Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Простран, удобен, уникатен
 
Spodeli
05 ноември 2009, 00:46


Простран, удобен, уникатен Citroën C3 Picasso Простран, удобен, уникатен
Наставката Picasso, кај возилата на Citroen, препознава моноволуменско возило, односно фамилијарна верзија на автомобилот чија платформа ја користи. Но, за разлика од другите производители, кај Citroen овие возила носат препознатлив модерен стил, кој целосно одговара на името на славниот шпански ум...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Каков е однадвор    

Препознатлив пред се. C3 Picasso не изгледа како ниту еден друг автомобил на улиците. Дизајнот е многу смел, со необичен заден и агресивен преден дел, па иако во главно има кутиеста форма, францускиот моноволумен изгледа динамично и модерно.

Гледајќи ја конкуренцијата, не може да се најде ниту еден автомобил сличен на C3 Picasso, иако сличен (но само однадвор) би бил само Kia Soul. Токму карактеристичниот дизајн, и внатре и надвор, го носи C3 Picasso на посебно место во сегментот во кој владеат пред се конзервативните линии.

Каков е внатре    

Простор и функционалност. И многу квалитетни материјали и прекрасен дизајн на предната табла. И одлична прегледност и напред и назад... Нормално, токму тука С3 Picasso добива највисоки оценки. Не заборавајте, зборуваме за Citroen.

 

Простор

Доволно простор за возрасни патници има и на предната и на задната клупа. Патниците можат и да изберат меѓу кралскиот простор за колената назад, или повеќе простор во багажникот – клупата се лизга напред – назад.

Доколку е турната до крајната задна точка, задната клупа нуди доволно простор и за кошаркари, додека функционалниот багажник со полица има 385 литри. Доколку назад пак седат деца, со лизгањето на клупата напред, можат да се добијат и до 500 литри багажен простор! За оваа класа на возила тоа е своевиден рекорд.

Удобност

C3 Picasso вози како вистински Citroen. Преку поголемите дупки поминува меко и фантастично ги пегла сите нерамнини присутни на нашите патишта. Во внатрешноста не влегува ниту многу звук од одлично избалансираниот 1,4 литарски бензинец. Единствено при поголеми брзини има повеќе звук од ветерот, но тоа е данокот што се плаќа заради високата каросерија.

Ергономија

Возачот секогаш ќе ја најде правата позиција зад управувачот и примарните команди (менувачот) секогаш ќе му бидат при рака. Сепак, разочарува положбата на рачната кочница – возачот треба да се наведне за да ја достигне, а работата дополнително ја влошува средниот потпирач за рака. Секундарните команди, како тие за радиото и за климата, исто така се малку подалеку од дофатот на раката, но се добро распоредени и нивното користење е многу логично.

Прегледноста е одлична, за што помагаат големите стаклени површини и големите ретровизори. Тест возилото беше опремено и со паркинг сензори, па градските гужви и не претставуваа некој поголем проблем. Од друга страна, дигиталната инструмент табла содржи премногу информации, кои го приморуваат возачот малку подолго да го задржи погледот на неа. На ова треба време за навикнување.

Материјали/Завршна изработка

Изненадуваат квалитетните материјали и одличната завршна обработка за оваа класа на возило, а шлаг на тортата е прекрасниот дизајн и одличниот избор на бои – патниците во Picasso за момент ќе помислат дека се во некој премиум автомобил!
На пат    

C3 Picasso е моноволумен, па од него не се ни очекуваат добри возни својства или високи перформанси. Французинот обезбедува пред се безбеден транспорт на патниците.

Мотор/Перформанси/Менувач

Основниот бензинец добро прилега на C3 Picasso. Има здрави 95 КС и може да овозможи добро темпо на автопат. Не е особено брз, но тоа не е ни намената на ова возило. Забрзувањето до стотка трае 12,2 секунди, додека максималната брзина респектабилни 178 km/h. Моторот го карактеризира и солидна еластичност во целиот режим на работа.

Менувачот има добро одмерени пет степени, со подолг петти степен, кој придонесува за пониска потрошувачка при возење на отворен пат.



Возни својства

Намерата на Французите била да направат пред се удобен автомобил. Затоа, страдаат возните својства, кои не се на ниво на Opel Meriva или Honda Jazz на пример. Но и покрај тоа, C3 Picasso се однесува сосема стабилно и безбедно на пат.

Кочењето од друга страна е одлично, за што делумно има заслуга и пониската маса. Папучата е лесна за дозирање, а патот на кочење многу краток.

Управување

Управувачот е подесен за лесно управување во градски услови и прецизно управување по автопат, па за него нема никаква замерка. На истото ниво не е мануелниот менувач – најмногу заради фактот што има прилично долги одови.
Трошоци    

Цената на основниот C3 Picasso, изнесува 13.940 евра, што за мотор со 95 КС и богата опрема која вклучува две воздушни перничиња, ABS+EBD, клима и аудио уред, не е многу. Тестираниот модел, со целосна опрема, пак чини 17.490 евра!

Трошоци     

Цената на основниот C3 Picasso, изнесува 13.940 евра, што за мотор со 95 КС и богата опрема која вклучува две воздушни перничиња, ABS+EBD, клима и аудио уред, не е многу. Тестираниот модел, со целосна опрема, пак чини 17.490 евра!

Цена/Опрема

Моделот кој го имавме на тест, со ниво на опрема Exclusive и 1,4 литарски бензинец, чини 17.490 евра (+ 350 за металик боја). Опремата е навистина многу богата и вклучува 8 воздушни перничиња, двозонска автоматска клима, целосен електричен пакет, серво управувач подесив по височина и длабочина, радио со CD+MP3+USB и шест звучници, возачко седиште со подесување по висина, 16 инчни алуминиумски тркала... Доплатата за металик или бисерна боја изнесува 350 евра.

Според тоа, препорака е моделот со опрема Comfort, кој ја има целата опрема за уживање, но нема алуминиумски тркала и воздушни завеси, а чини респектабилни 14.990 евра



Потрошувачка

Според фабричките податоци, основниот бензинец во просек троши 6,8 литри на 100 km. На тестот, ние потрошивме околу 9 литри во услови на градско возење. На отворено, при брзина од 90 km/h забележавме просечна потрошувачка од 5,7 литри, додека при 120 km/h, просек од 7,4 литри на 100 km. Бидејќи се работи за висок, фамилијарен автомобил, бројките се за пофалба.

Безбедност

C3 Picasso е тестиран според новите, построги тестови на EuroNCAP, па според тоа, финалните четири ѕвездички се солиден резултат. Во основната опрема, Французинот доаѓа со две воздушни перничиња и ABS+EBD.




За кого не е овој автомобил   
 

C3 Picasso не е наменет за оние кои само сакаат фенси градско возило. И покрај интересниот дизајн, овој Citroen не нуди многу забава во возењето (малку подинамично и побрзо возење).

За кого е овој автомобил    

Извонредната практичност, големиот простор во внатрешноста, високата удобност и фер цената, се адути кои ги бараат семејствата. C3 Picasso ќе биде одличен сопатник на секоја фамилија, а притоа, децата нема да се срамат од него – изгледа одлично!


Citroën C3 Picasso
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
A, izvinete kolku cini servis i rezervni delovi na Citroen? Kutrive samo popust preku cela godina imaet i nikako cenata da slezi podolu od 10.999 evra. Ne mi e jasno non stop popust non stop ista cena hahahahahhahaa Ebati firmata francuska.
Напишан од Kole  пред  околу 92 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил
 
 
Moже да ве интересира и...
 
Ford B-MAX Се гаси Ford B-Max
Инфо
Се гаси Ford B-Max
Fiat 500L Рестилизиран FIAT 500L
Новитет
Рестилизиран FIAT 500L
Opel Meriva Се очекува наследник на Opel Meriva
Новитет
Се очекува наследник на Opel Meriva
Fiat 500L  Fiat 500L, веќе од 10.990 евра
Маркет / Бизнис
Fiat 500L, веќе од 10.990 евра