Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Citroen C5 2.0 16V HDI - Француска револуција
 
Spodeli
30 октомври 2009, 17:29


Citroen C5 2.0 16V HDI - Француска револуција Citroën C5 Citroen C5 2.0 16V HDI - Француска револуција
Вљубениците во Citroen се многубројни, најмногу поради свиленкастото меко возење по кое е позната марката со дуплиот Chevron. Традицијата од повеќе од половина век сигурно го зголемија очекувањето кај сите за новата C5-кa, посебно заради најавите за моделски изведби со и без хидраулика....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во продолжение, импресиите за тест возењето на новиот Citroen адут од средно-високата класа. Го тeстиравме моделот 2.0 16V HDI

Уште кога го видовме новиот C5 на првите официјални фотографии останавме без зборови, за убавината тие и не се потребни. Она што особено не интересираше беше да видиме дали најавите за следењето на светските автомобилски трендови во однос на ставање на акцент на возните својства на сметка на удобноста во возењето се присутни и тука.

Освен тоа, новата генерација треба да поправи и многу болки на претходниот модел, кој не котираше многу високо на листата на желбите на купувачите. Новата C5-ка треба да биде револуционерен модел, кој ќе го смени начинот на кој и луѓето размислуваат за Citroen – хидрауликата ќе се нуди само како дополнителна опрема или со поголемите мотори. За првпат во сегментот е понудена двојна суспензија: од една страна потпирањето од типот на Hydractive 3 Plus создадено за комфор и задоволство, а од друга страна метално потпирање за директен допир со патот. Механичката сличност со Peugeot 407 го следи германскиот концепт, а со тоа и го донесува поблиску до епитетот fun-to-drive лимузина, што значи малку потврд автомобил, но поуправлив и попрецизен во свиоците.

Дизајн    

Реченицата за убавината и вкусовите е кажана милион пати. За да не бидеме субјективни при оценката на дизајнот, ќе ви дадеме еден совет. Замислете го само C5 во споредба со Mondeo или Laguna. Како да е изработен од едно парче, создаден во еден здив – совршено во секој поглед. Направен е сериски модел (долг 4,68 метри) кој нема загубено од убавината на концептниот, Citroen C5 Airscape. Фантастично!



Предната маска веќе не е така зашилена како кај другите модели на марката. Фаровите се широки и речиси хоризонтално поставени и заедно со големите отвори за воздух се добива впечаток дека C5 е најспортски Citroen досега (од оваа класа секако).

Приказната продолжува со страничната силуета, во седан изведба, со високи бокови, мали стаклени површини и една линија која го следи цел автомобил, која се чини е еден од најважните дизајнерски детали, целосно следејќи ја силуетата на автомобилот. Назад доминираат високо поставените големи стоп светла, кои навлегуваат и во страничниот дел од автомобилот, и секако задното ветробранско стакло, кое е вдлабнато навнатре. Очигледно, Citroen се задржува на традицијата – отсекогаш екстравагантни и различни дизајнерски детали.

Citroen C5 сигурно може да конкурира како едно од најдобрите вајарски дела во историјата – толку компактен и динамичен автомобил, со вакви димензии не сме виделе веќе подолго време.

Ентериер

Француски во секој поглед, е првото што ќе се помисли кога ќе се погледне кокпитот. За разлика од германската конкуренција, сите линии се меко изведени, без нагли премини и без некоја симетрија, со високо ниво на ергономијата. Комфор, рафинираност и стил на едно место, за чувство на престиж.



Идеалното сместување за секој патник поединечно, квалитетните материјали и високото ниво на ергономија се нешта кои го карактеризираат новиот C5. Сите копчиња се на дофат на раката и за разлика од претходникот, нив веќе ги нема во енормно голем број, па полесно е снаоѓањето со командите. Слично како и кај моделите C4 и Picasso, управувачот е изведен така да се врти само обрачот, додека средниот дел останува во место. Резултат - зголемена ергономија.

Материјалите од кои е изработена предната табла се меки на допир и тешко е да се најде замерка на нивниот квалитет. Дури и сетилата за мирис ќе бидат задоволни – се е подредено на уживање во хармонично изведената внатрешност.

Но, Citroen не е Citroen ако не понуди и нешто повеќе - нешто по што ќе се разликува. Доказ за тоа е амбиенталното LED осветлување во портокалова боја кое се наоѓа кај внатрешниот ретровизор, и кое има функција да го осветли средниот дел кај менувачот. И другите автомобили имаат осветлување во внатрешноста, но кај C5 тоа е прилично различно, создава прилично романтична атмосфера, ретко видена во други автомобили.

Вниманието на детали се потврдува и преку предвидениот простор за чување на очила, но и преку масажерите за предните седишта. Да, Citroen C5 е првиот автомобил во класата кој нуди масажа за грбот на возачот (со доплата). Така, релаксирани и опуштени, патниците можат многу подолго време да поминат во автомобилот. Посветено е големо внимание и на HiFi уредот кој со чистиот звук ќе ги задоволи дури и најголемите аудиофили.

Удобност / Комфор    

Очекувањата за удобност од Citroen се секогаш високи. Направен на основа и во во истата фабрика како и престижниот C6, со оптималем микс помеѓу удобноста и возните својства, новиот C5 е еден од најудобните автомобили во класата.

Веќе најавивме, следејќи го германскиот концепт за давање приоритет на возните својства на сметка на удобноста, инженерите на Citroen, благодарение на неконвенцијалните решенија при изработката на подвозјето успеале да ја подобрат динамиката на возење, а притоа, на изненадување на сите, задржувајќи ја во голема мера толку познатата француската удобност.

Моделот кој го тестиравме не беше со хидраулично подвозје, иако, доколку не знаевме, можеби и немаше да забележиме. Удобноста е навистина на високо ниво – малите нерамнини и неквалитетниот асфалт во нашата земја воопшто не го вознемируваат овој автомобил, а вибрациите се сведени на минимум. Звуци скоро и да не допираат во внатрешноста – уште еден плус за познатата релаксација кога се возите во Citroen. Дури и при брзини од околу 150-160 km/h, патниците можат да разговараат без довикнување, дури и со шепотење – звукот од моторот е минимален, единствено продира благиот звук на ветерот, како во авион.

Просторот, исто така е на високо нив. Се чини не е победен единствено Ford Mondeo, но простор има и повеќе од доволно и за најдолгите патувања. Единствена замерка може да се упати на големината на багажниот простор. Со 439 литри не е конкурентен ниту на компактните лимузини. Просторот во багажникот е добро искористен, со правилни линии, но сепак конкурентите нудат и до 100 литри повеќе.

Тука има и уште еден детал со кој се потврдува посветеноста на ситници кај овој автомобил – едно од светлата во багажникот може да се откачи и да се користи како батериска ламба и до 45 минути – брилијантно!



Возни Својства / Перформанси

Главната причина за префрлањето на класичната суспензија во оваа генерација на Citroen беше подобрувањето на возните својства, односно задоволувањето на потребите на купувачите кои бараат попрецизно управување, но и поцврсто и стабилно возило.

И старата C5-ка со хидраулично потпирање имаше добри возни својства, кои сепак не беа на ниво на германската конкуренција – во свиоците автомобилот држеше добро, но тоа беше проследено со многу пливање, како возачот да беше исклучен од патот понекогаш.

Кај новата С5-ка многу работи се променети. Управувањето е попрецизно и дава многу повеќе повратни информации од патот, при вртењето во свиоците може многу полесно да се нагоди автомобилот и полесно да се задржи зададената линија, а поради намалената тежина и кочењето е подобрено. Целата конструкција на автомобилот е направена така да е намалено занесувањето во острите спори свиоци.

И покрај големото подобрување во однос на претходната генерација, сепак, забелешка е дека во класата има неколку автомобили со подобри возни својства. Скоро возевме и Mazda 6 и слободно можеме да кажеме дека на кривулестите патишта таа се однесува постабилно, дозволувајќи минување со поголема брзина. Сепак, повторно ќе споменеме, нивото на удобност, опуштеност и релаксација се единствени во C5.

Истата приказна продолжува и кај моторот. Citroen веќе стана познат по HDI моторите, кои се едни од најдобрите во светот на дизелите. На пазарот има и посилни дизели (со исти карактеристики), кои повлекуваат посилно, но го немаат балансот што го има HDI моторот. Тука, еластичноста на моторот е одлична, сила се добива во секој интервал на вртежи, и на ниски, и на високи. Со 138 КС, 2.0 HDI 16V фино повлекува од ниски вртежи, за што најзаслужен е вртежниот момент од 320Nm, па возењето е релаксирано, во секој момент возачот има доволно резерви под педалата за гас за престигнување.

И самите бројки јасно кажуваат дека овој модели нема да заостанува во сообраќајот, но нема ниту да може да се натпреварува на семафор. До стотка стигнува за 10,6 секунди (интересно, на верзијата со хидраулична суспензија и требаат 11,6) и постигнува максимални 204 km/h, што е и повеќе од доволно за бизнис или семеен автомобил.

Сигурност и Безбедно
ст    

По ексклузивниот напис за вистинската безбедност на денешните автомобили, дојдовме до заклучок дека автомобилите на PSA корпорацијата се најбезбедни. Спомнавме и претходно, C5 e произведен на платформата од C6, кој моментно е најбезбеден сериски автомобил во светот. C5 можеби не задоволува кога се во прашање пешаците (само 11 бодови), но затоа освојува многу поени за заштита на патниците кои се наоѓаат внатре во автомобилот (35 за возрасни, 38 за деца).

Безбедноста е на високо ниво – електрониката ги исправува сите грешки на возачот, и што е најинтересно, колку и да се стиска на педалата за гас, кога управувачот е завртен или автомобилот е во некоја кривина, електрониката не дозволува автомобилот силно да забрза, лимитирајќи ги вртежите до онаа мера до која автомобилот се однесува комотно. Имате чувство дека освен Вас, за возењето се грижи и некој друг (компјутерот), пред се зголемувајќи ја безбедноста, но и удобноста за сите во автомобилот.  Кога е безбедноста во прашање, ќе го споменеме и системот кој ги вибрира седиштата кога ќе се помине преку полна линија на автопат.

Безбедносната опрема е богата, било дали се работи за пасивната или активната безбедност. Уште во серија се нудат 9 воздушни перничиња (едно за колената на возачот), управувач кој се повлекува 65 cm при удар, активни појаси на сите пет седишта итн.

Од активната, исто така во серија се добива ABS+REF+AFU+ESP, со што опремата за стабилност е целосна, а со доплата можат да се добијат и ксенонски фарови кои го осветлуваат патот и во кривини (вртат со управувачот), предупредувач за поминување преку бела линија без вклучен трепкач итн.

Опрема / Цена / Потрошувачка  
  

Моделот кој го имавме на тест чини 26.990 евра, што секако не е малку. Затоа, цената е надополнета со богатата опрема – целосна електроника и опрема за активна безбедност ретко кој нуди во серија.

Опремата во тест моделот вклучуваше скоро се – двозонски автоматски клима уред, целосна електроника, радио со CD+MP3, ABS+REF+AFU+ESP, 9 воздушни перничиња, велур седишта, магленки, 16 инчни алуминиумски тркала, темпомат итн.

Тестираниот автомобил имаше и ксенонски светла кои вртат во свиоците (760 евра), металик боја (590 евра) и 17 инчни тркала (+170 евра), заокружувајќи ја вкупната цена наведена погоре.
Моделот со Hydroactive суспензија чини плус 1.000 евра на овој модел – доплата за која дали вреди ќе одлучи самиот купувач (Совет: тие што бараат високо ниво на удобност, апсолутно не треба да штедат).

Основниот модел со 1,8 литарски бензинец со 127 КС чини 22.490 евра. Неговата опрема вклучува автоматска монозонска клима, челични тркала и целосна опрема за безбедност (иста како во тестираниот модел), како и целосна електроника..

Потрошувачката, според каталошките податоци, во просек изнесува 6 литри, што може и реално да се постигне, со многу лесна нога на гасот. Во град троши 7,9 литри, додека на отворено неверојатни 4,9 литри. На тестот, ние постигнавме просек од околу 7,5 литри, со напомена дека најчесто возевме во градски услови или при високи брзински просеци на автопат, па резултатот е и повеќе од задоволувачки.



Заклучок

Во средната бизнис класа никогаш не било погусто. Сите конкуренти, по крајниопт квалитет што го нудат се многу изедначени. Ги разликува првенствено дизајнот и, главно разликите во намената на самиот автомобил. Има за сите вкусови

Citroen C5, во моментов е на врвот во класата, кога е во прашање удобноста, а има подобри возни својства во однос на претходникот, нуди високо ниво на безбедност и што е најважно и покрај изоставувањето на хидрауликата (се доплаќа) се уште е добар сопатник за подолгите патувања за што е заслужна и великодушната и пространа внатрешност.

Има и маани – еден од најмалите багажници во класата и не толку експлозивниот мотор, но тоа е само барање игла во сено. Најдобриот дизајн во класата и бескомпромисното уживање при возењето, го сместуваат С5 во врвот, во конкуренција на Mondeo, Passat, Laguna, Mazda 6 и  Accord.

Останува уште и да се прокоментира квалитетот – завршната обработка е на највисоко ниво, но за завршна оценка ќе почекаме уште неколку години да ги видиме испитувањата за квалитет на JD Power, ADAC и TUV.


Citroën C5
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA E IZGOR ZA DELOVI AKO TI RIKNE NEKOJ DEL ODI SLIKAJ SE
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил