Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Golf 1,4i - се уште на врвот
 
Spodeli
30 октомври 2009, 06:12


Golf 1,4i - се уште на врвот Volkswagen Golf V Golf 1,4i - се уште на врвот
Едно од најспоменуваните имиња во историјата на автомобилизмот секако е Golf. Сите знаат за фамилијарниот автомобил, кој пред три децении ја замени популарната Буба. Golf е име за себе, бренд за себе. Веројатно знаете и за анегдотите на некои наши браќа кои барале Golf во салон на Toyota, Opel......
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Денес актуелна е петтата генерација, барем до крајот на оваа година, кога доаѓа шестата генерација, или како што го нарекуваат од компанијата - “револуционерниот” наследник. Гледајќи во минатото, јасно е зошто Golf е толку успешен – тој е плод на 70 годишен развој на мал и евтин фамилијарен автомобил, почнувајќи од легендарната Буба, па се до петтата генерација на моделот кој го тестиравме за вас, посетителите на koli.com.mk.

Golf веќе долги години е репер во компакт класата – првите споредби на некој нов модел од компактната класа се прават со Golf. Сите знаат дека актуелниот Golf е петтата еволуција на моделот, но ретко кој знае во која еволуција е најпродаваниот модел на сите времиња, Toyota Corolla, нели?

На тест го имавме хечбек моделот на Golf со пет врати и мотор од 1,4 литри со навидум слаби 80 КС, кои при различни брзини создаваат различно чувство за тоа колку се доволни или не, имајќи ја в предвид целосната конституција на автомобилот.

Дизајн

Дизајнот на Golf отсекогаш бил еволуција на претходникот и никогаш не предизвикувал воздишки. Сепак, едно од најомилените возила на трендсетерите е токму Golf.



Нормално, јасен е пристапот во дизајнот. Едноставните класични линии оддаваат чувство на елеганција, но и на робусност, токму каков и што е овој автомобил – силен како карпа. Тука нема премногу експериментирања – се е на свое место. Големи предни и задни фарови, изведени со меки линии, ветробранско стакло кое не е поставено косо како кај некои понови модели од класата и странично една линија koja од почеток до крај. За напомена е и дискретен спојлер на вратата од багажникот, трепкачите интрегирани во ретровизорите на предните врати и VW амблемот на вратата од багажникот, за постигнување на две функционалности со еден потег.

Ваквиот пристап е логичен – со стекнатото име не смее да се игра. Се чини дури и наредната генерација нема да фати нов правец. Со оглед на се посилната конкуренција, ризикот тешко би можел да се исплати.

За дизајнот Golf нема да добие највисока оценка, а впрочем никогаш и не добил, За оние кои сакаат убав и 'фенси' автомобил, има други автомобили во класата (Bravo, Leon, Civic). Сепак, не е тајна дека Golf-от со себе носи класична убавина, а не е ниту тајна и тоа дека ова е модел кој многу скоро ќе го добие својот наследник. Тогаш веројатно оценката за дизајнот ќе биде поинаква.

Ентериер

Изгледот на целосната внатрешност корепосндира со надворешниот изглед. Се е класично изведено, но освен од квалитетот на користените материјали, не може да се забележи дека се работи за автомобил од новиот милениум.

Инструмент таблата изгледа солидно, со плава и црвена илуминација, но често знае да ги замори очите при подолго возење. Возачите ќе го ценат намалениот волан кој е прецизен и има електромагнетска чувствителност на брзина, но сигурно недостаток е тоа што повеќето конкуренти, за слична цена нудат кожен волан. Впечаток е дека се си е на свое место. Командите се логично распределени и се лесни за управување, а и не го тргнуваат вниманието од патот. Менувачот е речиси на вистинското место, додека положбата зад управувачот е првокласна.



Седиштата се облечени во фин и квалитетен материјал и добро го држат телото во кривините.. Доволно се тврди за ниту подолгите патувања нема да го заморат патникот.

Што се однесува до просторот, веднаш може да се каже дека Golf е еден од најпространите во класата. И покрај краткото меѓуоскино растојание и релативно малата должина, Golf, пред се поради класичниот дизајн е просторен автомобил, како на предната, така и на задната клупа. Патниците на задните седишта ќе се чувствуваат прекрасно благодарение на просторот за главата, нозете и долгата клупа, која има должина до задниот дел на колената. Багажникот е простран, благодарение на 125mm резервната гума со која е дозволена максимална брзина од 80km/h.

Зафатнината на багажникот е 350 литри и е во рамките на класата. Со оглед на должината на автомобилот и тоа како задоволува семејни потреби, а многу значајно е што има правилна форма и е лесен за товарање.

И покрај големиот простор, ентериерот на Golf не воодушевува. Моментално има поквалитетни и подобро изработени ентериери, но и многу потивки автомобили на пазарот.

Удобност / Комфор    

Подвозјето на Golf е така е едно од најдобрите во класата. Затоа го користат една дузина модели во концернот VW.

Поминувањето преку нерамнините изненадувачки е меко како кај француските конкуренти, дури и помеко од некои од нив. Golf е цврст како карпа, па нерамнините скоро и да не се чувствуваат во внатрешноста. Многу значајно, дури и поголемите дупки, кои се чест случај кај нас, не го изместуваат Golf од зададениот правец. Едноставно, тој преку нив поминува самоуверено, без вибрации, и без никакви непријатни звуци и потреси во внатрешноста.

Спореден со другите автомобили од класата, Golf може да се пофали дека е доста удобен. Најдобар доказ за тоа е и чувството за брзина – доколку не се види на брзиномерот, многу е тешко да се процени брзината со која се движи автомобилот.

Сумирано, подвозјето сигурно е најсилната страна кај Golf, што се докажува и со врвните возни својства.

Главната наша забелешка се однесува на звукот од моторот кој се пренесува во внатрешноста на автомобилот. Сите кои ќе се одлучат за Golf веројатно ќе сакаат повеќе тишина, нешто на кое оваа генерација малку потешко ќе одговори. Продорен е и звукот на ветерот, најмногу поради послабата аеродинамика на автомобилот, или конкретно поставеноста на предното ветробранско стакло.



Возни Својства / Перформанси
   

Golf е еден од најстабилните автомобили во класата. Управувањето е прецизно и возачот секогаш има целосна контрола на правецот на автомобилот. Заедно за Ford Focus и Mazda3 се наоѓа помеѓу ТОП3 автомобилите во класата, според возните својства. Golf може да поднесе и многу посилни мотори, а доказ за тоа се спортските верзии GTI и R32

Моторот со зафатнина од 1,4 литри развива само 80КС при 5.000 вртежи во минута и низок вртежен момент од 132 Nm при 3.800 врт/мин. Забрзувањето до 100 km/h трае 13,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 168 km/h.

Што тоа значи? При помали брзини и при помали вртежи на моторот, автомобилот се однесува сосема солидно и нуди карактеристики типични за возење низ град. 80 КС се сосема доволни. Но, со ваквиот 1.4 мотор при брзини некаде над 90 km/h и повисоки вртежи, моторот веќе губи сила, особено ако патуваат повеќе патници во автомобилот. Тоа секако го отежнува претекнувањето.

Интересно, ако се спореди со конкуретите, за времето кое му е потребно да развие 80 Km/h, ќе биде меѓу најдобрите, Останатите европски марки и особено јапонските развиваат максимална сила некаде кон 6.000 врт/мин, и токму поради тоа тие мотори се посилни при поголема брзина и поголеми вртежи. За разлика од нив, ваквите мотори со понизок вртежен момент се посилни со прв, втор и трет степен на пренос, при помали вртежи..

Едноставно, до 5.000 вртежи во минута моторот добро повлекува, но тоа трае многу кратко. На мерењата забележавме дека автомобилот до 80 km/h забрзува за брзи 9 секунди, додека дополнителните 20 km/h се постигнуваат за уште долги 5 секунди! Затоа овој мотор се препорачува само за градски услови, бидејќи на отворено снемува здив и тешко се носи со автомобилот, споменавме претходно, посебно ако е натоварен.

Тука особено би ја нагласиле и еластичноста што ја има овој мотор при брзини со 10 или 20 km/h, каде и вториот, па дури и третиот степен на пренос можат постепено да ја кренат брзината на движење на автомобилот. Ова е значајно за сите што возат релации каде има спори улички, поставени меѓу себе под агол од 90? или пак за сите што возат на улици кои имаат многу блиску поставени семафори и се вози мнопгу споро.

Ве некои моменти знае да се појави подуправливост, но со мало отпуштање на педалата за гас и дополнително свртување, работите си доаѓаат на свое место. Менувачот со краткиот и прецизен од ја продолжува традицијата на добри менувачи од куќата на Volkswagen.

Предноста при управувањето на овој автомобил е тоа што тој изгледа лесен и сосема агилен, за разлика од некои негови конкуренти кои делуваат, но и навистина се малку потешки (Leon, Focus, Peugeot 308...)

Сигурност и Безбедност    

VW Golf е еден од побезбедните модели во класата и тоа гледано во сите категории. Тој се издвојува најмногу поради добрите оценки дури зашатита на пешаци, каде многу други модели се покажаа во лошо светло. Покрај пасивната (6 воздушни перничиња) Golf има и цел асортиман на активна безбедност (ABS, ASR, EDL, TCS).

Потрошувачка/Опрема/Цена

Golf никогаш не бил најевтин автомобил во класата, па тоа не е случај ни со оваа генерација. Од друга страна пак, тој е најомилен кај купувачите на половни возила па затоа секогаш држи висока цена.

Потрошувачка

Според фабричките податоци Golf-от троши 6,9 литри гориво на 100 km, податок кој тешко се постигнува, освен ако не се работи за искусен возач, кој знае да постигне оптимамална (минимална) потрошувачка.

На тестот ние успеавме да поминеме со околу 8 литри на 100 km во просек низ град, но и извонредни за ваква класа на автомобил 5,5 до 6 литри на отворено, на релација Охрид-Скопје, но со напомена дека тоа беше при внимателно и подефанзивно возење.

Цена и опрема

Во моментов, основниот модел со мотор од 1,4 литри и 80 КС се нуди со многу гратис опрема: алуминиумски тркала, автоматски двозонски клима уред, целосна електрика, 6 воздушни перничиња, ABS, ASR, EDL, TCS, радио со CD и MP3, магленки, борд компјутер и ладење на предната преграда. Дури не се доплаќа за уште еден пар на врати, па во цената имате автомобил со 5 врати.

Цената на вака опремениот модел изнесува 15.390 евра или 15.900 со металик боја, што со оглед на опремата и не е многу, доколку се спореди со поскапите од класата, но мора да се признае дека позитивната оценка за цената на Golf е само поради одличната акција. Секако дека има и поевтини модели со вакво ниво на опрема, но Golf сепак е Golf, нели?

Цената на моделот пак со 1,4 литарскиот турбо бензинец со 122 КС е 17.600 евра, што и не е многу за толку силен мотор. Тој до стотка стигнува за 9,8 секунди и постигнува максимална брзина од 197 km/h. Перформансите се многу подобри од тие на основниот бензинец, па вреди ли да се доплатат околу 2.000 евра, ќе оставиме на проценка на самиот купувач.

Вреди ли пак да се споменуваат дизелите? Со оглед на цената на горивата (бензин=дизел) ние мислиме дека сега посигурен облог е купување на бензинецот, бидејќи дизелот би се исплатил после многу изминати километри, можеби и никогаш! Да спомнеме само тука, дизелот 1,9 TDI Кој развива 90 КС има цена од 18.626 евра. Cената е за 1.000 евра повисока таа за бензинецот.

Затоа, предлог од koli.com.mk, освен моделот кој го тестиравме, е и 1,4 TSI бензинецот со 122 КС, кој веќе се докажа со добиените награди за светски мотор на годината во неговата класа, а и повеќе одговара на шасијата на Golf која е подготвена за многу посилни мотори.



Заклучок    

Секогаш било тешко да се даде финална оценка за Golf. Овој автомобил отсекогаш предизвикувал бранувања во јавноста, но и секогаш го следат предрасуди. Некои го сакаат него и само него, заради минатото, а останатите ги осудуваат овие првите.

Но, мора да се признае, како никогаш до сега, конкуренцијата му е зад петиците. Излегоа многу нови модели во класата, па воопшто да згрешиме доколку се осудиме дека во некои сегменти Golf-от повеќе не е најдобар.

Како заклучок. Останува чувството дека се работи за извонредно универзален автомобил, добар на сите полиња, нешто кое го уживаат многу малку модели од класата - со просторна внатрешност, удобност во возењето, феноменална стабилност и управливост, но и со одлична прегледност и првокласна ергономија.

Главните негови недостатоци се во однос на непријатниот звук од моторот и ветерот што се чувствува во внатрешноста, како и послабиот квалитет на изработка во внатрешноста. Напомена, ова го кажуваме со помислата дека сепак се работи за автомобил кој чини преку 15 или 16.000 Евра, па го споредуваме со автомобили со слична цена

Golf VI ќе биде лансиран кон крајот на 2008, па вистинска споредба со актуелните модели од класата ќе може да се направи дури тогаш. Дотогаш, за цена од 15.390 Евра, добивате нов Golf, со фул опрема, но и со малку послаб, но и тоа како корисен и економичен мотор.





Стари коментари
EFTIN ZA ORZUVANJE
Напишан од ATAHACOB ЉУПЧО  пред  околу 81 месеци
ПРИЈАТЕЛИ ЈАС СЕ ОТКАЖУВАМ ОД VOLKSWAGEN GOLF НЕ МИ ПРАВИ МЕРАК ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ.ОВОЈ ПАТ СУМ ДЕБЕЛО СЕРИОЗЕН.ЗАСЕКОГАШ
Напишан од АТАНАСОВ ЉУПЧО  пред  околу 82 месеци
убава количка a ?! : ))) нели не чини нели е утната инвестиција. Од каде пак сега ова тука Г.Мене.Од каде го извади ова.Мене не ми бегај темата чекам одговор од тебе.
Напишан од ATAHACOB ЉУПЧО  пред  околу 82 месеци
убава количка a ?! : ))) нели не чини нели е утната инвестиција. Од каде пак сега ова тука Г.Мене.Од каде го извади ова.Мене не ми бегај темата чекам одговор од тебе.
Напишан од ATAHACOB ЉУПЧО  пред  околу 82 месеци
убава количка a ?! : ))) нели не чини нели е утната инвестиција. Од каде пак сега ова тука Г.Мене.Од каде го извади ова.Мене не ми бегај темата чекам одговор од тебе.
Напишан од ATAHACOB ЉУПЧО  пред  околу 82 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 81
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил