Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Citroen C4 1,4 Berlina - Рели Шампион за 13.000 Евра
 
Spodeli
30 октомври 2009, 18:21


Citroen C4 1,4 Berlina - Рели Шампион за 13.000 Евра Citroën C4 - Classic Citroen C4 1,4 Berlina - Рели Шампион за 13.000 Евра
Смело дизајнираниот С4, за прв пат се појави во 2005, како наследник на супер успешната Xsara. Уште по првото појавување, наполни многу автомобилски срца во светот. Тоа значеше дека е роден бестселер – С4 досега се продаде во милионски примероци....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Оваа година моделот го доживеа и својот прв фејслифтинг – Citroen порачува дека се отстранети некои недостатоци, а вградени се нови бензински мотори, конструирани во соработка со BMW.

Дизајн    

Комплетно различен од кој било автомобил на пазарот, со својот дизајн нема да помине незабележан. Иако моделот е актуелен повеќе од три години, неговиот дизајн се уште е актуелен Самата популарност на нашиот пазар и кај машкиот и кај женскиот дел од купувачите, доволно кажува за убавината на С4.

Во понудата се 2 потполно различни (освен предниот дел на автомобилот) каросериски варијанти на С4, едната е со 3 врати и нагласена спортска нота, наменета за млади и енергични луѓе, за оние кои имаат “автомобилски вкус”, а другата е фамилијарна изведба со 5 врати, која нуди повеќе простор во кабината, но и го задржува футуристичкиот дизајн.

Впечатливата и атрактивна заоблена каросерија нема допирни точки со претходниот модел (Xsara). На предниот крај доминираат фаровите во облик на бумеранг, кои се преземени од поголемиот модел С5. Маската и капакот на моторот градат една целина, која го истакнува логото на Citroen. Страничната силуета ја нагласува фамилијарната карактеристика, со нагласен простор и комфор, за разлика од многу поагресивниот брат кој има 3 врати.

Заоблените линии се присутни и на задниот крај каде исто како и на предниот дел доминираат оригиналните издолжени стоп светла, вертикално поставени. Иако, дизајнерите најчесто немаат идеи за задниот дел на автомобилите, С4 отстапува од овој шаблон и плени со своето иновативно решение за позадината. Може да заклучиме дека, С4 претставува дизајнерски навистина дотеран автомобил.

Ре-дизајн на C4
Освежената верзија е малку испеглана во споредба со претходната – во предниот дел маската е малку подебела, а двојниот “шеврон” е помеко изведен и сега се качува и малку нагоре кон предните фарови, слично како кај новиот C5 (назад изменети се стоп светлата, кои сега имаат нова графика). Навистина, разликата ќе може да ја забележи само истренираното око, но факт е дека С4 изгледа посвежо.

Веќе и не е изненадување ако Citroen направи убав автомобил – тука Французите секогаш се во врвот.

Ентериер    

Целта на инженерите од Citroen, секако била да направат смирено и релаксирано место за престој на патниците, за што придонесува и управувачот, чиј средишен дел не се движи, но и некои други мали, но многу значајни детали, се во функција на опуштеното возење.



При влегување во автомобилот по малку ќе се чувствувате како во сцена од некој научно-фантастичен филм, бидејќи ништо не се наоѓа на очекуваното место (според искуството од автомобилите на останатите производители), а големите светлечки екрани блештат на сите страни. Во очи паѓа и необичниот управувач, чиј средишен дел е фиксен, при што се врти само надворешниот прстен. Ваквото, помалку експериментално решение на фиксниот средишен дел, на прв поглед делува помалку зачудувачки, но потребни се само неколку минути за да се навикнете. На средишниот дел се наоѓаат најразлични команди и воздушното перниче, кое со ваквото решение секогаш е во оптимална положба. На фиксниот дел се наоѓаат и два помали екрана, еден за сигналните сијалици за покажување насока и осветлување и другиот на кој се наоѓа бројач на вртежи, кој при надминување на дозволениот број ја менува бојата од портокалова во црвена.

Седиштата се меки и немаат некоја поголема странична поддршка, асоцирајќи на тоа како треба да се вози C4.

Иновативна и футуристичка предна конзола

Предната конзола изгледа како да е дојдена од иднината – кај С4 ги нема класичните аналогни инструменти – тука се е дигитално. Покажувачот на брзината на движењето се наоѓа на средината. Поставен е повисоко, па не треба многу гимнастика со очите за да се погледне во него, што секако е плус за безбедноста. Командите се секогаш на дофат на раката, посебно оние што се наоѓаат на управувачот, бидејќи неговиот средишен дел не се движи.

Покрај пространоста, силна страна на С4 е и неговата функционалност со голем број на простори за оставање на предмети.

Единствената забелешка оди за командите на борд компјутерот, кои се наоѓаат премногу далеку од дофатот на раката, па возачот треба да се помести понапред за да ги дофати. Менувачот, исто така, е одлично поставен и добро легнува в рака, а управувачот може да се намести во височина и длабочина, па лесно е да се најде вистинската позиција.

За одбележување е и завршната обработка, која е малку подобрена во однос на моделот пред освежувањето.

Удобност / Комфор    

Многу простор во внатрешноста, меко и свиленкасто возење, тивки мотори... Ништо невообичаено за еден француски автомобил – кога е во прашање комфорот и удобноста на патниците, Citroen C4 е еден од најдобрите во класата.

Кога беше претставен, С4 беше рекламиран како најпростран во класата – сега излегоа и пошироки автомобили во внатрешноста, но C4 се уште може да се пофали дека на секој патник ќе му пружи доволно простор. И на предните и на задните седишта ниту на највисоките нема да им фали простор.

Високо ниво на комфор, одлична звучна изолација, тивки мотори

Високиот комфор во внатрешноста е надополнет и со добрата звучна изолација и тивките мотори. С4 ги пегла ситните нерамнини, единствено можат да го изместат само поголемите дупки или лежечки полицајци, слично како кај 308, но значајно е што ударите не одат директно на телото на патникот, само се слушаат. Моторите не произведуваат некој продорен гласен звук и се пријатни за увото, а врвната аеродинамика се грижи да не влегува ниту звук од ветерот, дури и при брзини над 120 km/h.

Сумирано, удобноста и комфорот во С4 се врвни – помеките пружини во однос на конкуренцијата (дури и во однос на моделот со кој ја дели платформата, Peugeot 308) придонесуваат за меко и рафинирано поминување преку нерамнините, што е ретко карактеристично за компактен автомобил. Иако, мора да се забележи дека сите автомобили од оваа класа се малку потврди, во однос на автомобилите од истата класа од пред 6-7 години, најмногу поради подобрување на возните својства и зголемување на безбедноста.

Компактните надворешни димензии (4.260x1.773x1.458 mm) нудат голема пространост за патниците, но како резултат на тоа намален е багажникот кој има зафатнина од само 320 литри, што е сепак малку за автомобил од класата на фамилијарни возила.

Возни Својства / Перформанси

Основниот бензинец со зафатнина од 1,4 литри, произведува солидни 90 КС и е прилагоден за посмирените возачи. Може да се каже дека одлично му прилега на смирениот С4.

Citroen C4, со Sebastien Loeb зад управувачот, веќе неколку години по ред е победник во WRC првенството. Искуството од ова натпреварување, инженерите одлично го пренеле и на автомобилот. И покрај помеко подесеното подвозје, С4 многу неутрално поминува низ свиоците, и не заостанувајќи многу зад најдобрите во класата. При побрз влез во некоја кратка кривина, малку поголемата маса на автомобилот знае да дојде до израз, но и при граничните услови тој останува неутрален и ја следи зададената линија.



Одличен при повисоки брзини

Сосема е друга приказната при излегувањето на автопат и кај подолгите свиоци – тука поголемата тежина му овозможува на С4 суверено, без проширување на линијата на патување, да поминува низ кривините. Кога би го споредиле со конкуренцијата, Focus, Mazda 3, Golf и Auris имаат за нијанса подобри возни својства (најмногу во однос на подиректно управување), додека а С4 е многу сличен, речиси идентичен со Peugeot 308.

Мотори

Моторот е од малку постара генерација, прифаќа високи вртежи, но е рафиниран и овозможува доволно сила и добар вртежен момент дури и на пониските вртежи. За ова се заслужни максималниот момент од 133 Nm, кој се испорачува на само 3.250 вртежи и максималната сила од 90 КС, која се испорачува на 5.250 вртежи. Секако, со него не може да се вози спортски, но на мекото и смирено возење на С4 и му одговара ваков мотор. Бројките кажуваат дека до 100 km/h, Citroen С4 забрзува за солидни 12,8 секунди и постигнува високи 182 km/h. Ваква максимална брзина не можат да достигнат многу конкуренти со  1,4 мотор. Дел од заслугите за тоа одат и како резултат на одличната аеродинамика на автомобилот – 0,28 Cd!

Секако, тука се HDI моторите, за кои кажано е и повеќе од потребното. ИЗвонреден баланс помеѓу перформанси и потрошувачка. Со избор на било кој HDI мотор, нема никако да згрешите.

За оние кои сакаат малку поголема возбуда во возењето, секако, препорака е новиот 1,6- литарски атмосферски бензинец, направен во соработка со BMW. Тој испорачува солидни 120 КС, а не удира по џебот кога е во прашање потрошувачката.

Менувач и управувач

Менувачот има малку подолги одови и не прифаќа максимално брзо менување на брзините, меѓутоа e прецизен и воопшто не го намалува задоволството при возењето, додека управувачот не дава доволно повратни информации од патот и не е толку директен како кај некои други автомобили, па заклучок е дека на овој автомобил повеќе му одговара мирното возење.

Кочници

Во однос на кочењето, автомобилот многу добро се носи со тежината – ABS системот се вклучува токму кога е потребно, а патот на кочењето е меѓу пократките во класата. Оваа карактеристика се должи и на присуството на сопирачки со 4 диска, кои лесно се дозираат и добро поднесуваат оптоварување. Овој сегмент од анализата е многу значаен во поглед на безбедноста. Тука C4 e неприкосновен.

Сигурност и Безбедност

На тестовите на EuroNCAP и според испитувањата за вистинската безбедност на автомобилите на koli.com.mk, Citroen C4 е најбезбеден автомобил во класата, со високи 35 бодови за безбедност на возрасни, 42 за деца и високи 22 бодови за безбедност на пешаците.

Во основната опрема кај С4 има ABS+BAS+EBD, 6 воздушни перничиња, појаси си автоматско дозатегнување, активни наслони за глава итн., па нема причина да се сомневаме во високата безбедност на овој автомобил.

Опрема/Цена

Citroen C4 апсолутно е еден од најповолните автомобили моментално во својата класа, во однос на тоа каков автомобил се добива, со кое ниво на опрема и што е најбитно за која цена. По цената, дури и им конкурира на корејските модели, Kia Cee’d и Hyundai i30.

Основниот модел, со 1,4 литарскиот мотор, чини неверојатно ниски 12.890 евра, кои знаат да паднат и подолу со честите акции кои ги прави Citroen. Овој модел има ABS+BAS+EBD, 6 воздушни перничиња, серво-управувач, централна брава, електрични прозори напред, електрични ретровизори и борд компјутер.

Возилото кое го имавме на тест беше со опремата STAR, која вклучува плус клима уред, радио со CD, фарови за магла и металик боја. Вака опремен, С4 чини 14.690 евра, но со попустот кој трае во моментов од 1.800 евра, цената се спушта на нивото на основниот модел и изнесува 12.890 евра, правејќи го С4 најисплатливиот автомобил во класата, кога е во прашање односот опрема - цена.

Сепак, во поглед на гаранцијата, која е 2 години без ограничување на километражата, С4 заостанува зад конкурентите од далечниот исток, кои сега нудат и 5-годишни гаранции.

Просечната потрошувачка на основниот бензинец, според фабричките податоци изнесува 6,4 литри, но таа бројка е тешко достижна. Реално, потрошувачката ќе изнесува од 1 до 1,5 литри повеќе, што се уште е во границите на нормалното и во врвот на класата. Во град С4 ќе се задоволи со нешто над 9 литри, додека на отворено потрошувачката паѓа под 6 литри.



Заклучок    

Citroen C4 е одлично избалансиран автомобил, кој одговара на многу старосни групи на купувачи, од млади до возрасни, и машки и женски. Веројатно тука е клучот на големата продажба

Конкуренцијата денес нуди и подобри автомобили, но не за истите пари. За 12.890 евра, колку што чини тестираниот примерок со попуст, се добива одличен компакт автомобил, со доволно простор во внатрешноста, добро избалансиран и економичен мотор и што е многу важно, свеж, тренди и модерен изглед.

За поголем удар на најдобрите во класата, секако, недостасуваат некои “ситници”, како што се подиректни управувач и менувач, седишта со странична поддршка, но и поблиску (до возачот) поставени команди за борд компјутерот.

Поради одличната цена и богатата опрема, го препорачуваме овој модел на сите оние кои сакаат смирено возење, на кои многу им значи комфорот и безбедноста, но и на помладите, на кои возилото ќе им служи како статусен симбол, а не се подготвени да платат дополнителни 2-3.000 евра за автомобил од истата класа, но од поскапата конкуренција.

И, не заборавајте да го побарате вашето магично “робот” копче со кое вашиот автомобил се претвора во неверојатниот танцувачки робот, ако ништо друго, барем за низ скопските гужви, за да поминете побрзо!


Citroën C4 - Classic
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
vozam c4 veke 5 godini i lazete gi drugite od ova sto go napisavte verovatno samo cenata vi e tocna
Напишан од kicevo  пред  околу 86 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил