Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Citroen C4 Picasso - Удобност по француски рецепт
 
Spodeli
30 октомври 2009, 03:02


Citroen C4 Picasso - Удобност по француски рецепт Citroën C4 Picasso - old Citroen C4 Picasso - Удобност по француски рецепт
Picasso-то е веројатно најрадикалниот и најфутуристичкиот MPV досега произведен. Идеален семеен автомобил кој преставува освежување на пазарот во однос на корисниците кои сакаат голем семеен автомобил, кое ќе им овоможи уживање и леснотија при патувањата, но и во град. Наменет е за оние кои не бара...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Идеална комбинација

Претходникот на C4 Picasso, моделот Xsara Picasso беше продаден во милионски бројки. Комбинацијата на најмногу понуден простор во класата, користење на многу технологија и неверојатната видливост, на проиводителот се очекува да му донесе многу успех и надминување на продажбата во однос на претходникот. Kако надополнување на моделот со 7 седишта е и новиот со 5 (покус за 12 cm), благодарение на што поголемиот врат добива наставка GRAND.

Извонредно избалансираните мотори во однос на тежината која треба да ја покренат и одличните безбедносни оцени се надополна на комфорот кој се чувствува веднаш. Широкото предно ветробранско стакло, најголемо во досега видено воопшто во некој сериски автомобил, го зголемува аголот на видливост нагоре на дури 70 степени, од просечните 35 колку што е просечно во класата. Тоа, надополнето со сончев кров е комбинација која создава стакло преку целата површина на автомобилот.

За сонце преку ден...и ѕвезди навечер.

Дизајн

Како и секогаш - оригинален, а сепак свој - Citroen

Визуелниот идентитет на Citroen, за разлика од некои други марки секогаш е еден и единствен. Од километар ќе познаете дека Picasso-то е Citroen. Можеби некому незначајно, за нас многу. Хромираните паралелни линии на маската кои го формираат логото, во пакет со светлата кои го следат новиот дизајнерски концепт на Citroen, заедно со тенките и хоризонтално поставени трепкачи создаваат прекрасен и малку динамичен изглед на автомобил кај кој динамиката е прилично тешко да се изведе.



Убавината на C4 хечбек моделот е постигната и тука. Како надополнување на линијата што дизајнерите сакале да ја постигнат се и нагласените магленки, но и задните светла, кои со малку спуштениот кров го заокружуваат солидниот впечаток што C4 Picasso го остава при секое свое појавување. Со облик наследник на Xsara Picasso, линијата каде предното ветробранско стакло преминува во кров речиси и да ја нема.

Квалитет и Ентериер

Одлична завршна обработка, квалитетни материјали
Но, C4 не е направен само да биде убав. Она вистинското доаѓа кога ќе се влезе внатре. Светлина како никогаш досега во сериски автомобил. Широк, висок, со исклучително квалитетни користени материјали, доволно за афирмативни првични впечатоци во однос на квалитетот. Многуте хромирани делови кои со металик изглед заслужуваат само позитивна критика. Дури, и ситните детали (гумирани додатоци во деловите за ситници) благодарение на кои се неутрализра движењето и звукот кој би се појавил при поместување на ситниците во нив се пријатни и добредојдени.



Главни тука, секако се дисплеј конзолата, поставена централно и управувачот. На него, слично како кај C4 хечбек моделот, централниот дел е неподвижен и содржи многу команди за контрола. Меѓу другите, таму е и ограничувачот за брзина. Во духот на технологијата и пристапот на користење на напредна технологија е и централнта конзола, кај која на дигитален дисплеј се прикажуваат параметрите при возење: Дисплејот има опции за затемнување и, иако е голем, воопшто не пречи при возењето. Можеби би му пречело некому, со потрадиционален пристап кон внатрешниот дизајн на автомобилите кои имаат класични инструменти за брзина и забрзување во облик на круг, со стрелки на нив. Но, тука технологијата е на прво место, а и продолжувањето на постојаноста на Citroen во поглед на иновативни и неконвенционални решенија.

Целокупната изработка на автомобилот е на високо ниво. Заедно со комфорот и удобноста која ја нуди Picasso-то, веројатно токму тоа ќе биде неговата ударна сила.

Возни својства и перформанси

Возење / Управување


Исклучително мекото возење создава чувство дека автомобилот се движи на некоја рамна површина (пример вода), како да нема асфалт и нерамнини типични за скопските улици. Citroen технологијата за суспензија, но и самата големина и тежина на автомобилот (1.500 kg) се комбинација која создава чувство на менување на физичките закони. Направен за уживање и лагодност, C4 picasso единствено не може да овозможи многу динамично и со адреналин исполнето возење. Но, кој би го посакал тоа, а купил MPV автомобил - моноволумец.

Комотно и удобно, без многу динамика. Недостасува повеќе управливост
Главните наши забелешки се однесуваат на прецизноста при управувањето. По цена на целосен комфор при движењето, и на возачот и на патниците, управувачот не е најдиректен и има одреден временски интервал (колку и да е тој минимален) во кој автомобилот при вртење лево или десно се подготвува за вртење, се навалува малку, по што следи суптилно завртување при кое патниците речиси и да не ја чувствуваат интерцијата. За тоа секако се задолжени и седиштата, кои уште еднаш ја потврдуваат и докажуваат определбата на Citroen за комоција при возењето.



Дискутабилно е како ќе се коментира релативното долго време на смирување на автомобилот после нагово помрднување налево или надесно. Некој ќе посака повеќе контрола и побро смирување во однос на тоа, но во случајот е добиен ефектот на лагодност, сличен на движење на пловен објект

Возачката позиција благодарение на многу широкиот опсег на спуштање / подигнување на седиштето може да се постигне прилично високо, но за напомена е дека недостасува можност за подесување на управувачот.

Перформанси

И најлабиот дизел (1.6 HDI) е сосема доволен
Гамата на мотори ја сочинуваат две бензински (1.6 и 1.8i) и две дизел изведби (1.6 и 2.0), сите со 16V. Моторот кој го имавме на располагање беше послабиот дизел 1.6 HDI. Современиот common-rail е релативно тивок, но и извонредно агилен, со прв степен на пренос наменет за поаѓање, и одлично распределена сила во вториот и третиот степен на пренос, каде 107-те коњски сили, до околу 3.000 вртежи во минута се сосема доволни за забрзување, посебно во градски услови. Нема потреба од повеќе, посебно имајќи ја в предвид големината на автомобилот за кој пишуваме. Тоа, секако е доволно за позитивни критики во поглед на флексибилноста на моторот и силата која ја има. Истиот мотор може да се добие и со шест-степен електронски контролиран менувач.

Сигурност и Безбедност   
 
C4 Picasso има многу интелигентно решен систем за безбедност во однос на судир, со тоа што предниот дел од автомобилот е конструиран така што силата од евентуалниот судир се распределува на 3 наместо на традиционалните 2 центри за сила, со што и влијанието од судирот би било со намален интензитет.

Со 7 водушни перчничиња и стандардните ABS и ESP, како и ASR, EBA и EBD некои модели имаат и предни светла кои го следат движењето на управувачот и завртуваат заедно со него. Сето тоа доволно моделот со 7 седишта, Grand C4 Picasso на Euro NCAP да добие 5***** за заштита на патниците, 3*** за заштита на деца и 2** за заштите на пешаци. C4 Picasso е единствен модел од сите SUV кој има вградено т.н. Isofix систем – подготовка за прицврстување на седиште за дете, и тоа на сите 4 седишта, освен на возачкото.

Тенките предни столбови дополнитело ги намалуваат слепите точки на видливост, што е и тоа како значајно од аспект на безбедноста - ја намалуваат веројатноста од судир поради непрегледност.

Верзијата што ја имавме на располагање немаше аларм како стандардна опрема. Тоа доаѓа како дополнителна опција.

Комфорт и Опрема    

Многу користена технологија е во функција на комфорот и практичноста.
Автоматска паркинг (рачна) кочница овозможува неверојатно лесно поаѓање на нагорнина

Главното задоволство при возењето е резултат на поставеноста на возачот и сопатникот. Со можност за нивно високо поставување, но и благодарение на тенките предни столбови кои ја зголемуваат видливоста, во комбинација со најголемото предно ветробранско стакло, најголемите странични стакла и најголемиот сончев кров во класата, видливоста е на ниво каде речиси е невозможно да се побара повеќе.



Користената технологија, секако е во функција на олеснување на возењето. Автоматската рачна кочница се вклучува при секое гаснење на моторот, а се исклучува при поаѓање. Тука се и паркинг сензорите, но и независно поставените контроли за клима уредот за сите патници поединечно. Интелигентниот систем за контрола на загадувањето спречува загаден воздух да влезе во внатрешноста на автомобилот, а бришачите за дожд имаат технолошко помагало, се вклучуваат сами при дожд.

Одличниот надворешен изглед и квалитетните материјали користени во внатрешноста освен што се пријатни за око, се во функција на зголемување на комфорот и пријатното чувство за сите патници. Со спуштање на наслонувачите за раце на предните седишта дополнително се зголемува чувството за припадност во повисока класа. Многуте команди на управувачот, поставени на две нивоа ја зголемуваат практичноста и леснотијата при управувањето.

C4 нуди најмногу простор во класата, и во делот за патниците, но и во багажникот, каде има неверојатни 576 литри, но и 1951 литри простор со спуштена задна клупа.

Малку забелешка би имале на просторот на задната клупа, но не на неговата широчина или висина, туку на просторот помеѓу предните и задните седишта, каде малку повисоки патници можно е да имаат проблем со колената. И ова, ќе нагласиме е коментар имајќи ја предвид големината на автомобилот. Можеби толку простор во автомобил од компакт сегментот би бил очекуван, но кај моноволумец сигурно не. Сепак, тоа е и поради платформата на која е направен овој C4 Picasso, со 5 седишта, т.е. истата онаа на моделот со 7, кај која има и трет ред на седишта.

Заклучок

Извонредната видливост, мекото возење, многуте технолошки додатоци и целосното задоволство при патување се за оние со смирен дух, кај кои динамичниот стил на живот и возење не се толку значајни колку удобноста која се добива

Со директни домашни конкуренти Renault Scenic и Grand Scenic, но и против сите MPV ривали од Opel, Toyota, Honda, Mazda и Ford, C4 Picasso го чека светла иднина. Извонредната видливост, мекото возење, многуте технолошки додатоци и целосното задоволство при патување веројатно ќе бидат доволни да се победи конкуренцијата, но само во случај за приоритет да се земат француските критериуми за тоа што се бара од еден автомобил.



Малата несигурност при управувањето и недоволно директниот управувач некому навистина може да пречат. C4 Picasso е за оние со смирен дух, кај кои динамичниот стил на живот и возење не се толку значајни колку удобноста која се добива само по рецептот на француските инженери, посебно од фабриката каде уште пред 40-тина години се правеа автомобили во кои и чаша полна со вода, при брзини над 100 km/h нема да се истури.

Да не заборавиме, во багажникот ќе ве пречека и една мала количка, на тркалца, за полесно пренесување на товар, која симболично пренесува и една порака од производителот – куферите со Вас и на пат!


Citroën C4 Picasso - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил