Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Fiat 500 - за сите пари...
 
Spodeli
30 октомври 2009, 05:31


Fiat 500 - за сите пари... Fiat 500 Fiat 500 - за сите пари...
Fiat 500 е автомобилот кој ја моторизираше цела Италија пред повеќе од половина век. Стана омилен автомобил на сите возрасти од двата пола, а популарноста ја ширеше низ цела Европа....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На нашите простори, сличната верзија, произведена од Zastava беше наречена Фиќо, назив кој нормално го префрливме и на новиот модел, кој со сигурност суперуспешно го продолжува патот на својот претходник, но...во некое ново, модерно пакување.

Fiat 500 е прекрасен автомобил, од каде и да се погледне. Произлезен од италијанска дизајнерска рака, подготвен е за најсилните натпревари во убавина. Но, покрај убавината, тој со себе носи повеќе технологија, подобри перформанси, помала потрошувачка и неспоредливо повеќе забава во возењето.

Дизајн    

Fiat 500 сигурно еден од трите најубави ретро автомобили. И конкуренцијата може да се пофали со својот изглед, но новото Фиќо е посебно во секој поглед.



Најмногу пофалби одат за препознатливоста во дизајнот. И најголемите непознавачи за автомобилизмот ќе забележат дека се работи за ново Фиќо! Едноставно, од каде и да се погледне, Fiat 500 зрачи со оригиналноста на претходникот, но уште позначајно -автомобилот воопшто не изгледа застарено. Се работи за ултра модерен дизајн, кој наместо футуристички пристап, користи ретро пристап во дизајнирањето.

Предниот дел е изведен со меки линии и кружни фарови, страничниот со мали стаклени површини, а задниот со мали стоп светла, слични како оние на Mini. Како и да е поставен, Fiat 500 јасно го кажува своето име.

Нема дилеми, оценката за дизајнот на овој прекрасен мал автомобил ќе биде чиста 5-ка. Fiat 500 е симпатилен, модерен и убав.

Ентериер
   

Приказната од надворешноста, продолжува и во ентериерот. Дизајнерски, ова е еден од најубавите ентериери во кои сме имале можност да престојуваме.

Предната табла е изведена како никој автомобил досега – веќе ја нема обичната сива пластика, туку пластика изведена во повеќе бои, од кои доминира белата, а секоко има и други, по избор на купувачот. Тест моделот кој го имавме беше со изведба во боја на слонова коска, со црвени кожени седишта.

На средната конзола, доминира високо поставениот менувач, кој се покажа многу лесен за користење, најмногу поради добрата поставеност - високо и блиску до управувачот. Командите за клима уредот се поставени пониско, додека тие за аудио уредот повисоко, што е правилен распоред, благодарение на што ергономијата е на мошне високо ниво.



Таблата со инструменти е интересна, но во ист момент и малку нечитлива. На истиот полукруг се поставени и мерачот на вртежи и мерачот на брзината, па читањето на податоците од неа знае да биде малку нејасно. Сепак, мора да се признае, ова е еден вид компромис направен во служба на убавиот изглед.

Што се однесува до просторот во внатрешноста, со оглед на димензиите, кои изнесуваат 3,55х1,65х1,49 m (ДхШхВ) и малото меѓуоскино растојание од 2,30 m, Fiat 500 може да се пофали дека е многу гостопримлив дури и за повисоките патници, доколку седат на предните две седишта. Во задниот ред, кој исто така е направен за два патници, проблем може да има доколку патникот е повисок од 1,80 метри, алидирајќи тука најмногу во пределот на главата.

Големината на багажникот изнесува скромни 185 литри, кои можат да бидат доволни само за шопинг. Но, со преклопувањето на задните седишта се добиваат 550 литри, кои го прават убавецот мал комерцијален автомобил.

Fiat 500 е автомобил кој секаде може да се паркира. Но, често ограничување на денешните градски автомобили е прегледноста, па ниту Fiat 500 не е исклучок, посебно во задниот дел, каде малото стакло не дозволува добар поглед на ситуацијата. Токму заради тоа се вградени поголеми странични ретровизори, кои помагаат при возењето наназад.

Уникатниот дизајн, свежите бои и богатата опрема прават единствено чувство на одделеност од градската гужва, за која е и наменет малиот убавец. Нашиот тест автомобил имаше и панорамски сончев кров, кој дополнително ги развесели миговите поминати во него.

Удобност / Комфор    

500-ката, уште веднаш ќе кажеме е автомобил кој не ги сака нерамнините на патот. Подвозјето е тврдо и заедно со малата маса на возилото, го прави секое поминување преку нерамнините непријатно.

При поминување преку поголемите дупки, кои, сите знаеме се секојдневие на нашите патишта, Fiat 500 лесно потскокнува и испушта непријатно гласен звук.

Сепак, возењето по автопат е многу попријатно – и покрај тврдото подвозје, Fiat 500 се движи компактно и цврсто и влева чувство на сигурност и безбедност.


Сепак, класата во која се наоѓа Fiat 500 не може да се пофали со поголема удобност и подобар комфор, па затоа тука нема да дадеме многу негативна оценка. Сепак се работи за мал градски автомобил. Спротивно на тоа, стабилноста и управливоста се на исклучително високо ниво.

Возни Својства / Перформанси    

Во овој дел, Fiat 500 е едноставно брилијантен. Силниот мотор од 100 КС и тврдото подвозје како и малата маса, овозможуваат многу забава во возењето.

Нашето тест возило беше опремено со 1,4 литарски бензинец со атмосферско полнење, кој развива 100 КС при 6.000 врт/мин и момент од 131 Nm при 4.250 врт/мин. Самите бројки кажуваат кои се карактеристиките на овој мотор. За спортско возење, моторот треба да се држи исклучиво во режимот на високи вртежи, што не претставува проблем, пред се поради прекрасниот спортски звук кој се јавува на 4.000 врт/мин.

100 КС во ваков автомобил се сосема доволни – Fiat 500 има спортски перформанси. Забрзувањето до 100 km/h трае 10,5 секунди, додека максималната брзина изнесува високи 182 km/h, бројки кои со сигурност ги потврдуваме после тест возењето.
Потрошувачката, според фабричките податоци изнесува 6,3 литри на 100 km. Но оваа бројка може да се постигне само со дефанзивно возење, кое едноставно не е можно со овој мотор. Едноставно, тој преубаво звучи и влече над 4.000 врт/мин. На тестот, ние во просек потрошибме околу 7,5 литри на 100 km.

За дополнување на спортското уживање се грижи и спортското подвозје, кое овозможува многу високи брзини во свиоците – Fiat 500 многу тешко занесува и цврсто ја држи зададената линија на патување. Доколку се вози до границите на физиката, автомобилот знае да покаже малку подуправливост (бегање на предниот дел надвор од кривината) но лесно се коригира, па и дури и помалку искусните возачи ќе можат да го вратат во посакуваната линија на движење.



Однесувањето на Фиќо - то, посебно по тесните градски улички е како на картинг автомобил. Fiat 500 како да е направен за агресивно возење низ тесните улички, што е лесно да се разбере, бидејќи нив најчесто ги има во Италија. Дополнително олеснување претставува и прецизното управување – возачот во секој момент има претстава каде се и како се поставени предните тркала и има целосна контрола над нив.

Бескрајната забава, со секое седнување зад управувачот, можат да ја понудат само неколку автомобили. Fiat 500 припаѓа на таа група – брз, стабилен и прецизен, ќе им одговара на сите помлади и поагресивни возачи.

Да не го заборавиме и SPORT копчето кое се наоѓа централно и со чие притискање, се активира поспортска суспензија. За тие кои нема да можат да одолеат, само напомена дека таквото возење значително ја подигнува потрошувачката.

Сигурност и Безбедност    
 
Моделите на италијанската компанија од секогаш важеле за безбедни и сигурни. Ова го вклучува и Fiat 500, кој освои пет ѕвездички за заштита на возрасни патници со освоени високи 35 поени. Заштитата на деца, сепак е за една ѕвездичка помалку од таа на конкурентите, а заштитата на пашаците е сосема солидна и изнесува 14 освоени бодови, односно две ѕвездички. Fiat 500 стандардно се испорачува и со ABS+EBD а со доплата може да се добие и системот на стабилност. Со еден збор, безбеден и сигурен автомобил.

Опрема/Цена    

Моделот кој го имавме на тест чини 15.560 евра, што иако навидум изгледа многу, реално не е висока цена за ексклузивен автомобил со 100 КС и со толку високо ниво на опрема. Сепак, тоа е за нијасна повеќе отколку конкурентите во класата.

Опремата стандардна за тој модел вклучува систем за заштита од пожар, атермички стакла, целосна електроника, ABS+EBD, VDC систем за стабилност со помош за стартување по нагорнина, рачен клима уред, Dual Drive управувач кој се мести по длабочина и височина, 7 воздушни перничиња, хромиран кит итн.

Тестниот модел меѓудругото, беше опремен и со перла бисерна боја (550 евра), кожни седишта (900 евра) и странична шара си италијанското знаме Italy (160 евра).
Цената на основниот модел изнесува 10.650 евра, за бензинскиот мотор со зафатнина од 1,2 литри и 69 КС. Опремата во овој модел е солидна и вклучува ABS+EBD, припрема за радио, предни и задни потпирачи за глава, делива задна клупа, 2 воздушни перничиња и електрични стакла.


Не е тајна дека во класата на Fiat 500 има многу поевтини и подобро опремени автомобили. Многу од автомобилите од ниската класа, во основната опрема вклучуваат и клима уред, кој во Fiat 500 се доплаќа 700 евра, како и ред други ситници, кои тука доаѓаат само со доплата.

Има многу причини зошто Fiat 500 е поскап од другите автомобили со слични димензии. Но, има луѓе кои едноставно бараат автомобил за малку пари и воопшто не ги интересира стилот. За нив сигурно не е Fiat 500. Сепак, зборуваме за италијанец.

Ние од koli.com.mk на директно ги почувствувавме позитивните одлики на Fiat 500 и донекаде можеме да ја оправдаме цената. Единствената забелешка останува на скапите доплати, на кои едноставно не може да се одолее (налепници за каросеријата, различни бои во внатрешноста итн.).

Заклучок    

Fiat 500 е автомобил кој нема конкуренција во ниту еден автомобил на пазарот, освен прескапиот Mini.

Очигледно е дека Fiat после многу години на експериментирање со неколку неуспешни модели, конечно ја најде формулата за успех. Новото Фиќо е пред се автомобил со високо ниво на завршна обработка и со употребени квалитетни материјали, одлики кои до сега не ги красеше ниту еден автомобил на компанијата од Торино.
Дизајнот, кој очигледно е направен од срце и душа, не остава никого рамнодушен – и двата пола остануваат без здив. Внатрешноста е прекрасно место за поминување на поголемиот дел од денот, а и моторот има доволно коњи за да го подигне адреналинот.
По завршувањето на љубовната романса и длабоките воздишки од сите воајери по скопските улици (каде дури и не застанаа за да се сликаат со Фиќо), сосема заборавивме на негативните страни на овој автомобил.

Едноставно плени со прекрасниот изглед и агилното однесување на патот. Сепак, секое задоволство се плаќа. Но, ако се решите за Fiat 500, нема да згрешите. Вреди. За сите пари.


Fiat 500
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA E MOE MISLENJE ZA VAS NEZNAM I NE MOE DA SUDAM
Напишан од ATANASOV  пред  околу 89 месеци
КОЛИЧЕВО Е СУПЕР ИМА САМО НЕКОЛКУ МАНИ 1-СЛАБ ЛИМ 2-НЕ ДРЖИ ЦЕНА 3-БЕЗ НАВРЕДА,АМА МАЛКУ МЕ ПОТСЕТУВА НА ЖЕЛКА БЕЗ НАВРЕДА
Напишан од БУБЕ  пред  околу 89 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил