Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Концепт > Врвна технологија и луксуз - Citroen Metropolis
 
Spodeli
14 март 2011, 08:26


Врвна технологија и луксуз - Citroen Metropolis  Врвна технологија и луксуз - Citroen Metropolis
На овогодинешниот саем на автомобили во Женева, Citroen го претстави луксузниот концепт Metropolis....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Интересно, за да успеат што е можно повеќе да го приближат на очекувањата на кинескиот пазар, овој концептен автомобил во потполност го смислила екипа на меѓународни дизајнери, сместена во Шангај од 2008 година.

Metropolis беше изложен во Францускиот павилјон на Светската изложба во Шангај од јули до октомври 2010, а со него се запознале повеќе од 10 милиони посетители. 
 
Освен профилот на троволуменско возило, традиција во сегменттот во Кина, Metropolis со своите димензии (5.30 m х 2.0 m х 1.40 m) изразува визија на креативност и луксуз. Дизајнот на каросеријата истовремено е и спектакуларен и силен, обложен со слој на дискретна боја Pearl Silk чиј интензитет се менува зависно од светлоста и со тоа ги истакнува фино изработените детали. Дизајнот на ентериерот е инспириран од лепеза и кинеските жичени инструменти глазбали кои се симбол на префинетост. 
 
 
Citroen Metropolis е опремен со Plug-in хибриден погонски систем. Опремен е и со хидроактивна погонска амортизација. Тој заштитен знак на Citroen ги исполнува очекувањата по однос на удобноста, посебно во Кина. 
 
Plug-in хибридниот погонски склоп овозможува различни начини на возење:
 
- само со електричен погон (при движење, во град на ниски брзини и при успорување) благодарение на електромоторот кој развива моќ од 95 КС. 
- само со погон на бензински мотор (при постојани брзини на автопат кога моторот достигнува најголема искористливост) благодарение на 2.0 литарскиот бензински V6 кој развива 272 КЅ и најголем вртежен момент од 375 Nm. 
- со комбинација на двата мотори: во фаза на забрзување при што најголемата комбинирана сила изнесува 470 КЅ, а вртежен момент 430 Nm
во работа со четири погонски тркала во случај на лошо приспособување на подлогата. 
 
Metropolis троши неверојатно ниски 2.6l/100 km и испушта 70 g/km CO2, што е пет пати помалку од класичниот погонски систем со слични перформанси. 
 




Стари коментари
samo eden zbor za kolava - PERFEKCIJA. i uste edna informacija za darkman i drugite hejteri - ovoj koncept, isto kako i GT-to ke imaat i limitirano serisko proizvodstvo.
Напишан од krle  пред  околу 75 месеци
TOP KOLA
Напишан од TOP  пред  околу 76 месеци
Z A K O N .
Напишан од @  пред  околу 76 месеци
fenomenalen aftomobil nemam komentari za avtomobilot prekrasene
Напишан од zoran przovski  пред  околу 76 месеци
fenomenalen aftomobil nemam komentari za avtomobilot prekrasene
Напишан од zoran przovski  пред  околу 76 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Концепт



 
 
 
 






Одберете нов автомобил