Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Jeep, а сака асфалт!
 
Spodeli
30 октомври 2009, 01:02


Jeep, а сака асфалт! Jeep Patriot Jeep, а сака асфалт!
Од дамнешни времиња траат дилемите кои теренци се најдобри. Некои се поклонуваат на Land Rover, некои на јапонските теренци, но најголема историја секако има американскиот Jeep. Кај нас, во македонскиот јазик зборот Џип означува теренски возила и е директно преземен токму од возилата на американска...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е однадвор    

Легендарните компании никогаш не отстапуваат од традицијата. Таков е и Patriot – типичен Jeep. Класичниот коцкаст дизајн, малите стакла и предни светла во облик на круг придонесуваат за робусниот изглед на овој SUV.

Факт е дека денес има многу помодерно дизајнирани теренци, но многу од нив се уште немаат препознатлив стил. Patriot, иако не е модерен, зрачи со некој посебна енергија и остава многу посилен впечаток од скоро сите конкуренти. Тестираниот модел дополнително беше опремен со црни бандажи и затемнети стакла, кои само го дополнуваат одличниот впечаток за изгледот.

Каков е внатре    

Во внатрешноста има многу простор и на предната и на задната клупа, но разочаруваат квалитетот на материјалите и ниското ниво на завршна обработка, но и големината на багажникот кој е под просекот на класата.



Простор

Формата на каросерија придонесува за правилен простор во внатрешноста. Тесно нема да им биде ниту на патниците на предната, ниту на тие на задната клупа. Од друга страна, багажникот брои само 334 литри, што е помалку дури и од некои компакти!. Добро е што може да се полни и над задната полица (односно над тие 334 литри), но во таков случај се намалува видливоста во задниот дел.

Удобност

Како и што му прилега на американски автомобил, Patriot е доволно удобен и на подолги патувања. Успешно ги пегла малите нерамнини на патот, а не ги пренесува ниту ударите од поголемите дупки. На ова се надополнуваат и големите удобни седишта, кои одлично го држат телото и не заморуваат и при подолги патувања.

Дизелот, кој работи по принципот пумпа – прскалка, потекло од VW, го карактеризира погруба работа. При забрзувања неговиот звук продира во внатрешноста, но треба и да се спомне дека е многу подобро изолиран отколку во некои други возила во кои се вградуваше (првенствено на VW). При поголеми брзини на автопат, изненадувачки нема многу звук од ветерот и покрај не-аеродинамичната каросерија, а моторот се смирува и скоро и да не се слуша, што е доволно за висока оценка во поглед на звучната изолација, при поголеми брзини.

Се на се, Patriot е удобен автомобил и е одличен сопатник дури и на подолги патувања, нешто кое впрочем го задоволуваат сите вистински американски автомобили.

Ергономија

Иако не е врвно дизајнерско дело, внатрешноста овозможува високо ниво на ергономија. Почнувајќи од управувачот и менувачот поставен блиску до него, до сите команди за аудио и клима системите, во Patriot ергономијата е одлична. Се е на дофат на раката и единствени забелешки се копчето за патниот компјутер, поставено на инструмент таблата (за да се притисне, раката оди низ воланот, што ги попречува евентуалните брзи маневри) и воланот кој се подесува само по височина.

Материјали/Завршна изработка

Ова е делот каде американците треба многу да работат за да ја стигнат европската и јапонската конкуренција. Иако механички скоро перфектен, во Patriot пластиката е тврда на допир и е многу неугледна, а ниту завршната обработка не е на највисоко ниво. Единствено седиштата се облечени во фина ткаенина.

На пат

Возилата на Jeep се најпознати по своите теренски возни својства. Иако е добар и во тој поглед, Patriot не ја следи слепо традицијата. Тој е најдобриот Jeep досега на асфалт!



Мотор/Перформанси/Менувач

Дизелските мотори на VW од претходната генерација се познати по добрите перформанси. Овој во Patriot, со 140 КС и 310 Nm вртежен момент, одлично повлекува од ниски вртежи и не се буни да заврти повисоко. Помогнат од шестстепениот мануелен пренос со одлично одмерени степени, овозможува забрзување до стотка за 11 секунди и одлична максимална брзина од 189 km/h. Овие перформанси се чини се и права мера за овој теренец.

Возни својства

Констатиравме дека ова е најдобриот Jeep за асфалт досега. Погонот на сите четири тркала работи беспрекорно и овозможува брзо влегување во свиоците. Да, како и секој SUV и Patriot се навалува во кривините, но не пролизгува и е многу забавен за возење. Единствен минус се кочниците. Педалата е тешка за стискање и патот на кочење е малку подолг. Ова делумно може да се припише и на големата маса на автомобилот од околу 1.600 kg.

На терен, Patriot се однесува како и секој друг модерен SUV - нема ни трага од познатата проодност на тешки терени на Jeep. Едноставно, за валкање во кал тука е Cherokee.

Управување

На добрите возни својства се надополнува и прецизното управување, кое работи добро и при помали и при поголеми брзини. И менувачот добива висока оценка – германски е прецизен и работењето со него е вистинско задоволство.

Трошоци    

Ниската цена, богатата опрема и дизелскиот мотор, го сместуваат Patriot кај најевтините SUV автомобили.



Цена/Опрема

Со 2.0 дизел мотор и Sport ниво на опрема, Patriot чини 23.900 евра. Опремата е навистина богата и вклучува: ABS+EBD+BAS, ESP, ERM (контрола против превртување), Freedom-Drive 4x4 погон, 8 воздушни перничиња, темпомат, серво управувач целосна електроника, централна брава со автоматско заклучување, кодиран клуч, аларм, 17 инчни алуминиумски тркала, кровни носачи, затемнети стакла со UV филтер, радио со CD+MP3+AUX, штоф седишта отпорни на дамки, патен компјутер со компас итн. Со оглед на опремата и ниската цена, Patriot е одличен избор.

Потрошувачка

Според фабричките податоци, Patriot 2.0 CRD троши 6,7 литри гориво во просек, односно 8,8 во град и 5,5 на отворено. Реално, во град троши околу 10 литри, а на отворено речиси 7. На тестот ние во просек потрошивме осум литри, што за тежок автомобил со погон на сите четири тркала е сосема солиден резултат.
Безбедност    

Jeep Patriot се уште не е тестиран од Euro NCAP. Нуди богата сериска безбедносна опрема – ABS+EBD+BAS, ESP, ERM (контрола против превртување) и осум воздушни перничиња.



За кого не е овој автомобил    

Иако го носи популарниот амблем на предната маска, Patriot не сака многу да се валка во кал. Не е доволно оддалечен од подлогата, ниту има механички редуктор, па теренските возни својства и не се најсјајни. Треба да се спомене и багажникот, чија големина нема да ги задоволи оние кои често патуваат заедно со многу товар.

За кого е овој автомобил

Jeep Patriot е одличен модерен SUV, кој е првенствено наменет за оние кои сакаат само да го носат имиџот на авантуристи. Забавен е за возење, удобен е на долги патувања, а изгледа и како вистински робусен Џип. Вакви адути во ракавот имаат и многу други компактни SUV автомобили, но... Jeep си е Jeep нели?


Jeep Patriot
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил