Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Suzuki Swift 1,3 - рели Јапонец, растен во Европа
 
Spodeli
30 октомври 2009, 17:37


Suzuki Swift 1,3 - рели Јапонец, растен во Европа Suzuki Swift - old Suzuki Swift 1,3 - рели Јапонец, растен во Европа
Европскиот пазар, според јапонските производители, е најнезгодниот во светот. Во минатото видовме многу обиди на јапонските компании за влез на пазарот на стариот континент, но најчесто тоа завршуваше неуспешно и многу од тие модели многу рано отидоа во историјата....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Suzuki отсекогаш нудел квалитетни автомобили, кои поради тоа што беа премногу јапонски не можеа да го најдат патот до купувачите. Новата генерација на Swift, најважниот модел во гамата на јапонскиот производител, во никој случај не е јапонска.

За време на 6-месечниот престој во Европа, тимот на Suzuki црпеше инспирација како од автостручњаците, така и од обичните ентузијасти. Крајниот резултат, атрактивниот Swift, е вовед во она што новите модели на Suzuki ќе го нудат во годините што следат.

Главната грижа на инженерите беше да направат автомобил кој ќе им се допадне на Европејците. На тест го имавме симпатичниот Suzuki Swift со 1,3 литарскиот бензински мотор.

Дизајн    

Јапонско Mini се двата зборови со кои најубаво може да се опише дизајнот на Swift.

Уште на студиите кои му претходеа на лансирањето на новиот Swift, можеше да се забележи дека неговите дизајнери направиле полн погодок со новиот дизајнерски пристап. Не грижејќи се за димензиските стандарди, куполестиот Swift го задржува компактниот настап, вешто прикривајќи ја својата висина. Од него подеднакво се одушевени и млади и стари, и жени и мажи, сопствениците на стариот модел на Swift, а и оние кои досега го занемаруваа овој јапонски производител.



Автомобилот е подеднакво интересен и од напред со неговите големи светла, со мрежестата маска и заоблениот капак на моторот, но и одзади каде главен збор има испакнатата задница и светлосниот склоп кој се протега кон страните. Иако е 5 cm покус од претходникот, новиот Swift има осетно зголемено меѓуосовинско растојание (+ 13 сm, 2.39 m и висина (+ 16 сm, 1.50 m), со што можеме да заклучиме дека е создадена одлична подлога за еден од најдинамичните автомобили во класата, благодарение во голема мера и поради малото растојание помеѓу задните тркала и браникот, слично како кај речиси сите модели на BMW.

Споредено со претходната генерација, новиот Swift изгледа многу посвежо и што е најбитно поевропски и поспортски. Го карактеризираат чисти линии и остри агли помеѓу нив.

Кај одредени модели (не и на тој што го имавме на тст) посебно забележлив е горниот дел, односно кровот и неговите носачи, кои се изведени во црна боја, што неодоливо потсетува на Mini. Со тој потег, Swift изгледа многу потрендовски и ги привлекува погледите кон него, пред се на помладите луѓем каде и се доловува идејата на конструкторите во однос на тоа кој треба да биде главниот купувач на овој автомобил.

Колку и да е сличен на британскиот конкурент, Swift е доволно свој, јапонски, па оценката за дизајнот секако ќе биде многу позитивна.

Ентериер
   

Чисто, јапонски изработено, без зјаеви меѓу површините. Сепак, квалитетот на пластиката би можел да биде на повисоко ниво.

Погледот во внатрешноста нуди вистинско изненадување. Најпрво е забележлива вонсериската пространост, место има и напред и назад, како во автомобил од повисоката класа. Поради високата каросерија пак, просторот во внатрешноста е доволен дури и за повисоките патници. Недостатокот од 20-тина сантиметри, во однос на неговите најблиски ривали, може да се забележи дури во багажниот простор, кој заостанува зад нив. Седиштата заслужуваат пофалба, како и едноставната и прегледна инструмент табла.



Предната конзола кај Swift е изведена европски, без онаа сива пластика која беше позната за јапонските автомобили од деведесеттите, а и за претходната генерација на Swift. Дизајнот е модерен со чисти линии и што посебно ни се допадна, без премногу копчиња кои знаат да сметаат при возењето. Затоа иергономијата е на високо ниво – сите команди се на дофат на раката и дури и после кратко возење возачот се навикнува на нив, па ги користи и без да го тргне погледот од патот.

Негативна оцена би можеле да дадеме на пластиката која е тврда на допир, но факт е дека скоро секој автомобил од оваа класа денес не нуди ништо поквалитетно во овој поглед, па затоа и нема многу место за критика.

Седиштата се доволно тврди и даваат добра потпора дури и за подолгите патувања, но би можеле да имаат малку поголема странична поддршка, што посебно се однесува на задната клупа.

За разлика од одделот за патници, разочарува багажникот кој мери сиромашни 201 литар. И покрај тоа што е со правилен облик и поради големиот отвор е лесен за товарање, не може да собере повеќе од два куфера со средна големина. Не е тајна и дека конкурентите нудат и до 100 литри повеќе!

Во поглед на звуците кои продираат во кабината, при повисоки вртежи може малку да биде непријатен да биде звукот од ветерот, но тоа навистина се однесува само за возење до границите.

Удобност / Комфор    

Suzuki Swift пријатно поминува врз нерамнините не правејќи големи потреси во внатрешноста, па возењето, дури и по нашите улици не е многу непријатно.

Секако дека нивото на комфорот не е на рамниште на некој автомобил од повисока класа, но е доволен и нема да дозволи патувањето да се претвори во кошмар за патниците.

Swift поминува тврдо по подлабоките дупки, но повторно без премногу да ја потресе внатрешноста. Единствено звукот кој го произведува подвозјето при поминувањето врз поголемите дупки знае убаво да продре во внатрешноста.

На автопат, возењето, повторно е удобно без преголеми вибрации (сепак се работи за градски автомобил, па споредбата ја правиме со тие од неговата класа) и без премногу бучава.

Мотори / Возни Својства / Перформанси    

Suzuki Swift е конструиран така за да биде забавен во возењето – прецизен, управлив и стабилен, но впечаток е дека недостасува подобро повлекување од 1,3 литарскиот бензинец.

Кај Suzuki Swift главна е динамиката во возењето. Новото подвозје, задната торзиона оска, предниот управувачки Rack&pinion- систем кој дава дирекно чувство, како и новодизајнираниот систем за сопирање придонесуваат во постигнувањето на тие квалитети.

Понудата на мотори ја сочинуваат 3 значително преработени мотори - 2 бензинци: 1,3-литарскиот М13А67 kW/ 114 Nm/ 175  km/h) и 1.5 l  M15A (75 kW/ 133 Nm/  185 km/h), и дизел моторот 1.3 l DDiS (51 kW/170 Nm/ 180 km/h). Изборот на менувачи го сочинуваат 5-степениот мануелен, 5-степениот автоматизиран мануелен менувач и 4-степениот автоматски менувач.

Автоматскиот рачен менувач работи во 2 мода - Economy, каде во прв план е ставена намалената потрошувачка на гориво и Normal, каде основна цел е спортското возење.1.3 -литарскиот дизелски агрегат има common-rail систем за вбризгување со турбо полнач и меѓуладење, што резултира со одлични перформанси, контролирана емисија и разумна потрошувачка. Сите агрегатски единици се 4-цилиндрични со 16V и ги задоволуваат Еuro 4 стандардите за емисија на гасови.



За моделот што го имавме на тест - моторот има зафатнина од 1,3 литри и има здрави 92 КС, кои, за жал е многу тешко да се почувствуваат во пракса. Проблемот е што моторот мора да се работи на многу високи вртежи за да покаже заби. Swift со овој мотор знае да забрза добро, но никогаш не импресионира.

Кај толку лесен автомобил, 92 КС треба да се и повеќе од доволни, но нискиот вртежен момент од само 116 Nm, кој максимумот го постигнува на високи 4.200 врт/мин, јасно кажува дека стартовите нема да ве залепат за седиште.

Фабричките податоци велат дека до 100 km/h, Swift пристигнува за 11 секунди и постигнува 175 km/h. Податокот за забрзувањето можеби е и точен, но други автомобили со овие бројки во каталозите ни оставиле многу подобар субјективен впечаток. Потрошувачката, пак изнесува 6,1 литар во просек (фабрички податок), што е добар резултат. На тестот, во услови на градско возење постигнавме 8 литри на 100 km.

Од друга страна пак, Swift има многу прецизно управување – тој е еден од најуправливите и најзабавни автомобили во својата класа. Бидејќи е лесен и многу широк, многу е тешко да се извади од рамнотежа. Многу сигурно ги прифаќа ненадејните промени на правецот, непто што осебено би му се допаднало секому кој сака подинамично градско возење, слично како кај Fiat 500 ili Mini.

Кај долгите свиоци покажува мала подуправливост, но умешните возачи сигурно ќе знаат дури и да го занесат задниот дел кон надвор (преуправливост) па поминувањето низ кривините ќе биде уште побрзо и поинтересно.

Тешко е само со оценка да го опишеме Swift во оваа категорија. Веројанто поилустративни би биле ако кажеме дека тој е како КунгФу борец: Ги има научено сите вештини и со голема прецизност ги совладува сите препреки, но му недостасува брзина за да стане мајстор.

Сигурност и Безбедност    

Во ерата на пет ѕвездички, очекувано е дури и автомобилите од оваа класа да се закитат со максимумот кога е во прашање безбедноста на патниците на предните две седишта. Swift тука освои само четири (30 бодови), но затоа пак има висока оценка за безбедноста на пешаците (20 бодови). За деца, Swift повторно е еден од послабите во класата со три ѕвездички (27 бодови)

Во стандардната опрема кај Swift се нудат две предни воздушни перничиња и појаси со автоматски дозатегнувачи, додека поопремениот модел GLA се нуди со шест воздушни перничиња.

Од активната безбедност, кај Јапонецот уште во основната опрема има ABS+EBD+BAS, додека контролата на стабилноста ESP и на пролизгувањето TCS се добиваат само со спортскиот модел со 1,6 литарски бензинец со 125 КС.

Опрема/Цена    

Традиционалните вредности на секој јапонски автомобил биле квалитетот, издржливоста и разумната цена. Swift со основниот пакет на опрема и моторот кој го имавме на тест (1,3 GL) може да се добие за 11.490 евра.

За таа цена се добива клима уред, 2 воздушни перничиња, електрични стакла напред, ABS+EBD+BAS, серво управувач, централна брава со далечинско, борд компјутер, радио со CD+MP3, кожен волан подесив по висина итн. Во овој пакет на опрема навистина е вклучено се што му треба на еден модерен млад човек, но модните додатоци, како алуминиумски тркала, доаѓаат во поскапиот пакет кој чини 1.000 евра повеќе.

Во основниот модел нема никаква електрика, а не се поставени ниту звучни сигнали за светла, клуч, брава, кровни рачки, или пак можност за отворање на багажникот од кабината.

Истовремено пак, копчето за регулирање на интензитетот на осветлувањето на инструментната табла е задржано. Тоа е и помалку неочекувано за автомобил со толку нападна надворешност, но затоа постојат и подобро опремени изведби, кај кои кога ќе се собере сe и не се толку скапи.

Пакетот со ознака GLA плус вклучува и уште четири воздушни перничиња, магленки, електрични и греени ретровизори и систем за стартување без клуч. Неговата цена изнесува 12.490 евра, која со оглед на високото ниво на опрема (систем за стартување без клуч, алуминиумски тркала) се чини разумна, ако не и ниска.

Во понуда на нашиот пазар има и уште два мотори – дизелот 1,3 со 69 КС кој чини високи 14,800 евра и спортскиот модел со 1,6 литарски бензинец од 125 КС кој чини 16.990 евра. Со оглед на разликите во цените, наша препорака е 1,3 литарскиот бензинец кој го имавме на тест.

Цените погоре се однесуваат на моделите со три врати. За дополнителен пар на врати се доплаќа 500 евра, додека за металик боја 300 евра.



Заклучок    

Suzuki Swift е солиден, цврст, стабилен и простран модел од пониската класа, со сепак недоволен габарит на багажниот простор, ни и со просечни перформанси. Но, никој не е совршен...

Новиот Suzuki Swift е добродојдено освежување во пониската класа. “Буцкастиот” автомобил на кому сосема му прилега прекарот “јапонски Mini ”, за повеќето купувачи кај нас ќе претставува единствен автомобил во семејството, а ги има сите потребни адути за да го оправда тоа. Тој е солиден, цврст, стабилен, простран модел од пониската класа, со сепак недоволен габарит на багажниот простор. Но, никој не е совршен!

Проверената јапонска механика во унгарско издание нуди доволно уживање со сосема одмерена потрошувачка, ако не се претерува со педалата за гас. Добро би било кога пластиката би била со подобра изведба.

Swift е силен конкурент во пониската класа и нуди сè што му е потребно на едно просечно семејство, а има и доволно темперамент и за побрзо возење. Сепак, се чини дека Swift е автомобил кој е класа за себе – не е тајна дека целта била да се привлече истата група на купувачи која е заинтересирана за Mini, но која нема толку многу пари да потроши за еден автомобил. Има многу малку слични конкуренти на пазарот: Punto, 207, и Corsa се големи и не овозможуваат толку забава во возењето. Се чини главни конкуренти се Fiat 500, Toyota Yaris и Mazda 2, кои првенствено се градски автомобили, но и VW Polo и Skoda Fabia.

Уживањето во возењето, за разлика од конкуренцијата е донесена на повисоко ниво. За жал, впечатокот го расипува претерано култивираниот мотор, со кој навистина треба жестоко да се работи за да се извлече максимумот.


Suzuki Swift - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
OVA NEMA NIKAKVA VRSKA SO EVROPA
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 85 месеци
KAKO TOA RASTEN VO EVROPA.OVA IMA JAPONSKI DELOVI A SE MONTIRA VO INDIJA,ZNACI,MU JA PRAKAAT KOLATA VO DELOVI DA JA SOSTAVI+ TOA GO KONTROLIRA KAKOM RABOTI
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 86 месеци
Za normalna voznja 12 litri na 100 km ne begaat. Ne daj boze po ugornicine da go povozis, vlece kako zelka. 90 i kusur konja ako ima ova... 30-40 aj nekako.
Напишан од 12 litri na 100 km  пред  околу 87 месеци
I OVA SE PRAVI VO INDIJA I ISTO KAKO I SUZUKU ALTO
Напишан од ATANASOV  пред  околу 87 месеци
I ja se slagam, skapa e. Inaku "japonecov" e prav nindza....motorot e neverojatno izdrzliv....nikoj se nema pozaleno od swift ili maruti na primier (od postarite modeli).
Напишан од Nikola  пред  околу 88 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил