Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Toyota Auris Luna 1,4 VVT-i - златото секогаш држи цена
 
Spodeli
30 октомври 2009, 17:51


Toyota Auris Luna 1,4 VVT-i - златото секогаш држи цена Toyota Auris - old Toyota Auris Luna 1,4 VVT-i - златото секогаш држи цена
Златен јубилеј – така најубаво може да се објасни зошто Toyota го смени името на најпродаваниот компакт во историјата од Corolla во Auris. Aurum на латински значи злато, а Auris е замена за десеттата генерација на Corolla (легендарното име остана резервирано за лумузинската изведба)....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Јубилејот не случајно го одбележува токму ова “златно” име – Auris е првиот автомобил на Toyota по подолго време, кој покрај традиционалните вредности на квалитет и комфор, треба да донесе и повеќе забава во возењето и помодерен дизајн.

На тест го имавме Auris со најслабиот бензинец од 97 КС, извлечени од малата работна зафатнина од 1,4 литри. Важно е да се спомне дека овој мотор скоро една деценија се вградува во автомобилите на Toyota, што алудира на голема издржливост.

Дизајн

Toyota не е производител кој многу експериментира со дизајнот. Секако, тоа може да се случи, но не кај толку важни автомобили за компанијата, како што е Auris.



Auris изгледа убаво, но ништо спектакуларно. Предните фарови, за разлика од моменталните трендови, не се изведени како “мачкини” очи, што придонесува предната маска да биде посмирена и поелегантна. Во напрчениот заден дел забележителни се големите стоп светла, а странично гледано доминира чистината во линиите. Ништо спектакуларно, но складно и компактно, токму како што бараат купувачите во овој сегмент на возила.

Интересен факт е што Auris со 1.515 mm е највисокиот автомобил во класата, нешто што не може да се забележи, токму поради грижливото одбирање на линиите во дизајнот. Тоа беше и намерата на Toyota, да произведе просторен автомобил со функционалност на моноволумен, а да не изгледа таков.

Целта е постигната – Auris изгледа доволно модерно и спортски, но мора да се признае дека во класата има поубави автомобили.

Ентериер

Дизајниран од внатре кон надвор – тоа е девизата со која Toyota го промовира Auris. Ентериерот е неколку светлосни години помодерен од екстериерот Најголема новина е високо поставениот менувач и поинаку огранизираната централната конзола.

Таа е изведена во интересна флуидна линија, на која се насадени менувачот и рачната кочница. Резултатот на ваквиот дизајн е една од најдобрите ергономии во класата – менувачот е секогаш на дофат на раката, а не треба ниту многу барање по командите на климата и радиото кои се многу логично изведени. Интересно е тоа што, за разлика од конкурентите, управувачот е малку повертикално поставен, како во спортски автомобил.



Не ни се допадна

За жал, има неколку ситници кои знаат да го расипат впечатокот, иако инженерите на Toyota имаат објаснување и за нив. Првата е копчето за борд компјутерот кое се наоѓа прилично далкеу, кај, инаку одлично читливите оптитрон инструменти. За да се стисне копчето, треба да се пружи раката низ управувачот, што не е лесна гимнастика, но оправдувањет е што тоа копче многу ретко се притиска.

Друга забелешка е просторот за оставање ситници под менувачот, кој, исто така е тешко достапен при возење. Тој има доволно простор за оставање на мобилен телефон, но посегнување по него воошто не е лесно. Сепак, Toyota има и за тоа објаснување – во Европа, каде и што се продава Auris-от, а нормално и кај нас, забрането е зборување на мобилен во тек на возење! Од друга страна, бројот на другите фиоки и места за одлагање на ситници е голем – кај совозачот има дури две големи фиоки, детал по кој Auris е единствен во својата класа.

И, третата забелешка е за потпирачот за раце меѓу предните седишта – тој е поставен прениско и воопшто не ја врши функцијата. Да, да, грижливите Јапонци имаат објаснување и за тоа – заради безбедност, двете раце секогаш треба да бидат на управувачот. Се сложуваме до некаде, но факт е дека потпирачот недостасува при подолги патувања.

Квалитетот на материјалите, како и кај секоја Toyota е на мошне високо ниво, а за завршната обработка не треба да се трошат зборови. Можеби пластиката од која е изработена предната конзола е тврда на допир, но очигледен е нејзиниот квалитет. Големо внимание е посветено и на деталите, посебно на менувачот и управувачот, кои се едни од најубавите во класата.

Единствена замерка кај менувачот е што квалитетната кожа испушта звуци при менување на брзините, но нема да замериме. Подобро да се слуша звук од кожа отколку крцкање на пластика, како што беше случај кај некои автомобила претходно.

Удобност / Комфор    

Auris, и напред и назад, веројатно е најпространиот автомобил во својата класа.

Уште кога излезе како концепт автомобил, на Auris му беше додадено името Space Concept (просторен концепт). И напред и назад, има натпросечно простор и за главата и за колената, најмногу благодарение на тоа што е и највисок автомобил во класата. Во задниот дел олеснето е седењето и на патникот во средината, поради тоа што го нема средниот тунел долу, уште еден детал по кој новата Toyota е единствена во класата. Назад дури и може да се навалат седиштата, за патниците да можат да се одморат при долгите патувања. Погодувате? И по ова Auris е единствен во класата!



Багажникот, иако не толку импресивен, ја продолжува приказната за одличната просторност. Со 354 литри се наоѓа токму во средината на класата, а е доволно употреблив во целиот негов волумен. Единствено пречи малку повисокиот раб на товарање, но тоа е болка на скоро сите модели од компактната класа.

Удобноста го надополнува позитивниот впечаток за натпросечно големиот внатрешен простор. Auris не е најмек во класата, но дури и преку поголемите дупки поминува суверено и не пренесува никакви вибрации во внатрешноста. Од друга страна, пак, имавме мали забелешки на звукот од агрегатот, кој е бучен на високи вртежи, што е посебно изразено при повисоки брзини, кога слабиот мотор се мачи да ја одржи брзината и произведува нешто погласен звук – не е најбучен во класата, но има и потивки.

Седиштата одлично го држат телото, вибрациите од малите нерамнини не се чувствуваат, а при брзини до 120 km/h моторот не произведува непријатен звук. Но, при повосико вртежи или веќе на 130 или 140 km/h прилично е забележлива бучавата од моторот, дури поголема и од онаа кај дизел модел на Auris. Најпрво бевме изненадени, но тоа е поради фактот што од Toyota одлучиле засилена звучна изолација кај дизел моделите, во делот околу моторот, за разлика од бензинците, па последица на тоа е поголема бучава кај бензинците, во однос на дизелите. Ова навистина не ни се допадна, особено поради тоа што со цената по која се продава, Auris би требало да нуди малку повеќе тишина кабина.

Возни Својства / Перформанси    

Auris нема мултилинк и е еден од потешките автомобили во класата, па според овие податоци, треба да се очекуваат полоши возни својства. Сепак, инженерите на Toyota одлично си ја имаат завршено работата, па и тука Auris е во врвот на класата.

Не можеме први да не ги споменеме кочниците – Auris има најдобро кочење во класата и покрај големата тежина. Папучата лесно се дозира, а и по неколку силни застанувања од 100-0 km/h, кочниците не се прегреваат и го задржуваат краткиот пат на сопирање. Едноставно, кочењето е феноменално.

Истото важи и за стабилноста – наместо multilink, назад Auris има торзиона оска, за која постои мислење дека заостанува во поглед на стабилноста, но тоа не е случај во Auris. Multilink оската се испорачува само со најсилниот дизел со 177 КС, што е одлично решение со оглед на тоа дека во послабите модели и не е потребна, а одзема и место во багажникот.

Да прејдеме на моделот кој го имавме на тест – лесниот мотор напред и перфектно избалансираното подвозје, го прават Auris еден од најстабилните во класата. Дури и ако се претера, тој пролизгува преку сите тркала, односно нема изразита подуправливост или надуправливост, па со мало одземање на гасот, автомобилот лесно се враќа во саканата линија на движење. За ова е заслужна одличната дистрибуција на масата но и големата крутост на каросеријата. Единствена забелешка на ваквото однесување на автомобилот е што не е воопшто “забавен”. Спортски настроените возачи сакаат некогаш малки да се борат со автомобилот и тој да занесува во кривините. Auris, едноставно, тоа не го дозволува!



Позитивните карактеристики за стабилноста, единствено може да ги расипе 1,4 литарскиот VVTi мотор, кој развива 97 КС при високи 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 130 Nm при 4.600 врт/мин. На прв поглед, скоро 100 КС се чинат и доволни, но не и во тешкиот Auris (1.275 kg). Со моторот, едноставно многу треба да се работи за да се биде брз – максималната моќност тој ја развива во високото подрачје на вртежите, па за да се извади максимумот, неминовно е “цедењето” до црвеното поле, за што е птребно време, но и некој литар повеќе.

Високиот максимален вртежен момент кај јапонските модели е карактеристичен, и ни пречи најмногу поради тоа што анализираме 1.4 мотор. Во поразвиените земји, 1.4 мотори речиси и да не се испорачуваат. За повисока цена, се купува посилен мотор и проблемот е решен! Друга работа е што во Македонија цената е многу значаен критериум, но уште повеќе и границата на акцизи, која е поставена на 1.500 ccm3, што според нас е многу лоша граница и ги одвратува купувачите од прикладен мотор за автомобил од оваа класа.

Штета, зошто менувачот е еден од најдобрите во класата – прецизен и лесен, токму како што треба да поседува еден спортски автомобил. Истото важи и за управувањето, кое иако не е на ниво на Focus, доволно е прецизно и поседува доволно повратни информации. Бројките кажуваат дека на Auris за забрзување до 100 km/h му требаат 13 секунди, а максималната брзина изнесува 170 km/h – доволно или не нека процени самиот купувач. Ние само ќе кажеме дека возачката дозвола ви е безбедна!

Ако сумираме, впечатоците во овој дел од тестот на Auris се малку измешани – одличната стабилност и врвните кочници за жал не ги следи “потхранетиот” мотор. Подвозјето на овој компакт може да поднесе и многу посилни мотори, што неминовно го префрла изборот на 1,6 Dual VVTi бензинецот со здрави 124 КС, кој за жал спаѓа во категоријата над 1.500 cm3, па неговата исплатливост ќе ја почувствуваат само оние кои се љубители на поенергичното возење.

Сигурност и Безбедност   

Кога беше претставен, Auris беше најбезбедниот модел во класата. Петте ѕвездички за заштита на возрасни се освоени со високи 35 бодови, а недостасува само по една ѕвездичка за деца и пешаци за целосно перфектен резултат. Со овие резултати Auris се уште е во врвот на класата.

Во стандардната опрема, во основниот модел Terra се испорачуваат ABS и EBD системите и четири воздушни перничиња, додека во посилно опремените модели има 9 воздушни перничиња. Сите седишта имаат ремени со претензионери и специјални седишта кои го следат грбот и штитат при удари во задниот дел.

Моторот за послабите перформанси враќа со одлична економија. Според фабричките податоци, во просек троши 6,9 литри на 100 km. Вака гледано, овој резултат не е рекорд во класата, но, реално во возењето и се постигнува. На нашето тест возење ние потрошивме 7,5 литри во просек и тоа со жестоко темпо, па дојдовме до заклучок дека ниту еден автомобил до сега не бил толку близу до декларираната потрошувачка! Можеби и затоа купувачите на Toyota се најзадоволни од своите возила. За разлика од нив, кај многу Европски производители, декларираната фабричка потрошувачка се разликува за 10-25 % од реалната.

Опрема/Цена    

Auris на прв поглед е меѓу најскапите во класата, но нуди единствена гаранција од 5 години или 150.000 km, 24 часа патна поддршка и несебично богата опрема.

Цената за тестираниот 1,4 литарскиот бензинец, со ниво на опрема Luna изнесува 16.490 евра. Во ова ниво на опрема има се што би можеле да посакаат дури и најпребирливите: 9 воздушни перничиња, ABS+EBD, двозонска автоматска клима, 16 инчни челични тркала, целосна електроника, предни седишта со регулација во 6 насоки, кожен волан со команди за аудио системот и кожен менувач, делумно затемнети стакла, борд компјутер, магленки, радио со CD и MP3+WMA со шест звучници итн.

Единствено, впечатокот кај ова ниво на опрема го расипува недостатокот на алуминиумски бандажи, па препорака е моделот Luna+, кој за доплата од 500 евра, нуди 16 инчни специјални алуминиумски бандажи, менувач за 6 CD-a и специјален син текстил во внатрешноста.

Опрема не недостасува ниту во основниот модел Terra, кој има мануелна клима, 4 воздушни перничиња, радио со CD и MP3+WMA со четири звучници, ABS+EBD, електроника на предни стакла, централна брава со далечинско итн., а чини 14.990 евра. Во секој случај, забелешка е дека има поевтини компакти во класата, посебно кај француската и корејската конкуренција.

Во моментов трае и акција во Toyota, во која, со моделот кој го тестиравме, може да се добие гратис опрема во износ од 70.000 денари. Избор има многу, од алуминиумски бандажи, спојлери и спортско подвозје, до Bluetooth, паркинг сензори, багажни шини итн.



Заклучок    

Toyota е најголем светски производител на автомобили и логично е неговите автомобили да спаѓаат во врвот - компактот Auris е еден од најдобро избалансираните модели во класата.

Неговиот надворешен изглед не најавува нешто спектакуларно, но, со дизајнот на ентериерот, тој навистина излегува од конвенционалното. Ваквиот спој, се чини е направен за Auris да им се допадне на поширок дијапазон на купувачи – и на стари и на млади. Моделот кој го имавме на тест, би го препорачале на средовечните луѓе, кои бараат просторност, добра економичност, безбедност, и пред се универзалност и севкупно висок квалитет од својот автомобил.

За оние, пак, кои сакаат поенергичен и поагилен автомобил, препорака е моделот со 1,6 Dual VVT-i бензинец, кој има 124 КС, но да не ги заборавиме и дизелите – основниот 1,4 D4-D и покрај тоа што развива 90 КС, влече подобро од бензинецот со истата зафатнина, а за оние кои ќе одделат над 20.000 евра, достапни се и посилните дизели со 126 и 177 КС.

Во секој случај и покрај промената на името, мора да се признае дека Toyota повторно направи бестселер. Одличниот баланс меѓу уживањето во возењето и удобноста, комфорот и компактните димензии и високиот квалитет, го сместуваат Auris во врвот на класата. Уште и цената да беше малку пониска...


Toyota Auris - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA SE SKLOPUVA VO FRANCIJA NE DRZI CENA.AKO SE ZEZNE FAROT.SE VADI CELA MASKA I ZA DA SE OPRAVI FAROT
Напишан од POZNAVAC NA JAPONSKI VOZILA-SKAPI ZA ORZUVANJE  пред  околу 73 месеци
SE PRAJ VO TURCIJA DA SE RAZBERIME
Напишан од partal  пред  околу 75 месеци
KE PROVERAM DALI DRZI CENA NESUM SIGUREN
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 82 месеци
PRASAJ VO TOYOTA KE TI KAZAT ISTO STO I JAS
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 84 месеци
OVA KOLICE E SUPER DELOVITE SE JAPONSKI SAMO ZA EVROPSKI PAZAR SE SKLOPUVA VO FRANCIJA.OVA NE DRZI CENA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 86 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил