрошувачка во град кај основниот и најпопуларен кај нас бензиски мотор, реално е некаде во интервалот од 11,5-12 литри, односно преку 9 литри во просек (град и отворено), наспроти фабрички ветените  7,5 литри. Дефинитивно вреди да се доплати разликата од 1.200 евра за послабиот дизел, кој изненадува со потрошувачката – може да се задоволи и со 6,5 литри во просек (5,1 фабрички), додека посилниот со околу 7 литри, бројки кои се за поздрав.

Квалитет, доверливост и повратна вредност
Она што најмногу боде очи кај Duster е евтината внатрешност. Материјалите се од слаб квалитет, а изработката очајна, особено по денешни стандардни. Добрата страна во однос на евтината внатрешност е што на сопствениците на Duster веројатно нема да им е жал ако нешто се изгребе или оштети. Иако механиката е од Renault, целосно послабата изработка остава можност за сомнеж во однос на доверливоста.

Во однос на повратната вредност, секако дека Dacia нема да може ни одблизу да задржи цена како европската и јапонската конкуренција на пазарите за половни автомобили, но пресметките се интересни: За основниот модел, Dacia Duster нема многу да загуби на вредност бидејќи и така не е скапа. Може да се вози 6-7 години, па тогаш да чини 2-3.000 Еур, што и не е така голема загуба на вредност (6-.7000 Еур, за 6-7 години, што е некаде во просек од околу 1.000 Eur годишно).

На страна недостатокот нарафинираност и префинетост, иако Duster навидум е евтин автомобил, високата потрошувачка на основниот бензиски мотор и го прави типично македонски избор - сиромавиот секогаш плаќа двојно. Иронично е да се купи автомобил затоа што е евтин (зчачи се следи желбата да се заштеди), а да се прифати висока потрошувачка  од околу 12 литри во град?! Колку и да се гледаат ниски 9.000 Евра, апсолутно не се тоа пари за потценување. Сепак, за тие пари се купува нов автомобил, од реномирана марка, со речиси сите потребни ставки од опрема, и заради секодневно задоволство, но и заради безбедност.

Безбедност

Трите ѕвездички освоени на најновите тестирања на EuroNCAP, припаѓаат на некои дамнешни времиња, а и дополнително укажуваат на тоа дека главната грижа на инженерите била да ја одржат цената на Duster на најниско можно ниво, а не да се понуди безбеден и сигурен автомобил, особено и заради неговата висина и послаба управливост и стабилност.

Заклучок



Како што е факт дека Duster никако не може да се носи со автомобилите на денешницата и нема доволно квалитети за да го оправда присуството на модерниот пазар, факт е и дека се работи за убедливо најевтиниот автомобил со SUV изглед. Досегашната практика покажува дека Duster не го купуваат оние што сакаат оф-роуд, туку оние со желба за голем и евтин автомобил.

Сепак, не може да се потцени фактот декат сите љубители на SUV возилата сега може да си дозволат еден ваков голем автомобил по многу пониска цена отколку што било потребно досега. Само, грешка би било ако помислат дека оние што купиле RAV4 или Tiguan, па и Skoda Yeti на пример, направиле погрешен избор и непотребно потрошиле повеќе пари. Тоа се вистински SUV модели. Сепак, се работи за класни разлики – исто толку колку што е разлика во цената.


Предности
•    Ултра ниска цена
•    Пространа и функционална внатрешност
•    Голем багажник
•    Ниска потрошувачка кај дизел моторите
•    Солиден на терен
•    Солидна удобност

Недостатоци
•    Слаби перформанси и висока потрошувачка од основниот бензиснки мотор
•    Неквалитетна внатрешност и многу лоша завршна обработка
•    Малку опрема, осовиот модел речиси и да нема
•    Слаба безбедност
•    Слаби возни својства
•    Моторите предизвикуваат вибрации
•    Многу звук од ветерот


Dacia Duster
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
ПРЕТЕРАНО УТНАТА ИНВЕСТИЦИЈА
Напишан од ПРЕТЕРАНО УТНАТА ИНВЕСТИЦИЈА  пред  околу 71 месеци
АБЕ ОВА САМО ЦЕНАТА Е УБА ДРУГОТО И4 НЕ ЧИНИТ
Напишан од a  пред  околу 72 месеци
LADA NIVA I TOYOTA LANDCRUSER.ZAKON ZA TEREN.OVA NE UTNATA INVESTICIJA
Напишан од LADA NIVA I TOYOTA LANDCRUSER.ZAKON ZA TEREN.OVA N  пред  околу 74 месеци
Pa moze da se rece deka ova vozilo e konkurencija na Lada niva, koja ima performansi za losi terenski uslovi, a se ostanato e katastrofa. No ima pazar i za takvi vozila
Напишан од Mac  пред  околу 74 месеци
Katastrofa od vozilo,
Напишан од Pero  пред  околу 74 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 11
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил