Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Mazda 6 - болид за градските улици
 
Spodeli
30 октомври 2009, 17:25


Mazda 6 - болид за градските улици Mazda 6 - old Mazda 6 - болид за градските улици
Лесно е да се конструира нов автомобил, кој немал многу успешен претходник и да се рекламира како револуционерен, модерен и технолошки напреден. Но, ни малку не е лесно да се наследи успешен претходник....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Претходната генерација на Mazda 6 беше права мера за европските купувачи – спортскиот дизајн, квалитетот, просторноста и добрите возни својства привлекоа рекорден број купувачи кон марката која најмногу се држи до своите, јапонски корени, па задачата на новиот модел е супер тешка и комплицирана.

Затоа, Јапонците се потрудија да не остават ништо на случајот – новата 6-ка мора да биде подобра и од најдоброто и поубава од најубавото. Дали е така, ќе се обидеме да ви одговориме преку тест возењето на новата Mazda 6 со дизел мотор од 140 КС и средно ниво на пакет на опрема.

Многу скоро, како надополнение на овој тест, koli.com.mk ќе тестира и еден бензиски мотор на Mazda 6.

Дизајн

Делот од каде ќе започнеме секако е дизајнот. Чисто, спортски и елегантно, така е дизајнирана новата Mazda 6.

Тука нема никакви експерименти - автомобилот воодушевува од каде и да се погледне, дури и кога се зборува за деталите. Прекрасниот спој на остри и меки линии е изведен во еден здив, па нема да згрешиме ако кажеме дека 6-ката изгледа преубаво. Можеби, единствената критика, ако можеме така да ја наречеме, е што Mazda 6 малку потсетува на Lexus LS. Критика или комплимент? Одлучете сами.



Сепак, сите детали и линии досега познати за Mazda се употребени и во овој автомобил, па ни најмалку заинтересираните за автомобилизам нема да згрешат за која марка на возила се работи.

Многу значајно, спортскиот и модерен дизајн со флуидни линии овозможува добар проток на воздухот – Mazda 6 има најдобар коефициент на отпор на воздухот во класата од 0,27 Cw кој е заслужен за ниската потрошувачка, но и за низок коефициент на одлепување од патот, што придонесува за поголема стабилност при повисоките брзини.

Во секој случај, Mazda 6 изгледа маркантно – неговите дизајнери сакале и направиле модел кој истовремено е футуристички и различен од останатите, а притоа многу успешно го задржува Mazda идентитетот.

Ентериер

Многу простор, висок квалитет на материјали и завршна обработка – еден од најдобрите ентериери во класата.

Интересно е што јапонски модел, од 2008-ма, со исклучително многу технолошки иновативни решенија и напредна технологија содржи традиционален дизајн на ентериер. Класичните и се чини “вечни” округли инструменти ја красат 6-ката и веројатно најмногу ќе им се допаднат на оние кои не бараат од својот нов автомобил вселенски брод, како што тоа ги прават некои други компании.

Предната конзола е се чини еволуција на таа од претходниот модел. Се е на дофат на раката, изведено без премногу експерименти.  Чистите линии не збунуваат како кај некои други футуристички дизајнирани кокпити.



Материјалот од кој е изработен кокпитот е мека гумирана пластика, па заедно со надалеку познатата завршна обработка и страста за совршенство на Mazda, чувството на квалитет е мошне високо. Optitron осветлувањето дополнително го зголемува чувството за квалитет – мешавината на црвенкасто со сино осветлување е празник за очите во доцните вечерни часови.

Просторот и на предната и на задната клупа е на високо ниво – напред совозачот може нозете добро да ги испружи, а назад ниту повисоките нема да се пожалат на модринки во колената или искривен врат.

Седиштата не се нити многу меки ниту многу тврди. Удобни се дури и за подолги патувања, а предните две имаат добра странична поддршка и добро го држат телото и при посилно влегување во свиоците. Ова важи за сите модели, и за оние со најниско ниво на опрема.

Што се однесува до звукот, Mazda 6 има една од најтивките кабини во класата, било дали тоа се однесува на звукот од моторот, тркалата или струењето на воздухот. Во Mazda 6 може да се разговара дури и со шепотење и при брзини од 150-160 km/h, што е навистина импресивно.

Прегледноста кон надвор е одлична, па и покрај тоа што се работи за автомобил од средната класа, не е тешко ниту паркирањето во тесните паркинзи и улички, што е уште еден позитивен елемент. Ова особено доаѓа до израз ако се забележи дизајнот на автомобилот одозгора, т.е. неговите контури – линијата од крилата кон предната маска, преку фаровите е прилично заоблена, што е многу значајно за намалување на просторот потребен за маневар при паркирање – многу значајно за македонските купувачи, познавајќи ги градските гужви и малкуте места за паркирање. Тука ќе ги споменеме и задните потпирачи за глава кои се собираат во седиштата и дополнително придонесуваат за видливоста.

Големината на багажникот, исто така е меѓу најдобрите во класата – 519 литри се и повеќе од доволни. Позитивно е што и отворот на багажникот е доволно голем, па товарањето на поголеми предмети не е воопшто тешко.

Доколку желбата на корисникот е товарање со поголеми предмети, Karakuri системот на Mazda излегува во пресрет секому - со кратко повлекување на рачките, седиштата потонуваат во подот и прават рамна товарна површина.

Удобност / Комфор    

Спортскиот дизајн асоцира и на тврдо и неудобно возење – карактеристики кои не важат за Mazda 6. Таа е цврста, но никако и неудобна.

Дури и очекувавме дека новата 6-ка ќе се однесува така – подобрувањето на квалитетот на патиштата низ цела Европа (за жал не и кај нас), им даде простор на конструкторите да направат поцврст и поспортски автомобил. Ова не се однесува само на Mazda, туку на речиси сите производители

Сепак, апсолутно нема простор за загриженост – Mazda 6 толку самоуверено поминува преку нерамнините, што барањето за помеко возење станува навистина излишно. Секако, има и помеки автомобили на пазарот (читај француските), но мора да се размислува дека се е компромис. Вистинското лице 6-ката го покажува кога стрелката на брзинометарот ќе достигне 80-90 km/h.

По излегувањето на отворен пат или автопат, Mazda 6 е во свој елемент. Цврстата шасија не дозволува ниту еден потрес или вибрација да влезат во внатрешноста, за што најмногу е заслужен специјалниот челик за придушување на вибрациите, како и предната помошна рамка која дополнително ја зацврстува шасијата и влева поголема сигурност.

Возни Својства / Перформанси    

Константното вложување кај спортските автомобили ја направија Mazda една од марките со најспортски карактеристики.

Да почнеме од моторот – 2,0 литарскиот дизел со 140 КС ја користи Common-Rail технологијата и овозможува лесни и течни забрзувања, без некое поголемо посегање по, инаку одличниот шест степен менувач, кој има релативно долги преносни од-ови.

Максималниот вртежен момент изнесува високи 330 Nm, кои се постигнуваат при само 2.000 вртежи во минута, па доволно е и завртување на моторот до таа бројка за да се постигнат добри забрзувања, а потрошувачката да остане на ниско ниво.

Максималната сила од 140 КС, исто така се развива при ниски 3.500 врт/мин, што е податок кој најубаво кажува за каков мотор се работи – не сака високи вртежи, но во краткиот распон до 3.500 овозможува големо уживање, а не се противречи и да повлече во некој повисок степен на пренос дури и при пониски брзини.



Забрзувањето до 100 km/h, за овој модел, трае 10,5 секунди, додека максималната брзина изнесува и повеќе од доволни 204 km/h. Просечната потрошувачка изнесува 5,6 литри (отворено 5,0, град 6,7). Реално, Mazda 6 со овој дизел мотор троши околу 6,5 литри во просек.

Но, уживањето немаше да биде потполно ако силниот мотор не беше надополнет со брилијантното подвозје и прецизниот управувач.

При влегување со поголеми брзини во свиоците, Mazda 6 секогаш има резерви и е тешко да се донесе до граничното подрачје. Дури и ако се случи тоа, враќањето во саканата линија на движење е многу лесно, пред се поради прецизниот управувач кој праќа доволно повратни информации од патот, ни и електронските системи за стабилност, кои незабележливо, но многу вредно си го вршат својот дел од работата.

Mazda 6 се однесува како болид – цврст, прецизен, управлив и стабилен. Влева и тоа како чувство на сигурност, за возење и преку границите на нормалата. Тоа не е секогаш случај за автомобилите од оваа класа, најмногу поради тежината. Тука се чини е клучот на успехот. Сите позитивни карактеристики на автомобил од високата средна класа се постигнати со тежина која е приближна на оние од компактната класа (Focus, Golf…).

Сигурност и Безбедност 

Mazda 6 се уште не е тестирана од реномираната EuroNCAP.

Од безбедносната опрема нема што нема: 10 воздушни перничиња, појаси со автоматски дозатегнувачи, ABS, EBD, DCS и TCS, активни потпирачи за глава на сите пет седишта итн. Едноставно, Mazda отсекогаш вложувала многу во подобрувањето на безбедноста, па нема причина да се верува дека 6-ката е небезбеден автомобил.

Опрема/Цена    

Цената на тестираниот примерок 25.990 евра, за среден пакет на опрема.

Покрај безбедносната опрема која ја споменавме погоре, од позначајните работи има, двозонска автоматска клима, целосна електрика, 17 инчни алуминиумски тркала, модуларно радио со шаржер за 6 CD-a, имобилизатор, сензори за светла, светла за магла, сензори за дожд итн.

И покрај богатата и несебична опрема, цената секако не е ниска. Другите производители нудат и поевтини еднакво опремени автомобили, но, во никој случај не го нудат квалитетот кој го нуди Mazda.

Знаејќи ги предностите на возење на автомобил на оваа компанија, до некаде и можеме да ја оправдаме цената, која за тие што имаат малку подлабок џеб и не е многу висока. За оние кои пак сакаат поголема индивидуалност, цената може достигне и 32.390 евра!

За секој што пак сака да вози автомобил од средната класа, сака брзо и полетно возило, а не сака дизел, препорака е моделот со 1,8 литарски мотор со 120 КС со истото ниво на опрема, кој чини 23.490 евра.



Заклучок    

Во бизнис класата во последно време излегоа неколку нови модели, но многу важни конкуренти допрва ќе ја дочекаат новата генерација.

Во претходната генерација, Mazda 6 успешно се бореше со конкуренцијата – новиот модел е многу понапреден и според сите својства е многу блиску до врвот во класата, па успехот е скоро и загарантиран.

Европејците уште од порано знаат дека квалитетниот производ најмногу го задоволува купувачот, па најчесто и не жалат да додадат уште некое евро за поквалитетен автомобил. Искрено, денес и другите купувачи нудат висок квалитет на возилата, но Mazda си е Mazda. Се уште.


Mazda 6 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA KOLA MI E VREZANA VO KRVTA
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 88 месеци
MENE MAZDATA MI E VREZANA VO KRVTA KAKO STO KE NAPRAVI HIROHITO DRUG NE ZNAE.SAKAV DA KAZAM KAKO JAPONECOTO STO KE SOSTAVI MOTOR NA KOLA I VENTIL I CLIP NA KOLA DRUG NE ZNAE.TOA SO HIROHITO DRAGA IMPERATORSKA REDAKCIO KOLI TOA E KAZANO VO ALEGORIJA.
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 89 месеци
DA NE ME RAZBERETE POGRESNO AMA JAS PRETEZNO PREFERIRAM JAPONSKA KOLA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 90 месеци
OVAA PREKRASNA JAPONSKA UBAVICA DRZI CENA DA JA KUPIE 18 000 EVRA NOVA OD SALON.NO SAMO EDNO SKAPA E ZA ODZUVANJE.MAZDA SE PRAVI SAMO VO JAPONIJA.(MAZDA SUBARU I DAIHATSU SE PRAVAT SAMO VO JAPONIJA.NO SUPER JAS SE IMAM VOZENO VO PRETHODNIOT MODEN NA MAZDA 6 VO RADIO TAXI DELUXE.SUPER E.EDNO VREME IMASE AKCII OD FORD.NO OD 06.02.2007.MAZDA NEMA ACKII OD FORD.RABOTI SAMO I NEE VO KORPORACIJA.SO NIKOGO.EDNO VREME.MAZDA PRAKASE MOTORI NA KIA.KIA NOSESE MAZD-IN MOTOR.NO SEGA.NE.KOJ KUPIL MAZDA BEZ RA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 92 месеци
OVAA PREKRASNA JAPONSKA UBAVICA DRZI CENA DA JA KUPIE 18 000 EVRA NOVA OD SALON.NO SAMO EDNO SKAPA E ZA ODZUVANJE.MAZDA SE PRAVI SAMO VO JAPONIJA.(MAZDA SUBARU I DAIHATSU SE PRAVAT SAMO VO JAPONIJA.NO SUPER JAS SE IMAM VOZENO VO PRETHODNIOT MODEN NA MAZDA 6 VO RADIO TAXI DELUXE.SUPER E.EDNO VREME IMASE AKCII OD FORD.NO OD 06.02.2007.MAZDA NEMA ACKII OD FORD.RABOTI SAMO I NEE VO KORPORACIJA.SO NIKOGO.EDNO VREME.MAZDA PRAKASE MOTORI NA KIA.KIA NOSESE MAZD-IN MOTOR.NO SEGA.NE.KOJ KUPIL MAZDA BEZ RA
Напишан од LJUPCO ATANASOV  пред  околу 92 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил