Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Mazda 3 - уживање за секого
 
Spodeli
30 октомври 2009, 05:14


Mazda 3 - уживање за секого Mazda 3 old Mazda 3 - уживање за секого
Во класата на компактните автомобили, Mazda секогаш поминуваше забележано на европскиот пазар. Актуелната "тројка" е наследник на легендарната 323-ка, која беше еден вид икона за јапонскиот производител....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Mazda 323 секогаш беше еден од најквалитетните автомобили во класата, а многу често знаеше и да изненади со спортскиот дизајн и предните светла кои се отвораа нагоре, што во почетокот на деведесеттите беше заштитен знак за јапонската компанија.

Денес, Mazda е под капата на Ford, но поради производството кое се одвива само во Јапонија, таа остана доволно јапонска и како што кажуваат светските истражувања за квалитет, Mazda и натаму е еден од најквалитетните производители на автомобили.

Актуелниот модел Mazda 3 е работен според филозофијата zoom-zoom, која е смислена за доближување на возилата на производителот кон купувачите од Европа.

Дизајн

Mazda 3 е веќе застарен модел и наскоро треба да го очекуваме неговиот наследник, но истото не може да се каже и за дизајнот.

Прв впечаток за дизајнот на Mazda 3 е како да е излеана од еден дел. Агресивната маска на ладилникот и развлечените светла асоцираат на многу поголем автомобил и многу често послабите познавачи, 3-ката знаат да ја заменат со 6-ката.

Странично, доминира една линија, која ги дели горниот и долниот дел на автомобилот, нешто што се чини е превземено од шведскиот Volvo, кој исто така е член на групацијата Ford. Задниот дел најмногу потсетува на Alfa Romeo и не може да не се забележи дека седан изведбата на истиот овој автомобил, изгледа поубаво одзади. Ваквиот дизајн на задниот дел многу повеќе одговара на некое италијанско возило.

Сепак, како целина, Mazda 3 е многу воздржан автомобил, но срамежливо ги следи денешните трендови, кога е во прашање дизајнот. Има и поубави автомобили на пазарот, пред се мислејќи на Honda Civic, Fiat Bravo и Seat Leon, но ни еден од нив не ги задоволува сите генерации. Mazda 3 одговара на младите, средовечните и старите луѓе, нешто со кое можат да се пофалат многу малку автомобили на пазарот денес.

По дизајнерската филозофија, се чини дека Mazda 3 е најблиску до Ford Focus, што и не чуди, бидејќи и двата автомобили ја користат истата платформа. Во секој случај, Mazda 3 остана свежа и по четири години на пазарот, па и оценката за дизајнот ќе биде позитивна.

Ентериер

Во внатрешноста на Mazda 3 ја нема веќе сивата пластика, која беше карактеристична за јапонските автомобили во деведесеттите години. Инструмент таблата е изработена од фини и квалитетни материјали, пластиката е мека на допир, а дизајнот е во врвот на класата.

Инструмент таблата ја красат три одделени вдлабнатини – средната за брзиномерот, а другите две за мерачот на вртежи и мерачите за температура и  за количина на гориво, Ваквото решение прв пат беше применето во Alfa Romeo и плени со дизајнот, но има и еден минус, ако може да се оцени така – сопатникот не може да види со која брзина го движите возилото.

Зад управувачот возачот многу брзо ќе ја пронајде својата позиција и веднаш се добива впечаток дека се е на свое место. Времето на привикнување на автомобилот е многу кратко, што е една од предностите на Mazda 3.

Средишната конзола е поширока во однос на конкуренцијата и има логичен распоред на командите и треба многу малку време да се привикнете на нејзе. Заедно со инструмент таблата прават една целина, која ќе ја оцениме позитивно и како изгледа, но и за тоа колку е функционална.

Удобност / Комфор

Mazda 3 има многу напредно подвозје, пред се мислејќи на задната Multilink оска, која овозможува високо ниво на удобност, но и висока стабилност на возилото.

Во внатрешноста патниците се изолирани од нерамнините на патот и се добива чувство на голема цврстина. Звучната изолација на автомобилот е исто така на високо ниво, па патниците нема да ги вознемирува гласниот мотор, ниту пак свирењето на ветерот при поголеми брзини.

Сепак, внатре најубаво ќе му биде на возачот. Перфектната позиција зад управувачот ја надополнуваат 5 степениот менувач кој дури и заборавивме дека го користиме и ножните команди, на кои дури и не треба време за привикнување. Едноставно, возењето е многу лесно, како да возите автомобил со автоматски менувач.

И покрај тоа што Mazda 3 нема големи стаклени површини, прегледноста е одлична, пред се поради правилните контури на каросеријата. Ни се допадна и ветробранското стакло, кое не е толку налегнато како во некои останати модели, па чувството не е како во некој моноволумен.

Просторот на предните седишта е во рамките на класата и таму може да се помине и многу подолг пат без замор. За жал и покрај тоа што е еден од најдолгите автомобили во класата, Mazda 3 не нуди рекорден простор на задната клупа. Не дека е мал, но се чини дека можело да се извлече повеќе.

За поголемото уживање во внатрешноста се грижи и богатата опрема, како во класа поголем автомобил. Автоматскиот клима уред фино ја разладува внатрешноста, а десетте воздушни перничиња влеваат чувство на сигурност.

Багажникот има 339 литри зафатнина и помал од другите во класата класата. Но, просторот е добро искористен и сите 339 литри се употребливи.

Возни Својства / Перформанси    

Mazda 3 лежи на платформата на автомобилот со најдобри возни својства во компактната класа, Ford Focus.

Но, за разлика од него, Mazda 3 е за нијанса помеко подесена, па е постигнат одличен компромис меѓу удобноста и стабилноста. Ford Focus и понатаму ќе го задржи приматот на најстабилен во класата, но Јапонецот, исто така, ќе ги задоволи и спортски настроените.

Едноставно, Mazda 3 се движи таму каде што вие ќе зададете команда со управувачот. Управувањето е неверојатно лесно и прецизно, па возењето е голема забава. Дури и ако има потреба од корекции, што е многу тешко да се постигне, тука е системот за стабилност на возилото, кој одлично соработува со подвозјето. Чувството кога го возите овој автомобил е како да сте поврзани со патот.

Сепак, за поголемо уживање на спортски настроените возачи, добро би дошол посилен мотор. Основниот бензинец со зафатнина од 1,4 литри и технологија за варијабилно отворање на вентилите зависно од вртежите на моторот, развива 84 КС при високи 6.000 врт/мин и релативно низок вртежен момент од 122 Nm при 4.000 врт/мин. Со помош на VVT-I технологијата и впрскувањето на горивото во повеќе точки силата се развива рамномерно, но сепак на крај резултатот е слабо забрзување и слаби перформанси, посебно кога треба да искачите некоја нагорнина.

Сигурно дека нема да предизвикате застој во сообраќајот, но бројките за забрзувањето до 100 km/h за 14,3 секунди и максималната брзина од 169 km/h припаѓаат на некое постаро време. За да задржите побрзо темпо, моторот треба да го држите на високи вртежи, што секако ја покачува потрошувачката, која, доколку се вози “пензионерски” изнесува 7,1 литар комбинирано возење, но ако се претера може и да се искачи над 10 литри на 100 km.

Постарите, секако, ќе му се радуваат на овој автомобил, но за тие што сакаат повеќе сила и поенергични забрзувања, повеќе ќе им одговара посилната бензинска изведба од 1,6 литри и 105 КС.

Сигурност и Безбедност

Во Mazda 3 се вградува системот таканаречен Family Box, кој треба да ги штити патниците при судир. Тука се и десетте воздушни перничиња и долгиот список на системите за активна безбедност (ABS, TCS, DSC, EBD, EBA) кои се грижат за безбедноста на патниците. Сепак, на краш тестот на EuroNCAP, Mazda 3 доби само четири**** ѕвездички, но со освоени 33 поени, што значи дека максималната оценка и побегна само за влакно. За заштита на деца Јапонецот освои три***, а за пешаци две** ѕвездички.

Опрема    

Mazda 3 и во основниот модел е опремена со се што му треба на современиот човек.

Основниот модел CE е опремен со централна брава, електрични стакла напред, мануелен клима уред, 6 воздушни перничиња, серво управувач и ABS и според цената од 14.800 евра е солидно опремен автомобил.

Автомобилот кој ние го имавме на тест беше побогато опремен и реално немаше нешто што му недостасува. Mazda 3 1,4 TE Plus чини 16.250 евра и е опремена со целосна електрика, автоматски клима уред со филтер за полен, затемнети стакла, грејачи на ретровизорите, мултифункционален кожен управувач, кожна рачка на менувач, магленки, делива задна клупа 60:40, наслони за рака напред и назад, рачки на вратите и ретровизори во боја на каросерија, украсни лајсни во внатрешноста во Piano Black изведба, металик боја, модуларно радио со CD итн. Тука е и целосниот список на опрема за безбедноста, како за пасивната (десет воздушни перничиња), така и активната (ABS, TCS, DSC, EBD, EBA).

Со ова ниво на опрема, Mazda 3 е целосно опремена, дури и повеќе од колку што е потребно за потребите на македонскиот граѓанин.

Цена / Трошоци    

Автомобилите на овој јапонски производител се познати по нивната издржливост и по ниските трошоци во нивната експлоатација.

Потрошувачката на гориво на моторот кој го имавме на тест е задоволителна, освен ако не се претерува. Во град троши 9 литри гориво, додека на отворено се задоволува со околу 6 литри, но повторно ако не претерате – ако возите над 120 km/h потрошувачката знае многу да се зголеми. На тестот, во просек трошевме околу 8 литри, нормално некогаш и со малку пожестоко темпо. За тие што сакаат поштедлив автомобил, може и да се одлучат за дизел верзијата од 90 КС, која во основната верзија чини 18.000 евра, што не би го препорачале бидејќи цената на дизел горивото практично е еднаква со онаа на бензинот.

Цената од 16.250 евра за вака опремен автомобил е реална, но во класата има слично опремени автомобили и со многу посилни мотори (Kia Cee’D и Hyundai i30 1,4 109 КС, Renault Megane 1,4 100 КС) Сепак, намерата на инженерите не била овој автомобил да биде брз и да се одмерува со другите на семафори, туку сигурно и без никакви проблеми од механички аспект да ги голта километрите.

Гаранцијата на автомобилот е 3 години или 100.000 km и во неа се опфатени сите делови, но се чини дека за поголем маркетиншки удар, потребна е гаранција од уште година–две.

Заклучок    

Mazda 3 е автомобил речиси без маани. Има квалитетна внатрешност, супериорни возни својства, тивка кабина, добра опрема, а е неверојатно лесен и забавен за возење.

Сепак, се чини дека не може да се прости слабиот основен мотор, со кој треба многу работа за да се постигнат потребните перформанси, посебно кога автомобилот е натоварен или кога треба да искачите нагорнина.

Цената, исто така може да се каже дека е висока, но вистинските познавачи на Mazda знаат кои вредности ги имаат возилата на оваа јапонска марка. Квалитетот и НЕрасипливоста се одлики кои одсекогаш ја краселе оваа компанија.


Mazda 3 old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Kolave e zakon,Najudobna u klasata,najsportski,i naj agresivna.
Напишан од TETOVO  пред  околу 79 месеци
nema problem letale kopcija abe se slusas ti so zboruvas?kazi pokvalitetno vozilo vo klasata?
Напишан од nepoznat  пред  околу 83 месеци
imperatorkava e sajzen za dve godini pocnaa kopcina da letaat od radioto
Напишан од zlatko  пред  околу 83 месеци
JAPONKAVA E ZAKON
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
IMPERATORKA OD HIROSHIMA
Напишан од ATANASOV  пред  околу 84 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил