Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > ТЕСТ - Skoda Octavia 2.0 TDI
 
Spodeli
30 март 2011, 16:01


ТЕСТ - Skoda Octavia 2.0 TDI Škoda Octavia - old ТЕСТ - Skoda Octavia 2.0 TDI
Навистина ли е добра како VW?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ако се вратиме 15-20 години, кога Skoda правеше некои неуверливи автомобили, ќе заклучиме дека тоа само беа модели - поевтина варијанта на реално подобрите европски и јапонски конкуренти. 
 
Денес, Skoda, која е во сопственост на Volkswagen групацијата, користи понапредна технологија и развој на своите автомобили на заедничка платформа. Главен доказ за големиот исчекор на Skoda е Octavia, модел базиран на популарната платформа на Golf, но има различни предности во однос на популарниот германски хечбек, посебно за купувачите на нашиот пазар.
 
Octavia има се што му е потребно на македонскиот купувач – пространа внатрешност, голем багажник и високо ниво на удобност – сето тоа многу достапно. За пофалба е и издржливата механика и одличните мотори од VW, а нема ниту големи забелешки на возните својства. Понудата со 2.0 TDI шетедливиот мотор за 15.800 Eur, сигурно e максимално рационален избор. На тест имавме имавме Octavia токму со новиот 2.0 TDI мотор со 110 КС.  

 
 
Дизајн/Имиџ
Изменетата предна маска, сега со поголеми предни светла делумно придонесе за зголемувањето на атрактивноста, но реално Octavia се уште е само просечно дизајниран седан. Иако делува робусно, Octavia во никој случај не е автомобил кој ќе изнудува погледи од случајните минувачи или ќе биде статусен симбол во општеството. 
 
Имиџот на Skoda носи имиџ на рационалност. За добивање повеќе простор во багажникот, малку е пренапумпан и задниот дел, со што се губи атрактивноста и елеганцијата која ја навестува предната маска.
 
Ниту внатре нема ништо спектакуларно и невообичаено. Се е дизајнирано со цел функционалноста и ергономијата да бидат на највисоко ниво, па ентериерот изгледа помалку ладно и непривлечно. Сепак, нема приговори на квалитетот – материјалите се исклучително меки на допир и делуваат и повеќе од солидно.
 
Внатрешност/Практичност
 
И покрај тоа што има најмало меѓуоскино растојание во класата на компакти седани, Octavia нуди високо ниво на простор и на предната и на задната клупа. Висока оценка особено заслужува багажникот, кој со 560 литри зафатнина е рекордер во класата, воедно и еден од најголемите кој може да се добие од кој и да било седан на пазарот! Како и кај другите седани, отворот на багажникот е релативно мал и со висок праг, но добро е што задната врата се отвара во целост, со што се олеснува внес на големи предмети. 
 
Самата организација на ентериерот на Octavia дозволува нуди многу места за одлагање на ситници. Octavia истовремено е практичка и ергономична, но нала забелешка оди на подигнатиот заден дел кој ја намалува видливоста во задниот дел.
 
Мотори/Перформанси
2.0 TDI моторот со Common Rail технологија фантастично ја “вози” оваа каросерија. Сила има и повеќе од доволно, а уште побитно - таа е добро распределен, а потрошувачката е многу ниска. Освен новите TDI, за пофалба кај Octavia се и новите мотори со турбо полнење (TSI бензинците), кои донесуваат свежина и одлични перформанси.  Единствено, преодна оценка нема основниот мотор со 80 КС е убедливо најслаб во класата и нуди перформанси доволни само за оние на кои времето не им е битно. 
 
Возачко искуство
Како и што се очекува, Octavia е тивка и удобна и е одлична на подолги патувања. Подвозјето одлично ги впива и поголемите и ситните нерамнини, а моторите се одлично придушени. Забележлива е германска крутост на каросеријата, но и солидни возни својства. 
 
Иако е на иста платформа, секако, не може да биде динамична како Golf, но Octavia се однесува задоволително стабилно на повисоки брзини и оддава чувство на сигурност и безбедност, и кај возачот и патниците. Впрочем, од еден ваков семеен автомобил тоа и се очекува – да е стабилен и безбеден, а не да е забавен за возење. Пофалба заслужува и солидното управување, а и менувачите се прецизни и со кратки одови.
 
Цена / Вредност / Потрошувачка / Повратна вредност
Со оглед на тоа што го нуди, Octavia е исклучително рационален и вреден за парите автомобил. Факт е дека се уште не може да има повратна вредност како Volkswagen, но е релативно евтина за одржување, пред се благодарение на одличната сервисна поддршка, но и заради целосниот квалитет докажан од бројните известувања од ADAC и TUV и секако, од реалните корисници кај кои Skoda има голем кредибилитет. 
 
Енормно ниска потрошувачка за волкав автомобил
Она што е бисер е секако 2.0 TDI моторот со 110 КС. Перфектно распоредената сила, освен задоволство при забрзувањата, носи и ниска потрошувачка. Можеби ќе звучи неверојатно, но успеавме (без вклучена клима) минималната потрошувачка да ја симнеме на 3.5 литри на отворено (со брзина од околу 80km/h) и 4,2 литри во град !!! Секако, се единствена цел да видиме колку најмалку може да троши овој автомобил со ваков мотор. Ако не верувате, побарајте тест автомобил во Porsche Македонија и ќе се уверите. 

 
Реално, вакви бројки во просек не може да се очекуваат ниту на отворено, ниту во град, па затоа реалноста е дека со едно нормално темпо низ град просекот може да се движи околу 6 литри, а на отворено, со возење на автопат со просечна брзина од 120 km/h, потрошувачката би изнесувала 4,9 литри.
 
Потрошувачката на гориво кај Octavia е задоволителна само кај поновите TSI и TDI мотори – основниот бензинец троши и преку 10 литри во градски услови на возење.
 
Octavia не е статусен автомобил, но е практичен и исклучиво рационален. Она што Octavia би ја издвоила од конкуренцијата, освен ниската потрошувачка, се пониските вкупни сервисни трошоци, посебно во однос на Lancer или Cruze, модели со кои е и најблиску со цената, и кај кои пониската цена сега се плаќа со повисоки ставки за сервис, што долгорочно е многу значајно.
 
За кого е?
Очигледно, разумно е да се има еден ваков автомобил – голем и комфорен, со силен мотор и ниска потрошувачка, квалитетен и доверлив. Ако некому не му пречи стилот, Octavia е вистински избор, осовено заради сигурноста што VW групацијата ја носи сама по себе. Она што сигурно од Skoda во иднина може да очекуваме е само повпечатлив дизајн, и однадвор, но и во ентериерот. Никако не може да избегаме од фактот дека “целото нешто” Octavia заслужува подобро надворешно пакување, најмногу заради тоа што во себе содржи многу квалитативни вредности. 
 
Предности:
Пространа внатрешност
Огромен багажник
Високо ниво на удобност
Тивки мотори, добра звучна изолација
Одлични материјали и завршна обработка
Добри TSI бензинци и TDI дизели
Солидна стабилност
 
Недостатоци:
Воздржан дизајн и надвор и внатре
Летаргичен и многу жеден основен мотор
Цената веќе не е толку ниска
Помала забава во возењето

 


Škoda Octavia - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Izgleda ovaa kola trosi 3.5 l koga ima brzina 0 a ne 80
Напишан од dejan ohrid  пред  околу 73 месеци
star motor pred 6 godini go otkacija od proizivotsvo plus 5 brzini ha ha ubava kampajna ! ! ! bladze toj sto ke go kupit pozz DK
Напишан од tomas  пред  околу 76 месеци
Kaj nas kolite sto gi nosat vo mk se 5-ta klasa kako sto napisal kirca, VW prai 1000 golfovi (primer) site tie 1000 golfovi odat na test, 100 nema da se pokazat dobri na toj test i tie 100 odat na pazari kako makedonskiot, albanskiot, srbskiot , bosanskiot itn.
Напишан од Stefan  пред  околу 76 месеци
Nema teoretski sansi ova da e dobro kako VW...
Напишан од Ljupco  пред  околу 77 месеци
ovie motori se skloni kon defekti pa gi cistat na 6-to klasni pazari ko nasiov. so drugi zborovi, na zapad nisto novo
Напишан од kirca  пред  околу 77 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 10
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил