Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Ford Mondeo - James Bond автомобил по достапна цена
 
Spodeli
30 октомври 2009, 01:16


Ford Mondeo - James Bond автомобил по достапна цена Ford Mondeo old Ford Mondeo - James Bond автомобил по достапна цена
Новото Mondeo има се што може да се посака од автомобил од класата на голем семеен хечбек. Доволнo комотен, со извонредни возни својства и ислучително високо ниво на опрема, Mondeo е доволно добар за енигматичниот и возбудлив таен агент 007, но дали е доволно добар и за пребирливиот вкус и тенкиот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Низ годините, иако од 1993 година беше меѓу најпродаваните автомобили во својата класа, некогаш респектабилното име на Mondeo прерасна во синоним за просечност.

Но, во новата еволуција на овој модел, Ford вметнува сосема нов “дух“ со кој повторно го привлекува вниманието. Конкретно, значајната промена во смисла на дизајнот и технологијата ги надополнува вредностите на претходниците со карактеристики на автомобил од повисока класа. Токму ова беше причина Даниел Крег алијас Џејмс Бонд да го замени “астон мартинот“ за новиот Mondeo додека престојуваше на Бахамите на траг на терористичката ќелија.

Можеби асоцијацијата со Бонд е веќе клише, но ги рефлектира високите амбиции на Ford со овој автомобил. Mondeo е доволно добар за енигматичниот и возбудлив таен агент, но дали е доволно добар и за пребирливиот вкус и тенкиот џеб на македонскиот купувач?

Одговорот е ДА. Новото Mondeo има се што може да се посака од автомобил од класата на голем семеен хечбек: доволнo голем и комотен, со извонредни возни својства, со ислучително високо ниво на опрема  во сите свои верзии и моделски изведби, и што е најбитно, достапно за македонскиот купувач. Односот цена / квалитет веројатно ќе биде најдобар во однос на главните свои конкуренти Renault Laguna и Mazda6.
   
Дизајн    

Уште на прв поглед се воочува дека Mondeo нема многу сличности со актуелниот претходник. Многумина беа скептични околу надворешните решенија на концептот Iosis врз чија основа е дизајниран Mondeo, меѓутоа финалниот производ сосема “разоружува“. Дизајнот доследно ја следи филозофијата на атрактивниот “кинетички дизајн“, промовиран на моделите S-Max и Galaxy, а изразен со динамични лини, поглед во три рамнини и карактеристични фарови.

Се забележува и мускулната рамена линија која успева да го смири габаритот на Mondeo-то, кое со својата големина е во рангот на моделот Scorpio, последниот модел на Ford од погорниот сегмент. Ако некој сака да биде ситничар, ќе забележи дека на седанот му недостасува острината на кинетичкиот дизајн, каква што има на караванот. Но, како компензација за острината, се нудат динамични детали како што се задниот дифузер и фелните кои како да се директно преземни од Iosis.

Како и да е, кога автомобилот стои, а изгледа дека се движи – тоа не е ништо друго туку сигурен знак за одличен дизајн.

Квалитет и Ентериер    

Кога е квалитетот во прашање, појдовна точка е фактот што Mondeo-то е направено паралелно со некои модели на Volvo и со Galaxy и S-Max. Голем дел од компонентите на овие два релативно успешни модели се веќе проверени и се користат и во Mondeo-то. За разлика од тоа, користените електронски системи се потполно нови.

Внатрешноста во однос на актуелниот модел е темелно редизајнирана во спортски дух, па Mondeo воодушевува со елеганцијата и интелигнетно искористената пространост.

Mondeo се обидува да импресионира и во поглед на квалитетот на материјалите, завршната обработка, естетиката и општата ергономија. Се е прегледно, ништо не крцка, ништо не тропа, меѓутоа малку разочара пластиката во долниот, внатрешен дел од вратите која е многу полоша отколку преостаната пластика во кабината. Сепак, ова не е веднаш забележливо бидејќи преовладува еден ист тон или боја, а забележливи се и меките делови од пластика околу рачките на вратите.

Непримерни за Mondeo се и површините од имитирано дрво во амбиентот Ghia, па затоа го препорачуваме Titanium. Настрана од ова, се друго е “под конец“, заокружувајќи го впечатокот на префинет амбиент.

Впрочем, доказ квалитетот е и фактот дека Mondeo е прогласен за "Деловен автомобил на 2007 година" во средната класа во изборот на реномираната германска агенција “Dekra” и магазинот “Firmenauto”. Во анкетата учествувале 150 шефови на возните паркови на водечките германски компании, а изборот е затворен после тест возења и оценувања на комфорот, возните својства, функционалноста, опремата, уживањето во возењето и трошоците за одржување. Mondeо–то во тој избор победил пред Audi А4 и Mercedes C класа!

Возни својства    

Возење / управување


Акцентот врз креирање на префинето чувство дефинитивно имал влијание и врз возната динамика. Поширок од порано, благодарение на ниско-поставениот центар на гравитација, одличната дистрибуција на тежината и на балансот, како и на неверојатно прецизниот управувач, Mondeo-то има одличен контакт со подлогата и одлично реагира во тесните свиокливи делници и поминува низ нив без несакани ефекти. Предвидливоста и прецизноста која ја има при наглите промени на правецот (при избегнување пречки) го исполнува возачот со чувство на самоувереност.

Генерално, добиваме впечаток на еден многу покултивиран, порафиниран Mondeo – но и позабавен, кога веќе купувачите го сакаат и тоа. А, што друго да се очекува од марката која е актуелен првак во Светскиот шампионат во рели?

Перформанси

Гамата на Mondeo ја сочинуваат четири Duratorq TDCi дизел изведби (дијапазон од 100 КС до 140 КС) и пет Duratec “бензинци“ со моќност во распон од 110 КС дo 220 КС.  Десетиот член на фамилијата - новиот 2,3 литарски 161 КС моќен Duratec HE агрегат ќе стигне на крајот од годинава. Новиот Durashift 6-брзински автоматски менувач, кој исто така доаѓа на крајот од годинава, ја надополнува докажаната палета од 5 и 6 брзински мануелни менувачи.

Сигурност и Безбедност    

Големите вложувања на Ford во поглед на безбедноста, како и делењето на клучните делови со Galaxy, S-Max, Volvo S80 и новиот V70 се причина Mondeo-то да има релативно висок степен на сигурност. Петте ѕвездички од EuroNCAP  за заштита на патниците напред се надополнети со четири за заштита за оние што седат позади, но и само 2 за заштита на пешаците.

Безбедносната опрема сега вклучува воздушно перниче за коленото на возачот, активни потпирачи за глава на предните седишта, како и воздушни завеси по целата должина на автомобилот. Во задниот дел сега има припрема за Isofix седиште за деца. Стандардна е и контролата на стабилноста, а како опција можат да се добијат ксенонски предни светла со насочување и контрола на притисокот во пневматиците.

Комфорт и Опрема

Mondeo-то е поголемо од порано, се е подолго и пошироко од досега, а има и одлична звучна изолација. Автомобилот сега е многу порафиниран, со многу пониско ниво на бучава, било да е тоа од моторот, ветерот или пневматиците. Суспензијата сега едноставно ги голта нерамнините. И покрај тоа, од стабилноста не е изгубено, па е загарантирано уживање во возењето и тоа независно од расположението на возачот.

Со толку добро изработено подвозје, не е ни потребен IDVC (Interactive Vehicle Dynamics Control), кој може да се добие како опција, а ја подесува висината на автомобилот. Има три модови на работа (Sport, Normal и Comfort). Сепак, оваа опција не е неопходна. Едноставно и без неа Mondeo е суперудобен и управлив како спортски автомобил.
Генерално, простор има како во некоја повисока класа, меѓутоа, позади, кривата опаѓачка линија на покривот малку го нарушува комодитетот на повисоките пантици од задната клупа. Забелешка плус - задното стакло е убаво за око, но не овозможува баш најдобра прегледност при паркирање.

Благодарение на големиот багажен простор – 1.745 литри со спуштена задна клупа, Mondeo-то би требало да биде избор на оние кои често патуваат. Како надополнение на тоа се одличните седишта со многуте опции за подесувања. Премиум чувството е надополнето и кај најевтините модели, сите опремени со клима уред.

Во внатрешноста има многу корисни површини, како голема фиока пред совозачот, повеќе држачи за чаши, повеќе мали фиоки и места за ситници, како е неизбежните приклучоци од 12V, на кои може да се приклучи ЛапТоп. Вистински бизнис автомобил! Интересен за помладите е и приклучокот за iPod, Bluetooth конекцијата, гласовни команди, навигација со екран на допир итн. Цела оваа технологија се управува преку системот Human Machine Interface, со копчиња на управувачот, кои се многу слични на тие од мобилните телефони. Се тоа е направено за зголемување на безбедноста и полесно управување со технолошките додатоци, без да се оттргнува погледот од патот.

Цена / Трошоци    

Особено радува податокот дека најефтиниот модел (Ambiente, хечбек, 5 врати, 1,6 кубици, 110 КС) чини 20.800 евра со вклучен ДДВ. Главните конкуренти во оваа класа ќе излезат на мегдан дури наредната година година, освен новата Laguna која се очекува до крајот на ноември, што на Mondeo му дава добра почетна “фора“.

Односот цена квалитет веројатно е доведен до максимум. Ова е посебно значајно за земји како Македонија. Предвидувањата се дека овој модел на Mondeo нема да губи од својата вредност онака како претходникот, посебно кај дизел изведбите. Ford нуди и пониски цени од просечните, за сервис и одржување, а најавено е и дека корисниците ќе имаат слобода дел од сервисните интервенции да ги извршуваат и во независни сервиси.

Заклучок    

Ноиот Mondeo е многу важен за Ford. Девалвацијата на имиџот на моделот, а и пеколната конкуренција го наметнуваат императивот Mondeo да биде силен и успешен играч. Новиов модел е повеќе од заслужен наследник – поголем е, далеку поквалитетен, има преубав дизајн, прави да уживате додека го возите, а сепак притоа во целост го задржува изворниот шмек на фирмата од Акрон.

Поволниот ценовник овозможува овој префинет автомобил да биде реално достапен, а притоа го поседува и она нешто “екстра“ што го прави автомобил на кој Вие, James Bond и Ford конечно, можете да бидете горди.
 




Ford Mondeo old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Henry Ford was born July 30, 1863, on a farm in Greenfield Township (near Detroit, Michigan).His father, William Ford (1826–1905), was born in County Cork, Ireland.
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
Henry Ford was born July 30, 1863, on a farm in Greenfield Township (near Detroit, Michigan).His father, William Ford (1826–1905), was born in County Cork, Ireland.
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
Henry Ford was born July 30, 1863, on a farm in Greenfield Township (near Detroit, Michigan).His father, William Ford (1826–1905), was born in County Cork, Ireland.
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
Henry Ford was born July 30, 1863, on a farm in Greenfield Township (near Detroit, Michigan).His father, William Ford (1826–1905), was born in County Cork, Ireland.
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
Henry Ford was born July 30, 1863, on a farm in Greenfield Township (near Detroit, Michigan).His father, William Ford (1826–1905), was born in County Cork, Ireland.
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 83 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил