Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Kia Cee’d 1,4 CVVT - Европеец со корејски гени
 
Spodeli
30 октомври 2009, 17:46


Kia Cee’d 1,4 CVVT - Европеец со корејски гени KIA Cee'd - old Kia Cee’d 1,4 CVVT - Европеец со корејски гени
Корејските компании веќе долго години се познати по евтините автомобили, кои и покрај тоа што минуваа стотици илјади километри, не можеа да овозможат уживање во возењето како германските или удобност како француските модели. Нормално, ова не им се допадна на Европејците, кои од секогаш сакале врвна...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Kia е производителот кој немаше добра репутација ниту на нашиот пазар, што до некаде беше и заслужено, се до појавувањето на Cee’d. Новообичаеното име најавува нова страница кај овој корејски производител, чиј маркетинг досега се темелеше на “многу опрема за малку пари”. Новиот компакт на компанијата веќе не е толку евтин како претходникот Cerato, но нуди многу гаранција (5 години на нашиот пазар), висока технологија (има Multilink оска назад, бензинските мотори имаат варијабилно подесување на вентилите CVVT, а дизелите се Common Rail) и првокласна безбедност (5 ѕвездички на EuroNCAP краш тестот).

Колкав чекор направи Cee’d во освојувањето на европскиот и нашиот пазар и дали навистина може да конкурира на етаблираните конкуренти во компакт класата, ќе се обидеме да одговориме во тестот на Kia Cee’d со 1,4 литарски бензински мотор со рекордни во класата, за основен модел, 109 КС.

Дизајн

За да се направи прав европски автомобил, секако, тој треба да се дизајнира во Европа. Cee’d е осмислен во дизајн центарот на Kia во Риселхајм, кој наскоро ќе биде заменет со студиото во Франкфурт. Резултатот е најмодерната Kia досега.

Многу ќе забележат дека некои делови од Cee’d потсетуваат на некој друг автомобил во класата, што секако е направено со намера, но факт е дека сите детали добро се вклопени и компактот на Kia изгледа убаво. Предниот дел е клинест и во него многу складно се вклопени предните закосени фарови, додека странично гледано, автомобилот го следи една линија која благо се качува кон задниот дел, каде доминираат интересно дизајнираните задни фарови кои навлегуваат во страничниот дел на автомобилот.



Целосно гледано, Cee’d е многу компактно дизајниран, без некои експериментални потфати, на кои се одлучуваат само Французите, но и без конзервативноста која ги карактеризира Германците. Најблиска споредба во однос на дизајнот може да се направи со Јапонските конкуренти, што најверојатно е и целта на инженерите на Kia. Споредете ја со Mazda 3 и ке ги забележите сличностите.

Интересно би било да се направи споредба со клонот на Cee’d, Hyundai i30. И покрај тоа што во основа се работи за исти модели, двата многу се разликуваат во дизајнот. Во i30-ка дизајнерите имаат употребено помодерни дизанјерски решенија, додека Cee’d е многу покласично дизајниран и изгледа поскладно и покомпактно. Нашата главна заелешка е, слично како и кај i30, дека недосасува визуелен идентитет на матичната компанија и многуте сличности на делови од автомобиот со останати модели на автомобили.

За да се скрати должината на Cee’d, дизајнерите имаат направено интересен потег – страничните стакла не се протегаат целосно до задниот дел на автомобилот, односно долната линија благо се подигнува и се спојува со горната во крајниот заден дел. Токму со овој потег, се чини е постигната динамичност во дизајнот, што е потребно за да се нагласи спортската нота кај ваквиот тип на автомобили.

Ентериер

Евтината тврда пластика е веќе минато – во Cee’d се вградуваат поквалитетни материјали, а завршната изработка е на повисоко ниво од порано.

Предната табла сега е изработена од солидна и мека на допир пластика, средната конзола и покрај тоа што се работи за основниот модел е богата со команди и е многу лесна за ракување. На возачот се му е на дофат на раката, во централната конзола нема премногу копчиња кои го оттргнуваат погледот од патот. Менувачот е секогаш на дофат на раката, а и седиштата одлично го држат телото и го потпираат грбот и не изморуваат ниту на подолги патувања.



Ентериерот е изработен во Johnson Controls, озвучувањето е направено од Blaupunkt, а целата електроника е на Bosch. Секако, соработката со овие големи имиња, дозволува висока гаранција од 5 години. Не недостасуваат ниту прегради – во централната конзола ги има дури две, а во кровот има уште една за очила, додека пред совозачот ја има стандардната касета.

Главните наши забелешки се однесуваат на помалку квалитетната пластика која е вградена околу менувачот и рачната сопирачка, тенките задни врати (пластиката не е како кај германските или јапонските конкуренти па и покрај зголемувањето на просторот, се намалува чувството за квалитет), како и пресилното портокалово осветлување на инструментите.

Во основниот модел забележливо е и мало крцкање на пластиката околу воланот, со посилно притискање на воланот или при нагло намалување на брзината. Кај моделите со кожен волан, тоа не е случај.

Удобност / Комфор    

На просторот во внатрешноста нема забелешки – Cee’d е еден од најпросторните во класата, но за жал не е толку удобен како некои од конкурентите.

Главната цел на инженерите на Kia секако била да го ја постигнат стабилноста на Focus, прецизното управување на Golf и удобноста на француските модели, но пред се универзалноста на јапонските модели. Но, тоа и не е така едноставно.

Cee’d има многу цврста шасија која не дозволува многу тресење при поминувањето преку нерамнините, но факт е дека многу конкуренти помеко и попријатно ги впиваат честите недостатоци на нашите патишта. На помалку квалитетен асфалт Cee’d знае да почне и да потскокнува, па чувството е малку понепријатно од она кај некои од конкурентите.

На отворен или на автопат, пак, Cee’d се однесува многу подобро, шасијата многу помалку ги пренесува вибрациите до патниците. Заедно со удобните седишта патувањето може да биде и изненадувачки добро само доколку нема преголеми дупки или нерамнини на патот, што на нашите патишта и не е многу редок случај. Повторно интересна ќе биде споредбата со близнакот, i30. И покрај тоа што делат иста платформа и исто подвозје, забелешка е дека Hyundai i30 помеко и поудобно ги впива нерамнините на патот, што доведува до заклучок дека додека Hyundai се има одлучено на комфор, Kia на својот компакт да му подари подинамични возни својства.

Звукот од моторот не е многу продорен при ниски вртежи, но е особено забележлив при 3-4.000 вртежи во минута, како и при брзини преку 120 km/h, кога забележлив е и звукот на ветерот.

За разлика од удобноста, комфорот е на највисоко ниво – Kia Cee’d има најдолго меѓуоскино растојание во класата (2.650 mm) и најдолга кабина во класата, па простор и на предните и на задните седишта никогаш не недостасува. Напред, и совозачот има доволно простор да ги испружи нозете и да го турне седиштето поназад, без при тоа да се грижи за патниците во задниот дел. Тука, за разлика од некои конкуренти, простор има и за колената и за главата, а и седиштата имаат долга седечка површина и убаво го опфаќаат телото. Назад можат да седнат дури и тројца патници без премногу туткање. Големината на багажникот изнесува 340 литри, што е во просекот на класата.

Мотори / Возни Својства / Перформанси    

Бензинецот со зафатнина од 1,4 литри, со помош на CVVT технологијата за варијабилно отворање на вентилите, испорачува рекордни за 1,4 литрен атмосферски бензинец 109 КС, па заедно со современото подвозје со мултилинк задна оска, овозможува солидни возни својства

Првиот поглед на бројките покажува дека Kia со овој мотор е помеѓу најбрзите во класата – до стотка стигнува за 11,6 секунди и постигнува 187 km/h, резултати кои конкурентите ги постигнуваат со 1,6 литарски бензинци. Но, субјективниот впечаток е сосема различен. Моторот, максималната сила ја развива на високи 6.200 врт/мин, додека максималниот вртежен момент е на рекордно високи 5.000 врт/мин, подрачје во кое, на пример Golf 1,4 ја развива максималната сила! Значи, за да се извлече максимумот, моторот треба да се носи до црвеното подрачје и скоро секогаш да се префрла во една брзина пониско, што реално, во многу малку случаи е стандарден начин на возење, а кога е така пак, потрошувачката значително се зголемува.



На пример, бензинецот во Golf кој развива скоро 30 КС помалку (80 КС), реално дава впечаток на многу подобри забрзувања бидејќи силата е достапна на помали вртежи. 109-те коњски сили кај Kia cee'd се повеќе промотивно-маркетингшки трик. Тие, реално, возачот многу ретко ги има на располагање. Ако сака да ги постигне, стрелката на обртомерот треба да се заврти до околу 6.500 врт/мин, кога Cee’d станува дури и спортски автомобил и без проблем потегнува напред, но тогаш потрошувачката нагло расте и длабоко над 10 литри на 100 km. На отворен пат, пак, максималната брзина од 187 km/h се чини може да се постигне само доколку условите се идеални. Значи, Cee’d навистина е најбрз во класата (кога се споредуваат основните модели), но моторот бара премногу “цедење” за да се извлече цела сила од него.

Забелешка за менувачот кој е прилично со долг од при префрлувањето од прв во втор степен на пренос, или од втор во трет, но раката лесно се навикнува на тоа и не претставува некој поголем проблем.

Колку шасијата и современото подвозје можат да ги поднесат овие 109 КС е друга работа. Мултилинк оската во задниот дел и цврстата шасија изработена од челик со голема цврстина, овозможуваат врвни возни својства, нешто што не беше својствено за корејските автомобили досега. Резервите при влегување во свиок се големи, а кога ќе се претера, единствено има мало подуправување, кое лесно може да се коригира. Кога ќе се претера во кривина па, мулти-линк технологијата и тоа како го контролира автомобилот и го враќа на посакуваната траекторија на движење.

Иако тестираниот автомобил не беше опремен со контроли на стабилноста и тракцијата, забелешка е дека со овој мотор тие дури и не се потребни. Доколку некој сака подобри возни својства, ќе треба да одбере една величина поголеми тркала. Стандардните гуми, одличните Michelin Energy, имаат димензија 185/65R15, која е повеќе подредена на комфорот.

За жал, има и една работа која го расипува возачкото уживање, а тоа е малку непрецизното управување. Тука Kia ќе мора уште малку да поработи – и покрај тоа што управувањето е одлично за секојдневното возење низ град или на автопат, кога ќе се наиде на кривулести и нерамни патишта, возачот нема доволно информации од подлогата (фидбекот е многу мал). Ова е болка на сите електрични серво уреди, но проблемот со прецизноста на управувањето одамна е решен кај Ford Focus или VW Golf на пример.

Сигурност и Безбедност

На тестовите на EuroNCAP Cee’d не само што освои пет ѕвездички, туку и вкупно се покажа како еден од најбезбедните во класата. Резултатот за патниците во кабината, пет ѕвездички за возрасни и четири за деца е навистина импресивен, единствено едвај освоените две ѕвездички со 11 бодови за пешаци разочаруваат, но тука не се подобри ни етаблираните конкуренти во класата.

Во стандардната опрема кај Cee’d, дури и на нашиот пазар, се вградуваат 6 воздушни перничиња, појаси со автоматско притегнување и Isofix систем за детски седишта, а не недостасува ни активната безбедност – ABS и EBD доаѓаат во серија.

Опрема / Цена   

Цената на основниот Kia Cee’d со LX ниво на опрема, истиот кој го имавме и на тест, изнесува 12.995 евра за моделот со пет врати. Цената веќе не е ниска како порано, но на дарежливата опрема и најдолгата гаранција тешко кој може да одолее.

Уште во основната опрема има опрема која може да го задоволи секој купувач – 6 воздушни перничиња, ABS+EBD, мануелен клима уред со фиока за ладење, радио со RDS плус CD со MP3 и аудио команди на волан, управувач подесив по висина и длабочина, 4 звучници, електрични предни прозори, далечинско заклучување со вграден аларм, серво волан, борд компјутер, тонирани стакла, Isofix подготовка за детско седиште итн.

Со ваква опрема и гаранција од 5 години без ограничување на километрите тешко кој може да се пофали, но за истата цена, факт е, може да се купи и многу повеќе етаблираниот Citroen C4. Сепак, Kia нуди одличен баланс на платено / добиено, па за цената би можеле да константираме дека е прифатлива.

Посилно опремениот модел, EX, кој вклучува плус предни светла за магла, електрика на сите прозори, висинско подесување на возачкото седиште, кожен волан и менувач, 16 инчни бандажи, USB+AUX приклучоци, чини 13.800 евра.

Потрошувачка

Kia, за овој мотор има декларирано потрошувачка од само 6,1 литар на 100 km во просек, што навистина е импресивен резултат. Овој просек, реално, многу тешко може да се постигне, но доколку не се притиска многу педалата за гас, просекот ќе изнесува околу 7 литри. Во град, според нашите мерења, потрошувачката изнесуваше околу 8,5 литри, што и не е многу, бидејќи, да потсетиме, моторот развива 109 КС! На отворено, при константна брзина од 120 km/h, измеривме 6,7 литри, што повторно е одличен резултат. Потрошувачката единствено нагло расте доколку се претера – при 140 km/h таа се доближува и од 8,5-8,8 литри, но тоа е брзина која и не е дозволена на нашите патишта, нели?



Заклучок    

Kia Cee’d сериозно се наметнува во компакт класата, и тоа не само со цената – добрите возни својства, силниот мотор, но и просторната кабина го ставаат корејскиот компакт во сериозна конкуренција со европските и јапонските модели, каде немаше место за Корејците.

Сличен заклучок имавме и за близнакот на Cee’d, Hyundai i30. И двата автомобили, сепак, севкупно гледано не се квалитетни на ниво на француската, германската и јапонската конкуренција. Сепак, за разлика од i30, Cee’d не ја напаѓа на Франција, ниту пак постарата популација. Kia Cee’d има задача да ги привлече помладите купувачи кои сакаат подобри возни својства и кои не им пречи малку потврдото возење.

Cee’d ја доби и наградата за автомобил на годината во нашата земја, а има добиено и бројни награди низ цела Европа. И ние ќе се приклучиме тука и ќе кажеме дека Cee’d, освен во некои детали, не заостанува многу зад конкурентите, па кој може да си го прости знакот KIA кој се наоѓа на предниот и задниот дел на автомобилот, но и на управувачот, воопшто не треба да размислува – Cee’d е автомобил како нарачан за македонскиот купувач, со 5-годишна гаранција.


KIA Cee'd - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
noviot ceed gi nema ovie mani sega ima pouba plastika i poniska potrosuvacka so eden zbor ova e kola za nasi standardi i plus servis cini 1800 den filter za maslo e 300 den e poke zdravje
Напишан од goran  пред  околу 71 месеци
А бе циркуси ! Прво пишувај кирилиаца да те разбере цела цивилизирана Македонија. А за моторот си го пробал па траскаш глупости или така си траскаш. Јас сум пробал 1.4 пунто, 1.4 С4 , 1.2 TSI Yeti, 1.2 corsa, 1.4 Corola , 1.2 Yaris и сите се добри ама моторот 1.4 на KIA/Hyundai e шампион, спие, без конкуренција во класата. Треба да пробаш за да поверуиш. Поарен е и од некои 1.6 мотори, разбира се не може да го споредуваш со некој од 2литра.
Напишан од Pero  пред  околу 77 месеци
А бе циркуси ! Прво пишувај кирилиаца да те разбере цела цивилизирана Македонија. А за моторот си го пробал па траскаш глупости или така си траскаш. Јас сум пробал 1.4 пунто, 1.4 С4 , 1.2 TSI Yeti, 1.2 corsa, 1.4 Corola , 1.2 Yaris и сите се добри ама моторот 1.4 на KIA/Hyundai e шампион, спие, без конкуренција во класата. Треба да пробаш за да поверуиш. Поарен е и од некои 1.6 мотори, разбира се не може да го споредуваш со некој од 2литра.
Напишан од Pero  пред  околу 77 месеци
DA OSNOVANA E VO JUZNA KOREJA A AMA IMA JAPONSKO POTEKLO.SE NADEVAM DEKA EDEN JAPONIJA KE SI JA ZEME I KE I NAJDE MESTO KADE DA JA PRAVI.AKO NE DA I NAJDE MESTO TOGAS MOZE DA JA SMETI NA OSTROVOT OKINAWA.TOA SE VODI POD JAPONIJA.KIA NA JAPONSKI ZNACI IZDIGNUVANJE OD AZIJA OBJASNUVANJE:KI-IZDIGNUVANJE I A-AZIJA-OVA E NA JAPONSKI A NE KORESKI.
Напишан од ATAHACOB  пред  околу 81 месеци
OVA E JAPONSKO NE KOREJSKO
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 82 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил