Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Opel Astra
 
Spodeli
15 јануари 2011, 13:10


Тест - Opel Astra Opel Astra - 2011 Тест - Opel Astra
До лансирањето на најновата генерација, Astra, иако помина низ многу козметички промени и освежувања, никогаш не успеа да понуди нешто специјално, нешто што ќе го издвои од толпата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Секогаш со добар имиџ – ама со покласичен дизајн, но и солидна механика и задоволителна прачктичност, Astra отсекогаш била и блиску и далеку зад најдобриот во класата

Со новиот модел, Opel повторно прави големи измени, се со цел да излезе од сенката на главниот конкурент. Не е променет само дизајнот – Opel сега ветува конкурентност во секој аспект.

Дизајн/Имиџ

Однадвор, фасцинираат чистите и флуидни линии на Astra. И покрај тоа што не е маркантна во деталите, Astra изгледа исклучително добро како целина - вистинско вајарско ремек дело!

Внатрешност/Практичност

И внатрешноста претрпе големи измени. Всушност, речиси и да нема ништо заедничко со петходниот модел. И тука доминираат динамични и полетни линии, со многу хромирани детали, како да се работи за кабина на некој современ борбен авион. За поздрав е и изборот на боите и материјалите, кои се од исклучително висок квалитет и придонесуваат за висока оценка за изгледот на ентериерот кај новата Astra.

.

Иако, во поглед на функционалноста и организирањето на внатрешноста, Opel со Meriva докажа дека знае да биде иновативен, таа кај Astra е прилично стандардна. Со задна преклопива клупа која не овозможува целосно рамен под (треба да се доплати за посебна полица во багажникот која може да го овозможи тоа) и стандардни отвори за ситници во внатрешноста, Astra го плаќа цехот на футуристичната внатрешноста.

Ограничена понуда на простор на задната клупа

Сепак, онаму каде Astra најмногу заостанува е просторот на задната клупа. Далеку е од тесно, но многу од конкурентите нудат поширока задна клупа, особено повеќе простор за колената. Во прилог на Astra не одат ниту малите стаклени површини, кои го прават седењето назад малку клаустрофобично. Багажникот има големина од 370 литри, што е во просекот на класата, но се чини можело да се извади и повеќе, особено што Astra е меѓу најдолгите модели во класата.

Иако возачката позиција е речиси перфектна, многуте копчиња распоредени по централната конзола лесно го оттргнуваат вниманието на возачот од патот.

Мотори/Перформанси

Astra се нуди со исклучително богата палета на погонски единици, составени од четири дизелски и четири бензински агрегати. Поради делумно повисоката тежина во однос на коинкурентите, Astra нема да може да ги понуди перформансите кои се очекуваат од силата на моторот, а тоа е особено изразено кај малиот дизел, и секако кај најмалите атмосферски бензинци. Малиот дизел 1,3 со 95 КС, и покрај тоа што добро повлекува од пониски вртежи, тешко се носи со високата маса, а двата основни бензинци, 1,4 со 100 КС и 1,6 со 115 КС, бараат високи вртежи и никогаш вистински не повлекуваат напред. Нивно форирање пак, би значело зголемување на потрошувачката.

Подобар избор секако би биле 1,7 дизелот со 110, односно 125 КС, а врв на понудата се чини е 1,4 турбо бензинецот со 140 КС. Овие мотори повлекуваат и од пониски вртежи и овозможуваат задоволително високи перформанси, а се и исклучително штедливи. 1,4 турбо бензинецот – забрзува до стотка за 9,7 секунди, постигнува 205 km/h, а според фабричките податоци троши 5,9 литри во просек!

Од посилните мотори, 1,6 турбо бензинецот со 180 КС, во пракса не нуди многу повеќе од помалиот турбаш, но затоа поголемиот дизел со 160 КС, благодарение на големата еластичност, е како измислен за престигнувања на автопат и возење при високи брзи.

Возачко искуство

Во поглед на чистото возачко доживување, Astra секогаш заостануваше зад Golf. Се чини, не и оваа генерација. Компактот од Риселхајм вози изненадувачки динамично и лесно ги прифаќа брзите промени на правецот, воопшто не издавајќи ја својата маса.

Како никогаш досега, управувањето е задоволително прецизно (иако се уште му недостасуваат повратни информации), а менувачот е прецизен и лесно лизга низ степените.

FlexRide систем - Контрола на тврдоста на подвозјето

Иако не е крајно возачки автомобил како Focus на пример, Astra може да задоволи и при побрзо возење, а најдобро се однесува при повисоки брзини. Впрочем, со нарачување на опционалниот FlexRide систем, кој ја контролира тврдоста на подвозјето, возачот има можност за избор помеѓу спортското возење и удобноста. А, кога сме веќе кај удобноста...

Astra е вистински германски автомобил. Не е од мека и удобна како најдобрите во класата, но исклучително е рафинирана и не ги пренесува вибрациите и ударите од поголемите дупки на патот.

Послаба звучна изолација кај послабите мотори

Уште да беше и доволно тивка... 1,6 литарскиот бензинец со 115 КС, прилично вознемирува со  звукот што го пренесува во внатрешноста, особено на повисоки брзини, кога поради менувачот со пет степени, константно работи на високи вртежи. Секако, моделите со менувач со шест степени, како на пример 1,4 турбо бензинецот се 140 КС, се потивки и го елиминираат проблемот на звучна изолација.



Цена/Опрема/Трошоци

Сосема прифатлива цена

Доколку се гледа само почетната цена на Astra, може да се дојде до погрешен заклучок дека германскиот компакт е најскап на пазарот. Дури и основниот модел е богато опремен, а и доплатите не се воопшто скапи, па со честите попусти од дилерите на Opel, може да се дојде до задоволителна ниска цена и тоа за посилните мотори, како 1,4 литарскиот турбо бензинец или 1,7 литарските турбо дизели. Сепак, се работи за Opel, крајната цена кон потенцијалниот купувач, како и многупати досега, е сосема задоволителна во однос на тоа што автомобилот го понуди.

Послаба сервисна поддршка


Главен проблем со Opel може да е сервисната поддршка – има премногу овластени сервиси, некои со помала репутација, а и Opel не важи за марка која добро котира на листите за испитување на квалитет. Од друга страна, при препродажба, Astra стандардно држи добра цена – можеби не како Golf или било кој модел од светото јапонско тројство (Auris, Civic или Mazda3), но малку над Focus и француската конкуренција.

Задоволителна потрошувачка


Она што импресионира кај Astra е потрошувачката кај поновите турбо бензинци, кои се меѓу најдобрите во класата. 1,6 литарскиот бензинец, според фабричките податоци, во просек троши 6,3 литри на 100 km, односно 8,3 во град и 5,1 на отворено.

Реално, 7,5 литри во просеј кај 1,6 литарскиот бензинец


Во реални услови, потрошувачката во град изнесува 9,5 литри, додека на отворено околу 6, што изнесува некаде околу 7,5 во просек, што и натаму е во рамките на задоволителна потрошувачка, ако се има на ум фактот за димензиите на автомобилот. Напомена, кај ваква комбинација на каросерија и мотор (голем автомобил со не толку силен мотор) варијацијата на потрошувачка зависно од начинот на возење е голема. Овој мотор може да троши малку (само при максимално дефанзивно возење), ама и да отиде над 10 литри, секако, во случај кога се вози почесто на повисоки вртежи.

Во однос на потрошувачката, турбо моторите се многу подобри и според тоа се препорачливи во однос на двата атмосферски бензинци – не се многу поскапи, а нудат многу повисоки перформанси и пониска потрошувачка. Основниот дизел, и покрај ниската потрошувачка, разочарува со перформансите, па препорака се одличните 1,7 литарски единици.

Според сето претходно изнесено, Astra, покрај високиот имиџ што го носи, се наметнува и како еден од најдобрите избори во класата кога е во прашање возачкото искуство и претставува одлична комбинација на истовремено забавен и семеен автомобил.



За кого е?

Во Astra ќе се пронајде секој кој сака квалитетен компактен автомобил, но пред се тоа е автомобил на помладите семејни луѓе, на кои ќе им се допадне дизајнот и одличното возачко доживување, а кои ќе можат да замижат на малку потесната задна клупа и ќе можат да се снајдат со плејадата копчиња на централната конзола.

Предности

    * Динамичен дизајн
    * Квалитетна и убаво дизајнирана внатрешност
    * Високо ниво на завршна обработка
    * Одлична возна динамика
    * Висока рафинираност и солидна удобност
    * Солидни перформанси од турбо бензинците и поголемите дизели
    * Богата опрема и евтини доплати
    * Ниска потрошувачка (освен кај атмосферските бензинци)

Недостатоци

    * Послави перформанси од малиот дизел и од атмосферските бензинци (1,3 дизел и 1,4 и 1,6 бензинци)
    * Бучни атмосферски бензинци
    * Потесна задна клупа и само просечен багажник
    * Премногу копчиња на средната конзола
    * Недоволно директно управување


Opel Astra - 2011
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Dobra e be braaaaaaaaattttt...
Напишан од brat  пред  околу 76 месеци
dobra e kolata mnogu e skupa, kratko i jasno, da zemes opremen diesel e kolku Honda Accord, a so Hondata e pogolema klasa, kade kade pokvalitetna, i da ne praime muabet za tehnoloski poanpredna, znam deka se razlicna klasa na koli samo pravam sporedba so cenite, Evropjanite preteraaa, pa eve ako davam 20 000 evra za Astra, ke podrazmislam dali A3 da zeam novo, BMW serija 1 i red drugi koli.
Напишан од Sashko  пред  околу 76 месеци
Golfot bil policen offff tesko tebe,samo mozam da ti recam slepec na ti ociiii
Напишан од masina  пред  околу 76 месеци
od yu kola nemase podobra em eftina em si odese ko so treba abe yu si e yu ta ni astra ni golf
Напишан од partali  пред  околу 76 месеци
E aj nisto necini za nas! Ima edno pravilo "KOLKU PARI - TOLKU MUZIKA". I toa vazi za site koli.
Напишан од Mac  пред  околу 76 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 14
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил