Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Ford Focus - типичен германски универзалец
 
Spodeli
30 октомври 2009, 06:04


Ford Focus - типичен германски универзалец Ford Focus - old Ford Focus - типичен германски универзалец
Ford Focus е автомобилот кој во 1998 го смени начинот на кој луѓето гледаа на Ford. Дизајнот на првата генерација на автомобилот кој подоцна стана бестселер беше спортски и футуристички и направи голема мешаница во класата на компактни автомобили....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Focus е наследник на легендарниот Escort, кој подолго време ја биеше битката со Golf. Но успехот на моделот од Волфсбург ги натера челниците на Ford да размислуваат за нов, различен модел, од каде произлегоа две генерации на Focus.

Втората генерација на Focus, за разлика од претходната, уште во почетокот малку непријатно изненади со дизајнот, кој беше премногу конзервативен. Со фејслифтингот од почетокот на годинава, Ford ги поправи малку работите, но останува чувството дека овој автомобил има затскриена убавина.

На тест возење ги имавме најсилните модели од гамата (не сметајќи ги ST и RS верзиите кои се класа за себе) – 2,0 литарски Duratec бензинец со 145 КС и 2,0 литарски TDCi дизел со 136 КС.



Дизајн

Со помош на фејслифтингот, Focus сега изгледа многу поскапоцено и поелегантно, но останува констатацијата дека има и поубави во класата.

Предните светла сега се изведени во стилот на новото Mondeo, додека во задниот дел и странично има само ситни измени, кои имаат мал удел во зголемувањето на елеганцијата на автомобилот.

Резултатот е модерно дизајниран автомобил, кој за жал никогаш нема да го одземе здивот – Focus пред се треба да ги привлече фамилијарните луѓе – за поспортски настроените има и соодветни верзии.

Ентериер


Во ентериерот е сосема друга приказна – квалитетни материјали и добра изработка, модерен дизајн и мноштво опрема, како и првокласна ергономија – сите команди се на дофат на раката.

Предната конзола е најубавиот дел од внатрешноста – изведена е дебело, машки, па чувството е како во некој кокпит. Материјалот од кој е изработена е гумирана мека пластика, која го зголемува чувството за квалитет и робусност.

Средишниот дел е мошне широк и дополнително го стеснува просторот, што го зголемува чувството дека се наоѓате во спортски автомобил и влева сигурност и безбедност.

Недостатоци можат да се најдат кај пластиката на централната конзола, која е тврда на допир, но е добро и квалитетно вклопена.

Инструмент таблата е читлива, управувачот се мести телескопски и вертикално, додека менувачот е на дофат на раката во секој момент. Командите се добро распределени, па брзо е навикнувањето на нив. Едноставно, ергономијата е на високо ниво и тука нема забелешки.



Просторот во внатрешноста е веќе друга приказна. На предните седишта има простор и за поголемите патници и покрај тоа што предната конзола визуелно го стеснува просторот. За просторот на задните седишта, пак, Focus мора да биде негативно критикуван.

Во вториот ред седењето е многу понезгодно и тесно, па недостасува простор за колена и за глава. Навистина, назад можат да седнат двајца возрасни патници, но споредено со другите автомобили од класата, нема простор за релаксирање на мускулите на вратот и нозете.

Багажникот брои 385 литри и е можеби најдобриот дел кога се зборува за просторот – другите модели во класата се фалат и со 350 литри. Изведен е со правилни линии, а отворот е голем и можат да се товарат многу поголеми предмети без некои посебни гимнастики.

Големото стакло во задниот дел придонесува и за подобрата прегледност во однос на конкуренцијата – олеснето е возењето наназад и паркирањето. И во предниот дел Focus може да се пофали со добра прегледност – навикнувањето на предниот крај на автомобилот е многу брзо, па не е тешко да се стане шампион низ паркинзите.

Удобност / Комфор

Подвозјето на Focus овозможува високо ниво на удобност и дури и подлабоките дупки на патиштата не можат да го вознемират.

И покрај тоа што веќе подолго време е автомобилот со најдобри возни својства во класата, за што ќе зборуваме подоцна, Focus нуди првокласна удобност во возењето.

Ситните нерамнини дури и не се чувствуваат во внатрешноста, додека подлабоките поминуваат само со едно фино “буп” и без поголемо тресење на каросеријата, што укажува на нејзината цврстина.

Звукот од моторот е добро придушен и не остава простор за забелешки, но треба да се признае дека има и потивки автомобили во класата. Тоа пред се се однесува на звукот од ветерот кој е присутен при поголемите брзини.

Во секој случај, чувството кога се возевме во Focus беше како во некоја голема тешка кугла, која малите препреки не ги ни чувствува и се движи суверено и сигурно. Сумирано, чувството на безбедност е првокласно.

Возни Својства / Перформанси

Тука Focus едноставно е брилијантен. Најдобрите возни својства во класата и покрај не многу силните и по малку лежерни мотори, овозможуваат единствено возачко уживање.

Не, тука не се работи за спортски автомобил – и двата мотори кои ги возевме се создадени за голтање на километрите – за спортистите постојат ST и RS моделите. Не дека Focus so 2,0 литарските дизел и бензинец не е брз.

Дизелскиот мотор со 136 КС како да е создаден за лежерно возење – линеарно ја развива силата, забрзува од ниски вртежи, не бара често менување на брзините, а и помалку го празни џебот. До 100 km/h, Focus со овој мотор стигнува за 9,3 секунди и не застанува се до крајните 203 km/h. Работи тивко и култивирано, дури и потивко од бензинецот. Просечната потрошувачка на овој модел изнесува 5,5 литри на 100 km.

Бензинецот кој го возевме има 145 КС и забрзува за нијанса побрзо од дизелот (9,2 секунди) а максималната брзина изнесува 206 km/h. Сепак, не е тајна дека со бензинецот треба повеќе да се работи, односно да се носи до повисоките вртежи, што ја зголемува потрошувачката, која просечно изнесува 7,1 литар на 100 km/h.



Дизелот се испорачува со менувач со 6 степени, додека бензинецот со веќе застарените 5 степени на пренос. Со бензинецот може да се добие и автоматски менувач со 4 степени на пренос.

Дизелот можеби и повеќе не импресионираше со забрзувањата, но има еден дел каде бензинецот е навистина подобар. Впрочем, тој е полесен и овозможува многу полесно управување на автомобилот.

Кога сме веќе кај управувањето, вредно е да се спомене дека Focus е автомобилот со најдобри возни својства во класата. Каков правец и да му се даде, колку и немирно да се врти управувачот, Focus останува на зададената линија. Понекогаш дури и се добива чувство дека се вози по шини!

Управувачот ги следи динамичките својства на подвозјето и е максимално прецизен, што дополнително го зголемува уживањето. Менувачот добро лежи во рака и лесно и прецизно лизга меѓу брзините, како да се работи за спортски автомобил.

Со Focus, секој може да стане спортски возач. Подвозјето влева толку многу доверба при влегувањето во кривините, што тера на одмерување на силите и со некои спортски модели со спортско спуштено подвозје!

Наоѓањето замерки на возните својства на Focus е излишно, бидејќи ги нема! Навистина, на Focus можеби повеќе би му одговарал некој мотор на Honda, кој има многу повеќе спортски гени во него, но, како што кажавме, за спортистите има и соодветни модели.

Тука на Focus ќе му дадеме чиста петка – стабилноста при влегувањето во свиоците на Focus треба да биде репер во класата.

Сигурност и Безбедност        

Тука нема многу да должиме. Ford Focus со помош на брилијантното подвозје нуди првокласна активна безбедност, додека во однос на пасивната, доволна потврда за високата безбедност се резултатите од EuroNCAP тестирањата, кои Focus го сместуваат во самиот врв на класата. Единствено заштитата за пешаците не е соодветна, но таа болка ја имаат и многу други модели.

Опрема/Цена    

Во моментов трае промоција за Ford Focus, во која се нуди гратис Comfort опрема за моделот со мотор 1,4 и опрема Trend. Дополнителната опрема вклучува 16 инчни алуминиумски бандажи, светла за магла, двозонски клима уред, сензор за дожд, електрохроматски ретровизор и Follow me Home светла. Вака опремен модел со пет врати чини 13.900 евра!

Моделите кои ние ги тестиравме се класа за себе и се врвот на понудата на Focus, не сметајќи ги спортските модели. Дизелот има цена од 20.050 евра за моделот со пет врати, а достапни се двата највисоки пакети на опрема – Ghia и Titanium. Разликата меѓу двете нивоа на опременост е во некои детали, со напомена дека Titanium е наменет за поспортски настроените, а Ghia за трендсетерите.

Бензинецот со 145 КС чини релативно ниски 18.530 евра за моделот со пет врати, што со оглед на силата на моторот и не е многу. И кај овој модел се достапни двете највисоки нивоа на опременост – Ghia и Titanium.

И во двата пакети на опрема нема што нема – единствено може да засмета доплатата за некои ситници, како што е радиото со CD со осум звучници (450 евра) (стандардното има шест), двозонски клима уред (400 евра) и контрола на стабилноста ESP (500 евра).

Меѓу двата мотори кои ги тестиравме, изборот паѓа на бензинскиот мотор, пред се поради порамнувањето на цената на дизел горивото и бензинот, па и покрај пониската потрошувачка, исплатливоста на дизелот може да трае и повеќе од 100.000 km, а кај бензинецот може да се вгради и уред за некое алтернативно гориво во иднина (плин, односно нафтен гас, како и евтиниот природен гас, кој наскоро треба да дојде кај нас).

Заклучок

Ford Focus се наоѓа во класата во која скоро секој производител има свој претставник. Излегоа многу нови модели, но Focus, пред се поради напредното подвозје, квалитетната внатрешност и високата безбедност, успеа да се одржи на врвот.

Возните својства се на највисоко ниво, удобноста задоволува, багажникот е меѓу најголемите во класата, додека моторите се мирни и култивирани, што ги прави добар партнер за долгите патувања.

Цената, исто така е една од предностите, пред се споредено со знаменосецот во класата, Golf, или пак знаменосецот од Азија, Toyota Auris. И опремата е силна страна, па ни во основниот модел нема простор за многу доплата.

За жал, сите овие позитивни карактеристики се спакувани во помалку конзервативен дизајн, кој не ретко знае да ги оттргне купувачите од одреден модел – претходниот Focus изгледаше многу помодерно (дури и споредено со актуелниот модел), па беше привлечен за поширок спектар на луѓе.

Сепак, успехот на Focus е веќе докажан, па никој нема да згреши доколку се одлучи на овој автомобил.


Ford Focus - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
OSNOVAN VO AMERICA AMA IMA IRSKO POTEKLO.AKO E OSNOVACOT IREC TOGAS I FIRMATA IRSKA
Напишан од POZNAVAC NA IRSKA ISTORIJA  пред  околу 75 месеци
OSNOVAN VO AMERICA AMA IMA IRSKO POTEKLO.AKO E OSNOVACOT IREC TOGAS I FIRMATA IRSKA
Напишан од POZNAVAC NA IRSKA ISTORIJA  пред  околу 75 месеци
OSNOVAN VO AMERICA AMA IMA IRSKO POTEKLO.AKO E OSNOVACOT IREC TOGAS I FIRMATA IRSKA
Напишан од POZNAVAC NA IRSKA ISTORIJA  пред  околу 75 месеци
OSNOVAN VO AMERICA AMA IMA IRSKO POTEKLO.AKO E OSNOVACOT IREC TOGAS I FIRMATA IRSKA
Напишан од POZNAVAC NA IRSKA ISTORIJA  пред  околу 75 месеци
OSNOVAN VO AMERICA AMA IMA IRSKO POTEKLO.AKO E OSNOVACOT IREC TOGAS I FIRMATA IRSKA
Напишан од POZNAVAC NA IRSKA ISTORIJA  пред  околу 75 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил