Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Нов, поголем и поштедлив - Peugeot 508 - сериозна конкуренција на најдобрите во класата
 
Spodeli
21 февруари 2011, 23:32


Нов, поголем и поштедлив - Peugeot 508 - сериозна конкуренција на најдобрите во класата Peugeot 508 Нов, поголем и поштедлив - Peugeot 508 - сериозна конкуренција на најдобрите во класата
Класата во која се наоѓаат Passat, Insignia, Mondeo, C5... веќе е побогата за уште еден сериозен играч....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 

Изведен од прототипот „5 by Peugeot Concept“ прикажан лани во Женева, 508 доаѓа како замена за 407 и 607, и за почеток ќе се нуди во две каросериски верзии - како четиривратна лимузина и караван, со должини од 4,79 односно 4,81 метри, што е за 10 cm повеќе од моделот 407.
 
Новата Peugeot 508 лимузина со својата должина е на исто ниво со Passat и Mondeo, но има меѓуосовинско растојание од  2,82 метри, што е за добри 10 cm повеќе од VW или Skoda Superb, што доволно зборува за тоа колку повеќе простор во внатрешноста нуди од конкуренцијата.



Резултатот од овие бројки е и поголем багажник, кој има волумен од 515 до 1381 литар во лимузинска верзија, и 560 до 1597 литри кај караванот. Но, и покрај тоа, багажниот простор кај 508 SW е помал отколку кај VW Passat караван кој има багажник од 603 до 1731 литри. Со доплата може да се добие караван со задна врата на електрично затворање. Подот на багажникот е рамен, исто како и кај преклопената задна клупа. 
 
Освен по должина, Peugeot 508 овозможува значително повеќе простор и висински во кабината, што дополнително допринесува за комфорот. 
 
Домашните купувачи по правило во оваа класа се наклонети кон германските произведувачи, па како главни конкуренти секако се VW Passsat, Ford Mondeo и Opel Insignia. Во Peugeot се надеваат дека новиот модел 508 во оваа година ќе заземе околу 7.5% во овој сегмент на пазарот, па планот во 2012 година која е прва година за целосна продажба, со моделот 508 ќе освои околу 10% од сегментот. 

 
Во понудата се четири пакети опрема, два бензински и четири дизел мотори - Access, Active, Allure и GT нивоата на опрема ќе се комбинираат со 1,6 VTi 120КС и 1,6 THP 156КС бензиснките мотори, но и со четири турбо дизел мотори - 1,6 HDi 112КС; 2,0 HDi 140КС; 2,0 HDi 163КС и 2,2 HDi 204КС.
 
Моторите се комбинираат со рачен менувач со пет или шест степени на пренос, но и со шест-степен автоматски менувач. Се очекува дека од вкупната продажба на моделот Peugeot 508, најбарана ќе биде верзијата 2.0 HDi од 140 КС, која се чини како оптимален избор за оваа каросерија и цена. 

 
Во понудата од самиот почеток е и иновативниот мотор e-HDi. Моделот 508 е прв модел на Peugeot со иновативната e-HDi технологија, за која веќе зборувавме при презентацијата на новиот Citroen C4. Со првото претставување на e-HDi технологијата на мотори во пакет доаѓа и новата генерација на Start&Stop систем кој овозможува реверзибилен алтернатор на дизелскиот мотор. Новиот револуционерен 1.6 e-HDi дизелски мотор преполн е со иновации и ја намалува емисијата на СО2 за 15%. Оваа технологија овозможува прекинување на работата и моментално повторно стартување на моторот во сите ситуации кога возилото стои (црвено светло на семафорот, густ сообраќај и слично), со што се намалува потрошувачката и емисијата на СО2 за високи 15%. 
 
И други Peugeot модели ќе бидат опремени со оваа технологија од 2011 година. Првите, секако ќе бидат 508-ки. Сите тие возила опремени со e-HDi технологија опремени се и со гуми со мал отпор на триење.

 
Дури 30% од дизелските мотори на групацијата ќе бидат опремени со e-HDi мотори. Технологијата e-HDi ќе им овозможи на PSA Peugeot Citroen да ја зацврсти својата предност пред возилата со ниска емисија на СО2. Таа е дел од планот за технолошки иновации, на кои им е целта на секој клиент да му понуди автомобил со ниска емисија на СО2, приспособена за неговите потреби. 
 
Ако се земе во предвид дека Peugeot 508 доаѓа како замена за дури два постојни модели, Peugeot 407 и 607, се поставува прашањето како изгледа потенцијалниот купувач. Во Peugeot направиле профил кој покажува дека овој автомобил ќе се пласира главно преку флотна продажба, но и дека истовремено ќе послужи и како комфорна семејна лимузина. Типичниот купувач е маж во зрела возраст на менаџерска позиција, оженет, има возрасни деца, познавач е на автомобилската техника и технологија, има високо образование и високи примања. 


 
Peugeot 508 спаѓа во класата на возила кои не се продаваат во енормни количини, а класата на која припаѓа е само 8% од вкупниот пазар на автомобили. 

Peugeot 508
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
тешка работа дека ќе успее да излезе на крај со пасатот и мондеото ... само што искочена а веќе делува застарено ...
Напишан од Ice  пред  околу 71 месеци
Kolata za nadvoresen dizajn e super no cenite se previsoki za puegeut 1.6 16v vti robot.access e osnovniot model kosta 23 400 evra,1.6 hdi access osnoven model dizel 25 000 evra cenite se previsoki za edno peugeot.Ima edna verzija 2.2 hdi gt automatika 204 ks 0-100 8.3 s maksimalna brzina 234 km so eden litar nafta 17,5 kilometri no ke kosta 38.000 evra sto se premnogu
Напишан од alfieri  пред  околу 74 месеци
top imam 306 2.0 hdi ke si kupam vakvi cim izleze edno hdi 508 elegantno e
Напишан од Koki  пред  околу 75 месеци
rambo ne veli taka B7 e poubava nadvoresno i vnatresno od 508 mene licno ako e i 508 so 2.0 HDi motorot 25-6 iljadi evra kolku so e B7 ja za tia pari bi zemal B7 ali sekoj si ima svoj vkus.VW si e VW
Напишан од mali  пред  околу 75 месеци
407 LAL
Напишан од mali  пред  околу 75 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил