Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Mazda 2 1,5 GT - успешна диета
 
Spodeli
30 октомври 2009, 17:33


Mazda 2 1,5 GT - успешна диета Mazda 2 - old Mazda 2 1,5 GT - успешна диета
Zoom-zoom кампањата означи нов правец по кој ќе се движи развојот на автомобилите на Mazda. Од почетокот на таа кампања излегоа неколку автомобили кои воодушевуваат со перформансите и комфорот, но најмногу со квалитетот – како заштитен знак на марката која е фокусирана на изработка на автомобили со...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот градски адут на Mazda, моделот со ознака 2, покрај погоре споменатите карактеристики, донесува еден нов тренд на кој до сега не се сети ниту еден друг производител – намалување на масата. Или, се сети, но не успеа да го направи. Навистина, Mazda 2 е првиот автомобил од новото доба кој е полесен од претходникот, задржувајќи ги притоа одличните возни својства. Иако во името го носи бројот 2, овој мал убавец за 2008-ма е прогласен за Светски Автомобил бр. 1. Награда која сама по себе кажува многу и која вообичаено ја добиваат технолошки напредни автомобили.

Дизајн

Насмеан и модерен, изгледот на новата двојка на Mazda го следи трендот на дизајнирање на малите автомобили, или уште подобро, да стане лидер помеѓу малите, лути и симпатични модели, наменети за помладата популација.



На прв поглед паѓа свежината на автомобилот – насмеан од напред и напрчен одзади, со извонредно компонирани дизајнерски елементи и со високо поставени задни светла.  Mazda идентитетот на новото време е комплетно присутен. За разлика од некои постари модели, веќе не се работи за класичен и традиционален дизајн. Се сеќавате како изгледа претходната Mazda 2? Веројатно не. 
Кога стои во место, Mazda 2 изгледа како атлетичар на стартна позиција, спремен за поаѓање во моментот кога е спремен неговиот сопственик.

Ентериер

Квалитетот на употребената пластика не е на ниво на кое не навикнала Mazda, но тоа е надополнето со одличната завршна обработка и високо ниво на ергономија.



Предната конзола, е максимално разиграна и иако на прв поглед изгледа малку раштркано, факт е дека е многу добро осмислена и функционална. Ергономијата е на високо ниво, па сите поважни команди се секогаш на дофат на раката. Интересна е позицијата на менувачот кој е поставен високо на централната конзола, блиску до управувачот, па менувањето на брзините е прилично олеснето.

Простор има доволно и напред и назад, невообичаено за автомобили со вакви или слични димензии. Седењето е малку повисоко од кај конкуренцијата, затоа и прегледноста е значително подобрена, па и протнувањето низ малите улички е олеснето. Функционалноста во внатрешноста ја надополнуваат многуте фиоки и отвори за ситници, како во некој мал моноволумен.

Разочарување единствено би можел да биде багажникот. Тој брои само 250 литри, што е за 30-40 литри помалку од класата. За низ град и шопинг е доволен, но за фамилијарен одмор сепак фали уште некој литар.

Удобност / Комфор    


Mazda 2 е градски автомобил, па кога ќе ја оценуваме удобноста, така и ќе го третираме. Веќе кажавме, просторот кој патниците и го имаат на располагање создава чувство на комфор, но сепак, возењето не е многу меко.

Целиот автомобил малку потскокнува на нашите неквалитетни патишта, посебно поради неговата ниска маса, но потреси и незгодни звуци во внатрешноста нема, па патувањето и на подолги патувања е задоволително.

Звуци од надвор тешко продираат во кабината, а моторот е тивок и дозволува разговарање дури и при повисоки брзини. Добро осмислената аеродинамика не дозволува свирење на ветерот ни при поголемите брзини.

Сепак, и покрај тивката кабина, не можеме а да не кажеме дека во класата на градски автомобили има поудобни и потивки автомобили. Но, она што најмногу ни се допадна е што Mazda 2 не се обидува да биде голем автомобил.

Возни Својства / Перформанси

На тест го имавме најсилниот бензинец со 103 КС, кои благодарение на ниската маса и начинот на конструкција на автомобилот овозможувааат добри перформанси – лесни забрзувања и одлични за ваков автомобил максимални 188 km/h

Она што особено не импресионираше е агилноста на моторот. При многу мали вртежи, во втор или во трет степен на пренос, моторот има сила да повлече, што е многу значајно за возење низ Скопје, со многу сообраќај и со тесни и ’90-степени’ улички.



1,5 литарскиот бензинец максималната сила ја развива при 6.000 врт/мин, со што јасно укажува дека се работи за мотор кој сака да биде завртен до црвеното поле Дополнителен доказ за тоа е и нискиот вртежен момент од 137 Nm кој се постигнува при 4.000 врт/мин, благодарение на што се постигнува споменатата агилност. Возењето со овој мотор е забавно и агилно, но не и спортско. Сепак, леснотијата при забрзувањата и спортскиот звук често знаат и да го занесат возачот, па забавата може да достигне многу високо ниво.

Бројките најубаво кажуваат колку е брз и агилен овој автомобил – забрзувањето до 100 km/h трае 10.4 секунди, додека максималната брзина изнесува високи за ваков тип на автомобил, 188 km/h.

Што се однесува до шасијата, нејзината цврстина овозможува агилно поминување низ свиоците, без некои поголеми корекции со управувачот. Прецизноста со која се менуваат степените е на високо ниова, па излишно е барањето за автоматска трансмисија.

Најдоброто за крај – Mazda 2 според фабричките податоци троши само 5,9 литри гориво во просек, податок кој на тест возењето го расипавме за еден литар повеќе, што се уште е импресивен резултат. Во овој дел и најочигледно е намалувањето на масата – економичноста е најдобра во класата!

Сигурност и Безбедност


Mazda 2 е еден од последните автомобили кој беше испитан од EuroNcap, па и за очекување беше тој да помине успешно, посебно во делот за безбедност на деца и возрасни. Што се однесува до безбедноста за пешаците и таа е задоволителна, бидејќи Mazda 2 има освоено 18 бодови во оваа категорија, што е само за малку под границата од три ѕвездички.

Активната опрема, исто така е на високо ниво, па посилните модели стандардно имаат ABS, EBD, TCS и DSC. Основниот модел има две воздушни перничиња, додека подобро опремените доаѓаат со шест.

Поставеноста на менувачот високо на централната конзола, поради блискоста до управувачот, го скратува времето за префрлање на раката од менувачот, што дополнително позитивно влијае на безбедноста.

Опрема/Цена    

Цената на моделот кој го имавме на тест изнесува 14.590 евра, која со оглед на високата опрема и силниот мотор не е многу висока, пред се бидејќи се работи за квалитетот на Mazda.

Освен безбедносната опрема која ја спомнавме погоре, во овој, инаку најопремен модел на Mazda 2 има целосна електрика, автоматски клима уред, радио со CD шаржер со шест звучници, картичка за влегување и стартување без клуч, грејачи на предните седишта, 16 инчни алуминиумски тркала, имобилизатор, сензори за дожд итн. Единствено што може да се доплати е металик боја (350 евра).

За овaa сума може да се добие и автомобил од компактната класа, но секако не толку опремен и со не толку силен мотор. За оние на кои не им е важна брзината, препорака е основниот модел чија цена изнесува 10.490 евра.

Во него се вградува ABS, EBD, серво управувач, 2 воздушни перничиња, имобилизатор, централна брава и електрични ретровизори. За оние кои не поднесуваат топлина, цената на истиот ваков модел, но со мануелен клима уред, изнесува 11.290 евра.
Моторот кој се вградува во основниот модел има зафатнина од 1,3 литри и солидни 75 КС, а троши 5,4 литри во просек.



Заклучок    

Mazda 2 нема амбиции да биде голем автомобил, како многу други модели од класата кои, иако сакаат, реално не можат да ја достигнат класата погоре.

Таа е конструирана и замислена како градски автомобил, кој пред се треба да биде штедлив, агилен, лесно да паркира и да нуди забава при возењето. И покрај тоа што се наоѓа во иста класа, двојката не би можела да се спореди со Renault Clio, Peugeot 207 или Fiat Grande Punto, автомобили кои се тешки за дефинирање за кого и за што се наменети. Можеби најдиректен конкурент на Mazda 2 е сонародникот Toyota Yaris, чија првична намена, исто така се градските улици.
Целта на овој автомобил е да му овозможи динамичност и агилност на сопственикот, што асоцира на помладата генерација, генерација која треба да биде предводник на новото време. За таквите луѓе, Mazda 2 е совршена.


Mazda 2 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
CENATA I E POKACENA OD 14 OOO EVRA POKACENA E NA 16 OOO EVRA ZAKON
Напишан од FAN NA MAZDA 2  пред  околу 73 месеци
ZAKON E
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 82 месеци
OVAA E VSUSNOT POMALATA SESTRA NA MAZDA 6
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 88 месеци
SAMO SPORTSKATA VERZIJA NA MAZDA 2. 1.5 103 KS GTA SAMO OVAA DRZI CENA ZOSTO E 14 000 EVRA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 89 месеци
KOLICETO E SUPER.MAZDA SE PROZIVEDUVA SAMO VO HIROSHIMA TAMU E FABRIKATA VO JAPONIJA.SE SE SUPER SAMO SKAPA E ZA ODRZUVANJE I NE DRZI CENA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 90 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил