Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Honda Civic 1,8 i-VTEC - скриен спортист
 
Spodeli
30 октомври 2009, 05:53


Honda Civic 1,8 i-VTEC - скриен спортист Honda Civic Sedan - old Honda Civic 1,8 i-VTEC - скриен спортист
Honda Civic е секако најважниот модел на јапонската компанија. Тој е важен како Golf за VW, Corolla (Auris) за Toyota, Astra за Opel и Megane за Renault. Но, Civic, за разлика од споменатите автомобили, никогаш не бил исклучиво семеен автомобил, се до претходната генерација, кога работите тргнаа на...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Впрочем, претходната генерација на Civic беше наменета исклучиво за семејните луѓе, на кои при купувањето ново возило не им паѓаше на памет дека Honda може да им понуди нешто, а љубителите на марката пак беа разочарани од пристапот. Ни пеколната верзија Type R не можеше да го поправи впечатокот.

Поучени од неуспехот на претходната генерација, Honda го направи можеби најголемиот исчекор во историјата на автомобилизмот – конструираа екстремно футуристички автомобил со спортски ноти и лутина од каде и да се погледне – за хечбек, но и за седан изведбата.

Сепак, за да се задоволат потребите и на семејните луѓе, Honda ја нуди седан изведбата на Civic-от, која е посмирена во дизајнот и нуди повеќе простор, но не го скратува спортското уживање. Автомобилот кој го имавме на тест го имаше можеби еден од најдобрите бензинци на денешницата, 1,8 со варијабилно отворање на вентилите и 140 КС.

Дизајн

За разлика од скратената изведба, која е автомобилот по кој најмногу се кршат вратови по улиците, седанот е поелегантен и посмирен во дизајнот, што е посебно важно кај ваков тип на автомобил.

Кај овој автомобил најдобро се гледа разликата во дизајнирањето меѓу Јапонците и Европјаните. Civic е дизајниран како ниеден друг седан автомобил – предниот дел е доста скратен, ветробранското стакло е прилично закосено а во задниот дел преовладуваат големите стоп светла. Единствено сличност може да се најде со новата Corolla, но тоа и не е чудно, со оглед на тоа дека и таа е Јапонка.



Но, Civic воопшто не изгледа лошо – се работи за елегантен автомобил со меки линии и без премногу експериментирања, карактеристични за Европјаните. Тркалата прекрасно се вклопуваат во снажно издадената страна на автомобилот, па се добива чувство дека автомобилот се движи дури и кога стои во место.

Ниската силуета дополнително му дава елеганција на автомобилот, а е заслужна и за првокласната аеродинамика, која има големо учество во перформансите и потрошувачката.

Сумирано, Civic-от во седан изведба е пријатен автомобил, кој не губи од убавината ни по подолго време.

Ентериер

Делот каде Civic е брилијантен е секако неговата внатрешност. Пространа и квалитетна, ќе ги задоволи и најпребирливите во поглед на дизајнот и ергономијата.

Предната табла, за разлика од екстериерот е изведена футуристички и на прв поглед изгледа многу раштркано и несредено, впечаток што се средува кога ќе се седне зад возачкото седиште.

Ергономијата е на мошне високо ниво – сите копчиња се поставени на правото место, менувачот е на дофат на раката, а инструментите се јасно читливи и не го оттргнуваат вниманието од патот.



Посебно ни се допадна брзиномерот кој е поставен блиску до врвот на воланот, па за да се прочитаат информациите од него не треба ни да се помрдне главата што е плус за безбедноста.

Квалитетот на материјалите е на солидно ниво, но она што отсекогаш ги красело јапонските автомобили била завршната обработка – сите споеви се изработени максимално прецизно, па чувството на квалитет е присутно насекаде.

Што се однесува до просторноста и тука нема приговор – и на предните и на задните седишта има доволно простор и за повозрасните патници. Единствено замерка може да се даде за просторот за глава на задната клупа, но тоа се однесува само за натпросечно високите.

Сепак, тука разочарување е багажниот простор. Зафатнината од 389 литри е добра само за хечбек автомобил, но не и за седан од компактната класа. Дури и хечбек верзијата на Civic има поголем багажен простор! Единствено признание може да се додели за неговата употребливост и нискиот раб на товарање.

Удобност / Комфор    

Возењето во Civic е вистинско уживање. Мазно, без некои поголеми потреси поминува врз помалите нерамнини, па чувството е како во една класа поголем автомобил.

Во кабината ретко може да вознемири некој звук. Подвозјето работи тивко, добрата аеродинамика не допушта свирење на ветерот, а моторот на ниски вртежи има нежен и пријатен звук.

Малите нерамнини на асфалтот кај новиот Civic скоро и да не се чувствуваат, но поминувањето на поголемите понекогаш знае да ја вознемири внатрешноста, што искрено се случува многу ретко.

Можеби најинтересно кај овој автомобил е што тој не ја пренесува брзината со која се движи во внатрешноста, што секако е пријатно, но е лошо за безбедноста, бидејќи доколку возачот не го види брзиномерот, мислејќи дека вози со помала брзина, кочи покасно, што неретко може да донесе со незгода.

Во секој случај, приговори на комфорот и удобноста во Civic нема – со него може да се голтаат многу километри без поголем напор.

Возни Својства / Перформанси    

Она по кое секогаш треба да се мери една Honda се перформансите. Новиот 1,8 литарски бензинец е едноставно брилијантен.

Со помош на i-VTEC технологијата, моторот развива здрави 140 КС при високи 6.300 врт/мин и максимален вртежен момент од 174 Nm при 4.300 врт/мин. Бројките сами по себе кажуваат дека овој мотор сака високи вртежи – јапонските мотори отсекогаш сакале да бидат завртени до црвеното поле.

Сепак, i-VTEC технологијата овозможува добар вртежен момент и при пониските вртежи на моторот, што е посебно потребно при престигнувањето или при качувањето нагорнина.

Перформансите се на ниво на еден спортски автомобил – 9,3 секунди (фабрички податок) до 100 km/h, што сепак се чини малку претенциозно и е тешко да се постигне, додека максималната брзина изнесува 200 km/h. Автомобилот се движи многу лесно дури и кога е повеќе натоварен, добро забрзува, но впечаток е дека не може да стигне до 100 km/h за 9,3 секунди.



Потрошувачката на овој скапоцен камен од мотор приредува големо изненадување. Тој троши околу 9-10 литри во град и околу 6 литри на отворено. Дефанзивните возачи ќе се задоволат и со 7 литри во просек, а нервозните со еден литар повеќе. Со оглед на силата на моторот, одличен резултат!

Силниот мотор има и помош од подвозјето, кое овозможува високи брзини во свиоците – кога ќе се претера, предниот дел знае да пролизга кон надворешноста на кривината, но лесно се контролира и се враќа во саканата линија на движење.

При ненадејни промени на правецот, Civic многу лесно се враќа на почетната линија на возењето, а кога ќе се претера, на помош доаѓа електрониката, која не дозволува изненадувања.

Управувањето е прецизно и е во врвот на класата, додека со менувачот е вистинско задоволство да се работи – менувањето брзини е течно и прецизно, карактеристики што секогаш ги краселе менувачите на Honda.

Шлаг на тортата е и звукот на моторот, кој од нежен до 4.000 врт/мин прераснува во спортски резок и многу лесно го подигнува адреналинот.

Honda Civic Sedan е автомобил наменет пред се за семејствата, но кој ќе помисли дека може лесно да го помине на семафор или пак на кривулести патишта, многу ќе згреши.

Сигурност и Безбедност

Honda Civic во седан изведбата се уште не е тестиран од EuroNCAP, а неблагодарно е да се покажат резултатите од хечбек изведбата – и покрај истата платформа, двата автомобили се разликуваат, особено во предниот дел кој е подолг на седан изведбата.

Моделот кој го имавме на тест беше опремен со четири воздушни перничиња, ABS и целосна контрола на стабилноста, VSA. Каросеријата е засилена во критичните делови, а појасите се автоматски со самозатегнувачи. И покрај тоа што не е тестиран, Honda Civic несомнено е безбеден автомобил.

Опрема/Цена    

Автомобилите на Honda се мошне поволни на нашиот пазар. Кога ќе се спореди цената со таа во салоните на соседните земји, пониска е и до 10%. Ние нема да навлегуваме во тоа на што се должи ниската цена.

Автомобилот кој го имавме на тест беше основната верзија 1,8 LS, со прилично богата опрема. Интересно е што Civic не може да се добие со рачна клима, туку автоматската доаѓа во серија, исто како и системот за контрола на стабилноста.

Бројот на воздушните перничиња е четири, а вградено е и радио со CD, како и целосна електроника и борд компјутер. Цената на вака опремениот модел со мотор од 140 КС е реално ниски 17.990 евра. Конкуренцијата за тие пари нуди многу помали и послаби мотори.

Повеќе опремениот пакет со наставка ES има и алуминиумски бандажи од 16 инчи, темпомат, 6 воздушни перничиња, магленки и сончев кров и чини се уште подносливи 19.490 евра.

За готовинско плаќање, во Honda нудат и попуст од 1.000 евра за секој модел на Civic, што би ја симнало цената на основниот модел на неверојатни 16.990 евра, цена која ѕирка една класа пониско!



Заклучок    

Квалитет, перформанси, комфор и ниска цена се атрибутите кои купувачите најмногу ги бараат кај новите возила. Honda Civic Sedan може да се пофали дека ги поседува сите од нив.

Моторот од 140 КС ќе ги погоди сите вистински уживатели во возењето, додека цената и комфорот, смирените и фамилијарни луѓе. Едноставно неограничен е кругот на купувачи на овој автомобил, како што би се рекло од 7 до 77 (односно од 18-77, сепак се работи за автомобил).

Издржливоста на возилата на јапонскиот производител, посебно кога се зборува за моторите, дополнително фрла светло на овој модел.

Без двоумење, ние го препорачуваме овој модел – ваква прилика никогаш не се пропушта!


Honda Civic Sedan - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
kolava e zuper samo skapa za odrzuvanje prijatel
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 88 месеци
Го имам 4 години.Многу сум задоволен.Мотор силен.добро убрзување,тивок.Седишта конфорни.Управувач многу прецизен.Брзиномерот посебен,оригинален.Потрошувачка од 4.8 без клима до 6.0 на отворено.Багажникот би можел да биде поголем но доволен.Материјалите во внатрешноста доста квалитетни.Посебен автомобил.
Напишан од Ристо  пред  околу 90 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил