Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Краток Тест – Kia Venga
 
Spodeli
31 март 2011, 16:43


Краток Тест – Kia Venga KIA Venga Краток Тест – Kia Venga
За оние кои сакаат простран и функционален, но мал и евтин автомобил, изборот секако треба да падне на моноволумените од ниската класа...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тоа посебно важи за нашиот пазар – сопственикот најчесто ќе вози низ градските улици, па имаат смисла малите димензии и максимизирањето на просторот.

Kia Venga се обидува да ги погоди токму правите состојки за еден автомобил од оваа класа, со компактна надворешност и практична и пространа внатрешност...
 
На пат 
 
 
Перформанси
Изненадувачки, бензинецот 1,4 со 90 КС делува поживо од дизелот и кога ќе се побара од него добро потегнува напред. Секако, дизелот потегнува од пониски вртежи, но брзо ја губи моќта и генерално нуди изненадувачки слаби забрзувања (14,5 секунди до 100 km/h). Ниту поскапиот 1,6 дизел со 128 КС, исто така не импресионира (со оглед на силата,), иако, секако нуди најдобри перформанси од сите мотори кои се нудат со Venga.
 
Удобност/Управливост
Иако доволно меко ги впива дупките на патот, кај Venga има многу вертикални движења (потскокнувања) и не нуди голема удобност, особено на подолгите патувања. Високата каросерија се навалува во кривините, но балансот останува релативно добар, со што кореецот се однесува безбедно и во критичните ситуации. Управувањето сепак не нуди доволно повратни информации и е недоволно прецизно, иако кај автомобил од ваков тип тоа и не е толку важно. Затоа и не може да се бара некоја посебна забава во возењето. 
 
Рафинираност
Бензинецот е добро придушен, но основниот дизел е еден од најнерафинираните и најгласни агрегати кои сме ги слушнале досега! Старата болка на Kia моделите ја има и тука. Толку е гласен, што на повисоки брзини дури и не се слуша инаку гласниот звук од ветерот и гумите. И подвозјето знае да произведе нерафинирани звуци, што во пакет со нашите патишта е непријатна комбинација. Малиот дизел пренесува и многу вибрации во внатрешноста, што секако не оддава впечаток на модерен агрегат. 
 
Во кабината
 
 
Простор/Практичност
Ова е делот каде новата Kia има што да понуди. Кабината е изненадувачки пространа и лесно може да прими четири возрасни патници, а и багажникот, со 440 литри е со извонредна големина. Практичноста е на највисоко ниво – задната клупа се лизга напред назад, па сопственикот може да избере меѓу поголем багажник и повеќе простор на задната клупа, а со спуштањето на наслоните се добива целосно рамен под. Низ кабината има и многу интелигентни отвори за ситници. 
 
Зад управувачот
Се чини недостасува можноста воланот да може да се подеси малку повеќе по длабочина и висина, но возачот не би требало да има многу проблеми да ја најде идеалната позиција. Благодарение на високото седење, видливоста е одлична, што во големо го олеснува паркирањето. Средната конзола, пак, има многу копчиња, што бара малку подолго време за навикнување.
 
Опрема
Стандардно за Kia, опремата е доволно богата дури и во основниот модел, кој доаѓа со мануелна клима, целосна електрика, ABS и 2 воздушни перничиња. За не многу голема доплата, подобро опремените модели и со радио со CD+MP3 со аудио команди на волан, 16 инчни алуминиумски тркала, греени ретровизори... Единствена замерка би имале на недостатокот на патен компјутер во основната опрема, што кај многу од конкурентите се нуди како стандард.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Идејата кога се купува нова Kia е дека се добива многу за вложените пари. Иако не претерано скапа, Venga не е евтина како што би се очекувало од една Kia, па стандардно опремениот EX модел со 1,4 бензинец чини 11.600 евра. 
 
Ниту моторите не се меѓу најекономичните – бензинецот бара и до 9 литри во град и 6 на отворено, односно околу 7,5 во просек, додека 1,4 дизелот може да се задоволи со нешто под 7 литри во град и 5 на отворено, односно околу 5,5 литри во просек. Ако избираме меѓу двата мотори, изборот би паднал на бензинецот – многу е потивок и побрз, а во старт е поевтин за 2.400 евра.
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Високата гаранција од 5 години или 150.000 km, му дава сигурност на возачот дека подолго време нема да има проблеми со Venga, а Kia и не поминува претерано лошо на испитувањата за квалитет. За него зборува и внатрешноста, која е солидно изработена, со применети прилично квалитетни материјали. Сепак, пазарот на половни автомобили апсолутно не е на страната на Киа, па во иднина, кога ќе се продава автомобилот, мора да се смета на висока загуба на вредност
 
Безбедност
Одличните пет ѕвезди на новите тестирања на EuroNCAP за новата Kia Venga, се доказ за безбедноста која ја нуди овој модел. Сепак, контрола на стабилноста не е достапна во поевтините модели на нашиот пазар, што е минус.
 
Заклучок
 
Со не многу високата цена и исклучително пространата и практична внатрешност, Kia Venga треба да влезе во потесниот избор на фамилиите кои бараат функционален автомобил. Но, генерално, и покрај тоа што се работи за солиден автомобил, Кореецот не би можел да ја оправда цената покрај конкурентите, а посебно Honda Jazz и Citroen C3 Picasso, кои нудат повеќе за вложените пари.
 
Предности
 
  • Пространа внатрешност
  • Високо ниво на функционалност
  • Добра позиција зад управувачот, солидна ергономија
  • Добра прегледност
  • Богата опрема
  • Изненадувачки квалитетна кабина
  • Солиден 1,4 бензинец
  • Висока гаранција
 
 
Недостатоци
 
  • Повисока потрошувачка во однос на конкурентите
  • Многу бучен и нерафиниран 1,4 дизел
  • Слаби перформанси од 1,4 дизелот
  • Многу ситни копчиња на средната конзола
  • Нема патен компјутер во основниот модел
  • Цената не е типично Kia ниска
  • Ниска повратна вредност

KIA Venga
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
STOM NEMA ORGINALNI DELOVI A IMA SLOVACKI DELOVI.OVA E SKART
Напишан од пред околу 17 дена  пред  околу 80 месеци
STOM NEMA ORGINALNI DELOVI A IMA SLOVACKI DELOVI.OVA E SKART
Напишан од пред околу 17 дена  пред  околу 80 месеци
STOM NEMA ORGINALNI DELOVI A IMA SLOVACKI DELOVI.OVA E SKART
Напишан од пред околу 17 дена  пред  околу 80 месеци
STOM NEMA ORGINALNI DELOVI A IMA SLOVACKI DELOVI.OVA E SKART
Напишан од пред околу 17 дена  пред  околу 80 месеци
kia otstalno imale izdrzlivi motori, mozda se drugo bese krs, ama motorite pominuvaa solidna kilometraza. eee ama toa bese vo vremeto koga tvojot golf bil aktuelen, denes grupacijata kia/hyundai vo sekoj pogled e na ramniste na renomiranive proizvoditeli, a vo kvalitet se na prvo mesto i daleku pred vw, itoa spored najnovoto istrazuvanje na germanski ADAC.
Напишан од do mario  пред  околу 80 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил
 
 
Moже да ве интересира и...
 
Ford B-MAX Се гаси Ford B-Max
Инфо
Се гаси Ford B-Max
Fiat 500L Рестилизиран FIAT 500L
Новитет
Рестилизиран FIAT 500L
Opel Meriva Се очекува наследник на Opel Meriva
Новитет
Се очекува наследник на Opel Meriva
Fiat 500L  Fiat 500L, веќе од 10.990 евра
Маркет / Бизнис
Fiat 500L, веќе од 10.990 евра