Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Renault Clio - стабилност, Пред се
 
Spodeli
30 октомври 2009, 03:14


Renault Clio - стабилност, Пред се Renault Clio 3 Renault Clio - стабилност, Пред се
Новото Clio e репер во класата кога станува збор за пространост, рафинираност и сигурност. Огромната кабина, одличната звучна изолација и 5-те ѕвездички на EURO NCAP краш тестот го поставуваат на вистинскиот пат кон продолжување на традицијата....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сепак, остварувањето на таа цел резултираше со автомобил кој не е компактен како што беше некогаш. Со неполни 4 m. должина новото Clio е вистински гигант во класата.

Зголемената тежина од околу 130 kg во просек, освен што ја зголеми стабилноста и безбедноста, влијаеше на намалување на перформансите, но и на потрошувачката на автомобилот, кај сите негови моделски изведби.

Веројатно, тешко е да се поверуваа дека поминаа 15 години од излегувањето на првото Clio, како наследник на Renault 5, за кое, ако добро се сеќавате, сите јадевме хамбургери и чекавме да ни падне на наградна игра.

За 15-те години наназад супермини-то на Renault сe продаде во преку 9 милиони примероци постанувајќи влијателен играч во својата класа и освојувајќи многу купувачи и кај нас, како модел кој ги задоволување барањата на македонските купувачи – мал, симпатичен, со одлични дизел мотори со мала потрошувачка.



15 години е период кога сите ние сме во некоја фаза во која треба да донесеме голема одлука која во голема мера ќе ја дефинира нашата иднина. Слично и со Clio-то. Од компанијата се одлучија за не така мали промени во конципирањето на третата генерација, промени за кои малку беше ризично како ќе бидат прифатени од купувачите, токму во период кога класите малку навлегуваат една во друга, па со тоа и конкуренцијата е се поголема. За продолжување на успехот на своите претходници, на Clio Му се потребни all-round карактеристики.

Значително поголем од својот претходник, Clio-то е само 22 cm покус од постариот брат Megane, и има најголемо меѓу-оскино растојание во класата. Со тежина на некои моделски изведби и до 1.200 kg, Clio-то достигна тежина од, на пример Ford Mondeo од пред десет години!!! Но, ништо не е случајно, се се тоа бројки кои укажуваат на некаква цел. Главно – стабилност и безбедност.

Но, зголемената тежина од околу 130 kg во просек, во однос на својот претходник освен што ја зголеми безбедноста, има и своја цена во облик на пенал, најмногу во поглед на перформансите, но и на потрошувачката на автомобилот, кај сите негови моделски изведби.

Дизајн    

Сочуван корпоративниот идентитет - со малку повеќе димамични линии


Малиот од Франција, сега изгледа помалку како Clio, а повеќе како Renault од претходно, со елементи преземени од Megane и Modus и некои нови решенија како: рамења кои се спуштаат нанапред  до задниот дел на предното тркало. Најзначајно е што Clio-то успешно го сочувува идентитет на компанијата од која потекнува. Јасно е дека ова е новото Clio, што е многу за поздравување.

Димензиите на новото Clio – должина 3.986 mm, ширина 1.707 mm, висина 1.493 mm, не се значително поголеми од повеќето претставници во класата, за разлика од меѓу-осовинското растојание од 2.575 mm што е значителен чекор напред (само 3mm пократко од Golf ).

Предниот дел, со поголемите и повисоко извлечените фарови се во функција на значително подинамичен изглед. Благодарение на зголемените димензии, и целосната фигура на страничниот дел изгледа изменето во однос на претходникот, но најзначајно е тоа што целосната композиција, посебно кога автомобилот се гледа од 3D перспектива (истовремено од напред и од страна), e солидно изведена.

Кај моделот со 5 врати можат да се забележат и некои сличности со Peugeot 206, додека моделот со 3 врати плени со својот динамичен изглед.

Поделени се мислењата за изведбата на задниот дел на автомобилот, каде има најмногу промени, каде задните светла се поставени прилично високо и под агол кој треба само да го заврши динамичниот изглед кој започнува уште од предниот дел на автомобилот, од маската за влез на воздух, која го следи трендот (или го најавува, бидејќи ова е модел од 2005) на зголемени димензии конкретно на тој дел од автомобилот.

Ентериер    

Пространост речиси како кај Megane. Квалитетот на избраните материјали, меки на допир и одличната завршната обработка се на завидно ниво. Едноставните и јасни инструменти ја карактеризираат инструмент таблата.

Инспирација за внатрешниот изглед на Clio е моментно актуелниот модел на Megane. Очигледно е дека во Renault работеле напорно на материјалите кои се користат во ентериерот.



Освен просторноста која е чувствува уште при првиот контакт со Clio, во кабината неизбежен беше и дизајнот на ентериерот, кој потсетува на претходната генерација, но со доволно дизајнерски новитети за да се добие позитивно и пријатно чувство. Едноставноста и рационалноста во изведбата на ентериерот се веројатно најзаслужни (секако и на надворешните димензии) за просторот кој се добива.

Пластиката користена во ентериерот е пријатна, а особено ни се допаднаа хромираните делови во ентериерот кои создаваат чувство на поскап автомобил. Багажниот простор нуди 288 l волумен, кој со спуштање на седиштата може дополнително да се зголеми.

Новото Clio остава впечаток на автомобил од повисоката класа што, секако е одличен комплимент.

Удобност / Комфор    

Удобно, со солидна ергонимија и добра звучна изолација

Значително поголем, со повеќе простор насекаде – напред, назад, но и во багажникот, Clio-то е сосема комотно за 4 возрасни патници. Секако, и 5 патници би можеле да патуваат без никаков проблем, што е голем чекор напред во однос на претходникот, каде недостаток од простор, посебно на задната клупа беше очигледен.

Видливоста е добра со исклучок на широките странични потпори, кои можат да го попречат видното поле на раскрсниците, но сепак не како кај некои други понови модели. Седиштата се удобни, како предните така и задните, но сепак кај основниот модел не постои можност за подесување во сите правци. Ново дизајнираниот потпирач за глава е малку пософистициран, лесно се подесува и обезбедува добра заштита при удар од задната страна.

Комплетната ергономија е релативно добра, инструментите се многу логично поставени и лесни за привикнување. Управувачот е лесен, а седиштата се прилично удобни, и нормално потсетуваат на оние од Megane, иако удобноста од постариот брат тешко може да се достигне.

Забележителен е и напредокот во однос на звучната изолација, каде звукот од моторот и ветерот за значително намалени, што е квалитет плус во однос на претходникот.

Управување    

Стабилност при кочење и во кривини, мал интензитет на повратна информација од управувачот

Иако нуди сигурно и предвидливо управување, одлична удобност при возењето и држење на телото особено при побрзо влегување и излегување од свиоците, сепак нема да го задоволи секој што ќе седне зад воланот, особено не оние што не се запознаени и немаат претходно искуство со возните својства на сегашниот Megane.

Она што најмногу не импресионираше секако е стабилноста при управувањето, а посебно при кочењето т.е намалувањето на брзината. Разни купувачи имаат разни возачки стилови и барања во однос на однесувањето на автомобилот. За нас особено значајно е како тој се однесува при поголеми брзини и при потреба од нагло намалување на брзината или вртење во свиок. Тука Clio-то се покажа во најдобро светло и веројатно е најдобар во класата. Системите за кочење (ABS, BAS, EBV, EBD (Electronic Brake Distribution)) се извонредно вкомпонирани и на возачот му внесуваат чувство на сигурност. На крајот на краиштата, стабилноста при кочењето некогаш и живот значи.



Можеби имавме забелешка на забрзувањето на автомобилот, но кога ќе се развие брзина, Clio-то се однесува како автомобил од повисока класа. На некој начин, се е некој компромис. Ништо не се случајно, тука до израз доаѓаат зголемените димензии и тежината на автомобилот.

Управувачот е прецизен, но со мал интензитет на повратна информација. Некогаш е недоволно јасен, но тоа е благодарение на променливата рата на електронска помош при управување, каде при поголеми брзини управувачот, слично како кај претходникот значително се укрутува (и ова е во духот на зголемување на активната безбедност).

Мотори / Перформанси    

Лимитирани перформанси на најслабиот мотор, повторно одлични дизели

Изборот на мотори го сочинуваат 6 мотори од кои по 3 бензински и дизелски. Бензинските имаат 75 односно 101 и 197 КС соодветно, сите  со 16 цилиндри, а дизелските ги сочинува 1,5 dCi common rail мотор со 70 и 85 КС. Последниот доаѓа со 6-степен менувач и оддава впечаток на спортски автомобил

Најслабиот мотор, 1.2 16V со 75 КС, токму оној кој го имавме на располагање, по поглед на забрзувањето сигурно ќе биде разочарување за сите кои имале искуство со Clio. Прилично инертен и спор веројатно би им се допаднал само на оние за кои перформансите се на последно место. Но, за да не биде се така црно во поглед на забрзувањето, има и посилни 1.6 мотори кои сигурно се малку “поживи”.


Ова особено важи за дизелските изведби, за извонредните dCI мотори, кои го враќаат пријатното чувство во поглед на перформансите и потсетуваат на агилноста на која не навикна Clio со својата втора генерација. Поради зголемените димензии на автомобилот и кај дизел изведбите е зголемена потрошувачката, но не многу. И најслабиот дизел 1.5 dci, со 70 КС има одличен вртежен момент (160Nm на само 1,700 вртежи во минута) што е одличен предуслов за добивање на перформанси.

Менувачот е прилично јасен и едноставен, со краток и прецизен од. Во зависност од моделските изведби, доаѓа со 5, но и со 6 степени на пренос.

Моменталната понуда на мотори е од најслабиот 1.2 16V со 75 КС, за кој фабричи дефинираната максимална брзина е 167 km/h и кој забрзува од 0-100 Km/h за 13,4 секунди, па се до Clio Sport 2.0 16V со 197 КС кој развива  максимална брзина од 223 km/h.
Сигурно најинтересни за македонските купувачи се дизелските изведби, сите со зафатнина од 1.500 ццм3, како кои најсилниот има 85 КС, споменавме и претходно, со одлична прераспределба на силата и одличен вртежен момент уште на 2000 вртежи во минута. Сигурно ќе им се допадне, посебно на оние возачи кое се навикнати на дизел мотори.

Сигурност и Безбедност    

Максимизирајќи ја заштитата од удар, Renault со Clio додаде уште еден модел со 5 ѕвезди за сигурност за заштита на патниците напред, но само 1 ѕвезда за заштита на пешаците. Во однос на безбедноста, интересен е пристапот. Со значително големи стаклени површини е обрнато поголемо влијание на активната безбедност (се намалува веројатноста на судар), но малата прегледност назад, секако е мал минус во поглед на толку посакуваната активна безбедност.

Како дополнителна опрема понуден е и ESP системот. Предните појаси се подесуваат по висина, а и задните странични и предните автоматски ги закочуваат појасите во моментот на удар и го редуцираат ризикот од повреда за време на удар.

Опрема    

Доволно oпрема уште од основиот модел


Моделот што го имавме на располагање беше Clio 1.2 16 V Dinamique (второ ниво на опрема). Освен Dynamic, достапни се и Authentique, Rip Curl и Sport нивоата на опрема.

Стандардно, во сериска опрема за сите модели влегува: ABS + BAS + EBV, воздушни перничиња за возачот и совозачот, странични воздушни перничиња, прогресивен серво управувал подесив само по височина, централно заклучување со далечински управувач, електрични стакла напред, патен компјутер, фарови со двојна оптика, обртомер, кодиран клуч, темни стакла и браници во боја на каросеријата.

Dynamique нивото на опрема носи дополнително и: клима уред, магленки, делива задна клупа, возачко седиште подесиво по височина, кожни управувал и менувач, темна спортска и ексклузивна внатрешност, како и ретровизори во боја на каросеријата.

На сликите е моделот што го имавме на Тест, кој беше модел со 5 врати, а имаше и металик боја и алуминиумски 15 инчни бандажи.

Renault, како продолжение на традицијата, и овој пат има исклучително високо ниво на опрема која може да се понуди како дополнителна опрема, меѓу кои и светла кои ги пратат свиоците, xenon фарови, припрема за GSM, спортски седишта Recaro, помош при паркирање, контрола на притисокот на пневматиците, ESP + ASR, панорамски електричен кров, регулатор на брзината и др.

Цена / Трошоци    

Почетната цена на основниот модел во моментов е 10.790 Евра. Моделот кој го имавме и за кој конкретно напишавме погоре, според номиналниот ценовник би чинел околу 13.300 евра. За сигурност во однос на цените проверете го комплетниот ценовник на сите моделски изведби, или обратете се кај импортерот на Renault за Македонија, Automotive Group или кај некој од Renault дилерите.

Фабрички претставената потрошувачка во град, на отворено и комбинирано е 7,6 / 4,9 / 5,9 литри за моделот кој го имавме на тест. Ова секако е идеална потрошувачка, со идеално прераспределена сила во разни степени на пренос, што  во реалноста е нереално да се бара, па затоа и реалната потрошувачка за очекување е да е повисока. Ако некој сака со моделот со зафатнина од 1.200 ccm3 со 75 КС малку подинамично возење, со менување на брзините од околу 2.500 до 3.500 вртежи во минута во прв, втор и трет степен на пренос, потрошувачката сигурно ќе биде над 9 литри на 100 км, што и не е баш добар знак особено ако се знае дека Clio има репутација на автомобил има мала потрошувачка..

Ако му веруваме на патниот компјутер, а треба да му веруваме бидејќи е истиот оној што се вградува и во Megane, кој е многу реален и точен (за разлика од оној кај Fiat Punto – втора генерација) просечната потрошувачка во град (Скопје) би била околу 8 л на 100 километри и тоа ако се вози претпазливо.

Веројатно, најинтересни би биле 1.5 dCI изведбите кои започнуваат од 12.490, што претставува сосема солидно инвестиција за автомобил кој троши 5,3 l/100 km во град (фабричка потрошувачка).

Заклучок    

Препознатлив дизајн, одлични технички решенија, функционален ентериер и естетски дизајнерски детали. Стабилност на сметка на перформанси

Како што започнавме, така би сакале и да завршиме. 15 години се период кога родителите можат да дадат оценка за развојот на своето дете. Clio-то речиси стигна до својата матура. Нема сомнение дека од компанијата треба да бидат задоволни со едно од своите најмали чеда, добивајќи комфор, стабилност и безбедност, притоа губејќи дел од особините кои ги посакува помладата популација, во поглед на перформансите и агилноста при возењето.

Препознатливиот дизајн, одличните технички решенија, функционалниот ентериер и естетските дизајнерски детали ја утврдија неговата позиција како предводник во класата на помали возила на Renault. Заедно со многу компетентните технички спецификации, новото Clio не случајно беше најпродаван автомобил во својата класа во 2006 година.

Сепак, Clio-то напред го носи знакот на Renault.


Renault Clio 3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
DELOVITE SE FRANCUSKI SAMO SE SKLOPUVA VO MARIBOR BO SLOVENIJA
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 91 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил