Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Honda Civic 1,8 i-VTEC - Префинет спортист
 
Spodeli
30 октомври 2009, 01:09


Honda Civic 1,8 i-VTEC - Префинет спортист Honda Civic - old Honda Civic 1,8 i-VTEC - Префинет спортист
Иако Honda носи имиџ на спортска марка, со ориентација кон многу забава во возењето, последната генерација на Civic, слично како и поголемиот брат Accord, освен што е спортски, е исклучително префинет автомобил. Civic e конструиран да биде добар на многу полиња истовремено што го прави извонредно ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е од надвор    

Веројатно нема ниту еден автомобил во класата во моментов, кој е толку различен од останатите. Јапонскиот компакт доби изглед кој е за некои идни времиња. Иако датира од 2007-ма, Civic се уште е најфутуристички дизајнираниот автомобил во својата класа. По Civic се вртат и оние на кои многу им се допаѓа, и неутралните и оние кои мислат дека е премногу футуристички. Досега, вакви автомобили сме гледале само во научно – фантастичните филмови. Таков ист, гордо се движи низ градските улици.



Го карактеризираат пред се остри линии, кои го нагласуваат спортскиот изглед. Напред со широк преден дел и споени предни светла и предна маска, одстрана како клин, со нагласен преден крај. Задниот дел е по традицијата на Honda со моделот CRX, со две поделени стакла, меѓу кои се наоѓа спојлер.

Многу интересен и нестандарден изглед. Ќе и се допадне пред се на помладата генерација.

Каков е внатре

Поради надворешниот дизајн, ентериерот на Civic никако не смееше да биде конвенционален. И тука се е футуристички изведено, како во некој спејс шатл, а, многу интересно - ергономијата и натаму е на високо ниво, а има и многу простор – Civic е еден од најпространите автомобили во класата.



Простор

Поголемата должина и висина од претходникот, придонесоа Civic да биде еден од најпространите компакти во моментов. Просторот и на предната и на задната клупа е речиси ист како во автомобил од средната класа, па сместувањето дури и на повисоките патници е многу комфорно, особено на задната клупа, заради просторот, нои аголот на поставување на задните седишта.

Иако има малку повисок раб на товарање, просторот за багаж е убедливо најголем во класата. Civic располага со вистински голем багажен простор, нешто несвојствено за возилата од оваа класа. Багажникот на овој модел со 5 врати е високи 456 литри - поголем дури и од оној на седан верзијата.

Удобност

Многу интересно, иако надворешниот изглед најавува исклучителен спортски дух, Civic е брз, но се однесува и многу мирно и префинето. Удобноста е на мошне високо ниво.

Суспензијата перфектно ги пегла сите нерамнини на патот. Tука се надополнува и моторот – работи мирно и без вибрации во сите режими на работа и при различни брзини. За одличната удобност заслужна е и звучната изолација, па кабината на Civic е тивка и при многу повисоки брзини – дури и таму некаде близу 200 km/h, каде нема непријатен и гласен звук, ниту од подвозјето, ниту од ветерот.  Спортскиот звук за ужување се добива некаде над 4000 вртежи во минута, подрајче од каде речиси сите јапонски мотори вистински ја најавуваат својата сила.

Ергономија

На прв поглед, предната табла во Civic изгледа крајно комплицирано и многу збунувачки. Сепак, кога ќе се седне зад управувачот, станува јасно дека големо внимание е посветено и на ергономијата, особено за возачот. Сите копчиња се логично распоредени и се на дофат на раката, а за пофалба е и поставеноста на менувачот, кој се наоѓа многу блиску до воланот.

Мала забелешка во однос на ергономијата може да се даде на командите за климата, кои понекогаш и не се толку интуитивни за возачот, а особено не се достапни за совозачот, бидејки се многу блиску до воланот и свртени кон возачот.

Дизајнот на инструментите е таков да се лесно читлив, ососебно мерачот на вртежи и покажувачот на брзина, кој е е дигитален (со крупни бројки) и поставен напред и за кој, за да се види, не треба ни да се тргне погледот од патот.

Мала забелешка би дале и на читливоста на комплентата инструмент табла преку ден. Стаклените површини често знаат да бидат со многу отсјај, па затоа и читањето на податоците малку да биде и отежнато.

Поради надворешниот дизајн, некому би пречела и слабата прегледност, и напред, и назад,  особени ако Civic се спореди со оние автомобили кои ги карактеризира малку досаден надворешен дизајн, а кои имаат големи стаклени површини (пример: Golf, Auris). Затоа особени корисни во ваква ситуација кај Civic би биле паркинг сензорите.



Материјали/Завршна изработка

Тука нема замерки. Пластиката е квалитетна, а завршната обработка е на високо ниво, впрочем нешто на кое не навикнала Honda одамна.

На пат    

Иако Honda кај овој модел се откажа од мултилинк задната оска, Civic и натаму е управлив и стабилен автомобил. На ова треба да се додаде и прецизното управување и одличниот менувач.

Мотор/Перформанси/Менувач

Временски варијабилното отворање на вентилите, веќе подолго време е специјалитет на Honda. Бензинецот со 140 КС извлечени од 1,8 литри работна зафатнина, ја има i-VTEC технологијата, која овозможува високи перформанси и сила распределена насекаде, како и ниска потрошувачка.

Во реални услови, моторот се однесува питомо и не забрзува брутално како турбо бензинците на европските конкуренти (шпо директно влијае на високо ниво на удобност за патниците). Сепак, моторот апсолутно не се противи да заврти и до 6.500 вртежи, кога звукот станува спортски резок и е вистински празник за спортски настроените возачи. Силата е одлично распределена низ целото работно подрачје, за што помага и пократкиот од на сите степени на пренос.

Заради рамноменрата распределба на силата и меката суспензија, се добива впечаток дека забрзувањата не се толку инстантни, иако фабричките податоци велат дека Civic до стотка да забрза за 8,6 секунди, а развива максимални 209 km/h.


Возни својства

Иако изгледот најавува нешто поинакво, Civic не е толку спортски автомобил. Сепак, факт е дека секогаш го држи саканиот правец и е многу стабилен на автопат речиси при сите брзинин. Сепак, суспензијата е помеко подесена, па понекогаш се јавува подуправливост и затоа возните својства не се на ниво на еден Focus или Golf на пример.

Затоа пак, кочењето е одлично, а педалата е лесна за дозирање, надополнувајќи го ужувањето и леснотијата со која се вози Civic.

За голема пофалба е управувањето, кое е неверојатно директно и прецизно, за што заслужна е и самата конструкцина на автомобилот. Слично како кај сите BMW модели, предните тркала се поставени многу блиску до предниот дел на автомобилот, а задните многу блиску до крајната задна точка на автомобилот, што допринесуваат за една вистинска компакност при управувањето. Дополнително, Civic во секој момент праќа доволно информации од патот, што е особени значајно при подинамично возење.

Приказна за себе е и шест-степениот менувачот, кој е еден од најдобрите што некој автомобил може да ги посака – и најмало насочување во посакуваниот правец е доволен тој да влезе во.одреден степен на пренос. Кратко, јасно и прецизно. Подобро – здравје!



Трошоци    

Со силниот бензинец со 140 КС и солидно ниво на опрема, Civic во моментов се нуди по цена од 19.490 евра, а за пофалба е ниската потрошувачка на моторот.

Цена/Опрема

Иако при лансирањето на модело Civic беше прилично скап автомобил, сега, со посилниот бензинец и многуте бенефити кои ги овозможува, слободно може да се каже дека е исплатлив автомобил, но само за оние кои разбираат што Civic има да понуди.

За 19.490 евра, со Sport нивото на опрема се добиваат 140 КС, 6 воздушни перничиња, ABS+EBD, автоматска клима, индикатор за промена на степенот на пренос, радио со CD+MP3, сензори за дожд, cruise control, 17 инчни алуминиумски бандажи, паркинг сензори, алуминиумски педали, преден и заден наслон за рака. Секако, во цената е влезен и целосниот квалитет на Honda автомобилите, факт кој најмногу треба да ја оправда цената.

Потрошувачка

Според фабричките податоци, Civic троши 6,4 литри во просек, односно 5,2 литри на отворено и 8,4 литри во град. На тестот, во градски услови, со нормално темпо на возење, потрошивме 8,5 литри, но со малку пожестоко темпо, потрошувачката растеше и до 9,5 литри. На отворено, со нормално темпо, може да се вози со 5,5 до 6 литри. Во просек, на тестот потрошивме просечни 7,5 литри.
Безбедност    
   
На Civic за влакно му побегнаа петте ѕвездички на тестот на EuroNCAP, но тој е исклучително безбеден и кога е во прашање заштитата на децата и пешаците. Од безбедносната опрема, тој во серија нуди 6 воздушни перничиња и ABS+EBD.

За кого не е овој автомобил

Нека не ве лаже изгледот – Civic не е толку спортски автомобил. Иако има солидни возни својства и полетен мотор, му недостасува бруталност и малку потврда суспензија за вистинско спортско ужување. Брз е, но не нуди максимално динамика при возењето. За зависниците од адренлин, тука е Type R верзијата со 201 КС.

За кого е овој автомобил

Сите кои сакаат префинети мотор, удобно возење, врвната изработка, многу простор, рекордно голем багажник, ниска потрошувачка и коректна цена, нема да згрешат со избор на Civic. Неговата универзалност го сместува таму некаде при врвот на класата.


Honda Civic - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NAROD.OVA E JAPONSKO SAMO SAMO SE PROIZVEDUVA VO ANGLIJA SITE DELOVI SE JAPONSKI SAMO SE SKLOPUVA VO ANGLIJA.OVA SAMO SE MONTIRA VO ANGLIJA INAKU HONDA E JAPONSKA.IZBROI DO 17 PRED DA TRESNES NEKOJA ZELENA.
Напишан од NE TROPAJ GLUPOSTI MARCO  пред  околу 72 месеци
MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NAROD.OVA E JAPONSKO SAMO SAMO SE PROIZVEDUVA VO ANGLIJA SITE DELOVI SE JAPONSKI SAMO SE SKLOPUVA VO ANGLIJA.OVA SAMO SE MONTIRA VO ANGLIJA INAKU HONDA E JAPONSKA.IZBROI DO 17 PRED DA TRESNES NEKOJA ZELENA.
Напишан од NE TROPAJ GLUPOSTI MARCO  пред  околу 72 месеци
MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NAROD.OVA E JAPONSKO SAMO SAMO SE PROIZVEDUVA VO ANGLIJA SITE DELOVI SE JAPONSKI SAMO SE SKLOPUVA VO ANGLIJA.OVA SAMO SE MONTIRA VO ANGLIJA INAKU HONDA E JAPONSKA.IZBROI DO 17 PRED DA TRESNES NEKOJA ZELENA.
Напишан од MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NA  пред  околу 72 месеци
MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NAROD.OVA E JAPONSKO SAMO SAMO SE PROIZVEDUVA VO ANGLIJA SITE DELOVI SE JAPONSKI SAMO SE SKLOPUVA VO ANGLIJA.OVA SAMO SE MONTIRA VO ANGLIJA INAKU HONDA E JAPONSKA.IZBROI DO 17 PRED DA TRESNES NEKOJA ZELENA.
Напишан од MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NA  пред  околу 72 месеци
MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NAROD.OVA E JAPONSKO SAMO SAMO SE PROIZVEDUVA VO ANGLIJA SITE DELOVI SE JAPONSKI SAMO SE SKLOPUVA VO ANGLIJA.OVA SAMO SE MONTIRA VO ANGLIJA INAKU HONDA E JAPONSKA.IZBROI DO 17 PRED DA TRESNES NEKOJA ZELENA.
Напишан од MARCO MARCO MARCO NE TROPAJ GLUPOSTI TI SE SMEE NA  пред  околу 72 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 20
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил