Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
 
Spodeli
13 јануари 2011, 12:33


Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар  Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
Еден од најуспешните кинески брендови на автомобили, Chery, отсега, со модерен салон и сервисен центар, е достапен и во нашата земја...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како производител со енормно голем раст на светските пазари, Chery се наметнува како еден од првите големи играчи на светската автомобилска сцена кој доаѓа од Кина. Со богата моделска понуда (барем на другите пазари) и со напредна технологија која е развивана во сопствен развоен центар, со помош на неколку светски брендови како Lotus за потпирањето, AVL за моторите или пак Bertone и Pininfarina за дизајнот, Chery сака да изгради имиџ на квалитетен бренд, кој нуди многу за вложените пари. Впрочем, со самото тоа што Кинезите земаат пример од Volkswagen и Toyota, јасно станува каква е определбата на овој производител – да понудат пред се квалитетно и издржливо возило.



На нашиот пазар, моделската понуда во почеток ја сочинуваат три модели – Ego, Tengo и Tiggo. Првиот модел во понудата, Ego, ги напаѓа моделите од најмалата, градска класа на автомобили. Со стартна цена од 6.990 евра, 1,3 литарски бензинец со 84 КС и опрема која вклучува целосна електрика, клима уред, 1 воздушно перниче, ABS+EBD, централна брава со далечинско, рачки и ретровизори во боја на каросеријата, кровен спојлер, имобилајзер, аларм, радио со CD+MP3+USB, серво управувач итн. Ego секако дека се наметнува како best buy во сегментот на мини градските автомобили. Моделот Luxury, кој чини 500 евра повеќе, пак е опремен и со алуминиумски тркала, воздушно перниче за совозач и кровни носачи.

Ego е инаку модел наменет пред се за помладите динамични луѓе, кои ќе треба да ги привлече со модерниот дизајн направен од Bertone, силниот 1,3 литарски бензинец (12 секунди до стотка, 156 km/h), пространата внатрешност и ниската потрошувачка (5,8 литри во просек). Како и сите модели на Chery, доаѓа со гаранција од 3 години или 100.000 km, а дилерот ветува и целосна поддршка со сервис и резервни делови.



Вториот модел во понудата, веројатно и најинтересен за нашиот пазар е Tengo, кој влегува во компактната класа, а се нуди во две каросериски изведби, хечбек и седан. И двете изведби ги карактеризира изненадувачки динамичен дизајн, направен од Pininfarina. Хечбек моделот, секако е наменет за помладата публика, додека седанот е за семејните купувачи, пред се поради поголемиот багажник. И двата модели доаѓаат единствено со 1,6 литарскиот бензинец со 120 КС, доволен за забрзување до стотка за 10,5 секунди и 190 km/h максимална брзина и со просечна потрошувачка од 7,7 литри на 100 km.



Моделот се нуди со две нивоа на опрема, Standard и Luxury. Основниот пакет, кој чини 9.990 евра во хечбек изведбата (+ 500 евра за седанот), вклучува целосна електрика, клима уред, 2 воздушни перничиња, ABS+EBD, централна брава со далечинско, далечинско отворање на багажникот, рачки и ретровизори во боја на каросеријата, кровен спојлер, имобилајзер, аларм, радио со CD+MP3+USB, 4 звучници, серво управувач, 16 инчни алуминиумски тркала (+ резервно!), борд компјутер, греење на седишта, сензори за паркирање... Полуксузниот модел Luxury, вклучува и кожни седишта, автоматски клима уред, 8 воздушни перничиња, аудио команди на управувачот, 8 звучници, сензори за дожд, завеса на задното стакло, ESP систем за стабилност...

Моделот Tiggo пак е модел од SUV компактната класа, кој надворешно и внатрешно потсетува на Honda CR-V (напред) и Toyota RAV 4 (назад и внатре). Сепак, само дизајнот е позајмен од јапонските SUV модели – платформата е целосно изработена од Chery, исто како и моторите. Tiggo ќе биде понуден со два агрегати, 1,6 литарски со 120 КС (13,5 сек. 160 km/h max) и 2,0 со 140 КС (12,5 sek. 175 km/h max) и двата бензинци. Моделот ќе биде понуден со погон на две и на сите тркала, а покрај стандардниот петстепен мануелен менувач, во понуда влегува и четири степен автоматик од Renault, и тоа со посилниот мотор.



Цената на основниот Tiggo Standard модел со 1,6 мотор и погон на предните тркала, изнесува 13.990 евра, а опремата вклучува клима уред, целосна електрика, греени ретровизори, греени седишта, радио со CD+MP3+USB и команди на волан, алуминиумски тркала, две воздушни перничиња, серво волан, ABS+EBD, аларм, светла за магла напред и назад, имобилајзер, борд компјутер, рачки и ретровизори во боја на каросеријата, кровни носачи, внатрешен ретровизор со автоматско затемнување (електрохроматски)... Цената се движи се до 15.990 евра за моделот со 2,0 мотор, погон на сите четири тркала и ниво на опрема Luxury, кое вклучува и кожни седишта и сончев кров.

Според погоре наведените цени, моделите на Chery се наметнуваат како едни од најевтините на пазарот, и покрај тоа што се исклучително богати со опрема уште во стандардниот модел.

За повеќе информации околу моделската понуда, цените, гаранциите или сервисот, можете да ја посетите официјалната веб – страна на Chery во Македонија, www.chery.com.mk, или пак да го посетите продажниот салон кој се наоѓа на улица „3-та Македонска Бригада“ ББ, после Раде Кончар.

Во меѓувреме, очекувајте тест возење на Chery Tengo, во кое ќе се обидеме да ви доловиме како кинескиот компакт се носи со европската, азиската и американската конкуренција.





Стари коментари
ovie se tuka se kopija na TOYOTA RAV 4 I NA LEXUS.OVA BEZ PARI DA MI GO DADAT NEMA DA GO ZEMAM
Напишан од MRAZAM FALSIFIKATI OVA E CISTA KOPIJA NA JAPONSKO  пред  околу 75 месеци
ovie se tuka se kopija na TOYOTA RAV 4 I NA LEXUS.OVA BEZ PARI DA MI GO DADAT NEMA DA GO ZEMAM
Напишан од MRAZAM FALSIFIKATI OVA E CISTA KOPIJA NA JAPONSKO  пред  околу 75 месеци
ovie se tuka se kopija na TOYOTA RAV 4 I NA LEXUS.OVA BEZ PARI DA MI GO DADAT NEMA DA GO ZEMAM
Напишан од MRAZAM FALSIFIKATI OVA E CISTA KOPIJA NA JAPONSKO  пред  околу 75 месеци
ovie se tuka se kopija na TOYOTA RAV 4 I NA LEXUS.OVA BEZ PARI DA MI GO DADAT NEMA DA GO ZEMAM
Напишан од MRAZAM FALSIFIKATI OVA E CISTA KOPIJA NA JAPONSKO  пред  околу 75 месеци
Ako sakate da se samoubiete slobodno kacete se vo kineska kola se ke se zavrsi po brza postapka :D:D:D
Напишан од Kineski krs  пред  околу 76 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 14
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил